Македонскиот суперлигаш Вардар 1961 го очекува голем предизвик во четвртфиналето од Европската лига, каде во првиот натпревар ќе гостува кај францускиот гигант Монпелје. На хартија, домаќинот важи за фаворит, особено ако се земе предвид искуството и квалитетот со кој располага тимот од Франција. Дополнителен хендикеп за „црвено-црните“ ќе биде отсуството на неколку ракометари, што значително го скратува ростерот и опциите на клупата. Сепак, ...

Кошаркарите на Денвер Нагетс извојуваа голема победа над Минесота со 125-113, на крилата на фантастичниот Никола Јокиќ и останаа во игра за пласман во четвртфиналето. Сега е 3-2 за Тимбервулвси, а следниот натпревар ќе се игра во Минеаполис. Српскиот ас го заврши натпреварот со 27 поени, 16 асистенции и 12 скока, со ефикасни 9 од 15 од поле и 8 од 10 за 2 поени. Одличен кај победничкиот тим беше и Спенсер Џонс (20 поени, 4 тројки, 7/9 од ...

Огромен скандал ја тресе УЕФА. Според информациите од британскиот таблоид „The Sun“, фудбалски судија кој минатата недела патувал во Англија е уапсен под обвинение за наводен сексуален напад врз малолетно момче. Идентитетот на судијата засега останува тајна, но обвинувањата против него се исклучително сериозни. Се тврди дека го допрел малолетното момче без негова согласност и се обидел да го намами во неговата хотелска соба пред фудбалски ...

Никола Јокиќ беше брилијантен за домашната победа на Денвер против Минесота од 125:113 во петтиот натпревар од првото коло од плејофот. Нагетс со тоа ја намалија предноста на Вулвс на 3:2 во серијата што се игра за победа на четири натпревари. Денвер го искористи отсуството на Ентони Едвардс и Донте ДиВинченцо поради сериозни повреди, но тие не придонесоа ниту во претходниот натпревар, па Минесота лесно победи без нив. Сега не можеше да го ...

Кога станува збор за верноста на навивачите, ретко кој може да се мери со Ривер Плејт. Додека во многу клубови посетата опаѓа кога резултатите не се на посакуваното ниво, кај аргентинскиот гигант ситуацијата е сосема поинаква. Ривер поставува стандарди не само во Јужна Америка, туку и на глобално ниво, пред сè поради својата огромна и лојална база на навивачи. Клубот брои повеќе од 350.000 членови и важи за најголем спортски колектив во ...

Кошаркарите на Денвер нагетс намалија на 3-2 во серијата против Минесота тимбервулвс откако изминатата ноќ славеа на домашен терен со 125-113. Никола Јокиќ одигра феноменален натпревар во кој запиша трипл-дабл, завршувајќи го мечот со 27 поени, 16 асистенции и 12 скока. Кај поразените Џулиус Рендл постигна 27 поени.  Актуелниот шампион Оклахома сити тандер ја заврши работата против Феникс санс откако во четвртиот меч славеше со 122-131. ...

Тинејџерската сензација на Далас, Купер Флег (19), е најдобриот дебитант, во НБА лигата, за сезоната 2025/2026. Првиот избор од претходниот драфт заслужено ја освои номинацијата во анкетата на медиумите од 100 членови, но не беше толку убедлив како што можеше да се очекува. Најголем конкурент му беше поранешениот цимер од Дјук, Кон Кнупел. Флег имаше само 26 гласови повеќе од момчето од Шарлот кое постигна најмногу тројки во лигата оваа ...

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, беше исклучително задоволен по победата од 2:1 над Брентфорд во натпревар од 34. коло на Премиер лигата. Под негово водство „црвените ѓаволи“ имаат девет победи, две ремија и два порази во 13 натпревари и се наоѓаат на третото место на табелата, со три бода пред Ливерпул. „Играта на моменти беше доста отворена. Започнавме навистина добро и морам да им оддадам признание на противниците, кои нè ...

