Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
По смената на Срѓан Благоевиќ, сè уште не се знае кој ќе биде новото име на клупата на Партизан, а порталот „ЦГ фудбал“ пишува дека тоа би требало да биде Виктор Треневски. Тој е поранешен фудбалер на Партизан, настапуваше за „црно-белите“ од 1995 до 1998 година и на 80 натпревари постигна 19 голови. Поранешниот офанзивен играч за врска играл за Будуќност, Копер, Мура и Олимпија, има 17 настапи за репрезентацијата на Македонија, а моментално ...
Барселона продолжува со преговорите за потпишување на позајмица со напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, со траен договор. Според „Диарио Спорт“, шпанскиот клуб би сакал 28-годишниот Англичанец да се согласи на намалување на платата, моментално околу 370.000 евра неделно. Во замена, ќе му понудат долгорочен договор. Договорот за позајмица важи до 30 јуни 2026 година. Во сезоната 2025/26, напаѓачот постигна шест гола и имаше седум ...
Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Дисциплинскиот комесар на Трета лига – Север донесе одлука за доживотна суспензија на фудбалерите Орхан Демири и Ердин Арифи од ФК Беса Слупчане, поради физички напад и обид за линч на противнички фудбалер по завршување на натпреварот ФК Беса Слупчане – ФК Аеродром, одигран во рамки на 8. коло од Третата лига – Север. Домашниот терен на ФК Беса Слупчане се суспендира на 10 ...
Аталанта синоќа ремизираше 1:1 со Милан во 9. коло од италијанското фудбалско првенство. Натпреварот се одигра на стадионот „Атлети Аѕури д’Италија“ во Бергамо. Во 4. минута, Самуеле Ричи им донесе водство на „Росонерите“. Домаќините израмнија кон крајот на првото полувреме, со гол на Адемола Лукман. Наполи со голот на Замбо Ангиса во 69. минута забележа победа (1:0) на гости со Лече. Во 55. минута, домашниот напаѓач Франческо Камарда промаши ...
Поранешниот селектор на италијанската репрезентација, Лучијано Спалети, ќе го преземе Јувентус, објави инсајдер Фабрицио Романо. Според Романо, 66-годишниот Италијанец се согласил да работи за клубот од Торино. Тој ќе потпише договор до крајот на сезоната 2025/26, со можност за продолжување доколку Јувентус се квалификува во Лигата на шампионите. Последната тренерска позиција на Спалети беше во италијанската репрезентација, која ја водеше од ...
Фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Карвахал (33), беше подложен на артроскопска операција на коленото и се очекува да биде надвор од терените два до три месеци, објави денеска Кралскиот клуб. Операцијата на десното колено беше успешна, но клубот не го прецизираше точното време на закрепнување. Карвахал во неделата влезе на теренот на дербито против Барселона, Карвахал во 72 минута и играше до крајот на натпреварот, иако се пожали на болка во ...
Jувентус планира да го ангажира тренерот Лучијано Спалети, објави „Калчомеркато“. Страните се во напредни преговори. Според италијанскиот медиум, 66-годишниот Италијанец со ентузијазам ја прифатил понудата. Неговата последна тренерска позиција беше во италијанската репрезентација, од која ќе беше отпуштен во јуни оваа година. Вчера, Јувентус го отпушти тренерот Игор Тудор, кој беше во клубот од март 2025. По осум натпревари, Јувентус има 12 ...
Судиската комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македоноија по разгледувањето на извештајот од натпреварот Шкендија – Вардар во рамки на 10. коло од Прва МФЛ, утврди дека судиските одлуки во неколку спорни моменти се целосно исправни. Во акцијата на која и претходеше досудениот пенал, немаше прекршок, играта продолжи регуларно: По изведениот корнер, судијата правилно досуди пенал поради игра со рака од страна на фудбалерот на ...
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, е именуван за член на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА. Комитетот, кој работи под покровителство на Советот на ФИФА, има задача да го унапредува и координира развојот на фудбалот во рамки на Олимписките игри и да соработува со Меѓународниот олимписки комитет во сите прашања поврзани со фудбалот на Олимпијадата. Со Комитетот претседава Самир Шауд (Бразил), додека ...
Досегашниот селектор на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ, повеќе нема да ја извршува таа функција, откако му истече договорот, соопшти Кошаркарската федерација на Србија (КФС). Сценариото што се навестуваше по неуспехот на минатото Европско првенство во Рига сега доби и официјален епилог. Светислав Пешиќ ја заврши својата етапа на клупата на Србија и беше огромен фактор во препородот на националниот тим, како и во ...
