Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Трката за 98. издание на наградите „Оскар“, кои ќе се одржат на 15 март 2026 година во Лос Анџелес, станува сè поинтересна и понеизвесна. Најновите анализи и прогнози покажуваат дека неколку филмови и актерски изведби се издвојуваат како главни фаворити во повеќе категории. Во категоријата за Најдобар филм, меѓу најчесто споменуваните кандидати е „One Battle After Another“, кој веќе освои признанија од повеќе критичарски здруженија и се ...
На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, синоќа, пред преполна сала, во присуство на семејството, пријателите и колегите, се одржа комеморација во чест на поетот, писател, преведувач и издавач Тихомир Јанчовски. Ви го споделуваме обраќањето во целост на проф. д-р Елизабета Шелева, истакната литературна критичарка и теоретичарка, и универзитетска професорка на Општа и компаративна книжевност на Филошкиот факултет во Скопје, член на ...
Денес се навршуваат 62 години од смртта на првиот филмски снимател на Балканот, Милтон Манаки. „Денес го одбележуваме денот кога се упокои нашиот патрон, легендата на Битола, Милтон Манаки. Комуната на Власите и Кино клубот „Милтон Манаки“, секоја година традиционално го организира ова чествување со полагање на цвеќе, со што му ја оддаваме почитта нивна, односно преку местото каде што почива Милтон“ рече Стефан Хаџиандоновски, претседател на ...
Скопје, 4 март 2026 (МИА) – Во пресрет на Денот на жената - 8 Март, Музејот на македонската борба за самостојност денеска ја промовираше едукативната сликовница „Македонките во битка – вистински приказни“ од авторките Ана Вишинова, музејски едукатор, и Даниела Митевска, кустос. Таа е трета во едицијата музејски едукативни сликовници и е продолжение на претходните две - „Зад големата мисла“ од 2019, посветена на создавањето на Македонската ...
-Во Битола, пролетта зборува француски! Францускиот почесен конзулат и Француската Алијанса во Битола најавуваат бројни активности во текот на традиционалната „Франкофонска пролет“. Оваа година, покрај одбележувањето на Месецот на Франкофонијата, ќе означи и одбележување на две значајни годишнини: 30 години конзуларно делување и 25 години Француска Алијанса Битола, институција која веќе четврт век ги промовира францускиот јазик, култура и ...
По повод Меѓународниот ден на жената, издавачката куќа Сакам Книги организира отворен женски книжевен настан што ги повикува читателите да зборуваат за женските ликови од книгите и жените кои стојат зад книгите, коишто им оставиле трага. Настанот ќе се одржи во сабота, на 7 март, со почеток во 12:00 часот, на платото пред книжарницата Сакам книги во Лептокарија. Под мотото „Секоја жена има своја приказна“, разговорот ќе отвори прашања за ...
По повод 8 Март, подготвивме подарок за нашата публика: 🎭 50% попуст на билетите за операта „Тоска“ од Џакомо Пучини! Една од најпознатите опери во светот, приказна за љубовта, страста и драматичната судбина, проткаена со арии, кои го исполнуваaт салонот и долго остануваат во сеќавањата. Совршена прилика за: • подарок за жените кои ги почитувате; • културна вечер со вашите пријателки; • романтична ноќ во Македонската опера и балет; 📆 6 март ...
Од коавторката на бестселерите „Анонимна девојка“, „Не си сама“ и „Златната двојка“, Сара Пеканен, ни пристигнува нов возбудлив психолошки трилер – „Куќа од стакло“. Книгата, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше номинирана за наградата Goodreads Choice Award и беше прогласена за една од најдобрите книги на годината на „Амазон“. Таа беше и главен избор на Book of the Month, како и прворангирана книга според ...
На 6 март (петок), од 18:30 часот, во Македонскиот културен центар во Софија (ул. „Обориште“ 7) ќе се одржи промоцијата на романот „Порција бара спас“ од Христо Георгиев. На книжевната вечер ќе присуствуваат: авторот Христо Георгиев и преведувачката и издавач Марија Георгиева – Дурга. Романот е сатирично научно-фантастично четиво, во кое преовладуваат историските артефакти. Напишан во 1965 година во Скопје, а објавен дури по 60 години, во ...
Претставата „Ова е само крајот на светот“ во режија на Теа Беговска премиерно ќе се изведе на 7 март во Драмскиот театар во Скопје, во 20 часот. Текстот е на францускиот автор Жан-Лик Лагарс, напишан во 1995, а преводот и адаптацијата се на Беговска. Канадскиот режисер Ксавиер Долан за истоимениот филм во 2016 освои Гран при на Канскиот филмски фестивал. Беговска рече дека адаптацијата на текстот е правена според филмот. „Ова е претстава ...
