Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Здравјето и животната средина не смеат да бидат пред бизнисот на власта, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека мора да се земат предвид сите аспекти од искористувањето на рудните богатства, а особено влијанието врз здравјето на граѓаните и животната средина. Тој укажа дека има силни реакции од граѓаните во однос на измените на Законот за минерални суровини и Законот за јавни приватни ...
„Живееме во време на преиспитување, кога сигурноста не се подразбира, а економијата и енергетиката се прашање на опстанок“, порача премиерот Христијан Мицкоски од Виена, каде што оствари низа средби со цел продлабочување на економската соработка. Во своето обраќање, тој упати јасна порака дека Владата е насочена кон создавање економија што произведува вредност, а не само троши. Премиерот истакна дека инвестициите се двигател на промените кои ...
Со едукативни активности во училиштата и со пораки за подигнување на јавната свест, и годинава беше одбележан Денот на планетата Земја. Иако светот зборува за зелена транзиција и одржлива иднина, Македонија и понатаму се соочува со старите еколошки проблеми: од загаден воздух до нефункционален систем за управување со отпадот. Решенијата се движат побавно од потребното. Податоците покажуваат дека државата сè уште плаќа висока цена за ...
Вашата земја беше пример за целиот регион долго време и не сакаме овој напредок да се изгуби. Австрија и понатаму ќе биде еден од најголемите поддржувачи на вашиот пат кон ЕУ. Патот кон ЕУ е вистинскиот пат, оној што води кон трајна стабилност и просперитет, порача денеска австрискиот канцелар, Кристијан Стокер на заедничката прес-конференција по средбата со премиерот Христијан Мицкоски. Како што истакна Стокер, пристапувањето мора да биде ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција нагласи дека предлог Законот за државјанства не е доволно прецизен и има недоречености особено во делот на неговата примена. Филипче посочи дека СДСМ во однос на ова законско решение ќе интервенира со амандмани. „Класична измама на власта. Се предлага Закон за државјанство на пратеници и се кажува, се предлага, да пратениците не може да имаат двојни државјанства. И тоа е ...
Општина Струмица потпиша меморандум за соработка во рамки на иницијативата WiFi4WB, со што се овозможува поставување на бесплатна јавна Wi-Fi мрежа за сите граѓани и посетители.Иницијативата е финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од GIZ како дел од проектот EU4Digital, со цел да се обезбеди сигурен и бесплатен интернет низ Македонија и Западен Балкан. Со овој меморандум, опремата официјално ...
Скопјанката Ирена Нелковски, на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави видео како била нападната од глутница кучиња на кејот на реката Вардар. „Вака почна, навидум безбедно, со селфиња и клипчиња за на инста, тик ток и фб, со уживање во природа на кеј, урбана средина, милина. Среда 22 април 2026 година, околу 7 часот наутро, реон велосипедска патека по кеј на потег од адреналински парк во Карпош 4 до Александар Палас. Со велосипед одам на работа ...
Притвор за скопјанец кај кого полицијата пронашла кокаин. - Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 21.04.2026 до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Е.Љ. (27) од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни ...
Српските туристи што летово ќе патуваат кон Грција би можеле да поминат со полесни гранични процедури во најоптоварените денови од сезоната, но засега нема официјална одлука дека ЕЕС системот ќе биде целосно укинат за нив. Станува збор за очекување од туристичкиот сектор во Србија, врзано за можноста што ја имаат државите да ја прилагодат примената на новиот европски систем кога на границите се создаваат големи застои. Директорот на ...
„Повеќе од половина од планираните активности за 2025 година се веќе реализирани, што претставува значителен напредок. Според податоците, од вкупно 116 планирани активности, 66 се целосно реализирани, а 50 се во тек, што укажува на зголемена динамика и засилен институционален ангажман во спроведувањето на реформите“, порачуваат од Министерството за правда. Особено е важно, додаваат, што денеска се заокружени клучните процеси за функционирање ...
Како дел од низата настани „Носи ја промената“ (Wear the Change) започнати на Меѓународниот ден на жената, караванот инициран од Делегацијата на Европската Унија, „Тимот Европа“ и мрежата на Јуроп хаус организираше панел-дискусија на тема „Скршениот штит: Родово базирано насилство и институционална заштита“. Дебатата ги обедини меѓународните партнери, граѓанските организации и локалните експерти, кои го разгледаа клучниот општествен ...