Манчестер Јунајтед дојде на бод од обезбедување место во Лигата на шампиони и тоа беше главната цел која си ја постави клубот на стартот на сезоната, а од вчера е уште поблиску до истата благодарение на својот најдобар двоец. Касемиро и Бруно диригираа со оркестарот на Мајкл Карик и повторно одиграа клучна улога во победата од 2:1 над Брентфорд, во која Бразилецот запиша нов гол, а капитенот нова асистенција. Фернандеш дефинитивно ќе дочека ...

Цирих – ФИФА има намера да ги промени правилата за дисквалификација од жолти картони за финалниот турнир на Светското првенство во 2026 година, објави „Би-би-си“. Според британскиот сервис, планирана е втора рунда на амнестија, со која ќе се исчистат сите жолти картони на крајот од групната фаза и по четвртфиналето. Според сегашните правила, тимот мора да одигра пет натпревари за да стигне до четвртфиналето, а секои два жолти картони во овие ...

Следува плејофот во кошаркарската Евролига, но пред тие возбудувања ги имаме десетте најдобри моменти од плејин фазата во која за билети за разигрувањето се изборија екипите на Панатинаикос и Монако. Од дуелите во Атина, Барселона и Монако ги имаме потезите кои оставија најголема трага, листа која ја предводи членот на ПАО, Матијас Лесор со супер забивањето против францускиот прволигаш. Инаку МВП на плејинот беше повремениот македонски ...

Ракометарите на ГРК Охрид в сабота го играа реванш полуфиналето од ЕХФ Европскиот куп, а од клубот денеска информираа дека влезници за саботниот дуел повеќе нема. Тоа значи дека СЦ „Билјанини извори“ ќе бидат исполнети до последното место. Ова значи дека охриѓани повторно ќе бидат голема помош за нивните миленици да стигнат до посакуваната цел – пласман во финалето од европското натпреварување. На првиот дуел словенечкиот претставник и ...

Голема победа на Пелистер на гостувањето кај МЗТ Скопје од во натпревар од 4. коло во Топ 6 фазата во Супер-лигата. Битолчани славеа со 74-85. Избраниците на Боро Даскаловски ги заслужија бодовите, беа подобар противник во голем дел од натпреварот. Одиграа одличен меч и со цел плен се враќаат од Скопје. Актуелниот првак остана без шанса да се бори за првото место пред плеј-офот, што значи дека против истиот ривал ќе игра во полуфиналето. ...

Новиот шампион Проект стигна до 18-тата сезонска победа од толку натпревари откако славеше со 3:9 над Осогово во Крива Паланка. За гостинот од Јосифово хет-трик постигна голгетерот Марио Благојевски, двојни стрелци беа Ѓорги Коцевски и Димитар Јанев, а по еднаш прецизни беа Мартин Тодоровски и Никола Анчевски. За домашниот тим двоен стрелец беше Никола Стојмировски, а пак една погоди Михаил Павловски. Јувентус Серава со 6:3 славеше домашна ...

Утре со почеток од 20:30 часот, салата во Гевгелија ќе биде центарот на македонскиот футсал, каде ќе се одигра големото финале од Купот на Македонија. За трофејот ќе се борат екипите на Проект и Кеги Моби. Тимот на Проект од Јосифово влегува во финалето како апсолутен фаворит, но и како екипа која оваа сезона игра без ниту еден пораз. Тие веќе ја обезбедија шампионската титула во Првата футсал лига и ќе ја претставуваат Македонија во ...

Бруно Фернандеш продолжува да ги урива рекордите во Премиер лигата, а неговата последна жртва во статистичките колони е ниту помалку, ниту повеќе туку неговиот сонародник и поранешен соиграч, Кристијано Роналдо. Со асистенцијата до Бенјамин Шешко во победата над Брентфорд (2-1), Фернандеш се израмни со легендарниот Роналдо по вкупниот број на директни учества во голови во англиската елита. Она што го прави овој успех уште поимпресивен е ...