Во време кога одржливоста сè почесто се сведува на порака или тренд, сè поголем број брендови се обидуваат да ја претворат во реална, секојдневна навика. За Нина Цекиќ Костовска, бизнисот не е само економска активност, туку и можност да се влијае на културата на живеење – преку предмети кои се практични, естетски и трајни. Нејзиниот бренд ,,CoolBottles” се обидува да го направи „одговорниот избор“ посакуван, а металното шише – секојдневен ...
„60 икони на Мајката Божја“ претставува внимателно селектирана и богато анализирана збирка иконографски претстави на Богородица од периодот VII–XV век. Делото ги опфаќа клучните иконографски типови на Мајката Божја (Одигитрија, Елеуса, Платитера и др.), нивниот теолошки, уметнички и историски контекст и нивната улога во византиската и западната традиција. Книгата нуди длабинска интерпретација на симболиката, стилските карактеристики и ...
Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, ја најавува својата нова концертна сезона под моќното мото „Пулсот на предците, во ритамот на денешницата“. Оваа сезона „Танец“ продолжува да ја испишува живата историја на македонскиот фолклор, правејќи храбар чекор кон современите сценски текови, притоа задржувајќи ја изворната чистота на македонскиот код. Програмата ветува несекојдневно доживување во кое минатото и ...
„Ловци на демони“ е многу повеќе од само забава за деца! 3 начини родителите да го искористат најпопуларниот цртан филм во светот Објавена во: 05 Март, 2026 11:26 Познатиот психолог и мајка на три деца неодамна беше изненадена од позитивните пораки што ги забележа во анимираниот филм кој ги освои најмалите во изминатите месеци. Д-р Беки Кенеди, клинички психолог, е основач на платформата Good Inside, која има за цел да им помогне на ...
Археолошкиот локалитет „Бистерна“ во гевгелиското село Прдејци повторно се истражува од страна на тимови на Завод и музеј Струмица и Музејот од Гевгелија. Истражувањата кои почнале неделава треба да ги дополнат информациите за оваа населба од римско време лоцирана на 500-тини метри северозападно од Прдејци, во близина на магистралниот пат Скопје – Гевгелија. – Моментално истражуваме на трасата на гасоводот меѓу Македонија и Грција. Откривме 6 ...
Дванаесет млади поети на возраст од 16 до 30 години се избрани да читаат на „Отскочна даска #5“, преднастан на шестиот „Скопски поетски фестивал“. На конкурсот пристигнаа 27 пријави, а интерното жири на фестивалот го направи изборот. Наедно, УО на фестивалот изрази задоволство од бројот на примените пријави, како и од квалитетот на песните и талентот на кандидатите. Имињата на избраните 12-мина (по азбучен ред) се: Марија Алексовска, Вероника ...
По успешното прво издание на Lazarov Awards кое минатата година донесе масовна поддршка, силна енергија и атмосфера за паметење, предизвикувајќи огромен интерес и обединувајќи илјадници луѓе околу една заедничка приказна, Стефан Лазаров официјално го најавува и второто издание на настанот што за кратко време прерасна во симбол на благодарност кон публиката и заедништво со заедницата. Со двата објавени видео тизери, Лазаров јасно порачува дека ...
Од Националната опера и балет известуваат дека за операта Тоска од Пучини, која ќе се реализира на 6.март 2026 година, поради здравствени причини, во насловната улога на Флорија Тоска наместо Злата Тошевска Димовска ќе настапи Валентина Бои од Италија. Тоска“ е вечер кога сцената гори од страст, а секоја одлука носи судбина. Величествена музика, врвни солисти и приказна што држи во напнатост до последниот миг. „Тоска“ Џакомо Пучини 6.3.2026, ...
Идентитетските врски не се менуваат со декрет, вели македонскиот тенор со меѓународна кариера Благој Нацоски во обемното интервју во 3 дела за италијанскиот магазин за театарска култура „Ла Платеа“. Нацоски, кој живее во Италија, на настапува на бројни сцени низ светот, во интервјуто „Ла Платеа“ го претставува како „пејач со значајна кариера, со исклучително интересен глас по боја, обем и стабилност на високите тонови; со многу цврста техника ...
Оваа година, на 98-мите награди Оскар, има дури три филма поврзани со иранската кинематографија со номинации за оваа престижна награда. Станува збор за „It Was Just an Accident“ на прославениот ирански режисер Џафар Панахи, номиниран за Најдобар меѓународен филм и Најдобар оригинален сценарио. Драма, која ја истражува темата на политичките затвореници и репресијата, има силна политичка конотација. Да се потсетиме дека „It Was Just an ...
