Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
„Ова не се секојдневни слогани. Ова е јасна насока. Инвестициите ги гледаме како двигател на промените, промените што носат нова индустрија, ново знаење, нов квалитет, нов стандард“, рече премиерот на заедничката прес-конференција со својот домаќин, австрискиот канцелар Кристијан Штокер Европа нема да биде силна ако нејзините делови останат слаби, нема да биде стабилна ако нејзините периферии останат несигурни и нема да биде конкуретнна ако ...
Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен претседател на „Солуција“, Никола Димитров, имаше жестока вербална пресметка со претставник на Бугарија за време на престижниот Делфи форум во Грција. Откако бугарскиот претставник од публиката провокативно порача дека Македонија мора да го „голтне“ компромисот, Димитров остро возврати дека бугарската политика донела најлоши можни резултати за билатералните односи. Грчки повик за медијација ...
„Порано бевме во иста држава, Австрија е клучен економски партнер на Унгарија. Би сакал да ги зајакнам односите меѓу Унгарија и Австрија од историски, но и културни и економски причини“, рече Маѓар откако го победи Виктор Орбан на парламентарните избори одржани овој месец. Маѓар го победи Орбан ветувајќи, меѓу другото, дека ќе ги ресетира односите со Европската Унија, но тој предвидува тоа да го стори во рамките на зајакнат блок на ...
Делфи-декларација, продолжение на Солунската агенда од 2003 година за ЕУ-перспективата на Западен Балкан, усвоија шефот на грчката дипломатија, Јоргос Герапетритис, и претставниците на шесте земи од регионот, односно заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Ферит Хоџа, првиот вицепремиер и министер за надворешни работи и дијаспора на Косово, Глаук ...
Компаниите што прават стратегија на долги рокови и размислуваат долгорочно ќе успеат да се справат со предизвиците од кризата што настана поради конфликтот на Блискиот Исток – смета Боријан Борозанов, директор за производство за Европа во „Џонсон Мети“ и претставник на Британската бизнис-асоцијација, која денеска одбележа три години од основањето. Борозанов во одговор на новинарско прашање рече дека досега нема отпуштања од „Џонсон Мети“ во ...
Демократска партија на Турците на Македонија (ДПТМ) соопшти дека внимателно, одговорно и со висок степен на посветеност го следи процесот на донесувањето нов закон за високото образование, се наведува во соопштението на партијата. Во таа насока, преку континуирани консултации со релевантни институции, како и со експерти од областа на правото и образованието, нашите ставови, оценки и резерви – особено во однос на заштитата на правата и ...
Националната Установа-Универзитетска Библиотека (НУ-УБ) „Гоце Делчев“-Штип денеска одбележа 23 години од постоењето на Инфобусот, единствената мобилна информатичка библиотека. Директорката на НУ-УБ „Гоце Делчев“-Штип, Ивана Биџовска истакна дека денеска се прославува мисијата на еден проект, кој веќе над две децении ги премостува разликите и носи знаење до најдалечните населени места во општините Штип и Карбинци. -Инфобусот денес опслужува ...
Кривична пријава за родители од Делчево, како и за двјца „зетовци“ од струмичко, едните што си ги продале ќерките, а другите за вонбрачен живот со малолетнички. -Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против О.Л.(49) од Делчево и Н.Л.(38) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете” по член 197 став 2 од КЗ, против Н.П.(27) од струмичко село за сторено ...
По повод Светкиот ден на книгата и авторското право – 23 Април, во библиотеката “Кочо Рацин” при Национална установа Центар за култура Крива Паланка, денеска беа наградени најредовните читатели. Дипломи и книги, како симболична награда, од директорот на НУЦК Крива Паланка, Сашко Додевски им беа врачени на најмладите читател и читателка, како и на тројца читатели од возрасна категорија. -По повод Светскиот ден на книгата и авторското право ...
Проширувањето на ЕУ е клучно за мирот, стабилноста и просперитетот во Европа, а Македонија и земјите од Западен Балкан се делот што недостасува за комплетирање на европскиот мозаик, порача австрискиот канцелар Кристијан Штокер, на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски во Виена. Штокер нагласи дека регионот не смее да го пропушти актуелниот геополитички момент, особено во услови на зголемени глобални тензии и ...