Шкендија направи голем чекор назад во обидот да ја одбрани титулата во домашното првенство, откако тетовскиот тим денеска неочекувано загуби на домашен терен. Башкими пристигна во Тетово како тим кој нема никакви амбиции во ситуација кога не може да се бори за повисоко место на табелата, а и кога се знае дека не може да испадне, но и покрај тоа, гостите од Куманово направија голема збрка на врвот и ја оставија Шкендија на четири бода од ...

Кошаркарите на Пелистер испратија силна порака пред почетокот на плеј-офот, откако на гостински терен го совладаа актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром со 74:85 во рамки на ТОП 6 фазата од Супер лигата. Битолчани одиграа зрело и тактички дисциплинирано, а клучот на победата го поставија во втората четвртина. По почетната негатива (18:21), „зелено-белите“ направија одлична серија од 28:16 и на полувреме заминаа со солидна предност од 46:37. ...

Неверојатна сцена ја одбележа средбата од 8. коло во бразилската женска фудбалска лига меѓу Флуминенсе и Микста, која мораше привремено да биде прекината откако среде натпреварот на теренот се појави огромна испакнатина. И покрај бизарниот прекин, натпреварот се доигра, а Флуминенсе на крајот славеше со 2:0. Инцидентот се случи во неделата на стадионот Еурико Гаспар Дутра во Кујаба, само 50 секунди по почетокот на второто полувреме. При ...

Фудбалерите на Еспањол ја продолжија негативната серија без победа, откако одиграа 0-0 против Леванте на својот стадион во натпревар од Ла Лига. Овој резултат ги остава гостите на два бода од зоната за опстанок, додека каталонскиот тим останува во незавидна позиција, ниту блиску до европските места, ниту целосно сигурен од испаѓање. Еспањол влезе во натпреварот со шест бода заостанување зад позициите кои водат во Европа и само четири пред ...

Фудбалерите на Манчестер јунајтед славеа на „Олд Трафорд“ против Брентфорд со 2-1 во 34-то коло од Премиер лигата. Стрелци за домаќините беа Каземиро во 11-тата минута и Бењамин Шешко во 43-тата, но во центарот на вниманието повторно беше капитенот Бруно Фернандеш, кој запиша 19 асистенции сезонава. Со тоа се доближи на само една од рекордот што го држат Тјери Анри и Кевин Де Бројне, кои имаат по 20 асистенции во една сезона. Домашните имаа ...

Одбојкарките на Наковски Волеј поведоа со 1-0 во финалната серија во Првата лига жени, откако по голема драма во пет сета со 3:2 (25:9, 23:25, 19:25, 25:17, 15:13) го победија Работнички Скопје пред својата публика во Струмица. Неизвесен дуел, со подеми и падови и на едната и на другата екипа, но и многу надигрување со долги поени и убава игра како на мрежата, така и во полето понудија ривалите за шампионската титула. Наковски Волеј имаше ...

Еден од најголемите таленти на српскиот фудбал, Василије Костов, е пред трансфер во Арсенал, каде што ќе ја продолжи кариерата по заминувањето од Црвена ѕвезда. Иако се најавуваше рекорден трансфер, договорената сума изнесува 12 милиони евра, со можност преку бонуси да порасне до околу 20 милиони. Лондонскиот клуб веќе постигнал договор со српскиот шампион, а во зделката е вклучен и процент од нареден трансфер, што дополнително ги задоволило ...

По резултатот на дербито во Аеродром и победата на Пелистер над МЗТ Скопје, познат е пласманот на екипите пред влезот на последното коло во македонската кошаркарска Суперлига. Јасно е дека ТФТ ја има пол-позицијата пред последните натпревари, затоа што МЗТ ги загуби шансите да го освои лидерското место. ТФТ во полуфиналната серија ќе се соочи со дебитантот Маџари кој заврши на четвртото место. Пелистер, пак, со победата го освои третото ...

