Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Во рамки на официјалната посета на Австрија, владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во чиј состав е и министерката Сања Божиновска, оствари средба со канцеларот на Австрија, Кристијан Штокер. Фокусот на разговорите беше ставен на економијата, енергетската сигурност и регионалната стабилност, при што беше потенцирана поддршката за европската интеграција на Македонија и важноста од зајакнување на енергетската ...
Професорот по меѓународно право Тони Дескоски во објава на социјалните мрежи реагира на постапувањето на Државниот просветен инспекторат (ДПИ), поврзано со наводни неправилности на Филозофскиот факултет. Тој наведува дека инспекцијата констатирала состојба која претходно веќе била утврдена од самата институција, отворајќи прашања за начинот на постапување и толкувањето на законските одредби во високото образование. „Просветната инспекција го ...
На 20.04.2026 во 11:25 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода И.Ц. (56) од Дебар. При контрола на сообраќајот, полициски службеници сопреле патничко возило „ауди“ со дебарски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото со брзина од 116 километри на час, во населено место каде со сообраќаен знак, дозволената брзина е 50 километри на час. По ...
Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата За или против на телевизија Алфа, каде се осврна на актуелната тема за укинување на техничката влада. Според него, оваа техничка влада е резултат на политички договори и не треба повеќе да постои, бидејќи ја нарушува демократијата. Тој смета дека власта треба да произлегува директно од волјата на граѓаните, а не од политички договори. ,,Предлогот за измени и дополнување за Законот ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој е дел од владината делегација што ја предводи премиерот Христијан Мицкоски во Виена, на денешната средба со австрискиот канцелар Кристијан Штокер ги истакнал регионалните развојни проекти, со фокус на коридорите како инвестиции со најголем економски потенцијал. Николоски, како што информира преку својот фејсбук профил, се осврнал и на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10. ...
Министерството за внатрешни работи конечно воведе дигитално решение кое ќе им заштеди часови чекање на илјадници граѓани. Ако ве „улови“ сообраќајната камера на системот „Безбеден град“, патот до решавање на казната веќе не води низ полициските шалтери. Од МВР соопштуваат дека сите потврди за платени сообраќајни прекршоци, без разлика дали се платени физички во банка или преку мобилна апликација, повеќе не треба да се носат во полициска ...
Мицкоски уште еднаш го повтори ставот дека земјава бара гаранции од Европскиот совет за да го исполни барањето за повторно менување на Уставот. „Нашата позиција е многу јасна – ние сме подготвени како Влада да седнеме со нашите соседи и да разговараме за надминување на овој проблем, но за нас се поважни гаранциите кои ние ќе ги добиеме и ги очекуваме од Европскиот совет за нашиот македонски идентитет, дека нема да има дополнителни билатерални ...
Фондацијата „Гејтс“ соопшти дека ги чека резултатите од ревизијата на нејзините поранешни интеракции со Џефри Епстајн, во услови на јавен притисок околу врските на соосновачот Бил Гејтс со дискредитираниот финансиер. Надворешната ревизија, нарачана на почетокот на оваа година, ќе ги испита и „актуелните политики за проверка и развој на нови филантропски партнерства“, соопшти организацијата во изјава објавена онлајн во вторникот. Одборот ...
Како што се наведува во соопштението од МЖСПП, министерот нагласил дека во партнерство со K&S Скопје веќе се работи на зајакнување на националните капацитети, со цел максимално искористување на средствата од ЕУ за зелен пресврт и енергетски ефикасна економија. Министерот Хоџа истакнал дека програмата LIFE не е само фонд, туку механизам за зелен пресврт кон енергетски ефикасна економија и здрава животна средина. „Имаме заедничка цел – ...
Ако ЕУ смета дека е геополитичка неопходност проширувањето со Западен Балкан, основата е да направи конкретни чекори во тој правец, а не само реторички да повторува дека е геополитичка нужност. Геополитичката нужност може да биде присутна, но ако нема конкретни чекори тоа ќе бидат празни зборови, истакна во разговор со дописничката на МИА, заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, по неговото учество на ...