Владата ја усвои финалната верзија на Законот за високо образование и, како што вели вицепремиерот Беким Сали, во него се вклучени сите предлози од универзитетите на албански јазик. Тој истакна дека со овој предлог се адресирани клучните прашања покренати од академската заедница и дека е гарантираат дека ниту еден вработен нема да остане без работа. „Конечно, постигнавме успех да имаме добро прецизиран закон кој ќе одговори на сите потреби на ...
Под мотото „Активни жени, инклузивни општини“, Организацијата на жени од Струмица организираше акција на јавен простор преку која порача дека жените треба да имаат поголемо учество во процесите на локално планирање и одлучување, но и дека треба да бидат поактивни во застапувањето на женските права. Преку симболична инсталација со пораки за еднаквост, учество и заедничко одлучување беше нагласено дека развојот на заедниците не може да биде ...
Се работи на долгорочно решение за плажите долж брегот на езерото.Во Охрид уредување на плажите и постојана урбана опрема има но со урбанистички проекти ќе бидат доуредени капалиштата кои во текот на летната сезона привлекуваат голем број на псоетители. Градоначалникот Пецаков тврди дека сите плажи во Охрид се изградени со одообрение и дозволи . Струшкиот градоначалник Ќура пак најави дека со предлог законот за плажите се очекува да биде ...
Во завршните зборови, обвинетиот Денис Асанов, во јавноста познат како „касапот од Штип“, повторно ја отфрли вината за убиството на 79-годишната Борјанка Николова, случено во ноември минатата година, истакнувајќи дека ги почитувал жените и никогаш не би кренал рака врз нив. Одбраната оцени дека доказниот материјал не е доволен и не овозможува целосно расветлување на настанот, со што, според нив, се остава простор за сомнеж во вината. Побара ...
Како дел од низата настани „Носи ја промената“ (Wear the Change) започната на Меѓународниот ден на жената, караванот инициран од Делегацијата на Европската Унија, „Тимот Европа“ (анг. Team Europe – амбасадите на земјите членки на ЕУ) и мрежата на Јуроп хаус ја донесе дебатата на 21 април (вторник) во Јуроп хаус Велес. Настанот што се одржа претставуваше панел-дискусија на тема „Скршениот штит: Родово базирано насилство и институционална ...
Интегрален текст од прес конференцијата на пратениците од ВЛЕН Ставот на ДУИ е чиста хипокризија и обид за извртување на политичката реалност. Техничката влада не беше некаков демократски стандард што треба денес да се брани, туку итно решение наметнато од длабока политичка криза, криза што произлезе од компромитираната коалициска власт и тешките скандали во кои ДУИ беше дел, во партнерство со режимот на Никола Груевски. Да потсетиме зошто ...
Од утре до 29 април во СЦ „Борис Трајкоовски“ се одржува годинешниот Саем на книгата, па ЈСП „Скопје“ за да им олесни на граѓаните полесен пристап до ова локација, повторно ги пушта во функција линиите „100“ и „200“, едната поаѓа од Ново Лисиче, а другата од Дексион, кои ќе функционираат само во текот на саемските денови. Билетите за нивно користење, како што информираат од ЈСП, ќе чинат согласно со ценовникот за користење на јавен превоз. ...
Филозофскиот факултет на социјалните мрежи соопшти дека по реакциите во јавноста за упис на студенти на втор и трет циклус, бил спроведен вонреден инспекциски надзор, по што е утврдена спорност во постапката и наложено нејзино поништување. – Согласно утврдената состојба, инспекцијата донесе решение со кое експлицитно утврди дека уписот е спорен и наложи негово поништување – информираат од Факултетот. Оттаму посочуваат дека станува збор за ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа денеска во Виена одржа билатерална средба со сојузниот министер за земјоделство и шумарство, заштита на климата и животната средина, региони и управување со води, Норберт Тошниг. Разговорите се фокусираа на три клучни области: управување со води, заштита на природата и зелена транзиција. Министерот Хоџа ги претстави приоритетните инвестиции во секторот води, а беше презентиран и ...
Првата платформа за ВИ писменост дизајнирана специјално за наставници, директори и училишни администратори нуди комплетен, практичен и приватен сет на ресурси за интеграција на вештачката интелигенција во образовниот процес — целосно бесплатно, без регистрација и со можност за целосна офлајн употреба. Клучни карактеристики на оваа платформа се: • Водич со 18-поглавја за ВИ писменост со материјали адаптирани за наставници (Основи, Практика, ...
