Нема враќање во Манчестер, туку останување во Милано за швајцарскиот дефанзивец Мануел Аканџи. Стоперот кој е дел од Интер како позајмен од таборот на Сити, ќе биде откупен од страна на лидерот на табелата во Серија „А“ и многу веројатно иден шампион. Се е веќе договорено меѓу трите страни, и Аканџи би требало за 15 милиони евра да потпише долгорочен договор со „нероазурите“. Аканџи имаше договор со Сити до 2027 година, а оваа сезона ја мина ...

Трагичната сообраќајна несреќа што го потресе фудбалскиот свет го достигна својот правен епилог, но тагата поради загубата на два млади животи не стивнува. Истрагата беше завршена без кривична одговорност, додека сеќавањето на Жота и неговиот брат сè уште живее меѓу навивачите и соиграчите. Властите во Шпанија утврдија дека нема докази за покренување кривична постапка во несреќата во која загинаа Диогу Жота и неговиот помлад брат Андре Силва. ...

ГРК Охрид вечерва од 18 часот гостува кај словенечки Целје во првиот полуфинален дуел од ракометниот Европски куп, а обезбеден е и директен пренос на националната МРТ. Охриѓани може да го повторат успехот на Алкалоид од минатата сезона и да освојат европски трофеј, но прво ќе мора да го елиминираат Целје кој е ракометен гигант со богата историја, пред 22 години ја освои Лигата на шампионите. На трибините во „Златорог арената“ ќе има и ...

1151 Вест Хем – Евертон (16.00 часот) Иако Евертон е во трка за излез во Европа, има само два бода помалку од седмиот Борнмут, бодовите му се многу попотребни на Вест Хем кој се бори за опстанок и не смее да киксира на овој меч. Чеканите имаат само еден пораз во последните пет кола, и немаат друг избор освен да одат на победа и три бода ако сакаат да останат со предност пред загрозениот Тотенхем на кого му бегаат два бода. Евертон е тим кој ...

На дербито за врвот на табелата во Ирска помеѓу Сент Патрик Атлетик и Бохемијас во Ирска вчера беше постигнат еден од најбрзите голови во историјата на фудбалот. Гостите стигнаа до водство по само осум секунди игра. Веднаш по изведувањето од центарот, топката беше вратена до голманот, кој со долг пас го пронајде Даглас Џејмс-Тејлор. Тој со гради асистираше до Маркус Стродс, кој со прецизен удар од дистанца ја затресе мрежата на домаќините. ...

Продолжува актуелното 29. коло од домашниот шампионат, во кое на стадионот во Ѓорче Петров ќе се сретнат домаќинот Македонија ЃП и Работнички. Оваа градска пресметка која стартува до 16:00 часот значи само едно за двата тима. Освојување на бодови кои ќе значат задржување на шансите за останување во прволигашката конкуренција. Двата тима се во лоша состојба на табелата. Македонија ЃП е претпоследна, единаесетта со 24 бода додека Работнички е ...

Фудбалерите на Охрид денес во рамки на 26-то коло од Втората фудбалска лига гостува кај екипата на ФК Тетекс. Натпреварот се игра на стадионот АМС Тетово со почеток во 16:00 часот. Охрид на табелата е втор со 56 бода, а пред него е Брегалница со 58 бода. Трети и четврти на табелата се екипите на Скопје и Шкендија Арачиново со исто 56 бода како Охрид. OhridNews Фудбалерите на Охрид денес во рамки на 26-то коло од Втората фудбалска лига ...

Никил Александер-Вокер е прогласен за играч со најголем напредок во НБА за 2026 година. Во конечниот избор, тој заврши пред Дени Авдија (Портланд) и Џален Дурен (Детроит), и го заслужи признанието со статистички далеку најдобрата сезона во неговата кариера. Атланта Хокс, клубот за кој игра во НБА, ја сними и објави неговата реакција по објавувањето. Прикажи ову објаву у апликацији Instagram Објава коју дели Atlanta Hawks (@atlhawks) Вокер, ...

