Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Денот на планетата Земја, 22 Април, наставно-воспитниот кадар од образовните институции во Општина Кочани го искористи да се организира отворен ден за прием на новите првачиња од детските градинки. Во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ дојдоа дечињата од предшколска возраст од детската градинка „Павлина Велјанова“ и приватната детска градинка „Амичи“. За целите и задачите на овој интересен несекојдневен проект се разговараше со претставници од ...
Македонија денеска останува под облаци, со локален дожд и посвежо време во повеќе делови од земјата, но од четврток времето постепено ќе се стабилизира. Оо петок се очекува повеќе сонце, пораст на дневните температури и помирна пролетна слика, особено во централните и југоисточните делови. Најсвежо ќе биде во западните и повисоките места, каде утринските температури во четврток ќе се спуштат блиску до нула, а во Прилеп и под нулата. Најтопло ...
Општата болница со проширена дејност во Дебар, ги зголемува капацитетите во сите одделенија, кои функционираат во оваа институција, со цел здравствената услуга да биде што поблиску до граѓаните. Последниот од низата зафати и набавки на посовремени апарати е за лабораторијата, за која е набавен апарат за имунолошки анализи со пет секции. -Со цел континуирано унапредување на здравствените услуги и зголемување на квалитетот на дијагностиката, во ...
Бизнис секторот воспоставува врска со средношколците и студентите на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ Штип. Над 50 компании се претставија на Отворениот и кариерен ден. Македонските компании се се поактивни на терен, со цел да ги привлечат младите и останат во државата. „Постои тренд да компаниите се поактивни од порано. Тие нудат пракси, тие нудат дури платени пракси, нудат менторства, програми за да ги привлечат младите луѓе и да ...
„Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино, вчера, вo 13:10 часот, го лишиле од слобода Н.А.(50) од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава дека упатувал закани на неговата 19-годишна внука од брат и на нејзиното семејство. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес. Убавка ...
Опфатот со вакцинација во регионот на Гостивар од минатата година бележи пораст, но загрижувачки е што се намалува бројот на новородени деца. Ова го посочија од службата за вакцинација во Здравствениот дом Гостивар, која ја одбележува Европската недела на имунизација. Медицинските лица велат дека се задоволни од интересот на родителите за вакцините од редовниот календар и од одзивот за имунизација, но истовремено алармираат за трендот на сѐ ...
Тесно насочените специјализации во секундарното здравство, односно специјалистите во општите болници и здравствените домови, создадоа проблеми во функционирање на овие здравствени установи, затоа Лекарската комора побара од Министерството за здравство да направи промени во наставните програми за специјализциите за интерна медицина и општа хирургија, вели за „Локално“ д-р Калина Гривчева Старделова, претседател на ЛКМ. Таа објаснува дека ...
Се намалува откупната цена на пролетната зелка во струмичко. Бербата е во ек, а пласманот станува неизвесен. Земјоделците сметаат дека доколку цената се спушти под 20 денари за килограм, ќе биде тешко да се прганизира следна производствена сезона, бидејќи нема да им се поркиваат ниту прозиводствените трошоци. Најголемиот страв на земјоделците е дека ако продлжи да паѓа цената ќе остане во нивите пролетната зелка посадена на отворено. ...
Eдинаесетте активни студенти на Филозофскиот факултет на кои им се прекинати студиите се студенти од дефектологија или по ново специјална едукација и рехабилитација, дознава Телма. Тие биле запишани на мастер и на докторски студии пред околу две години, а сега со одлука на просветен инспекторат студирањето им е поништено. Одлуката тие да бидат запишани во систем ја донел колегиумот, па извештајот го доставиле до научно наставниот совет по што ...
Кулминира проблемот со скратените часови за лични асистенти на лицата со попреченост. Како што рекоа од Коалицијата „ Менуваме“,со исклучок на поединци во Западна Македонија, останатите добиле решенија од Центарот за социјални работи за 50 часови месечна асистенција, од максимални 80, што ги добивале изминативе години. Реагираа и дека доцнела исплатата за март на личните асистенти. Најавија протести и поднесување кривични пријави за поединци ...