Со изведување материјални докази, денеска продолжи судењето во велешкиот Суд за опожарената куќа во село Капиново, општина Чашка, во мај 2025 година. Тројца беа обвинети дека учествувале во кривично дело. Сашо Муневски и Даниел Димески за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“ од член 292, став еден во врска со член 288 став еден во врска со член 22 од Кривичниот законик, а обвинетиот Ѓоре Петровски за кривичното дело „тешки ...
Премиерот Христијан Мицковски, на новинарско прашањ кои се следните конкретни чекори за да се отпочнат преговорите со Европската Унија, одговори дека позицијата е јасна и дека иднината на земјава е во рамките на ЕУ, но дека тој и македонските граѓани имаат чувство дека процесот на преговори се билатеризирал, што за возврат го прави многу тежок. Тој потсети дека процесот за влез во ЕУ, беше започнат пред 26 години со потпишувањето на договорот ...
Безбедноста покрај кејот на Вардар е доведена во прашање поради глутници на кучиња скитници, алармираат граѓани на социјалните мрежи. Ирина Нелковска упати јавен апел до надлежните и информираше дека ја нападнале утринава околу 07:00 часот движејки се кон работа со велосипед на патеката под болницата „Систина“. На клипот се гледаат четири-пет кучиња како ја бркаат. „Останав смирена, очекував дека ќе се откажат и ќе ја поминам трасата. Не ме ...
Националниот парк „Пелистер“ започнува нова иницијатива за засилена промоција на локалната заедница. Преку нивната нова веб-страница, сите производители на храна, занаетчии и угостители од подпелистерието ќе добијат можност за бесплатна дигитална презентација. Поддршка на локалната економија и промоција на регионот преку иновативна дигитална платформа кадешто сите туристички содржини ќе бидат достапни на едно место. Оваа е најновата идеја на ...
Жители на улицата Питу Гули во Битола бараат санација на коловозот. Велат дека состојбата со улицата каде што на некои места е извршено сечење на асфалтот, веројатно како подготовка за крпење на локалните дупки, е иста веќе подолго време. Таму каде што се вршеле подготовки до овој момент нема санација. Ова им предизвикува проблеми во движењето како на возачите така и на пешаците. Особено се проблематични врнежливите периоди кога дупките се ...
Македонија и Австрија имаат извонредни билатерални односи во сите сфери, но постои голем простор и потенцијал за интензивирање на економската соработка, оценија премиерот Христијан Мицкоски и австрискиот канцелар Кристијан Штокер на денешната средба во Виена. Како што истакнаа на прес-конференција, можност за јакнење на бизнис врските има во повеќе области, посебно во делот на инвестициите и туризмот. Мицкоски и Штокер информираа и за мерките ...
Идниот бугарски премиер Румен Радев има поинаков став кон „македонското прашање“ од претходните власти во Софија. Ова го наведува Дојче Веле, кој во анализата на победата на парламентарните избори на партијата „Напредна Бугарија“ на поранешниот претседател Радев, прашува дали односите со Македонија сè уште можат да се подобрат? Се вели дека веста за убедливата победа на партијата на Радев на изборите во соседната земја била дочекана со ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека потврдите за платените санкции од сообраќајниот систем „Безбеден град“ кои ги платиле во банка или електронски, нема потреба да ги носат во полициска станица. „Системот на МВР автоматски е поврзан со системот на Министерството за финансии, а притоа граѓаните се должни при уплатата да ја пополнат уплатницата како во правната поука на записникот, а тоа значи дека треба точно да се ...
Скопје, 22 април 2026 (МИА) - Имаме чувство дека процесот се билатерализира, а ние сме жртва на булинг што го прави земја-членка на ЕУ по принципот - „ние сме внатре, вие сте надвор, ако сакате да бидете внатре, мора да ги прифатите нашите услови, во спротивно ќе останете надвор“. А тие услови немаат ништо заедничко со Копенхагеншките критериуми, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашање, што планира да ...
И покрај оптимистичките најави на градоначалникот Ќура дека посебниот предлог-закон за уредување на крајбрежјето, на кој што работат двете општини Охрид и Струга, ќе биде готов до март, истиот сѐ уште не е доставен до Собранието и ресорното министерство. Изготвувањето на законско решение оди бавно и е комплексен проблем, актуелен со децении. Целта е да се најде најадекватно решение со кое ќе се стави крај на узурпацијата и приграбувањето на ...