Ракометниот клуб Вардар го засили својот ростер со ангажманот на десниот бек Мохаб Абделхак, еден од најперспективните египетски ракометари од својата генерација. – Овој трансфер во РК Вардар претставува огромен чекор напред во мојата кариера и горд сум што доаѓам во клуб со толку силна историја и амбиција. Возбуден сум што ќе ја развивам својата игра, што ќе се натпреварувам на повисоко ниво и што ќе го дадам максимумот за тимот. Моите ...

Роберт Левандовски и Барселона, според сè изгледа, би можеле летово да ја прекинат соработката, со оглед на тоа што на одличниот полски напаѓач му истекува договорот, а големи се шансите кариерата да ја продолжи во Италија. Како што пренесуваат тамошните медиуми, Милан и Јувентус се во игра за искусниот фудбалер. „Росонерите“ на примерот со Лука Модриќ видоа дека и како ветеран може многу да придонесе, па сакаат да се обидат и со Левандовски, ...

Барселона беше запрена во четвртфиналето на најважното клупско натпреварување во светот од Атлетико Мадрид, па фокусот сега е максимално пренасочен кон Ла Лига. Првите засилувања за новата сезона веќе се откриваат, а покрај Бастони, на листата на желби на Каталонците е и Александер Сорлот, првотимец на Атлетико Мадрид, јавува Матео Морето. Според наводите, интерес постои и ситуацијата се разгледува, но сè уште нема потврда за официјална ...

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, го обвини судијата дека го уништил синоќешниот натпревар со Баерн со исклучувањето на играчот од средниот ред Едуардо Камавинга во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Натпреварот се одигра на „Алијанц Арена“ во Минхен и заврши 4:3 во корист на домашниот тим. Камавинга доби втор жолт картон во 86. минута поради прекршок врз напаѓачот на Баерн, Хари Кејн, а потоа одби да ја врати топката. ...

На покана од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, денеска престојува во официјална посета на ФФМ. Заедно со првиот човек на европскиот фудбал, во делегацијата се и Зоран Лаковиќ, директор за национални асоцијации во УЕФА, како и Денис Бастари, раководител за развој на национални асоцијации во УЕФА. Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, ја истакна важноста на ...

Трагедија го поттресе светскиот фудбал. Поранешниот австриски репрезентативен голман Алекс Манингер загина во сообраќајна несреќа. Манингер го загуби животот на 48-годишна возраст откако во неговото возило удрило воз на необезбеден премин во близина на Салцбург. Маинингер играше во мноуг клубови, меѓу кои и Арсенал, Јувенмтус, а беше дел и од Фиорентина, Торино, Болоња, Бреша, Сиена, а во еден дел од кариерата беше и во Ливерпул. За ...

Фудбалерите на Шкендија избија на првата позиција на табелата откако попладнево го совладаа на негов терен со 4:1. Тетовчани стигнаа до победата благодарение на одличното прво полувреме кое го добија со 3:0. Шкендија со натпревар повеќе е на лидерската позиција со 67 бодови, пред Вардар со 65. Тиквеш остана на петтото место со 40 бодови. Серијата голови ја отвори Анес Мелиќи во 15.минута, а на 2:0 за гостите стрелец беше капитенот на Шкендија ...

Натпреварот на сезоната во англиската Премиер лига ќе се одигра во недела од 17:30 часот, кога ќе се сретнат Манчестер Сити и Арсенал. „Топџиите“ гостуваат на „Етихад“, каде ќе се обидат да ја зачуваат предноста од шест бода, со тоа што Сити има натпревар помалку. Натпреварот го најави шефот на стручниот штаб на „граѓаните“, Пеп Гвардиола. Aко загубиме од Арсенал, готово е – изјави Шпанецот. Потоа новинарите го прашаа дали ќе играат исто како ...

ЕХФ одлучи да ги суспендира на две години македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, како што се вели поради тешки прекршувања на спортските правила, односно поради манипулации со фитнес тестовите. Освен двегодишна суспензија, тие ќе треба да платат и парична казна од по 5000 евра. Во соопштението на ЕХФ се вели: -Пред ЕХФ Европското првенство за мажи 2026, ЕХФ ја повлече номинацијата на двајцата судии од Македонија поради наводна ...

За време на синоќешниот натпревар од Лигата на шампионите на „Алијанц Арена“ меѓу Баерн и Реал, дојде и до вербален судир меѓу гостинските играчи Винисиус и Џуд Белингам. Имено, камерите на телевизијата Movistar го забележаа конфликтот меѓу двајцата играчи за време на една ситуација за Реал Мадрид, откако Упамекано лошо ја прими топката. Винисиус влезе во шеснаесетникот, Белингам бараше додавање, но Бразилецот лошо ја контролираше топката, ...

