Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салиба, е уверен дека неговиот тим може да ја прекине серијата на втори места во Премиер лигата. Топчиите беа лидери на табелата цели 200 дена, но во текот на неделата беа симнати од врвот од Манчестер сити, кој има предност само поради подобра гол-разлика. „Тука сум четири години и секогаш завршувавме како втори. Ако го промениме тоа оваа сезона, ќе биде огромен успех за нас и за мене. Убеден сум дека можеме ...
Македонија ЃП – Работнички 1:0 е исходот од првото полувреме на денешниот меч во Ѓорче од 29.коло во ПМФЛ. Уште во 2.минута домашните поведоа со голот на Кабаркас кој убаво се снајде пред гостинскиот гол и со шут со глава ја затресе мрежата на Работнички. Отворен фудбал од двете страни, со многу шанси како на едната така и на другата страна. “Лавовите“ преку Лазаревиќ и Софијановски гаѓаа стативи, а овој вториот имаше уште една шанса за 2:0. ...
Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека се пуштени во продажба билетите за натпреварот против Монпелје во реваншот од четвртфиналниот двомеч против Европската лига на ЕФХ. Двократниот европски првак одреди цени на билетите од 300, 400 и 500 денари. Продажбата ќе се одвива онлајн и преку мрежата на „ticketx.com.mk“, како и на билетарницата секој работен ден од 10 до 18 часот. Вардар во вторник му гостува на Мопелје во првиот меч од ...
Фудбалерите на Перт Глори го победија Бризбејн Роар (2-1) во последното коло од сезоната во австралиската А-лига. Вториот гол за Перт беше дело на Себастијан Деспотовски. Станува збор за млад 21-годишник кој има потекло од Македонија, а даде навистина ефектен гол во оваа победа. DESPOTOVSKI WHAT A STRIKE Stream #PERvBRI live and exclusive on Paramount+ pic.twitter.com/RE5cwQ9uTp — Isuzu UTE A-League (@aleaguemen) April 25, 2026 Оваа сезона ...
Во Англија фудбалот е религија, па дури и во најниските лиги, доказ за тоа беше и денешниот клучен меч од конференцијата меѓу Рокдејл и Јорк, на кој домаќините мораа да слават за да стигнат до првото место и промоција во втората дивизија. Дуелот беше драматичен и без голови, се до 96. минута, кога Рокдејл постигна гол со глава, за тотална еуфорија на трибините, па стотици навивачи влетаа на терен почнувајќи да го слават големиот успех. Само ...
Македонската фудбалска репрезентација ќе ја очекува пеколна атмосфера на контролниот меч со БиХ што ќе се одигра на 29 мај во Сараево, откако домаќините објавија дека експресно се распродадени сите билети за овој пријателски натпревар. Ова ќe биде прв меч на селекцијата на БиХ по остварениот успех и победата во баражот над Италија, па јасно е дека босанските навивачи ќе подготват спектакл за селекторот Бабрарез и неговите избраници за да го ...
На повидок е мега – трансфер. Имено Василије Костов, мега – талентот на Ц.Звезда, кој веќе има настапи и за А-репрезентацијата на Србија, по потекло е Македонец, иако има само 17 години, е пред историски трансфер. Црвена звезда планира да земе 30 милиони евра од трансферот на Василије Костов, а како што стојат работите, планот на лидерот на клубот, Звездан Терзиќ ќе се оствари. 17-годишната ѕвезда е посакувана од вистински европски гиганти. ...
Со третиот дуел од серијата помеѓу Орландо и Детроит каде резултатот по две одиграни средби е 1-1 во победи, во 19 часот почнува вечерашната програма во НБА плејофот во која ќе има четири натпревари. Интересно е дека според квотите во Sport Life, на сите мечеви фаворити за победа се гостинските екипи. Пистонс кој беше најдобар на Истокот во регуларната сезона влезе како голем фаворит во серијта со Магичните, но Орландо доби еден меч на гости ...
Фудбалот важи за најважната споредна работа на светот, но и за најпопуларен спорт и тоа од повеќе причини. Меѓутоа фудбалот понекогаш знае да ни донесе и навистина комични моменти, ситуации, а токму една таква ни дојде од Турција. Се работи за натпреварот од плејофот од третата лига во која силите ги одмерија Баликесирспор и Ескишехирспор, а гостинскиот голман им подари гол на домаќините со една несфатлива реакција. Balıkesirspor sahalarda ...
Екипата на Алавес со пресврт славеше победа над Мајорка со конечни 2-1 (0-1) во натпреварот од 32. коло на Примера, стигнувајќи до важни бодови во битката за опстанок. Домашниот тим ја прекина низата од три меча без пораз на Мајорка, која поведе на денешниот меч преку Јан Виргили, но потклекна во второто полувреме, кога Алавес го режираше пресвртот со погодоците на Тони Мартинез, кој биеше прецизно во 56. и 69. минута. До крајот на мечот ...