Текстилниот сектор во истокот се соочува со пад, а очекувањата се дека во наредните пет години бројот на вработени може значително да се намали. Градоначалникот на Штип Иван Јорданов, одговарајќи на новинарско прашање ситуацијата, вели дека Владата и Министерството за економија континуирано спроведуваат мерки за поттикнување вработувања и инвестиции. Тој нагласи дека очекува овие мерки да придонесат за зголемен интерес кај инвеститорите. ...
Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) на денешната седница испрати во МВР пријава што ја добиле, а која се однесува на неправилности при работата на една регионална телевизија. Во пријавата, како што реферираше членката на ДКСК Билјана Каракашова Шулев, пишувало дека регионалната телевизија работи со таканаречен „рекет-систем“. Подносителот навел дека телевизијата ги условувала јавните претпријатија да уплаќаат пари во синдикални ...
Пиротехничарот Ѓорги Стефанов од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) повеќе од една недела сам ги откопува гранатите од Првата светска војна кои беа пронајдени при копање на приватна парцела кај битолската касарна, пишува „СДК.мк“. Откриени се преку 1.000 минофрлачки гранати, рачни бомби и други експлозивни средства. Стефанов вели дека има уште голема количина која треба да се откопа, но прво треба да се уништат ископаните, а за целата ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против Е.М.(41) од гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“. На 17.04.2026 пријавениот на мобилен телефон испратил пораки со заканувачка содржина на 36-годишна жена, со која претходно бил во љубовна врска, додека на 18.04.2026 на паркинг простор во Гостивар ја нападнал со метален ...
Позвозрасен маж и неговито син биле нападнати во својот двор во Арачиново. - На 20.04.2026 во 16:56 часот во СВР Скопје, Б.Л.(79) од село Арачиново, скопско, пријави дека во дворот од домот, тој и неговиот син А.Л.(51) биле физички нападнати од две лица, кои употребиле и тврд предмет, информираа од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат ид полицијата. Позвозрасен маж и неговито син биле нападнати во својот двор во ...
Офталмолошки и стоматолошки преглед, како и вакцинален картон задолжителни за упис на првачињата. Министерката за образование и наука Весна Јаневска апелира родителите навреме да ја обезбедат целата потребна документација. Без овие документи, учениците нема да можат да бидат запишани во прво одделение. Дополнително, се повикува на почитување на реонизацијата за да се избегне пренатрупаност или полупразност во училиштата. Целта е подобра ...
Трета година по ред нема пад на бројот на студенти на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, туку се бележи благ пораст, информира ректорот Дејан Мираковски. Според него, зголемениот интерес се должи на можностите за мобилност и соработка со европски универзитети. Оваа година, како што рече очекува да биде успешна уписна и да има голема заинтересираност ,,За среќа ние се држиме константно веќе трета година со благ пораст сме како универзитет. Јас ...
Вратете се дома, инвестирајте и градете иднина во Македонија, премиерот Мицкоски со јасна порака од Виена до дијаспората. Целта како што посочи е да се донесат нови инвестиции и да се отворат повеќе работни места. Пораката му е дека иднината на државата се гради заедно, со враќање и ангажман на дијаспората ,,Нaша порака, која што се испраќа надвор од Македонија е порака која што значи дека ние како земја и како татковина ваша ве повикуваме ...
“Ако сме толку маргинални зашто се занимаваш со нас. Тој поставува прашање зошто Таравари се среќава со Еди Рама, но Таравари се сретнал со Таравари како министер за здравство и лидер на партија. Главната негова тенденција е да ја промени трасата на Коридорот 8 да не помине низ граничниот премин Ќафасан, кон Албанија, а патот Блаце-Скопје, која е проектирана како автопат да се претвори во експресен пат, а тоа значи постапката да почне ...
Претседателот на Велосипедската федерација пријавил сомнеж за повеќе кривични дела извршени од поранешни членови на управното тело на организацијата. Од Министерство за внатрешни работи информираат дека во Сектор за внатрешни работи Куманово, Е.Ц. (45) од Куманово, кој е претседател на Велосипедската федерација, пријавил дека неколку членови сториле кривични дела како фалсификување службена исправа, злоупотреба на службена положба и ...