Синдикатот на администрација, државната управа и правосудство на Македонија (САДУПМ) го проширува своето дејствување и мрежа во рамките на државниот апарат. Според најновото решение од Централниот регистар донесено денеска (22 април 2026 година), официјално се запишани три нови синдикални подружници во клучни државни институции. Промените се евидентирани врз основа на одобренија и известувања од Министерството за економија и труд. Со ова, ...
Клучната порака е дека Европа се наоѓа во пресуден момент кога мора да избере дали ќе реагира на кризите или активно ќе ги обликува правилата. Во услови на неизвесност, енергетски предизвици и економски притисоци, зборовите не се доволни, потребни се конкретни одлуки и дела.Нашата определба е јасна.Да градиме економија што создава, а не само троши.Да градиме држава што нуди сигурност, а не неизвесност,напиша денеска од Виена премиерот ...
Прилепскиот капацитет за наменско производство „11 Октомври – Еурокомпозит“ излегува од стечајните води и преминува во рацете на приватни инвеститори, покажуваат најновите документи од Централниот регистар. Според официјалните решенија донесени овој месец, стечајната постапка е и официјално заклучена. Сепак, паралелно со сопственичките промени, евидентирано е и одземање на дозволата за приватно обезбедување која ја поседуваше фабриката. ...
Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Доколку е загрозена со исклучување, вештачката интелигенција може да почне да ги уценува луѓето што имаат овластувања да ја прекинат нејзината работа, покажува студијата објавена на 2 април од компанијата „Антропик“, една од водечките компании во светот за вештачка интелигенција и сопственик на еден од најпознатите чат ботови за широка употреба Claude („Клоуд“). Студијата објавена од тимот на „Антропик“ го ...
Помеѓу селата Царев Двор и Езерани, на патот кој го поврзува селото Езерани со Ресен, обновена е старата депонија која темелно беше исчистена минатата година. Мештаните велат дека несовесни жители од двете села овде нелегално депонираат отпад. Се носи од градежен шут до органски отпад. На местото може да се забележи стар мебел, покуќнина, расфрлани јаболка, пластични канти и картони. Локацијата е средишна точка помеѓу селата Царев двор и ...
Денот на кој се прави интервјуто со израелскиот амбасадор Рон Просор во Берлин не е како секој друг. Не е ниту за соговорникот. На тој ден Израел им оддава почит на загинатите војници и на жртвите од терористички напади. Минува мала вечност додека телевизиската екипа да стигне до местото каде што треба да се одржи интервјуто во израелската амбасада во југозападниот дел на германската престолнина. Денес Израел е под притисок, нападнат е, дури ...
„Ова не се секојдневни слогани. Ова е јасна насока. Инвестициите ги гледаме како двигател на промените, промените што носат нова индустрија, ново знаење, нов квалитет, нов стандард“, рече премиерот на заедничката прес-конференција со својот домаќин, австрискиот канцелар Кристијан Штокер Европа нема да биде силна ако нејзините делови останат слаби, нема да биде стабилна ако нејзините периферии останат несигурни и нема да биде конкуретнна ако ...
Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен претседател на „Солуција“, Никола Димитров, имаше жестока вербална пресметка со претставник на Бугарија за време на престижниот Делфи форум во Грција. Откако бугарскиот претставник од публиката провокативно порача дека Македонија мора да го „голтне“ компромисот, Димитров остро возврати дека бугарската политика донела најлоши можни резултати за билатералните односи. Грчки повик за медијација ...
„Порано бевме во иста држава, Австрија е клучен економски партнер на Унгарија. Би сакал да ги зајакнам односите меѓу Унгарија и Австрија од историски, но и културни и економски причини“, рече Маѓар откако го победи Виктор Орбан на парламентарните избори одржани овој месец. Маѓар го победи Орбан ветувајќи, меѓу другото, дека ќе ги ресетира односите со Европската Унија, но тој предвидува тоа да го стори во рамките на зајакнат блок на ...
Делфи-декларација, продолжение на Солунската агенда од 2003 година за ЕУ-перспективата на Западен Балкан, усвоија шефот на грчката дипломатија, Јоргос Герапетритис, и претставниците на шесте земи од регионот, односно заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Ферит Хоџа, првиот вицепремиер и министер за надворешни работи и дијаспора на Косово, Глаук ...
