Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Сара Пеканен е авторка на 15 самостојни и коавторски романи што се најдоа на првото место на листата на бестселери на „Њујорк тајмс“. Нејзините книги се продаваат во 36 земји, а неколку од нив се откупени за телевизиска и филмска адаптација. Сара, заедно со Грир Хендрикс, е коавторка психолошките трилери: Совршената замена, Анонимна девојка, Не си сама и Златната двојка. Некои од нив се откупени за филмска или телевизиска адаптација. ...
На 22-ри април во Офицерскиот дом, Битола ќе биде домаќин на дел од програмата на Танц Фест со почеток во 17:00 часот. „Денстех“ е програмска линија која го истражува пресекот помеѓу танцот, технологијата и дигиталните медиуми, нудејќи и на публиката уникатно искуство на современи танцови продукции во виртуелна реалност. Овие проекти ја отвораат сцената за нови форми на перформативна уметност, а настанот е за публика над шеснаесет годишна ...
Денес, 21 април, во 20 часот, во Младинскиот културен центар, започнува програмата Dance Tech на фестивалот Танц Фест 2026. РЕСЕТИРАЈ! „Ѕверови и демони“, во изведба на Си Жил Жобен (Studio44MocapLab) од Женева, Швајцарија, во кореографија на Жил Жобен, добитник на Гран при-наградата за швајцарски танц за 2015 година, е хибридна танцова претстава која го истражува односот помеѓу човечкото тело и дигиталниот свет, користејќи motion capture ...
Од утре, од 22 до април, во Бруклински џез бистро, ќе се одржи JAZZ FEST ART&WINE, три дена во кои ќе се слават уметноста низ џез музиката и сликарството и уметноста на правењето и уживањето на виното. Во концертната програма ќе настапат Орган Трио (22 април) со Филип Динев (гитара), Гордан Спасовски (органа) и Виктор Филиповски (тапани), Скопје Џез Инк (23 април) со Зоран Костадиновски (гитара), Трајче Велков (труба), Виктор Филиповски ...
„Сон на балон“ е најновата илустрирана книга за деца од Александра Велинова во издание на ИК „Едука Мак“ која ќе биде промовирана на 24 април (петок) во Промотивниот центар на Саем на книга, со почеток во 18 часот. Автор на илустрациите е Никола Темков. „Сон на балон“ обработува актуелна тема –ИСЕЛУВАЊЕТО. Речиси и да нема дете што нема роднини, пријатели, блиски што живеат во странство. Алексеј се охрабрува да се качи во волшебниот балон и ...
Додека филмската индустрија постојано се насочува кон нови лица, а на црвените теписи доминираат млади ѕвезди како Зендаја, Тимоти Шаламет, Сидни Свини, во срцето на Холивуд се оние кои ги изградиле своите кариери во 50-тите и порано. Нивните кариери започнале во ерата на црно-белиот филм, а меѓу нив има и стогодишници. На самиот врв на оваа листа е Ева Мари Сент (101). Актерката, која го имаше своето деби во 1946 година, засекогаш е запишана ...
Бордот на интернационалниот фестивал „Танц фест“ чие 22. издание е во тек донел одлука наградата „Менада“ за врвни достигнувања во областа на танцовата уметност да ја додели постхумно на балетскиот уметник и доајен на македонскиот балет Антон (Тони) Баталаков. Воедно, со оглед на развојот на фестивалот и официјално во други градови освен Скопје, и одличната соработка која ја остваруваме годинава со Општина Битола, Бордот на фестивалот ...
Издавачката куќа САКАМ КНИГИ ги најавува своите годишни активности на Саемот на книга во арената Борис Трајковски под мотото „Среќата изгледа вака“. На нашиот штанд посетителите ќе можат да разгледаат богат избор од 14 нови саемски изданија, внимателно селектирани за сите возрасти и читателски вкусови – од напнати трилери и романси исполнети со емоција, преку исклучителни историски драми, до живописна детска литература и практични наслови за ...
Францускиот институт во Скопје организира книжевна средба насловена „Tворештвото на Ани Ерно: сеќавање, жена и општество”, по повод Светскиот ден на книгата. Настанот ќе се одржи во петок, 24 април 2026 година, со почеток во 13:00 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски” – Скопје. Средбата ќе ја отворат г-дин Јовица Никчевски, Директор на Националната и универзитетска библиотека, и г-дин Грегоар Жислер, ...
Патрик Демпси пораснал во мал град во Мејн, а образованието му било голем проблем поради неговата тогаш недијагностицирана дислексија. Жените го обожавале како шармантниот доктор од хит серијата „Вовед во анатомија“, но зад заводливата насмевка на Патрик Демпси лежело бурно и контроверзно минато. Малкумина знаеле дека актерот, кој важел за миленик на жените низ целиот свет, бил толку проблематичен за време на снимањето на серијата што ...
