Пишува: Кирил Миноски, економист и порнаешен министер Злото може да се дефинира како дејствување преку кое се нанесува штета на другиот, најчесто со одредено оправдување дека тоа е нужно, оправдано или исправно. Сепак, злото не секогаш произлегува од јасна намера, туку понекогаш тоа е резултат на незнаење, рамнодушност или прифаќање на погрешни норми. Постојат неколку објаснувања за потеклото на злото. Првиот пристап го гледа злото како ...

Само еден сведок сведочеше на денешното судско рочиште за катастрофалниот пожар во дивата дискотека „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025, со што дополнително падна динамиката на големиот судски процес со 35 обвинети за неизмерната трагедија со 63 жртви, и над 230 повредени од кои дел уште се лекуваат. Веќе неколку рочишта се сослушуваат едвај по еден до два сведока, а имаше и блокада од одбраната која не дозволи Обвинителството да ги повлече од ...

Во секоја четврта компанија низ земјава, каде што влегле Пазарните инспектори, откриле неправилности и незаконско работење. За една недела при 509 надзори, биле издадени 124 казни вредни над 58.000 евра. Најмногу се прекршувале Законот за трговија и тој за Финансиска дисциплина. „Најмногу надзори се спроведени по Закон за трговија, извршени се 166 надзори, издадени се 47 прекршочни платни налози. За Закон за заштита од пушење, извршени се 21 ...

На седницата на Уставниот суд не се одлучи дали да се поведе постапка по иницијативата на Елизабета Дуковска бидејќи се гласаше изедначено, 4 беа „за“ и исто толку гласаа „против“ поведување. Судот ќе го почека изборот на нов уставен судија за мнозинство во одлучувањето. Ако некој од актуелните судии не го смени мислењето, многу веројатно ќе се чека изборот на Мери Дика во Собранието. На огласот, Судскиот совет ја исфрли Дуковска од игра за ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во Центарот за обука во Идризово присуствуваше на симулациска вежба на кандидатите за полицајци од генерацијата 2025/2026, кои во моментот се на теренско-тактичка обука во рамки на третиот модул од нивната основна обука. Вежбата започна со симулација на борбена тревога, по што кандидатите демонстрираа формации на движење, реакција, прифаќање и напад по контакт. Во завршниот дел беше ...

Државната комисија за спречување корупција денеска на седница одлучи да поведе постапка пред надлежн орган за сомневање за злоупотреба на службена положба за директор и в.д. директор на ученички дом. Според информациите добиени од надлежните органи, меѓу кои и Министерството за образование и наука, двете лица не ги исполнувале условите за вработување во ученичкиот дом бидејќи не биле од редовите на вработените, во домот биле сместени и ...

Ирански вооружени чамци во средата отворија оган кон два брода во Ормускиот Теснец, додека Техеран ја задржа контролата врз клучниот енергетски премин, а два негови супертанкери за нафта ја тестираа американската блокада. Британската служба „УК Маритајм“ (UK Maritime Trade Operations), поморска врска со бродската индустрија, објави на Икс дека товарен и контејнерски брод биле нападнати во теснецот. Во меѓувреме, аналитичката компанија ...

Градоначалник „заборавил“ да назначи секретар на општината спротивно на Законот за административни службеници, поради што заработи казна од Управниот инспекторат, произлегува од еден од предметите што беа реферирани на денешната седница на Државната комисија за спречување корупција. Градоначалникот е казнет со глоба од 250 до 500 евра, затоа што според Законот, секретарот на општината мора да биде именуван 60 дена откако градоначалникот ќе ...

Министерот за здравство Азир Алиу денеска истакна дека со предлог-измените на Законот за здравствената заштита се вреднуваат знаењето, искуството и придонесот на здравствените работници со долгогодишно искуство. Со предлог-измените на Законот е предвидено пензионерите на возраст од 64 до 67 години да продолжат да работат доколку постои потреба, а специјалистите над 67 години да продолжат со работа до 70-годишна возраст. – Со ова се ...

Жителите на Водно се жалат на небезбедни улици без тротоари и пешачки. Тие предупредија дека ако во рок од седум дена нема план од надлежните, ќе протестираат. „Овојпат не чекаме повеќе. Доколку во рок од 7 дена нема конкретен писмен план за акција и почеток на подобрувањата на терен, ние, жителите на населба Водно ќе ја блокираме улицата ‘Питу Гули’ – мирно, одговорно, и додека проблемот не се реши. Да не чекаме некое дете да настрада, ако ...