Култниот драмски текст „Диво месо“ на Горан Стефановски, овојпат во форма на танцова претстава, ќе биде поставен и премиерно изведен на 27 март, на големата сцена на Македонскиот народен театар во Скопје. Претставата е во режија на Борче Начев. Кореографи се Алекандра Кочовска – Начева и Елена Антонова-Петровиќ. Тројцата го направија и изборот на музиката. Композитор е Албин Сопа. Станува збор за копродукциски проект помеѓу МНТ и „Арт ...
Со „Прашај ја Е. Џин“ од Ајви Миропол, документарец за новинарката и писателка Џин Керол која го тужеше Доналд Трамп за сексуален напад и клевета и стана единствената жена што двапати го победи на суд, вечерва почнува 28. издание на Фестивалот на документарен филм во Солун. Филмот на Миропол ќе ја има меѓународната премиера во Солун, чие годинешно издание е посветено на моќта, одговорноста и личната цена на вистината. Главна тема на ...
Никола Перевски-Пере од групата „Нокаут“ ќе биде дел од гостите на концертот на поп-пејачот Влатко Лозаноски-Лозано, кој ќе се одржи на 7 март во салата „Борис Трајковски“ од 20 часот. „Со големо задоволство ви ги претставувам моите музички гости и пријатели кои ќе бидат дел од мојот концерт. Прекрасната Александра Јанева, мојот драг пријател Никола Перевски-Пере од групата ‘Нокаут’, но имаме и специјален гостин кој ќе биде изненадување за ...
По текст на Слободан Томовиќ и во режија на Благоја Ераковиќ, монодрамата во која ликот на Петар II Петровиќ Његош, ја игра Маруновиќ, досега е изведена повеќе од 1.500 пати на театарските сцени низ светот. Ги има добиено најголемите регионални, европски и светски признанија и награди. Изведувана е во Париз, Њујорк, Рим, Виена, Цирих, Лондон, Москва, Кострома, Белград, Загреб, Сараево, Љубљана, Стокхолм, Ташкент, Самарканд, Сеул, Торонто, ...
На 27 март 2026 година (петок), македонската поп-атракција Дупер ќе настапи во култниот Orto Bar во Љубљана, каде словенечката публика ќе има можност во живо да ги слушне некои од нивните најпрепознатливи хитови. Настапот ќе се одржи во рамките на 26-тиот Орто Фест, а Дупер најавуваат незаборавно шоу, исполнето со динамична енергија. „Не сум твој тип, јааааас знам ама нема да пропуштам прилика“ – стих што веќе стана препознатлив рефрен за ...
Во турбулентната 1992 година, во период кога државата ги градеше темелите на својата самостојност, еден од најважните младински простори во главниот град доби нов идентитет. Дотогашниот Дом на млади „25 Мај“ официјално го промени името во Младински културен центар (МКЦ), симболично означувајќи нов почеток за скопската алтернативна и младинска сцена. Промената на името не беше само административен чекор, туку и културен пресврт. Називот „25 ...
Делегација од Академијата на науките и уметностите на Црна Гора (ЦАНУ) денеска беше во посета на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Во рамки на посетата, гостите од Црна Гора, академик Павле Пејовиќ, раководител на Галеријата на ЦАНУ и Веско Нинковиќ, кустос во Галеријата на ЦАНУ се сретнаа со претседателот на МАНУ, академик Живко Попов и академиците Влада Урошевиќ, Бајрам Газанфер и Александар Димовски. На средбата беше ...
„Тело-простор, документарна инсталација“ е перформанс кој при поставувањето и изразувањето на телото во просторот, користејќи истражувачки, аналитички, театарски и танцови методи на специфичен сценски јазик остварува интимен дијалог со гледачот. „Тело-простор, документарна инсталација“ е авторски независен уметнички продукт, кој се заснова на сите сокриени или неискажани вистини, приказни, внатрешни борби, јавно достапни и официјални ...
Филмот „Млади мајки“ го прикажува животот на пет тинејџерки сместени во дом за млади мајки во Белгија, кои се соочуваат со предизвиците на раното мајчинство. Во период кога самите сè уште растат, тие се обидуваат да обезбедат стабилност и подобра иднина за своите бебиња. Секојдневните борби, сомнежи и мали победи се прикажани со сурова искреност и длабока емпатија, во препознатливиот стил на браќата Дарден – без патетика и наметнати емоции. ...
„Светот на Биби“ објавува јавен кастинг за новата музичко-едукативна емисија за деца: ЈЕЕЈ! Детско музичко шоу Се бараат талентирани лица кои ќе ги оживеат омилените ликови Биби и Боби – со музика, песна и актерска енергија. КАСТИНГ ЗА БИБИ (женски лик) – пее (задолжително) – свири пијано (задолжително) – има музичко знаење и чувство за ритам- има топол глас, јасна дикција и позитивна енергија – е природна пред камера и знае да „влезе во лик“ ...