Манчестер Јунајтед дојде на бод од обезбедување место во Лигата на шампиони и тоа беше главната цел која си ја постави клубот на стартот на сезоната, а од вчера е уште поблиску до истата благодарение на својот најдобар двоец. Касемиро и Бруно диригираа со оркестарот на Мајкл Карик и повторно одиграа клучна улога во победата од 2:1 над Брентфорд, во која Бразилецот запиша нов гол, а капитенот нова асистенција. Фернандеш дефинитивно ќе дочека ...

Касемиро со солзи во очите го заврши мечот против Брентфорд и се обиде да објасни какви емоции доживеал на „Олд Трафорд“, а неколку дена подоцна, клубот преку официјалните гласила на социјалните мрежи ја долови партијата на Бразилецот. Искусниот играч за врска беше на секој дел од теренот и направи разлика во двата правци, најпрво со голот за предност на неговиот тим, а потоа и со дефанзивната пожртвуваност која ја покажа во текот на целиот ...