Компаниите што прават стратегија на долги рокови и размислуваат долгорочно ќе успеат да се справат со предизвиците од кризата што настана поради конфликтот на Блискиот Исток – смета Боријан Борозанов, директор за производство за Европа во „Џонсон Мети“ и претставник на Британската бизнис-асоцијација, која денеска одбележа три години од основањето. Борозанов во одговор на новинарско прашање рече дека досега нема отпуштања од „Џонсон Мети“ во ...
Демократска партија на Турците на Македонија (ДПТМ) соопшти дека внимателно, одговорно и со висок степен на посветеност го следи процесот на донесувањето нов закон за високото образование, се наведува во соопштението на партијата. Во таа насока, преку континуирани консултации со релевантни институции, како и со експерти од областа на правото и образованието, нашите ставови, оценки и резерви – особено во однос на заштитата на правата и ...
Националната Установа-Универзитетска Библиотека (НУ-УБ) „Гоце Делчев“-Штип денеска одбележа 23 години од постоењето на Инфобусот, единствената мобилна информатичка библиотека. Директорката на НУ-УБ „Гоце Делчев“-Штип, Ивана Биџовска истакна дека денеска се прославува мисијата на еден проект, кој веќе над две децении ги премостува разликите и носи знаење до најдалечните населени места во општините Штип и Карбинци. -Инфобусот денес опслужува ...
Кривична пријава за родители од Делчево, како и за двјца „зетовци“ од струмичко, едните што си ги продале ќерките, а другите за вонбрачен живот со малолетнички. -Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против О.Л.(49) од Делчево и Н.Л.(38) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете” по член 197 став 2 од КЗ, против Н.П.(27) од струмичко село за сторено ...
По повод Светкиот ден на книгата и авторското право – 23 Април, во библиотеката “Кочо Рацин” при Национална установа Центар за култура Крива Паланка, денеска беа наградени најредовните читатели. Дипломи и книги, како симболична награда, од директорот на НУЦК Крива Паланка, Сашко Додевски им беа врачени на најмладите читател и читателка, како и на тројца читатели од возрасна категорија. -По повод Светскиот ден на книгата и авторското право ...
Проширувањето на ЕУ е клучно за мирот, стабилноста и просперитетот во Европа, а Македонија и земјите од Западен Балкан се делот што недостасува за комплетирање на европскиот мозаик, порача австрискиот канцелар Кристијан Штокер, на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски во Виена. Штокер нагласи дека регионот не смее да го пропушти актуелниот геополитички момент, особено во услови на зголемени глобални тензии и ...
Владата ја усвои финалната верзија на Законот за високо образование и, како што вели вицепремиерот Беким Сали, во него се вклучени сите предлози од универзитетите на албански јазик. Тој истакна дека со овој предлог се адресирани клучните прашања покренати од академската заедница и дека е гарантираат дека ниту еден вработен нема да остане без работа. „Конечно, постигнавме успех да имаме добро прецизиран закон кој ќе одговори на сите потреби на ...
Под мотото „Активни жени, инклузивни општини“, Организацијата на жени од Струмица организираше акција на јавен простор преку која порача дека жените треба да имаат поголемо учество во процесите на локално планирање и одлучување, но и дека треба да бидат поактивни во застапувањето на женските права. Преку симболична инсталација со пораки за еднаквост, учество и заедничко одлучување беше нагласено дека развојот на заедниците не може да биде ...
Се работи на долгорочно решение за плажите долж брегот на езерото.Во Охрид уредување на плажите и постојана урбана опрема има но со урбанистички проекти ќе бидат доуредени капалиштата кои во текот на летната сезона привлекуваат голем број на псоетители. Градоначалникот Пецаков тврди дека сите плажи во Охрид се изградени со одообрение и дозволи . Струшкиот градоначалник Ќура пак најави дека со предлог законот за плажите се очекува да биде ...
Во завршните зборови, обвинетиот Денис Асанов, во јавноста познат како „касапот од Штип“, повторно ја отфрли вината за убиството на 79-годишната Борјанка Николова, случено во ноември минатата година, истакнувајќи дека ги почитувал жените и никогаш не би кренал рака врз нив. Одбраната оцени дека доказниот материјал не е доволен и не овозможува целосно расветлување на настанот, со што, според нив, се остава простор за сомнеж во вината. Побара ...