Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Битолскиот оркестар „Дива“ ги објави пејачите кои ќе настапат на традиционалниот концерт „Тоше, засекогаш во срцата“, кој ќе се одржи на 5 март во Центарот за култура во Битола од 20 часот. Хитовите на Тоше ќе ги пеат Наде Талевска, Димитар Андоновски, Ана Петановска, Бојан Стојков, Јасна Димитровска, Марија Митровска, Марија Јаковлеска и Алексеј Ивановски. Новите аранжмани ги направи Владимир Димовски, кој е диригент на концертот. „Убаво е ...
Во галеријата Метаноја на 6 март 2026 година, со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на монографијата „Ехото на дамарите на пијанчани – Копачката / 10 години од впишувањето на орото Копачката во УНЕСКО“ од авторката Перса Стојановска. Настанот е организиран од Фолклорна група Копачка од селото Драмче, Делчево, во соработка со Балкански институт за вера и култура и галеријата Метаноја. Монографијата го документира процесот на впишување ...
Изложбата „Вертикала на апсурдот“ на Јелена Божикова и Георги Божиков на 5 март ќе биде отворена во бифе „Тафталиџе“. Јелена Божикова (1992) е визуелна уметница која твори на пресекот помеѓу видливото и невидливото. Родена во уметничко семејство и израсната во средина каде креативноста била секојдневие, таа рано ја препознава уметноста како природен јазик на постоењето. Студент е на трета година на Факултетот за ликовни уметности, на отсек ...
Македонија учествува на јубилејното, 60-то издание на најголемиот Меѓународен саем за туризам „ИТБ Берлин“ (ITB Berlin), што се одржува од денеска до 5 март 2026 година во Берлин, Германија. „ИТБ Берлин“ од 1966 година е водечка глобална платформа за туризмот, каде што се среќаваат претставници од туристичкиот сектор, туроператори, авиокомпании, хотели и медиуми. Годинава земја партнер е Ангола. Македонската делегација на Саемот во Берлин, ...
Импулс Самостојна изложба на Сара Андоновска 3 март (вторник) | 20.00 часот Изложбата може да се посети од 3 до 9 март, секој работен ден од 10.00 до 15.00 часот Изложбата ,,Импулс” е прва самостојна изложба на Сара Андоновска и претставува пресек на нејзиното долго внатрешно созревање. Во секое дело Сара остава дел од својата интуиција, емоција и сопственото будење. Нејзината уметност не е само визуелна приказна – таа е сведоштво за моментот ...
Чест ми е што вечерва, овде во срцето на Европа, во Брисел, го одбележуваме премиерното прикажување на македонскиот игран филм „Диџеј Ахмет“. По оваа проекција, верувам дека сите ќе почувствуваме колку филмот може истовремено да биде длабоко локален по својата приказна, а сепак универзален по емоцијата и пораката што ја носи, рече синоќа министерот за култура Зоран Љутков. Овој филм не е само уметничко остварување. Тој е резултат на ...
Од 25 до 29 март, комплексот „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на Саемот на мебел 2026, кој годинава се одржува под мотото „Инспирација за секој дом“. Настанот традиционално ги обединува производителите, дистрибутерите и брендовите од индустријата за мебел и ентериер на едно место. Во текот на петте саемски дена, посетителите ќе имаат можност да ги разгледаат најновите колекции мебел, современи решенија за ентериер, декоративни елементи и ...
Еден од најдобро оценетите филмови од регионот минатата година, „Диџеј Ахмет“ од Георги М. Унковски, започна да се прикажува и во кино салите во Србија. Од светската премиера на престижниот филмски фестивал Санденс, каде што ја освои Големата награда на жирито, специјалното признание за креативна визија и наградата на публиката, „Диџеј Ахмет“ ја воодушеви публиката низ целиот свет. Тој беше награден и на фестивали во Сиетл, Севиља, Милвоки, ...
Промоција на монографијата „Мојот пат“ – посветена на една од позначајните личности во историјата на македонскиот балет Антон (Тони) Баталаковски, ќе се одржи вечер со почеток во 19:00 часот, во фоајето на Националната опера и балет. Автори на монографијата се др. Соња Здравкова-Џепароска и др. Александар Трајковски, која на сеопфатен и документарно вреден начин го опфаќа животниот и професионалниот пат на Тони Баталаковски, низ поројот на ...
Маја Крстевска е долгогодишен кустос, а во моментов е програмски директор на Националната галерија на Македонија. Повеќе од три децении е дел од тимот на оваа институција, а еден период беше и директорка на Националната галерија и за тој период ќе рече дека главен фокус и бил зголемување на збирката. Националната галерија на Македонија претставува комплексна музејска институција со изложбен и галериски простор. Во Даут-пашин амам, ...
Експерти од амстердамскиот Рајксмузеум потврдија дека делото „Визија на Захарија во храмот“ е автентична слика на Рембрант ван Рајн, по двегодишно истражување со современи методи на анализа. Станува збор за слика од 1633 година, создадена во раниот период на Рембрант, кога уметникот имал 27 години. Делото прикажува библиска сцена со првосвештеникот Захарија, а присуството на архангелот Гаврил е означено преку светлина што доаѓа од горниот ...