Триесетина посетители, кои генерално се познаваа меѓу себе, на почетокот на април беа присутни на изложба во Домот на градежниците во центарот на Скопје, давајќи интимна атмосфера на просторот. Влегуваа во дискусии за изложените дела и за историја на уметноста, во кои наслушнавме и „жестока“ дебата за тоа дали принтовите се вистинска уметност. Во центарот на оваа мала заедница беше Виолета Калиќ, историчар на уметноста и стручен соработник за ...
По повод 21 година од првиот албум, Тони Зен издаде “премиум сет”, или кутија, која содржи два албуми на винил и две стихозбирки. Едниот албум насловен “Од изворот на изборот”, е веќе издаден во 2019 година на цеде, но овој пат на винил, додека, новиот албум, 7ми по ред, ќе биде единствено на винил, насловен е 21/7-“Другата страна на изборот” И двата албума имаат своја стихозбирка, во која се напишани текстовите. Во албумот “Од изворот на ...
Дојран, 20 април 2026 (МИА) - Македонскиот крими-роман Memento Mori в петок ќе има гевгелиска промоција на платото пред градската библиотека „Гоце Делчев“ со почеток од 18 часот. Промоцијата, која ќе биде проследена со разговор за романот со авторот Анде Јанков, ќе ја води писателката Мирјана Проданова, по потекло од Гевгелија. - Насловот Memento Mori не остава простор за бегство. Напротив, поставува рамка во која приказната мора да се соочи ...
Со претставата „Мачкина глава“, Драмскиот театар Скопје ќе ја одбележи 80-годишнината од театарот. Кога човек денес ќе го погледне светот, се прашува – можна ли е воопшто театарска претстава? На театарската сцена на планетава се лее масовно крв, како да е сок од капини на театарската сцена. А сокот од капини е само симулација на крв. И целиот свет, и Исток и Запад, се повикува на општочовечки вредности, а сите се управуваат според начелото на ...
Во пријатна и топла атмосфера, во Сити Хаус во Битола, се одржа промоцијата на седумте книги- сликовници од циклусот „Крукалезен свет“ и книгата раскази за деца „Максим“ од авторката Маја Митровска. Пред бројната публика, составена од деца, родители, љубители на литературата и пријатели на пишаниот збор, беа претставени делата кои низ интересни и поучни приказни ги обработуваат темите за пријателството, љубовта, семејството, различностите и ...
На 22 април во 20:00 часот во Камерната сала на НУ Филхармонија, ќе се одржи концерт на Камерниот оркестар на Факултетот за музичка уметност – Скопје „Солисти на ФМУ“, под диригентската палка на проф. м-р Сашо Татарчевски, и поддршка и покровителство од Претседателката на Р.С.Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова и Министерството за култура и туризам на Р.С.Македонија. Како солист на пијано ќе настапи младата пијанистка Аница ...
Пред повеќе од 15 години решија својата љубов кон пишаниот збор да ја преточат во издавачка куќа. Ивана Спасов и Диме Спасов со „Сакам Книги“ успеаја да изградат заедница на читатели која не само што купува книги, туку искрено живее со нив. Од мал семеен бизнис кој го започнале во 2010 година, до добитници на награди за најуспешни претприемачи, тие денес ни откриваат како се гради книжевно царство во Македонија. Нивната приказна е доказ дека ...
На 23 април, четврток, со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе се отвори самостојна изложба на слики со наслов „Магични кругови“. Се работи за 22 слики (акрил и масло на платно) од неговата најнова продукција работена во последните неколку години и истата претставува продолжување на неговиот повеќегодишен претходно развиен концепт. Јовица Ивановски е роден 1962 година во ...
Поп-пејачката Мими Јовановска ја промовираше својата нова песна „Заборави“, за која вели дека е емотивна љубовна балада. Иако снимена уште минатата година, песната не беше објавена поради пожарот во Кочани на 16 март, во кој загина и придружниот вокал и професорка по пијано Сара Пројковска, која ги отпеа пратечките вокали со Ана Костадиновска и Драги Лазев. „Песната беше готова уште минатата година и тогаш најавив две нови песни. Но, се случи ...
Во Галерија „Остен“ вечер ќе се отвори изложба на карикатури од членовите на Хрватското друштво на карикатуристи. На изложбата ќе учествуваат Франо Чебало, Миро Георгиевски, Мирослав Геренчер – Геро, Роко Иџојтиќ, Драгутин Ковачевиќ – Дадо, Крешимир Квештек, Милан Лекиќ – Лекс, Мила Лончар, Мојмир Михатов, Живко Нимац, Зринка Остовиќ, Петар Писместровиќ, Никола Плечко – Ник Титаник, Зденко Пухин, Среќко Пунтариќ, Предраг Рајчевиќ, Иван ...
