Музејот MIIT во Торино ја претставува престижната самостојна изложба на Марија Павловска од 5 до 21 март 2026 година, а отворањето ќе се одржи во четврток, 5 март, во 18:00 часот. Изложбата е дел од меѓународниот календар на настани на Музејот MIIT, што се совпаѓа со Меѓународниот ден на жената, истакнувајќи го фундаменталниот придонес на уметниците во културниот раст на народите. „Марија Павловска е зрела и остварена современа уметница, ...

На 5 март, со почеток во 19:00 часот, во студиото „Приватен принт“ во Скопје, е закажано отворањето на видеоинсталацијата „Тела за еднократна употреба“ на словенечката уметница Лара Рајхман. Поставката ќе биде проследена со уметнички разговор меѓу Лара Рајхман и Тиа Чичек, кураторка и истражувачка од Љубљана, кој ќе се одржи на 6 март, со почеток во 19:00 часот. „Тела за еднократна употреба“ ги преплетува историските факти и фикцијата, ...

Во периодот од 28 февруари до 2 март, во Софија се одржа академски портрет на Јордан Плевнеш, писател со меѓународно реноме и претседател на универзитетот Еуропа Прима. Гостувањето на Плевнеш започна со учество во најпопуларната емисија на Бугарската Национална Телевизија БНТ, Панорама, кое предизвика широки реакции бидејќи, тој зборуваше на тема „Балканот како поле на Цивилизација на Љубовта“ издигнувајќи се над манипулациите на политичките ...

„Зошто не го остави?“ „Сама е крива.“ „Зошто и девојчето да умре?“ Зошто? Зошто? Зошто? На 2 март 2026 година, од шестиот кат на зграда во Скопје, се фрли жена со своето дете. Тоа беше ударна вест на сите портали. Загрижени граѓани. Засегнати инфлуенсери и инфлуенсерки. Се дебатира на сите страни – и не велам дека не треба. Но важно е дебатата да ја водиме без да зајакнуваме стереотипи, без да цементираме балкански предрасуди и без да се ...

Новиот филм на прочуените белгиски автори, браќата Дарден, „Млади мајки“ (Jeunes mères, 2025) од 5 март 2026 започнува со редовна дистрибуција во домашните кина. Сместен во дом за млади мајки во Белгија, филмот следи пет тинејџерки кои се соочуваат со предизвиците на раното мајчинство. Во период кога самите сè уште растат, тие се обидуваат да обезбедат стабилност и подобра иднина за своите бебиња. Секојдневните борби, сомнежи и мали победи се ...

Ако ви е потребна пауза од секојдневието, ова е најубавиот можен ресет: оркестар во живо, моќен хор и приказна што ве држи во неизвесност без да имате потреба од никакво предзнаење, велат од Македонската опера и балет. Што добивате од една ноќ во Македонската опера и балет? Емоција што се чувствува физички, атмосфера што не може да се реплицира на екран и чувство дека сте биле дел од нешто големо, културен настан што ве исполнува. И најважно, ...

Комедијата што ја освои публиката, „Кокошка“, на 07.03. (сабота), со почеток од 20 часот, ќе биде изведена во Битолскиот театар и тоа со 50% попуст за сите дами на билетарата на НТБ. Во месецот на жената, Народен театар Битола ја носи комедијата за која се бара билет повеќе – претстава што од првата изведба предизвикува громогласна смеа и долги аплаузи. „Кокошка“ не е само комедија – таа е огледало на нашите карактери, суети, амбиции и ...

Берлин – Шефицата на Берлинскиот филмски фестивал, Триша Татл останува на чело на Берлинскиот филмски фестивал, но ќе биде должна да се потчини на нови услови, вклучувајќи „кодекс на однесување“ со „табу за антисемитизам“, според извештаите во германските медиуми. Конзервативниот германски таблоид „Билд“, кој го предводеше барањето за отпуштање на Татл, објави дека германското Министерство за култура не можело да се согласи за условите за ...

Во четврток, на петти март во 20 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе биде прикажан документарниот филм „Приказна за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска. Филмот ја раскажува приказната за Никола, земјоделец од Македонија кој, поради новите економски околности, останува без можност да ја продаде својата земја и своите производи. Додека неговото семејство заминува во странство во потрага по подобар живот, Никола прифаќа ...

Почитувани, По повод 8 март – Меѓународниот ден на жената повикуваме на традиционалниот марш за женски права што ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“. Маршот ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, во знак на протест и отпор кон фактичкото и фигуративното бришење на жените во нашето општество. Жената постои на маргините на заедницата, како и на маргините на историјата, под континуиран ризик да биде избришана, заборавена, ...

Уметничката кариера на Петра Јовановска е длабоко обележана со нејзината фасцинација од кругот како форма и симбол. Кругот, во нејзиното творештво, не е само естетска форма, туку и духовна пракса која носи со себе едноставност, чистота, и истовремено сериозност. Во нејзините дела, кругот претставува еден вид лична мапа на нејзините внатрешни патувања, размислувања и искуства. Петра Јовановска е родена 1972 година во Чешка, има завршено ФЛУ. ...