Шпанските медиуми пишуваат дека Јамине Јамал ќе биде под целосна контрола, односно ќе биде контролирано се она што тој сака да го објави на социјалните мрежи, а потоа доколку добие дозвола ќе може да го објави. Контролата ќе ја врши неговиот менаџер Жорге Мендеш. Одлуката Барселона ја донесе откако Јамал пред мечот со Реал Мадрид напиша дека „Реал мадрид стално кука, а потоа купува“, мислејќи на судиите. Ова секако предизвикало ...
Од Италија денес пристигнуваат трагични вести, откако, според неколку извори, меѓу кои и „Газета“, вториот голман на Интер, Жозеп Мартинес, учествувал во сообраќајна несреќа со смртен исход. Имено, Мартинес утрово околу 09:40 часот, во близина на тренинг-центарот на Интер во Аппијано Џентиле, во областа Комо, управувајќи автомобил удрил во 81-годишен маж во инвалидска количка. При ударот, 81-годишникот починал на самото место, иако итната ...
Со дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар попладнево ќе биде комплетирано 10. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Актуелниот шампион Шкендија го пречекува најтрофејниот македонски клуб по историскиот триумф над Шелбурн минатата недела во Конференциската лига и со амбиција да го искористи саботниот пораз на Струга од АП Брера и со триумф да го преземе водството на табелата. Играчот на Шкендија Арбин Зејнулаи пред пресметката со ...
Родителот кој на фудбалскиот натпревар меѓу младинските екипи Брегалница и Шкупи нападна двајца 15 годишни домашни фудбалери доби 11 месеци казна затвор. Портпаролот на Основниот суд –Штип и воедно судија кривичар, Сашко Георгиев информираше дека кривичниот судски совет, има донесено пресудата за обвинетиот Авни Абгулиј од Скопје за сторено кривично дело насилство од член 386 став 4 од Кривичниот законик. Тој е осуден на казна затвор од 11 ...
Вардар извојува попладнево победа на гостински терен над тетовска Шкендија со 1-0 (0-0) во завршниот натпревар од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Стрелец на единствениот гол беше Бабунски од пенал во 49 минута, откако Алхасан играше со рака во шеснаесетникот на Шкендија. Вреди да се напомене дека Шкендија постигна гол преку Ибраими за 1:1, но овој гол беше поништен поради офсајд, по реакцијата од ВАР собата. Со трите ...
Ракометарите на македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер вечерва имаат тешко гостување бидејќи ги очекува дуел со европскиот првак Магдебург. Бундеслигашот е фаворит во овој дуел особено што е и непоразен во групата Б. – Се надевам дека ќе можеме да бидеме уште подобри од мечот со Барселона, затоа што одигравме одлично. Не бевме перфектни, но бевме близу. Ако не сте компактни и безгрешни против тим како Магдебург, сигурно ќе имате ...
Реал Мадрид со 2:1 го доби Ел Класико и „избега“ на првото место од директниот конкурент на плус пет бодови. Имаше на овој меч се и сешто, но и добар фудбал. Сепак, по дуелот најмногу се зборува за Винисиус кој беше еден од најдобрите на теренот против Барса. Чаби Алонсо одлучи да го извади од игра некаде во 70-тата минута, а тој бурно реагираше. Прво се чудеше зошто тој мора да ја напушти играта, а потоа мавтајќи со рацете и вербално ...
Игор Тудор не е повеќе тренер на Јувентус. Отказот следуваше по синоќешниот пораз од Лацио со 1:0. Сепак, овој пораз не е главната причина за отказот, туку серијата на лоши резултати. Јувентус во последните осум меча во сите конкуренции нема победа. Има пет нерешени и три порази. Привремен тренер до конечно решение ќе биде Масимо Брамбила, кој го предводи младинскиот тим на Јуве, а во конкуренција за кормилото се Роберто Манчини, Лучиано ...
Фудбалерите на Шкендија остварија победа од 1:0 на вечерашниот дуел од УЕФА Конференциската лига против Шелбурн. Ова беше дуел од втората рунда во ова натпреварување. Во првиот дел двете екипи беа внимателни без поголеми шанси за промена на резултатот. Нешто по активно се играше на почетокот од вториот дел, но завршницата беше мирна, до судиското надополнување. И кога сите очекуваа натпревар без победник во екстра времето по еден корнер и ...
Почна продажбата на билетите за завршниот натпревар на македонската репрезентација во мундијалските квалификации против Велс во Кардиф, објави денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). За македонските навивачи според правилата на УЕФА се издвоени близу 1500 билети во секторот од стадионот наменет за гостински навивачи. „Цената на влезница, утврдена од Фудбалската асоцијација на Велс, изнесува 2.800денари “, се наведува во ...
Вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Јувентус на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ донесе многу возбудувања. Гулер беше еден од најзначајните играчи на Реал Мадрид, учествувајќи во речиси сите напаѓачки потези на својот тим. Сепак, тој не очекуваше такво признание, а неговиот изненаден израз на лицето кога беше информиран дека е прогласен за играч на натпреварот брзо стана хит на социјалните мрежи. Младиот турски ...