Возбудувањата во првата рунда од НБА плејофот достигнаа нова точка на вриење по изминатата ноќ. Леброн Џејмс уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите на сите времиња, додека Бостон и Сан Антонио покажаа шампионски карактер на жешките гостувања. Лејкерс на чекор до „метла“: Леброн и Смарт ги скршија Ракетите Хјустон Рокетс – ЛА Лејкерс 108-112 (по продолжение) | (0-3 во серијата) Иако без Лука Дончиќ и Остин Ривс, Лос Анџелес Лејкерс ...

Карлос Алкарас заедно со својот табор мораше да донесе тешка одлука уште пред да дојде до било каква подготовка на Ролан Гарос, без оглед на тоа што има околу еден месец до почетокот на возбудувањата во Париз. Поради повредата на зглобот, Алкарас реши да не ризикува на долгорочен план и да го прескокне грен слемот во Франција, што воедно значи дека за жал нема да може да ја брани титулата која ја освои во Париз. Алкарас неодамна го загуби ...

Чудото што го направи Лестер во Премиер лигата во сезоната 2015/16 ќе биде тешко да се повтори, но фудбалска бајка од слични размери се пишува во Швајцарија. ФК Тун за кој игра македонскиот напаѓач Елмин Растодер, на работ е да освои историска шампионска титула и тоа една година откако од втора влезе во прва лига. На пет кола до крајот на првенството, Тун има 14 бода предност во однос на првопласираниот Сент Гален, што значи дека победа во ...

Реал Мадрид не успеа да стигне до триумф на гостувањето против Бетис, а дополнителен проблем за „кралевите“ претставува повредата на Килијан Мбапе. Французинот не така одамна се врати по незгодна повреда, се чинеше дека конечно влегува во посакуваниот ритам, за синоќа повторно самиот да побара да биде заменет, на својот јубилеен стоти натпревар во десот на „кралскиот клуб“. „Мбапе се пожали дека почувствувал нешто во ногата. Не знаеме што е ...

ЛеБрон поместува нова граници во НБА историјата со своите изданија на 41-годишна возраст, а тоа го потврди и со блескавото издание кое го имаше рано утрово против Хјустон. Рокетси беа на чекор од победа и имаа напад за плус 5 или 6 разлика на 15-тина секунди пред крајот, па иако се чинеше дека победата е речиси осигурана, тогаш на сцена стапи најдобриот играч на Лејкерси. ЛеБрон целосно ја презема одговорноста во отсуство на Лука Дончиќ и ...

И покрај тоа што и оваа сезона стигна до четвртфиналето на Евролигата, иднината на Факундо Кампацо во Реал Мадрид не е целосно сигурна. Аргентинскиот плејмејкер, иако има 35 години, и понатаму е клучен организатор на играта на „кралскиот клуб“ и еден од најважните кошаркари во ротацијата. Сепак, тоа не гарантира дека ќе остане во Мадрид и во наредниот период, и покрај постоечкиот договор и за следната сезона. Раководството на Реал веќе му ...

Италијанскиот тренер Енцо Мареска се наметнува како главен кандидат за менаџерската позиција во Манчестер Сити, во пресрет на можни промени на клупата по завршувањето на сезоната. Според информации на новинарот Бен Џејкобс, Мареска е слободен да потпише договор со нов клуб, без оглед на нерешените правни прашања со Челзи. Лондонскиот клуб нема право да го спречи или одложи неговиот ангажман на друго место, ниту пак новиот работодавач би бил ...

Неизвесноста околу клупата на Реал Мадрид станува сè поизразена како што сезоната влегува во завршница, а во клубот веќе сериозно се разгледуваат различни опции за тренерската позиција. Во фокусот на шпекулациите не се само фудбалери, туку и звучни тренерски имиња, особено поради сè поголемата веројатност дека Алваро Арбелоа нема да остане на чело на тимот по крајот на сезоната. Иако официјална одлука сè уште нема, сигналите од клубот ...

