Проширувањето на ЕУ е клучно за мирот, стабилноста и просперитетот во Европа, а Македонија и земјите од Западен Балкан се делот што недостасува за комплетирање на европскиот мозаик, порача австрискиот канцелар Кристијан Штокер, на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски во Виена. Штокер нагласи дека регионот не смее да го пропушти актуелниот геополитички момент, особено во услови на зголемени глобални тензии и ...

Како што истакна Штокер, пристапувањето мора да биде крајната цел на процесот и истите правила мора да важат за сите кандидати – без брзи и скратени патеки. Геополитичките влијанија и незвесноста, рече, имаа големо влијание поради што е многу важно да не се изгуби од вид Западен Балкан, особено сега. „Проширувањето на ЕУ е најсилниот и најефикасен инструмент за мир, безбедност и просперитет. Шесте држави од Западен Балкан се парчињата што ...