Државната изборна комисија во работната група на Министерството за правда која работи на измени на изборниот законик дала свои забелешки околу дефинирањето на прашањата за канидадските листи, особено за независните кандидатури кои беа отворени на последните локлни избори, трошоците за избирачките одбори и други технички забелешки околу организирање на изборите. Ова за „Локално“ го изјави претседателот на Државната изборна комисија, Бојан ...

Главниот обвинител на Бугарија, Борислав Сарафов, денеска рано изутрина поднесе поднесе оставка на својата функција, само два дена по триумфалната победа на Румен Радев и неговата коалиција „Прогресивна Бугарија“ на парламентарните избори. Ова беше објавено само два часа по ултиматумот испратен од Иван Демерџиев („Прогресивна Бугарија“) и повиците од Демократска Бугарија. Обвинителскиот колегиум ја назначи Вања Стефанова, долгогодишна ...

На 29 април во Собранието ќе се одржи јавна расправа на тема „Влијанието на социјалните мрежи врз младите и нивното ментално здравје“, најави пратеничката Драгана Бојковска од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Како претседател на Клубот за младински прашања и политики, Бојковска истакна дека одлуката за одржување на расправата е донесена консензуално и претставува „прашање од заеднички интерес, надвор од партиските разлики“. „Живееме во ера ...

Туристичко-угостителската комора на Македонија утринава испратила допис до грчкото Министерство за туризам, во кој побарала македонските туристи за време на летниот период да бидат изземени од биометриската контрола при влез во земјата која е задолжителна по воведувањето на новиот европски ЕЕС (систем за влез/излез). – Денеска стапивме во контакт со грчката министерка за туризам и побаравме македонските туристи да бидат изземени од овој ...

Либерално-демократската партија (ЛДП) бара и ќе инсистира, покрај измените на Законот за пратеници, да се изменат и законите во кои се регулира изборот на сите избрани и именувани функционери. „Едно правило да важи за сите. Доста е од дволичности и двојни стандарди. Критериумите и законите треба да важат за сите веднаш и без одлагање. Двојно државјанство не треба да имаат пратеници, министри, директори, јавни обвинители и судии и тоа да важи ...

Охрид, 22. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид објавува јавен повик за ангажирање на Проектен менаџер за имплементација на проектот „Adventour II“, финансиран во рамки на ИПА III Програмата за прекугранична соработка Грција-Македонија. Времетраење: 17 месеци Ангажман: 30 часа месечно Надомест: 10 евра на час Локација: Општина Охрид Кандидатите треба да имаат високо образование и минимум 2 години искуство со ЕУ проекти. Потребни документи ...

Нивото на Преспанското Езеро бележи значително зголемување во последните неколку месеци, при што водостојот е повисок за околу еден метар. Ова претставува позитивен сигнал за екосистемот и водниот биланс во регионот, по децениското повлекување од година во година. Иако ова не е слика каква што била пред повеќе децении, сепак е добар знак, велат мештаните. Погледнете во видеото… Нивото на Преспанското Езеро бележи значително зголемување во ...

Репрогласувањето на Националниот парк „Маврово“ никако да мрдне од мртва точка. Откако Студијата за ревалоризација беше дополнета и усвоена во декември 2023 година, после десетина години од нејзината првична верзија, процесот е заглавен пред почетокот на изработка на предлог-законот. Од Министерството за животна средина велат дека новото раководство на паркот бара ревизија на Студијата бидејќи има забелешки на опфатот на зоната на строга ...

– Чест ми е што денес сум со вас и што имам можност да обратам по повод значајниот јубилеј – 80 години постоење и делување. Осум децении посветена работа, солидарност и грижа за повозрасните граѓани се доказ за вашата незаменлива улога во општеството. Цврсто верувам дека грижата за пензионерите не е само социјална обврска, туку мерка за зрелоста и хуманоста на едно општество. Затоа, за мене и за Министерството што го предводам, оваа тема е ...

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска во Собранието процедурално реагираше на предлог-законското решение за техничката влада, оценувајќи дека неговото носење по скратена постапка е спротивно на воспоставените принципи и реформската агенда. „Ова законско решение што се предлага излегува од рамките на моделот и начинот на којшто е донесен Законот за Влада и е спротивно на договорениот пристап меѓу политичките партии“, истакна ...

Добивај вести на Viber Просечната нето-плата по вработен во февруари 2026 година е пониска за 1 процент во однос на јануари и изнесува 46.159 денари. Иако статистиката покажува раст од 7,2 проценти во споредба со февруари лани, податоците упатуваат дека тоа зголемување не е рамномерно и главно доаѓа од неколку дејности. Според Државниот завод за статистика, најголем раст има во административни и помошни услужни дејности, каде нето-платата ...