Вечерва на “Олимпико“ во меч од 34.коло во Серија А, Лацио и Удинезе одиграа без победник, 3:3. Беше 2:2, но во 90+3.минута Удинезе преку Ата поведе со 2:3, но тоа не беше се од овој меч. Се играше 90+5.минута кога Малдини израмни за конечни 3:3, за спектакл. Иако важеше за фаворит пред мечот, сепак тимот од Рим не дојде до трите бода или макар кои му беа од голема важност во битката за Европа. А дека нема да биде едноставно за лацијалите се ...

Фенербахче повторно реши да менува тренер врачувајќи му отказ на Доменико Тедеско, како резултат на убедливиот пораз на дербито со Галатасарај (3-0), кој значеше и губење на шансите во трката за шампионската титула. Тедеско пристигна во турскиот гигант пред неколку месеци како наследник на Жозе Мурињо, но не ги оправда очекувањата на навивачите и управата. Фенербахче и покрај засилувањата во јануарскиот преоден рок не заигра доминантен ...

Колo по коло, крајот на сезоната е сè поблиску, а сензационалниот тим на Хартс не попушта и дојде на чекор е да стави крај на неверојатната доминација што трае повеќе од четири децении. Веќе 41 година шампионската титула во шкотскиот фудбал е резервирана само за Селтик и Ренџерс, кои се менуваат на врвот на табелата, но оваа сезона е на прагот да донесе историски пресврт. Хартс во текот на целата сезона е лидер во Шкотска Премиер лига, и ...

Интер се соочува со сериозен проблем пред самиот крај на сезоната откако Хакан Чалханоглу заработи нова повреда поради која турскиот фудбалер го очекува пауза од терените. Тој неодамна се врати во првиот тим и веднаш се наметна како лидер на „нероаѕурите“ во отсуство на повредениот Лаутаро Мартинез, постигнувајќи значајни голови, како во Серија А, така и во реваншот од полуфиналето во Копа Италија и чудесниот пресврт против Комо. Турчинот не ...

Напаѓачот на Арсенал, Кај Хаверц, не заработил посериозна повреда. Како што денеска потврдуваат сигурни извори, првичните прегледи покажале дека германскиот фудбалер избегнал потешка повреда и наскоро би можел да се врати на терените. Иако постоеше загриженост дека Хаверц можеби ја заврши сезоната и дека ќе се фокусира на закрепнување до Светското првенство, тестовите покажале дека неговото враќање е можно уште во текот на следната недела. ...

Мартин Зубименди на големо добиваше пофалби од цела англиска јавноста за брзата адаптација и извонредните изданија кои ги прикажа во првиот дел од сезоната, но во овој клучен период кога Арсенал се бори за титули, играчот за врска забележа голем пад. Неколку грешки на Зубименди директно влијаеја Арсенал да прима голови, а лошото позиционирање се повеќе се доведува во прашање и во јавноста на Островот. Гери Невил отворено говореше за големиот ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
42%
1019
weather icon

Белград

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
38%
1019
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
45%
1017
weather icon

Софија

13ᴼ / 12ᴼ
2.06
43%
1020
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.3
53%
1018
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 19ᴼ
0.45
55%
1017
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
5.66
42%
1020
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
26%
1020
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
34%
1020
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
2.06
39%
1017
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
4.63
28%
1019
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
8.23
58%
1014
Currency

61.645

Currency

52.5617

Currency

71.4228

Currency

37.9424

Currency

38.6822

Currency

67.309

Currency

7.69809

Currency

0.70131

Currency

0.33513

Currency

0.52509

Currency

1.16316

Currency

0.55383

Сребро

2406.31

Калај

49.41

Родиум

323115.00

Платина

64494.40

Паладиум

48644.08

Рутениум

51376.89

Цинк

0.00

Злато

147815.56

Бакар

11.98

Алуминиум

3.51

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09