Десетина медиуми денеска објавија дека таксист во центарот на Скопје му побарал на швајцарски турист 7.800 денари за да го одвезе до Средно Водно. Ваквата вест иако е цитирана како извор од МВР, истата не може да се најде во билтените од овој месец, ниту пак од оваа година. Медиумите кои ја објавија ваквата вест тврдеа дека швајцарецот го пријавил случајот пред два дена. „Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил ...
Прес-конференцијата на Филипче не претставува ништо повеќе од очаен политички настап на човек кој веќе е свесен дека ја губи поддршката и незапирливо тоне, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Филипче, додаваат од таму, денес не ја напаѓа содржината на предложените законски решенија затоа што знае дека тие се издржани и во интерес на државата, туку се обидува да создаде вештачка политичка драма околу укинувањето на т.н. техничка влада. „Денес, кога ...
Минатата година регистрирани се 6 убиства на жени и 4 обиди за убиства, а за три месеци годинава има 4 убиства и два обиди, беше кажано на дискусијата за родово базирано насилство, организирана од Европската куќа во Велес како дел од дебатата „Носи ја промената“. „Да не го заборавиме грозниот случај во кумановско село, каде имаме потенцијален сериски убиец, а жртвите допрва ќе ги броиме. Фемицидот не се случува наеднаш, на него претходеле ...
„Бевме со пријатели ноќта на пожарот, имаше обезбедување. Стоев на првата маса веднаш до бината. Пиротехниката ја поставија кога влеговме во дискотеката. Снимав со телефонот, но не го видов пожарот веднаш. Го забележав пожарот по една минута, бендот свираше, имаше оган и дим, но никој не мислеше дека е сериозно, останавме уште, на микрофот ни беше кажано да излеземе, но никој не разбра сериозно, побрзав да излезам, но забележав дека почнав да ...
Како Министерство за правда, работиме посветено и со засилен интензитет, а резултатите го потврдуваат тоа. Повеќе од половина од планираните активности за 2025 година се веќе реализирани, што претставува значителен напредок. Според податоците, од вкупно 116 планирани активности, 66 се целосно реализирани, а 50 се во тек, што укажува на зголемена динамика и засилен институционален ангажман во спроведувањето на реформите. Особено е важно што ...
Судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а преку 230 беа повредени, сè повеќе се претвора во извор на фрустрација за семејствата на жртвите. Додека правдата се чека, рочиштата се одвиваат со крајно бавно темпо – често со сослушување на само еден или двајца сведоци, а дел од повиканите воопшто не се појавуваат пред судот. Денешното рочиште беше обележано со сведочењето на Теа ...
Започна реконструкцијата на крак од улицата „Шишка“, со вкупна површина од околу 1000 квадратни метри, како дел од пошироката програма за комунална изградба за 2025 година. Проектот предвидува целосна обнова на оваа делница, што опфаќа отстранување на постојниот стар асфалт, изведба на тампон слој, поставување на атмосферска канализација и конечно ново асфалтирање. Со оваа интервенција се очекува значително подобрување на инфраструктурата во ...
Сценарио 1: Приближување и понатамошни преговори САД секогаш одново ги зголемуваат надежите во јавноста дека се на дофат на договор со Иран и дека режимот во Техеран сака договор. Од американска перспектива, за ова ќе треба да се исполнат 15 барања, од кои на две особено се инсистира: Иран мора да се откаже од збогатениот ураниум и да се откаже од понатамошно збогатување. Покрај тоа, Иран мора да го отвори Ормускиот Теснец и да не наплаќа ...
Нова детска литература во Битола: „Низ детските очи“ По повод Светскиот ден на книгата, на 23 април (четврток), со почеток во 18 часот, во просториите на Кино Манаки во Битола ќе се одржи промоција на книгата за деца „Низ детските очи“ од авторката Маја Богоевска. Ова е нејзино прво дело наменето за најмладите читатели. За книгата и инспирацијата Збирката содржи 26 раскази прилагодени за деца на возраст од 5 до 8 години. Преку топол наратив и ...