Ракометарите на унгарскиот тим Пик Сегед загубија од германскиот Магдебург со 35:28 во првиот меч од четвртфиналето во ракометната Лига на шампиони. Мала утеха, посебно за словенечкиот репрезентативец Борут Мачковшек е тоа што го постигна еден од најубавите погодоци сезонава во ЛШ. Неговата лукавост и снаодливост да успее да постигне гол наиде на одобрување и од Европската ракометна федерација (ЕХФ). „Дали е ова најубавиот гол во годината?“, ...

Доаѓањето на Симоне Инѕаги на клупата на саудискиот Ал Хилал отвори ново поглавје во неговата кариера, но исто така започна бран прашања за причините за неговото заминување од Италија и годините што ги помина во гигантот од Милано. Во големо интервју за La Gazzetta dello Sport, италијанскиот стручњак се осврна на времето поминато во Интер, контроверзиите што ја придружуваат Серија А, како и на неговата одлука да го напушти клубот во време ...

Тренерот Марселино Гарсија Торал ќе го напушти Виљареал, иако успеа значително да го подигне тимот по неговото враќање во 2023 година. Под негово водство, екипата двапати по ред избори пласман во Лигата на шампионите, што беше голем успех и причина клубот да му понуди нов договор. „Жолтата подморница“ и оваа сезона е во одлична позиција за пласман во елитниот ранг на УЕФА (третопласирана во Примера). Сепак, преговорите не завршиле успешно, ...

Фудбалерите на Виљареал денеска убедливо со конечен резултат 5:1 славеа против екипата на Леванте во рамките од 34 коло во Ла Лига. Со оваа „петарда“, „Жолтата подморница“ математички обезбеди место во Лигата на шампионите следната сезона. По првото полувреме домаќините водеа со голот на Микаутадзе во 38 минута, гостите израмнија во 51 минута преку Еспи. Тимот на Марселино се врати во водство со погодокот на Молеиро во 62 минута, за 3:1 се ...