Претседателот на ССМ предупредува на сериозни последици по работничките права Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, упати сериозно предупредување дека укинувањето на кој било поединечен колективен договор претставува директна закана за сите останати договори во државата. Тој повика на масовна поддршка од јавноста и работниците за да се спречи уривањето на работничките права. Протест за заштита на ...
Прашањето за претседателските плати честопати привлекува значително внимание на јавноста, особено поради големите разлики помеѓу нивните приходи и просечните плати на граѓаните. Податоците покажуваат интересни разлики помеѓу земјите од регионот, при што македонската претсадателка Гордана Сиљановска-Давкова има најниска плата меѓу нејзините колеги во регионот. Покрај нивните основни плати, претседателите често добиваат дополнителни бенефиции ...
Суарет Алишан, од Коалицијатa за застапување на правата на лицата со хендикеп „Менуваме“ на денешната прес конференција за медиуми, изрази загриженост за кршењето на правата на лицата со попреченост. Институционалната неактивност и одлуките на Министерството за социјална политика, демографија и млади, според него, резултирале со доцнење и неисплата на законски загарантирани бенефиции (личен доход) на личните асистенти, за период од три ...
Секоја пролет откако ќе се стопли времето низ Скопје, особено во центарот на градот, се повторува истата ситуација – угостителите пред објектите си изнесуваат маси и столици за послужување на гостите, узурпирајќи јавни површини, тротоари и шеталишта. Тоа распостилање маси многу често е без дозвола, но како што се покажа во изминативе години, ни казни ни опомени не ги спречија сопствениците на угостителските објекти да им овозможуваат на ...
Агенција за храна и ветеринарство соопшти дека досега нема добиено известување преку европскиот систем за брзо предупредување за небезбедна храна RASFF дека во земјава е дистрибуирана небезбедната бебешка храна која се повлекува во Австрија. Станува збор за стаклена тегличка од 190 грама, со вкус на морков и компир, која е предмет на истрага во неколку европски земји, откако беа објавени сомнежи за присуство на отров за глувци. Од АХВ велат ...
Скопјанката Ирина Нелковска јавно предупреди на сериозен безбедносен проблем откако утринава доживеала непријатен и потенцијално опасен инцидент додека се движела со велосипед по кејот на Вардар. Според нејзиното сведоштво, на потегот од адреналинскиот парк во Карпош 4 до Александар Палас, најпрво била опколена од неколку кучиња, а потоа кон нив се приклучиле уште многу, при што чопорот броел над 20 животни. Таа вели дека ситуацијата ...
Палестински жени, мажи и деца пријавиле напади, присилно соблекување, инвазивни и болни пребарувања на телесни шуплини, покажување гениталии од страна на Израелци, дури и на малолетници, и закани со сексуално насилство. Истражувачите од Конзорциумот за зачувување на Западниот брег регистрирале шеснаесет случаи на сексуално насилство поврзано со конфликтот во текот на изминатите три години, но истакнуваат дека вистинскиот број е веројатно ...
Општина Штип е во комуникација со Влада на Република Северна Македонија за реализација на проекти како медицински факултет, студентски дом и довршувањето на клиничката болница, вели Иван Јорданов. Тој додава дека изградбата на студентски дом ќе помогне во решавање на недостигот од сместување. Истовремено, дел од потребите се покриваат преку изнајмување на приватни недвижности. Тоа носи дополнителен приход за граѓаните и придонесува за ...
Со нови училници, современа занимална, проширена библиотека, менза и наставнички простории, ќе се дополни просторот на ООУ „Крум Тошев“ во населеното место Трубарево, на територијата на општина Гази Баба. Проверка на тоа како се одвиваат градежните активности, денеска извршија министерката за образование и наука, Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. Министерката Јаневска истакна дека станува збор за ...
Здравјето и животната средина не смеат да бидат пред бизнисот на власта, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека мора да се земат предвид сите аспекти од искористувањето на рудните богатства, а особено влијанието врз здравјето на граѓаните и животната средина. Тој укажа дека има силни реакции од граѓаните во однос на измените на Законот за минерални суровини и Законот за јавни приватни ...