Марк Маркез, на домашен терен во Херез, победи во спринт трката. Самата трка беше вистински спектакл, за што придонесе дождот, а Маркез победи и покрај тоа што го загуби водството од својот брат Алкес, а веднаш потоа и падна. Актуелниот првак, успеа да се врати на својот мотор, успеа да дојде до боксот, седна на мотоциклот со гуми за дожд и на крајот ја забележа втората спринт победа оваа сезона. Дукати, во Херез, успеа да одговори на ...
Проширениот формат кој е со 48 репрезентации носи поголем број на натпревари, а втората причина е огромните цени за влезници за кои ФИФА и организаторот трпеа големи критики. ФИФА дозволи цените на голем дел од влезниците да бидат креирани според понуда и побарувачка односно да имаат динамични цени, а тоа допринесе за билети со неверојатни суми. Последните проекции се дека ФИФА ќе заработи 11 милијарди долари само од продажба на влезници. ...
Поранешниот тренер на Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја пронајде нов ангажман и во иднина ќе го води турскиот клуб Бешикташ. Ова е информацијата која ја сподели специјализираниот ракометен портал „Балкан Хендбол“ кој информираше дека Шпанецот одлучил да каже да за амбициозниот проект на Бешикташ, тим кој ќе има европски амбиции во наредниов период. Инаку Гарабаја со Пелистер го освои само Суперкупот на Македонија, а во досегашната кариера ...
Екипата на Фулам се избори за четиринаесеттата сезонска победа во Премиер лигата, откако славеше со минимални 1-0 (1-0) над Астон Вила во натпреварот од 34. коло. Победникот беше решен со единствениот погодок на Рајан Сесењон, кој го постави конечниот резултат во 43. минута. Имаше Фулам во второто полувреме уште неколку шанси, постигна и уште еден гол, но беше поништен поради опструкција врз голманот Емилијано Мартинез. Гостите од Бирмингем ...
Продолжуваат битките во плејофот во НБА лигата, а најновите победи ги однесоа Филаделфија, Лејкерс и Сан Антонио со тоа што сега „севентисиксерс“ имаат само минус еден против Бостон Селтикс (2-1), „езерџиите“ се на чекор од тоа да го „изметат“ Хјустон Рокетс, додека Спарс одново води со Портланд Трејл Блејзерс (2-1). Десет моменти беа извлечени како најдобри од овие соочувања, а на врвот е Фили со одличната реакција во одбрана и напад. Бона ...
Шпанецот Марк Маркез ја освои пол-позицијата за спринтот и главната трка за Големата награда на неговата родна држава. Маркез на патеката во Херез стигна до својата 103. пол-позиција во кариерата, со најдобро време од 1:48,087 минути, оставајќи зад себе Жоан Зарко од Хонда (заостана 0,140 секунди) и Фабио Ди Џанантонио, кој доцнеше 1,010 секунди. Спринтот за Големата награда на Шпанија се вози денес, а главната трка е на програмата утре, со ...
Легендарниот шпански тенисер, Рафаел Надал, се огласи по веста дека Карлос Алкараз ќе го пропушти настапот на Ролан Гарос поради повреда. ¡Mucho ánimo, Carlos! Espero que tengas una recuperación lo más rápida posible. Estos momentos de dificultad ponen en valor todo lo que estás haciendo. ¡Mucha fuerza y un abrazo fuerte! https://t.co/eZP5Ab8Yn0 — Rafa Nadal (@RafaelNadal) April 24, 2026 Надал му испрати силна порака за поддршка на својот ...
Италијанскиот фудбал не може без скандали, откако денеска беше објавено дека обвинителството во Милано покренало итрага против поранешниот судија Џанлука Роки, кој е под сомнеж дека незаконски влијаел врз конечниот исход на натпревари од Серија А во последните две години. Против 52-годишниот Роки се подготвува обвинение за криминална завера и учество во спортска измама, со низа докази за неговото влијание врз судиите кои биле присутни во ...
Германскиот фудбалски сојуз ја разгледува можноста за аплицирање за организација на Светското првенство во 2038 или 2042 година. Федерацијата потврди дека долгорочните опции и потенцијалните понуди моментално се анализираат, иако ФИФА сè уште официјално не го отворила процесот на аплицирање за тие турнири. Доколку планот се реализира, Германија повторно би била домаќин на најголемото фудбалско натпреварување на планетата, откако последниот ...
Мајкл Карик не одлучува за својата иднина на „Олд Трафорд“, но ако се гледа реално и објективно, поранешниот играч за врска навистина заслужува да добие шанса на долгорочен план со оглед на позитивниот пресврт кој го предизвика во тимот. Манчестер Јунајтед сериозно напредуваше со Карик како менаџер на тимот и во само четири месеци успеа да направи нешто што изгледаше незамисливо под водство на Аморим, па токму поради тоа, медиумите се почесто ...