„Кралот Фреди“, мјузикл посветен на Фреди Меркјури, ќе се одржи на 25 март од 20 часот во Центарот за култура во Битола, најави Битолски оркестар „Дива“ (фото). Мјузиклот е направен по сценарио на Димитар Захариевски, во режија на Бојан Стојков, а Владимир Димовски ќе диригира. Димовски ги направи продукцијата и новите оркестрации за хитовите на „Квин“ што ќе ги свири оркестарот. „Драго ни е што Битола ќе биде домаќин на првиот оригинален ...

Во мало ирско крајбрежно гратче поранешен платен убиец се обидува да живее мирен живот оставајќи го насилното минато зад себе. Но кога во градот пристигнува опасна терористичка група, тој е принуден повторно да се соочи со сопствените демони и да застане во одбрана на невините. Возбудлив напнат криминалистички трилер со Лиам Нисон, Кери Кондон, Киран Хајндс во главните улоги. Во мало ирско крајбрежно гратче поранешен платен убиец се обидува ...

По трагичен спонтан абортус, брачниот пар Кејт и Џон, од сиропиталиште посвојуваат деветгодишно девојче по име Естер, надевајќи се дека ќе внесат нова радост во својот дом. На почетокот Естер изгледа тивка, интелигентна и воспитана, но наскоро почнуваат да се случуваат вознемирувачки настани што ја откриваат нејзината темна и манипулативна природа. Кејт станува сè посомничава и се обидува да ја открие вистината. Таа сфаќа дека Естер крие ...

Филмот ја следи приказната за четири сосема различни сестри, кои мора да ги здружат силите кога киднапираниот пингвин Пол ќе заврши во нивниот дом. Едно опасно магионичарско дуо сака да го искористи животното за сопствена слава, но сестрите тргнуваат во авантура за да го спасат и да го вратат Пол во зоолошката градина. Филмот ја следи приказната за четири сосема различни сестри, кои мора да ги здружат силите кога киднапираниот пингвин Пол ...

Што ако „моето сонце“ не е личност, туку музика што те крева на нозе? Калина Велковска – Kaly го прави токму тоа со својот нов поп‑денс сингл „Моето Сонце“ – песна што носи енергија и ритам што не можеш да го игнорираш. Со „Моето Сонце“, Kaly не раскажува љубовна приказна. Таа ја дефинира својата. Музиката, аранжманот и аудио продукцијата се дело на Роберт Билбилов, додека текстот е заедничко авторство на Роберт и Kaly. Комбинацијата создава ...

Махин е 70-годишна жена која живее сама во Техеран. Нејзиниот сопруг починал, нејзината ќерка се преселила во Европа, а Махин сфаќа дека е подготвена да се отвори за нова љубов и романса. Попладневна чајанка со пријатели ја води до тоа да ја заврши својата осаменост и да го обнови својот љубовен живот. Но, токму кога Махин се отвора за нова романса, она што изгледаше како неочекувана средба брзо се претвора во непредвидлива и незаборавна ...

Во издание на издавачката куќа „Илика“ излезе книгата „Скриениот човек“ каде се собрани три новели од Андреј Платонов, што воедно е и првата книга во нивната нова едиција „Класици“. Преводот од руски на македонски јазик е направен од Милена Николовска. Во книгата „Скриениот човек“ се собрани три новели од обемниот опус на Андреј Платонов: „Скриениот човек“, „Враќање“ и „Реката Потудањ“. Платонов е современик на Хармс, Шаламов и Булгаков, а ...

Големиот македонски бенд и бренд „Мизар“ ќе одржи ексклузивен, интимен концерт на 3 април во Македонската филхармонија, со специјална „best of“ програма! Под мотото „Најдоброто од Македонија”, на концертот ќе бидат изведени теми од целиот богат опус на еден од најкултните бендови, не само во македонската музика, туку и во и за македонската култура. Теми од „Мизар“, „Кобна убавина“, „Свјат Dreams”, „Детето и белото море“, „Поглед кон цветната ...

На 29 издание на популарната „Златна Буба Мара“ светски познатиот музичар од Охрид Владимир Четкар доби признание за најдобар џез изведувач, што е само уште една потврда за неговите уметнички квалитети. Наградата импонира и мотивира вели во изјава за Охридњуз, секогаш ведриот и одлично расположен Владимир Четкар. Владимир Четкар за „Златна Буба Мара“ OhridNews На 29 издание на популарната „Златна Буба Мара“ светски познатиот музичар од ...

Бевме почестени со покана од кабинетот на претседателката поради нејзиното воодушевување на нашата инцијатива (која таа ја поздравува) да се заштитат и зачуваат во светски размери особеностите на Македонските ритми и нивната уникатна примена, објави на својот фејсбик профил Гаро Тавитјан. За прв пат во македонската и светската историјата во делот на македонската ритмика успеав на светски платформи (Американски и Европски) и во најпрестижните ...