Ливерпул го очекува сериозен играчки ремонт по најавените заминувања на Мохамед Салах и Енди Робертсон, но и тешката повреда на Екитике поради која францускиот репрезентативец ќе го пропушти и првиот дел од новата сезона. „Црвените“ веќе почнаа со планирање на потезите за претстојниот преоден рок, а високо на листата со желби од неодамна се наоѓа и Рафаел Леао. Португалецот не делува најзадоволно во редовите на Милан, а и управата на ...

Легендарниот ракометен стратег Веселин Вујовиќ повторно се враќа на селекторската функција на репрезентацијата на Катар, со што уште еднаш ќе биде дел од најголемата сцена во светскиот ракомет. Искусниот 65-годишен тренер веќе отпатува за Доха, каде што ќе ја преземе селекцијата што ја водеше и претходно. Со катарскиот национален тим, Вујовиќ настапи на Светското првенство во ракомет, каде Катар го освои 21. место. По неговото заминување, ...

Фудбалерите на Наполи после ремито со Парма и поразот од Лацио, им се вратија на победите во италијанската лига откако дома со 4:0 го совладаа Кремонезе. Веќе во третата минута домаќините поведоа со голот на Мектомини, непосредно пред паузата автогол си постигна Терачиано (45`), а во листата на стрелците се запиша и Де Брујне (45+3`). Конечниот епилог за 4:0 во 52 минута го постави Алисон Сантос. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ...

Необична и неверојатна ситуација ја одбележа завршницата од регуларниот дел во холандската втора лига, каде што системот на натпреварување повторно се најде под жестоки критики поради своите нелогичности. Во последното коло од Ерсте Дивизие, екипата на Ден Бош успеа да избори пласман во плеј-офот за влез во елитата, иако го загуби својот натпревар. Токму поразот беше неопходен услов за да остане во игра за доигрување. Според правилата на ...

Лошата сезона на Реал Мадрид, во која Барселона е на прагот да ја освои шампионската титула, предизвикува сè поголемо незадоволство кај навивачите. Тензијата кулминираше по нерешениот резултат 1:1 со Бетис, кога некои навивачи ги навредуваа играчите при напуштањето на стадионот, според шпанските медиуми. 🚨 EXCLUSIVA @elchiringuitotv 🚨 🗣️ Madridistas INCREPAN a los JUGADORES del MADRID tras el EMPATE ante el Betis. ‼️ “¡Qué poca vergüenza ...

Кевин Де Бројне беше прогласен за играч на мечот Наполи – Кремонезе, Белгиецот постигна и гол кој му беше 100-ти во кариерата и петти за Наполи. А, Кевин не ни знаел дека остварил такво посебно лично достигнување. „Игравме многу добро, секогаш излегуваме на терен за да победиме. Задоволни сме од оваа победа. 100 гола во кариерата? Не знаев. Особено сум среќен што сè уште играм на ова ниво. Имаме два слободни дена и ќе уживам во нив, така ќе ...

Мохамед Салах, се подготвува да го напушти „Енфилд“ ова лето, a пред него остануваат уште пет натпревари пред да донесе конечна одлука за својата иднина во следната сезона. Во меѓувреме, додека шпекулациите се засилуваат, спортскиот директор на Јувентус, Марко Отолини, јасно ги демантираше информациите дека италијанскиот клуб воспоставил контакт со фудбалерот. Покрај тоа што 33-годишниот Египќанец се очекува да ги напушти „црвените“ на крајот ...

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс се на чекор од пласман во втората рунда на Западот, откако славеа на гостувањето кај Хјустон Рокетс со 112-108 по продолжение и поведоа со 3-0 во серијата. „Езерџиите“ направија неверојатен пресврт, надоместувајќи шест поени негатива во последните 25 секунди. Леброн Џејмс погоди тројка за израмнување по украдена топка, а во продолжението гостите ја презедоа контролата. Леброн натпреварот го заврши со 29 поени, ...

