Македонскиот репрезентативец и член на Панатинаикос, Ти Џеј Шортс, официјално е избран за МВП на евролигашкиот плеј-ин, соопштено е на сајтот на натпреварувањето. Шортс беше одличен во победата над Монако и за 22 минути на паркетот забележа 21 поен, три скока и две асистенции, со шут од игра 9/13. „Одличен учниок за мене, но и одличен резултат за тимот. Добро е што влеговме во плеј-офот, инаку ќе бевме многу разочарани. Оваа година беше ...

Ти Џеј Шортс се мачи да остави поголема трага во Панатинаикос, но македонскиот репрезентативец покажа за што е способен, блескајќи на клучниот меч за пласман во плејофот во кој ПАО го совлада тимот на Монако. Шортс беше лидер на „зелените“ на овој натпревар, предводејќи го тимот со 21 постигнат поен (8/11 за два поени, 1/2 за три и 2/2 од линијата за слободни фрлања). Зад името на Шортс останаа запишани и три скока, две асистенции, една ...