ФАНТАЗИ Fantasy Кукла Кешеровиќ / Словенија, Македонија / 2025 / 98 мин Михрије, Сина и Јасна се најдобри пријателки во раните дваесетти, кои живеат во Словенија. Машкуданки се и одбиваат да се вклопат во конзервативниот систем во кој живеат. Светот комплетно им се менува кога ја запознаваат Фантази, трансродова жена. Заедно, тргнуваат на патување што ги истражува прашањата на родот, поривите и самооткривањето. Проекции Среда, 4 март20:00 ...

Во март 1991 година, на тогашната југословенска сцена тивко, но моќно се појави албум што засекогаш ќе го промени текот на македонскиот рок. Денес, 35 години подоцна, се навраќаме на истоимениот деби-албум на култната група Архангел – издание што и денес звучи свежо, храбро и бескомпромисно. Албумот „Архангел“ првобитно беше објавен во март 1991 година во Белград, во издание на издавачката куќата „Хаос“, благодарение на нејзиниот сопственик ...

На 20 и 21 март 2026, Младински културен центар-Скопје повторно ќе стане центар на независната музичка сцена со новото издание на LoVERAve Neon Bloom Festival – дводневен настан што ја слави авторската музика, урбаната култура и заедничкото музичко искуство. Во време кога младинската култура сè почесто се префрла во дигиталниот простор, LoVERAve Neon Bloom ја враќа енергијата таму каде што таа природно припаѓа: во живиот контакт меѓу ...

Во фоајето на Театар Комедија е поставена изложбата на фотографии од театарските и филмските улоги на великанот Дарко Дамевски – уметник чие творештво остави длабока трага на сцената што денес гордо ја носи ансамблот на Театар Комедија. Изложбата, реализирана во соработка со Мони Дамевски, Сотароски Саша и Виктор Семенпеев, ќе биде достапна за посетителите во текот на март и април, како сведоштво за богатото актерско наследство и трајниот ...

ЉУБ•ОФ: Кога уметноста и психологијата разговараат за љубовта во СВЕСНОСТ На 26 февруари 2026 година, во просторот на УЧИЛНИЦА се одржа новото издание на „Свесност live session“ под наслов ЉУБ•ОФ… Културно-психолошки разговор посветен на љубовта како креативна, лична и општествена сила. Настанот започна во 17:00 часот, во препознатлив after work амбиент – публика што доаѓа директно од работниот ден, но подготвена за разговор што оди подлабоко ...

Познатиот холивудски актер Келси Грамер повторно ги привлекува медиумските светла со својот приватен живот и семејни вести. На 71 година, тој ја прославува својата љубов со сопругата Kayte Walsh, која е 24 години помлада од него и со која има четврто заедничко дете. Публикацијата истакнува дека Грамер ја запознал Walsh, поранешна стјуардеса, и дека нивната врска започнала уште пред тој да се разведе од третата сопруга. Парот заедно има и ...

Државното музичко училиште од Битола и Македонската асоцијација за надарени и талентирани, МАНТ од Битола, денеска потпишаа Меморандум за соработка за поддршка и развој на младите надарени музички таленти од Битола и Македонија. Меморандумот го потпишаа м-р Марија Шамоска – Буџаковски, директорка на ДМУ од една страна и д-р Драган Ристевски, претседател на МАНТ. На работната средба во ДМУ, беше договорена и заедничка промоција на Прирачник ...

Низ призмата на три летни распусти на едно 7-годишно момче и неговата сестра кај нивната баба во Прилеп, авторот Жан Илиески ја отсликува атмосферата на едно минато време – исполнето со мирис на сушен тутун, звуци на фудбалски радиопреноси и топлината на едноставните, но длабоки човечки врски. Во центарот на оваа приказна е баба Илка, тивка хероина, чиј секојдневен труд и пожртвуваност го обликуваат светот на нејзините внуци. Прилеп е ...

Утре, на 04 март во Музејот на современа уметност (МСУ) – Скопје во 19 часот свое предавање ќе одржи Зденка Бадовинац, кураторка со меѓународен углед и иницијаторка на првата источноевропска уметничка колекција, Артист 2000+ во Модерна галерија, Љубљана. Програма во рамките на меѓународната групна изложба „Истокот e сè уште можен“, на дела од колекциите на МГ+МСУМ, Љубљана и МСУ-Скопје во МСУ-Скопје отворена до 29 март. Во 2011 година, ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
57%
1018
weather icon

Белград

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
81%
1019
weather icon

Загреб

8ᴼ / 2ᴼ
2.06
60%
1022
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
87%
1016
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.93
94%
1017
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
87%
1024
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.02
86%
1011
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
71%
1015
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
7.2
40%
1017
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
2.24
89%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
3.6
47%
1019
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
80%
1014
Currency

61.645

Currency

52.6183

Currency

71.0956

Currency

37.6837

Currency

38.5248

Currency

67.1488

Currency

7.70987

Currency

0.70065

Currency

0.32997

Currency

0.52528

Currency

1.1713

Currency

0.56113

Калај

51.07

Платина

66584.20

Сребро

2508.22

Паладиум

50026.56

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.62

Рутениум

53788.20

Родиум

326330.08

Бакар

12.18

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Злато

153002.26