„Наследена носија“ е насловот на самостојната изложба на Мила Добревска што в четврток ќе биде отворена во Куќата на Робевци во Охрид. Како што информираат од НУ Завод и Музеј Охрид, изложбата го отсликува духот на македонската жена, преточувајќи ги традиционалните вредности во современ контекст. Наследените носии, според концептот, не се само облека, туку и начин на претставување и перцепција, како одраз на особините и идентитетот. ...
Превентивна заштита на музејските експонати и материјал од штетници и обнова на диорами во музејот „Д-р Никола Незлобински“ во Струга и годинава се врши со средства од годишната програма на Министерството за култура и туризам. Проектот, како што вели директорката Цветлана Василевска, придонесува за зачувување на струшката гордост – „Природонаучната поставка“, која во 2028 година ќе слави 100 години постоење. Активностите ги реализира одделот ...
„Супер Марио Галаксија – филмот“ трета недела по ред се наоѓа на врвот на бокс-офис листата во Северна Америка, пренесоа американските медиуми. Во текот на изминатиот викенд, продолжението на анимираниот хит „Супер Марио Брос – Филм од 2023 година оствари приходи од 35 милиони американски долари од продажба на билети во киносалите во САД и Канада. Продукцијата, која е дистрибуирана од „Јуниверзал Пикчрс“, досега има вкупна заработка од 747,5 ...
Археолошкиот музеј на Република Македонија денес реализираше настан под слоганот „Музејот како живо место“, со јасна цел – преку современи ПР-алатки и соработка со влијателни јавни личности и инфлуенсери, да се доближи културното наследство до пошироката, особено до помладата публика. Во динамична и креативна атмосфера, присутните имаа можност да се запознаат со дел од највпечатливите артефакти од музејската поставка – од праисториски ...
Во организација на Конзулатот на Јамајка во Белград, а во присуство на бројни музичари, медиуми и пријатели на бендот, се одржа промоцијата на новиот албум на легендарната југословенска рок група, YU Grupa. Албумот „Bus to Zion“ носи осум култни песни на YU Grupa, снимени во нови реге аранжмани, кои на оригинален начин поврзуваат две далечни, но многу блиски по дух земји – Србија и Јамајка. Снимањето на песните е извршено во легендарното ...
Долгометражниот документарен филм „Biti u rodu s Johnom Malkovichem“ од режисерот Лука Мавретиќ ќе ја има својата хрватска премиера на овогодинешниот ЗагребДокс, најважниот регионален фестивал за документарен филм. Филмот го следи режисерот кој, откако самиот ќе стане татко, одлучува да го реши својот однос со својот татко. Водени од семеен мит за можно сродство со холивудската легенда, тие заедно се впуштаат во потрага по долго закопани ...
Со традиционални ора и танци во изведба на професионални француски и македонски танчери, во Националната установа Центар за култура Крива Паланка се одржа француско-македонска вечер. Настанот во организација на Фондацијата „Бел Идеал” насловен „Култури и резонанси” овозможува исклучителна културна размена помеѓу Франција и Македонија, а ќе биде достапен и за скопската публика вечерва, со почеток во 19 часот во МКЦ, сала “Фросина”. -Настанот ...
Амиро Ј., пејач, гитарист, автор и продуцент со седиште во Сараево и Хамбург, го претставува својот нов сингл „Свануо дан“, кој е создаден во соработка со Халид Бешлиќ. Песната е вклучена во неговиот нов албум „Да ми је“. Амиро ја започна својата музичка кариера како автор, пејач и гитарист на сараевското рок трио „Ира“, а низ годините соработуваше со бројни истакнати имиња на регионалната музичка сцена, вклучувајќи ги Халид Бешлиќ, Младен ...
Изминатиот викенд во ООУ „Петар Поп-Арсов“ во Скопје, се одржа настанот „Уметноста на инклузијата“ – креативна работилница во организација на Специјална Олимпијада Северна Македонија (СОМ) во соработка со нивните партнери од НЛБ Банка. Настанот понуди јасен пример за инклузија во пракса, каде атлетите од СОМ, под менторство на уметницата-педагог Мирослава Микица Трујкановиќ, преку боите и уметничкото изразување покажаа како се надминуваат ...
Пријателите на познатата актерка Кристина Аплгејт се во страв за нејзиниот живот, поради нејзината состојба со мултиплекс склероза. Нејзините пријатели откриле шокантни детали за нејзината состојба, а според нив, ѕвездата на серијата „Брачни води“ поминува низ многу тешки времиња. „Кристина е борец, но нејзината борба со мултиплекс склерозата е немилосрдна. Има добри денови и многу лоши денови, но нема одлични денови. Секогаш се справува со ...