Раководството на Реал Мадрид бара нов главен тренер кој ќе го замени Алваро Арбелоа. Според „Атлетик“, мадридскиот клуб разгледува четири кандидати. Јирген Клоп е високо ценет од раководството на клубот, но немало контакт меѓу двете страни. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, го цени Зинедин Зидан, но се очекува тој да биде тренер на француската репрезентација. „Кралевите“ исто така ги разгледуваат опциите и Дидие Дешамп, кој ќе ...

На покана од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, денеска престојува во официјална посета на ФФМ. Посетата претставува уште една потврда за одличните односи меѓу ФФМ и УЕФА, како на институционално, така и на лично ниво. Македонската „Куќа на фудбалот“ е високо ценета во рамки на европското фудбалско семејство, а присуството на Александар Чеферин дополнително ја ...

Барселона е елиминирана од ЛШ, и покрај тоа што славеше на гостински терен против Атлетико Мадрид со 1:2. „Јорганџиите“ одат во полуфинале благодарејќи на победата на првиот меч како гости со 2:0. На реваншот имаше од се и сешто, голови, шанси, црвен картон, поништен гол на Барселона, раскрвавени лица, но и многу борба. На вториот меч, Ливерпул повторно загуби од ПСЖ со 2:0, овој пат на домашен терен. Францускиот тим во овој двомеч беше ...

Фудбалерите на Атлетико Мадрид обезбедија пласман во полуфиналето на ЛШ и покрај поразот од 2:1 од Барселона во реванш натпреварот од четвртфиналето. Клучот за пласманот беше победата на Атлетико од првиот натпревар кога на гости славеа со 2:0, што им донесе вкупна предност и место меѓу четирите најдобри екипи во Европа. По натпреварот, во центарот на вниманието се најде тренерот на Атлетико, Диего Симеоне. На социјалните мрежи се прошири ...

Вечерва се играат реванш мечевите од четвртфиналето од Лигата на шампионите. Секако делот кој привлекува поголемо внимание е реваншот помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона, дуел на клубови на чии мечеви секогаш има тензии и многу возбувања. Првиот натпревар го доби Атлетико Мадрид и тоа како гостин, па се разбира се даваат поголеми шанси на тимот од Мадрид за пласман во полуфиналето. Но, од таборот на Барселона велат дека ништо не е готово и со ...

Пријателскиот натпревар меѓу репрезентациите на Босна и Херцеговина и Македонија ќе се одигра на 29 мај на стадионот „Асим Ферхатовиќ-Хасе“ во Сараево, со почеток во 18:00 часот. Босанската федерација ги одреди цените на билетите за овој меч. Одредени се и цените на влезниците за овој натпревар: западна трибина (блокови А1, А2, А7 и А8) – 40 КМ (20 еур) западна трибина (блокови А3, А4, А5 и А6) – 50 КМ (25 еур) источна трибина – 40 КМ (20 ...

Женската македонска ракометна репрезентација ја очекува уште последниот дуел од квалификациите на ЕХФ ЕУРО 2026 против Словенија на гостински терен. Македонскиот национален тим веќе е во Велење каде в недела од 18 часот го игра дуелот против домаќинот. Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски веќе го имаа и првиот тренинг во „Рдеча дворана“. – Мора да играме агресивно, да се бориме за секоја топка и да останеме фокусирани до самиот крај. ...

Женската македонска ракометна репрезентација и покрај поразот попладнево од Словенија со 27:18 во последното коло од квалификациите за ЕХФ ЕУРО 2026 избори пласман Европското првенство што ќе се игра во Полска, Турција, Чешка, Словачка и Романија. Македонските ракометарки го освоија третото место во групата 3, зад Германија и Словенија, а пред Белгија, воедно успеаја да се изборат да бидат една од четирите најдобро третопласирани селекции од ...

Прес-службата на Комисијата за контрола, етика и дисциплина на Унијата на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја прогласи жалбата на Барселона против судењето во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид (0:2) за неприфатлива. -По првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид, кој се одржа на 8 април 2026 година, Барселона поднесе протест против ...

Учениците од средното училиште „Муса Ќазим Ќатиќ“ решија на оригинален начин да го одбележат своето матурско фотографирање – облекоа дресови на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина. Со овој симболичен гест, учениците им ја пружија поддршката на „Змаевите“ по повод пласманот на Светското првенство. Креативниот и патриотски потег предизвика воодушевување кај сограѓаните и медиумите. На овој начин тие ја покажаа заедништвото, ...

А“ фудбалската македонска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Босна и Херцеговина на 29.мај 2026 во Сараево. Босна Херцеговина е учесник на Светското првенство. Натпреварот ќе се одигра во Сараево, на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“. Точниот термин за почетокот на натпреварот ќе биде дополнително одреден. Овој контролен натпревар во рамки на официјалниот ФИФА термин. За нашиот тим ќе биде можност за проверка пред новиот ...