Аргентинскиот стручњак Маурисио Покетино е најреалната опција за нов тренер на Реал Мадрид, тврди добро упатениот новинар Мигел Анхел Дијас. Покетино од 2024 година е селектор на САД и после Светското првенство летово би можел да се пресели во Мадрид, што му е голема желба одамна. Големи плусови за него се што претседателот Флорентино Перес го сака и што во минатото веќе работел со Килијан Мбапе кој со својата себичност и незалагање во ...
Манчестер Сити изби на чело на табелата во Премиер лигата со победата која ја оставри над Барнли, но три дена подоцна, Пеп Гвардиола и неговите фудбалери имаат нова реалност и нов предизвик, овојпат во ФА Купот. „Граѓаните“ го освоија трофејот во Карабао Купот и се во игра за уште два, бидејќи покрај жестоката битка во Премиер лигата, Сити е жив и во ФА Купот. Сити денеска игра полуфинале против Саутемптон на „Вембли“, а во пресрет на ...
Утре на програмата ќе бидат натпреварите од 22. коло на Првата женска фудбалска лига, а во кое коло Кочани на домашен терен ќе го пречека лидерот и нов шампион Скопје. Повеќе од јасно е преголема разлика во квалитетот и шансите за изненадување се минимални, бидејќи Скопје е повеќе од асполутен фаворит за своето 21-во сезонско славје и нови три бодови. Во Македонска Каменица ќе се одигра дерби натпревар меѓу Каменица Саса и Истатов. ...
Од оваа година во Штип се реализираат „Плазма Спортски игри за млади“, кои по првпат ќе бидат опфатени во Македонија и во градот под Исарот, а претходно се реализираат во Словенија, Хрватска и Србија, веќе неколку години. Претседателот на сојузот на училишен спорт на Штип, Зоран Арсов во гостувањето во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија зборуваше повеќе околу оваа тема и сите активности кои ќе произлезат од „Плазма Спортски игри ...
Интересот за билјардот како спорт во градот под Исарот е во постојан раст, првиот професионален клуб за билјард Штип во моментот брои 15 членови, а започна пред околу година и пол со пет членови. Од денес клубот се пресели во новите простории лоцирани на трибината на Градскиот стадион во Штип, со што сега има простор за поголем развој, клубот располага со две маси, но има далеку подобри услови и за професионални тренинзи. Клубот пред себе ги ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се соочува со сериозен проблем поради повреда на рачниот зглоб, која може значително да влијае врз неговата сезона. По деталните медицински прегледи, Алкараз донесе одлука да не настапи на турнирите во Рим и на Ролан Гарос, со цел да не го ризикува дополнително здравјето и да остави време за целосно закрепнување. Повредата ја доживеа на турнирот во Барселона, каде што одигра само еден меч пред да се повлече, а ...
Леброн Џејмс повторно блесна кога беше најпотребно и ги однесе Лејкерси до нов триумф над Хјустон од 112-108, со што неговиот тим стигна до убедливо водство од 3-0 во серијата од првата плеј-оф рунда. Искусниот кошаркар натпреварот го заврши со дабл-дабл од 29 поени и 13 скока, дополнети со шест асистенции, минувајќи повеќе од 45 минути на теренот. Во драматичната завршница, Џејмс погоди тројка на само 13 секунди до крајот за израмнување и ...
Денес е првиот меч во полуфиналето, среќни сме што дојдовме меѓу четирите најдобри екипи. Играме против можам да речам најталентираната екипа во Европа која има постигнато одлични резултати, го освоија Купот во Словенија. Не чека полна сала, одличен амбиент, вели тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ пред денешниот натпревар со Целје во Словенија. Имаме ние свои адути, покажавме многу пати оваа година дека играме најдобра одбрана на Балканот и ...
Џанлука Ѕамброта е угледно име во италијанскиот фудбал поради партиите кои ги прикажа во Серија А и оние за репрезентацијата, а како човек кој носеше дресови на фудбалски великани како Јувентус и Милан добро е запознаен со притисокот кои го носат таквите клубови. Славниот дефанзивец одигра четири сезони во Милан и беше дел од тимот кој го освои Скудетото во 2011-та година, па како човек кој во поодминати години направи разлика на „Сан Сиро“, ...
Македонскиот репрезентативец и член на Панатинаикос, Ти Џеј Шортс, официјално е избран за МВП на евролигашкиот плеј-ин, соопштено е на сајтот на натпреварувањето. Шортс беше одличен во победата над Монако и за 22 минути на паркетот забележа 21 поен, три скока и две асистенции, со шут од игра 9/13. „Одличен учниок за мене, но и одличен резултат за тимот. Добро е што влеговме во плеј-офот, инаку ќе бевме многу разочарани. Оваа година беше ...