„Живееме во време на преиспитување, кога сигурноста не се подразбира, а економијата и енергетиката се прашање на опстанок“, порача премиерот Христијан Мицкоски од Виена, каде што оствари низа средби со цел продлабочување на економската соработка. Во своето обраќање, тој упати јасна порака дека Владата е насочена кон создавање економија што произведува вредност, а не само троши. Премиерот истакна дека инвестициите се двигател на промените кои ...
Со едукативни активности во училиштата и со пораки за подигнување на јавната свест, и годинава беше одбележан Денот на планетата Земја. Иако светот зборува за зелена транзиција и одржлива иднина, Македонија и понатаму се соочува со старите еколошки проблеми: од загаден воздух до нефункционален систем за управување со отпадот. Решенијата се движат побавно од потребното. Податоците покажуваат дека државата сè уште плаќа висока цена за ...
Вашата земја беше пример за целиот регион долго време и не сакаме овој напредок да се изгуби. Австрија и понатаму ќе биде еден од најголемите поддржувачи на вашиот пат кон ЕУ. Патот кон ЕУ е вистинскиот пат, оној што води кон трајна стабилност и просперитет, порача денеска австрискиот канцелар, Кристијан Стокер на заедничката прес-конференција по средбата со премиерот Христијан Мицкоски. Како што истакна Стокер, пристапувањето мора да биде ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција нагласи дека предлог Законот за државјанства не е доволно прецизен и има недоречености особено во делот на неговата примена. Филипче посочи дека СДСМ во однос на ова законско решение ќе интервенира со амандмани. „Класична измама на власта. Се предлага Закон за државјанство на пратеници и се кажува, се предлага, да пратениците не може да имаат двојни државјанства. И тоа е ...
Општина Струмица потпиша меморандум за соработка во рамки на иницијативата WiFi4WB, со што се овозможува поставување на бесплатна јавна Wi-Fi мрежа за сите граѓани и посетители.Иницијативата е финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од GIZ како дел од проектот EU4Digital, со цел да се обезбеди сигурен и бесплатен интернет низ Македонија и Западен Балкан. Со овој меморандум, опремата официјално ...
Скопјанката Ирена Нелковски, на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави видео како била нападната од глутница кучиња на кејот на реката Вардар. „Вака почна, навидум безбедно, со селфиња и клипчиња за на инста, тик ток и фб, со уживање во природа на кеј, урбана средина, милина. Среда 22 април 2026 година, околу 7 часот наутро, реон велосипедска патека по кеј на потег од адреналински парк во Карпош 4 до Александар Палас. Со велосипед одам на работа ...
Притвор за скопјанец кај кого полицијата пронашла кокаин. - Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 21.04.2026 до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Е.Љ. (27) од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни ...
Српските туристи што летово ќе патуваат кон Грција би можеле да поминат со полесни гранични процедури во најоптоварените денови од сезоната, но засега нема официјална одлука дека ЕЕС системот ќе биде целосно укинат за нив. Станува збор за очекување од туристичкиот сектор во Србија, врзано за можноста што ја имаат државите да ја прилагодат примената на новиот европски систем кога на границите се создаваат големи застои. Директорот на ...
„Повеќе од половина од планираните активности за 2025 година се веќе реализирани, што претставува значителен напредок. Според податоците, од вкупно 116 планирани активности, 66 се целосно реализирани, а 50 се во тек, што укажува на зголемена динамика и засилен институционален ангажман во спроведувањето на реформите“, порачуваат од Министерството за правда. Особено е важно, додаваат, што денеска се заокружени клучните процеси за функционирање ...
Како дел од низата настани „Носи ја промената“ (Wear the Change) започнати на Меѓународниот ден на жената, караванот инициран од Делегацијата на Европската Унија, „Тимот Европа“ и мрежата на Јуроп хаус организираше панел-дискусија на тема „Скршениот штит: Родово базирано насилство и институционална заштита“. Дебатата ги обедини меѓународните партнери, граѓанските организации и локалните експерти, кои го разгледаа клучниот општествен ...