Македонскиот вицешампион Вардар вечерва оствари голема победа откако во 2.коло од ЕХФ Лига Европа го совлада францускиот Тулуз на гости со 28:26 (18:11). Ова за „црвено-црните“ е втора победа во групата Ф. Вардар одлично го почна натпреварот, а водство имаше во текот на целиот натпревар. Единствено резултатот беше нерешен 1:1, а Вардар направи серија од 5-0 за водство до 6:1. На почетокот на вториот дел Вардар поведе и со +9 (20:11 и 21:12), ...
Без изненадување минаа дуелите кои беа одиграни синоќа од третото коло од Лигата на шампионите. Убедливи победи постигнаа: Ливерпул, Челзи, Баерн, додека Реал Мадрид минимално со 1:0 го совлада Јувентус. Резултати на синоќа одиграни дуелите: Атлетик Билбао – Карабах 3:1, Галатасарај – Бодо/Глимит 3:1, Аталанта – Славија Прага 0:0, Баерн – Бриж 4:0, Челзи – Ајакс 5:1, Ајнтрахт – Ливерпул 1:5, Монако – Тотенхем 0:0, Реал Мадрид – Јувентус 1:0 и ...
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави списокот од 20 играчи на кои ќе смета за претстојната недела на ЕХФ. Нашата репрезентација ќе биде во Скопје на мини подготовки, а ќе бидат одиграни и два контролни дуела со Јапонија (првиот од затворен тип) на 30.октомври, а вториот на 1.ноември со почеток во 16:30 часот во салата Автокоманда. Селекторот за оваа недела на ЕХФ во репрезентацијата го враќа левото крило ...
Екипата на Шкендија вечерва го играа дуелот од 2.коло од Конференциската лига на УЕФА. Во Скопје ќе гостува Шелбурн, а воедно ова е прв историски натпревар за Шкендија како дел од едно големо натпреварување. – Нормално е да бидеме мотивирани за овој натпревар. Шкендија ќе испише клупска историја. Едвај го чекаме натпреварот, очекуваме публиката да биде присутна во голема бројка и да нè поддржи. Сакаме историскиот настап да го збогатиме со ...
Каква само вечер во ЛШ. Дожд од голови речиси на секој меч. Само Каират и Пафос ремизираа без голови, на останатите сите натпревари имаше голови. ПСЖ славеше во Леверкузен со неверојатни 7:2, Барса исто така убедлива со 6:1 против Олимпијакос, а доста голови и на другите мечеви. Погледнете: БАРСЕЛОНА – ОЛИМПИЈАКОС 6:1 КAРИАТ АЛМАТИ – ПАФОС 0:0 АРСЕНАЛ – АТЛЕТИКО МАДРИД 4:0 ЛЕВЕРКУЗЕН – ПСЖ 2:7 КОПЕНХАГЕН – БОРУСИА ДОРТМУНД 2:4 ЊУКАСЛ – ...
Шкендија Арачиново, тим кој сезонава обезбеди пласман во Втората лига, го елиминираше Пелистер во Купот на Македонија славејќи со 1:0 во осминафиналето. Стрелец на единствениот гол беше Љамалари во 51-та минута. На останатите мечеви, Силекс го совлада Башкими со 2:1, Работнички ја елиминираше Брегалница по изведувањето на пеналите, а Струга убедлива 5:0 против Македонија ЃП. Утре Вардар ќе игра против Новаци, додека Шкендија од Тетово во ...
Погодокот што ракометарот на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, го постигна на асистенција на голманот Никола Митревски во дуелот против Барселона е најдобар гол на натпреварите од петтото коло во Лигата на шампиони, објави денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ). Еурофарм Пелистер загуби во средата во Битола од Барселона со 30-34, а најубавиот момент на натпреварот се случи во последната минута кога Манасков на додавање од Митревски ...
Шпанскиот играч од средниот ред Родри (29) требаше да има триумфално враќање дома вечерва на гостувањето на неговиот Манчестер Сити кај Виљареал во рамките на Лигата на шампионите, но натпреварот ќе го пропушти поради опоравување од повреда на тетивата на коленото. The Athletic пишува дека ова само ги продлабочило сомнежите за неговата способност да се врати во врвна форма, една година по тешката операција на коленото. Родри блескаше ...
Англискиот офанзивец Џуд Белингем (22) неодамна беше снимен како изведува необична вежба на тренинг, а мистеријата зад таа вирална фотографија сега е откриена. Имено, фотографијата од тренингот на Реал Мадрид на која Џуд Белингем изгледа како да лебди во воздух стана вирална минатата недела. Самиот Белингем доби и прекар од англиските медиуми – „летечкиот човек“. На фотографијата, Англичанецот изведува необична вежба со виолетова еластична ...