Косуке Јасухира е нов ракометар на ГРК Охрид. Јапонецот доаѓа на позајмица до крајот на оваа сезона да и помогне на екипата во остварување на што подобри резултати во историската сезона на клубот. – Пресреќен сум што се враќам во Македонија, во тимот има добри мои пријатели од Вардар, едвај чекам да заиграм за Охрид утре против Тиквеш, па потоа да можам да им помогнам на моите соиграчи за поуспешна сезона. Среќен сум за ваквиот пречек од ...

Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, е незадоволен од делењето на правдата на натпреварот против Атлетико (0:2) синоќа во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. -Требаше да се браниме многу подобро во епизодата со првиот гол. Добиваме црвен картон, а веднаш потоа, Атлетико го постигнува првиот гол… ВАР системот денес беше многу фокусиран на Атлетико. Тие имаат германски специјалист, па секоја чест за Германија, рече ...

Македонскиот ракометен репрезентативец Мартин Серафимов следните две години ќе биде играч на Еурофарм Пелистер. – Нашиот клуб секогаш бил асоцијација за македонската репрезентација и во секој успех вградил многу свои членови и протагонисти. Затоа секој потпис на македонски репрезентативец многу ни значи. Денес го официјализираме како наш нов член Мартин Серафимов, десниот бек на националниот тим. Тој потпиша двегодишен договор со Еурофарм ...

Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски освои златен медал на меѓународниот турнир „Скопје опен Г1“. Георгиевски до златото дојде со четири фуриозни победи. Прво го совлада Абдула Ал Магди од Австрија, потоа беше подобар од европскиот шампион Иван Шапина од Хрватска, во полуфиналето го елиминира бронзениот светски медалист Пашко Вожиќ од Хрватска, додека во финалето со доминација го совлада Илиа Рудерман од Израел. По денешниот ...

Женската македонска ракометна репрезентација ги почна подготовките за претстојните два (последни) натпревара од квалификациите за Европското првенство. Селекторот Кристијан Грчевски повика 20 ракометарки за двата дуела, а повторно на списокот ја нема Сара Ристовска, која е во процес на рехабилитација. Македонската репрезентација со победата над Белгија во Куманово (33:28) го обезбеди третото место во групата и на тој начин останува со шанси ...

Барселона загуби со 2:0 од Атлетико Мадрид синоќа во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Натпреварот се одигра на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона. Во 44. минута, Каталонците останаа со 10 играчи откако дефанзивецот Пау Кубарси беше исклучен поради прекршок врз Џулијано Симеоне. Судијата Иштван Ковач првично му покажа жолт картон на дефанзивецот, но по ВАР, ја смени својата одлука и му покажа црвен картон на Кубарси. ...

Познатиот голфер Тајгер Вудс неодамна беше уапсен, а сега се објавени и снимки на кои јасно се гледа како полицијата постапувала со славниот спортист. Снимките од полициските камери на телото ги открија деталите од апсењето на Вудс (50) поради возење под дејство на наркотични супстанции, кој воедно предизвикал сообраќајна несреќа На снимките се гледа изненадувањето на познатиот голфер кога му биле ставени лисици од страна на полицијата, по ...

Баерн Минхен го победи Реал Мадрид со 2:1 синоќа на првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Натпреварот се одигра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Гостите го отворија резултатот со голот на Луис Дијаз кон крајот на првото полувреме. Хари Кејн го дуплираше водството во 46. минута. Домаќините намалија во 74. минута преку Килијан Мбапе. Реваншот ќе се одржи на 15 април на „Алијанц Арена“ во Минхен. На вториот ...

Голем успех постигна фудбалскиот клуб Водно, кој учествуваше на силниот фудбалски турнир Овиедо Куп во Шпанија. Со две генерации стигнаа до првото место. Пехари освоија дечињата родени во 2015-та и нивните другарчиња од клубот родени во 2013-та година. Според информациите од ФК Водно, турнирот се играл во многу силна конкуренција, а младите фудбалери одиграле одлично низ целиот турнир и на крајот славеле двоен триумф, и за генерацијата 2013, ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
67%
1014
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
70%
1014
weather icon

Загреб

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
90%
1015
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
58%
1014
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
6.94
55%
1012
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
96%
1014
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
2.68
64%
1013
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
67%
1015
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
82%
1014
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
4.63
65%
1008
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
51%
1013
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1012
Currency

61.6317

Currency

52.3013

Currency

70.8135

Currency

37.5034

Currency

38.324

Currency

67.1857

Currency

7.67135

Currency

0.69779

Currency

0.32957

Currency

0.52505

Currency

1.16583

Currency

0.56173

Кобалт

45.39

Паладиум

49215.93

Иридиум

253540.09

Платина

66712.80

Цинк

3.44

Алуминиум

3.53

Бакар

12.14

Рутениум

55395.74

Злато

166450.52

Сребро

2840.84

Родиум

324722.54

Калај

49.88