ЛА Лејкерс влегоа во плејоф серијата против Хјустон рокетс без повредените Лука Дончиќ и Остин Ривс, при што американските кошаркарски аналитичари предвидуваа брза елиминација на славниот клуб. На теренот се случува токму спротивното, па ЛА Лејкерс по првите три меча имаат водство од 3-0 во оваа серија, откако рано утрово на гостински терен ја добија драмата со „ракетите“ славејќи со 108-112 по продолжение од пет минути. „Езерџиите“ се ...

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, смета дека нерешениот резултат со Бетис е неправеден и ги обвини судиите дека го оштетиле неговиот тим. Во првото полувреме имаше ситуација кога топката удри играч на Бетис во рака во 16-никот, но судиите не покажаа пенал. Tira Brahim en el 22′ con 0-1, mano de Ricardo Rodríguez y dice González Fuertes (quien amenazó al Real Madrid con hacer historia) a Soto Grado que no hay nada. ¡MALDITOS CORRUPTOS! ...

Најдобриот стрелец во историјата на НБА, Леброн Џејмс, имаше уште една незаборавна плејоф вечер, со неколку свои потези му донесе победа на ЛА Лејкерс против Хјустон за водство од 3-0 во оваа серија. Лејкерси победија со 112-108 по продолжение од пет минути. На 30 секунди до крајот на регуларниот дел, Хјустон имаше предност од шест поени и тргна во напад, но брзо ја загубија топката и направија фаул при шут за тројка и примија три поени од ...

Откако Штутгарт го победи Фрајбург со 2-1 во четвртокот вечер и дојде до финалето на германскиот Купа, пласман во европските купови следната сезона обезбеди и седмопласираниот тим во Бундеслигата. Вообичаено шест германски тимови обезбедуваат место во европските натпреварувања на УЕФА преку Бундеслигата. Екипите од првото до четвртото место одат во Лигата на шампиони, петтото место носи настап во Лигата на Европа, а шестото место води во ...

Шкупи триумфираше над Клими во рамки на воведниот меч од 17. коло на Првата футсал лига, славејќи со 8:6, практично добивајќи ја оваа голеада. Кадир Јахја Абдил беше двоен стрелец, хет-трик имаше Ерблин Даци, а по еден гол за скопскиот тим постигнаа Љавдрим Фазлију и Еркан Сефери, а Филип Грујоски од кавадаречкиот тим си постигна автогол. За тимот на Клими двоен стрелец беше Мартин Никовиќ, а по еден гол постигнаа Зоран Тасески, Горан ...

Тони Паркер е сè поблиску до преземање на тренерската функција во Асвел, а францускиот клуб веќе има јасна идеја со кого би работел во стручниот штаб. Според најавите, Паркер би можел да го преземе тимот од актуелниот тренер, а во стручниот штаб да има добро познато име - искусниот француски стратег Венсан Коле. Токму Коле е човек од кој Паркер веќе учел и со кого има одлична соработка од репрезентативните денови. Поранешниот НБА шампион веќе ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
76%
1023
weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
35%
1024
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
35%
1026
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1023
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.08
97%
1026
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 10ᴼ
4.63
46%
1026
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
2.24
54%
1013
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
58%
1017
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
5.66
33%
1020
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
2.68
89%
1024
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
36%
1026
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
8.75
72%
1016
Currency

61.6417

Currency

52.7767

Currency

71.1449

Currency

37.5335

Currency

38.5584

Currency

66.7275

Currency

7.72322

Currency

0.70654

Currency

0.32919

Currency

0.52513

Currency

1.17186

Currency

0.55633

Рутениум

52984.43

Платина

61536.53

Алуминиум

3.48

Паладиум

46779.34

Бакар

11.85

Родиум

321507.47

Цинк

0.00

Сребро

2336.99

Злато

146933.90

Калај

49.98

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39