Со 67 гласа „за“, 13 „против“ и ниту еден воздржан, Собранието на денешната седница ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на Предлог законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, со што законското решение ја помина првата фаза од собраниската процедура. Со ова законско решение се создаваат услови за елиминирање на објективните причини поради кои беше воспоставен моделот на преодна, односно техничка ...

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска информираше дека се поставува ново еко игралиште за најмалите во основното училиште „Димитар Поп Ѓоргиев Беровски“. „Продолжуваме со конкретни инвестиции за подобри услови за нашите деца! Во дворот на ООУ „Димитар Поп Ѓоргиев Беровски“ добивме ново еко игралиште - современ, безбеден и уреден простор каде најмладите ќе другаруваат, ќе се рекреираат и ќе растат во здрава и ...

Иако температурите се нешто пониски од она што го очекуваме за првата третина од пролетта сепак, долгорочните прогнози најавуваат релативно пријатна пролет, без некои екстреми. Веќе кон крајот на оваа и на почетокот на наредната недела се враќаме на температури кои во одредени делови од земјава ќе надминат 25 степени. Во овој температурен опсег, меѓу 20 и 25 степени се очекува да помине и целиот месец мај. Повремено може да се очекуваат и ...

Нов очебиен резултат на прекумерната употреба на иљачот на Јон на Бихаќка. СДС денеска јавно укажа дека се во силен уплав дека некој ги следи. Според паранојата на Бихаќка, се работело за некаква си Black Cube (измислија и приватен „Мосад“), со кој лично премиерот ги следел?! За кажаната малтене лудост нема никакви докази, само инфантилни наративи и луцидни конструкции лиферувани во утринското соопштение. Очигледно, додека некој наутро пие ...

Охрид, 22. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 21 април 2026 година, во СВР Охрид е извршен службен разговор со 67-годишно лице од Општина Дебрца, постапувајќи по претходна пријава дека на 20 април 2026 година, после кратка расправија во семејниот дом, упатувал закани на неговата сопруга. – По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес Прочитано: 10 Охрид, 22. ...

Во изминатиот период посетив поголем број општини и извршив увид во тековни градежни активности за подобрување на образовната инфраструктура. Јавноста има прилика да види дека секаде на територијата на Македонија се инвестира во подобри услови за настава. Без селективност и било какви поделби на рурални и урбани средини, етнички средини и така натаму, вложуваме секаде каде што има нотирана потреба, бидејќи сите ученици заслужуваат еднакви ...

Осуденик од прилепскиот затвор пријавил дека бил измамен за 890.000 денари, откако лице му ветило дека ќе му помогне да му се намали затворската казна. Според пријавата доставена до ОВР Прилеп, измамата се случувала во текот на изминатите два месеци. Осуденикот навел дека лицето К.К. го убедило дека има начин да посредува за намалување на казната, па во неколку наврати му дал пари. Откако сфатил дека ветувањата не се исполнуваат и дека бил ...

На 6 мај во Ново Село (Струмица), ќе се одржи свечено одбележување на Денот на храброста и празникот на Бугарската армија. Настанот ќе се одржи на бугарскиот воен меморијал во Ново Село со почеток од 12 часот. Организатори на чествувањето се Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, Министерството за одбрана на Република Бугарија и Фондацијата „Бугарска памет“. Годинашното одбележување е 20-то јубилејно и е поврзано со обновата на ...

Само еден сведок денеска беше присутен во судницата во Идризово за случајот „Пулс“. Останатите сведоци не може да се обезбедат ниту со полиција, информираше денеска судијката Диана Груевска Илиевска. „Од МВР ме информираа дека сведокот не е достапен за органите на прогонот“, рече судијката. Заради ефикасност на постапката, судијката денеска предложи на следното рочиште да се сослуша уште еден сведок и да се започне со изведување на ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
27%
1014
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
2.57
21%
1013
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
4.63
55%
1013
weather icon

Софија

23ᴼ / 22ᴼ
1.54
28%
1014
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.37
33%
1014
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
65%
1013
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
32%
1016
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.63
43%
1018
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
35%
1017
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
2.24
40%
1014
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
6.17
26%
1011
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
6.69
42%
1016
Currency

61.6317

Currency

52.7137

Currency

71.3566

Currency

37.788

Currency

38.6981

Currency

67.2273

Currency

7.71792

Currency

0.70284

Currency

0.33532

Currency

0.5249

Currency

1.16606

Currency

0.55339

Бакар

11.87

Платина

63401.27

Паладиум

47518.80

Калај

49.41

Кобалт

45.39

Сребро

2352.10

Алуминиум

3.52

Родиум

323115.00

Иридиум

253540.09

Рутениум

51376.89

Цинк

0.00

Злато

146150.13