Во Младинскиот културен центар, утре (4 март 2026 година) во 13:00 часот, ќе биде отворена изложбата „МАРТИНКИ – ТРАДИЦИЈА ШТО ТРАЕ“ , од авторката Марија Младеновска – Митровска. Изложбата претставува избор од рачно изработени мартинки создадени низ повеќе од 35 години континуирана работа, како и документарен материјал од нивната меѓународна презентација во Варшава, Полска. Мартинките се традиционален обреден симбол поврзан со доаѓањето на ...
Струга, 2 март 2026 (МИА) - Под мотото „Гушни го библиотекарот“ јавната Бибилиотека, при центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга го одбележа Денот на библиотекарот - 1 март. Во рамките на одбележувањето денеска ја посетија учениците од ООУ „Јосип Броз Тито“ - Струга и ПОУ „Јонче Крежески"- село Мислешево. Библиотекарките, како што соопшти ЦК „Браќа Миладиновци“, ги запознале учениците со историјата на библиотеката, просториите со ...
Охрид, 3. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со културната манифестација „Создадена да создава“, Охрид ќе го одбележи 8. Март – Меѓународниот ден на жената. Предвидените настани ќе се одржат во сабота, на 7- ми март. Од 17:30 часот во Арт Тераса ќе биде отворена изложбата на фотографии „Жени во фокусот“ на младата охриѓанка Нина Анѓелоска, по што ќе бидат врачени фотографии на 12 жени во фокусот. Ќе следи концерт на Ѓорѓи Ѓорчев и Кате Танева. Од 18:30 ...
Историчари на уметност во „Рајкс-музејот“ во Амстердам, Холандија, открија досега непозната слика од холандскиот мајстор на сликарството, Рембрант, објави германски „Ди цајт“ и други медиуми. Музејот денеска соопшти дека, благодарение на најсовремената технологија за скенирање и стилската анализа, истражувачите успеале да ја потврдат автентичноста на сликата од 1633 година. Испитувањата траеле две години. Истражувачите притоа откриле дека ...
The Pavilion / Paviljon Дино Мустафиќ / БиХ, Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора / 2025 / 100 мин По години понижување и злоупотреба, жителите на Павилјонот, дом за стари лица, започнуваат бунт. Наоружани по нелегален пат, го заземаат домот, го држат персоналот како заложници и влегуваат во судир со властите. Нивната очајничка борба прераснува во политички и медиумски спектакл, а староста им станува предност: немаат што да загубат и ...
Во четврток, со почеток во 20 часот, Македонската филхармонија ќе одржи концерт по Повод денот на жената, насловен „Сила“ кој ќе го води диригентката Ребека Тонг од Индонезија, а како солист ќе настапи пијанистот Ендру фон Ојен од Франција. На програмата се „Павана“, оп. 50 од Габриел Форе, Концертот за пијано и оркестар бр.2 во ге-мол од Камиј Сен-Санс и симфониската скица „Море“ од Клод Дебиси. Ребека Тонг е резидентен диригент на ...
Јордан Костов Маглота секстет и Хор „Св. Злата Мегленска“ 3 март 2026 (вторник) | 19:00 часот | Аудиокултура, Скопје По една од оние ретки музички вечери што остануваат трајно запишани во колективната меморија — концертот Maglota Live во Македонската филхармонија, одржан на 30 јуни 2025 — ова уникатно остварување сега добива своја винилна форма. По тој повод, на 3 март со почеток во 19 часот, во просторот на Аудиокултура, ќе се одржи слушачка ...
„Македоника литера“ деновиве го објави романот на контроверзната бугарска писателка од минатиот век Јана Јазова, со поднаслов „Историски роман“, во превод од бугарски на македонски јазик на Ленче Тосева. „Александар Македонски“ е историски роман кој само се потпира врз историските податоци, но е изведен со една неверојатна леснотија во градењето на приказната и е создадено особено занимливо четиво. На маестрален начин големата бугарска ...
Скопје, 2 март 2026 (МИА) – Поетесата Марга Велеска својата нова стихозбирка „Судбината без тебе нека е проклета“, во издание на „Ирис принт“-Струга, ќе ја промовира на 14 март од 18 часот во Галерија „КО-РА“ во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. -Оваа збирка е емотивно патување низ сенките на разделбата и светлината на надежта. Поезијата на Марга Велеска допира таму каде што срцето шепоти, а душата памети. Секој стих е исповед, ...
Кочани, 2 март 2026 (МИА) - Во ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани денеска ќе се одржи промоција на новата збирка поезија „Отуѓеност“ од штипскиот автор Методи Бојаџиски. Промотор ќе биде драматургот Трајче Кацаров. „Отуѓеност“ е современа поетска збирка која ги обработува темите на емоционалната дистанца, оддалеченоста меѓу луѓето и личните преиспитувања во динамиката на современото живеење. Преку интимен и рефлексивен израз, авторот ја ...
Од 1 март официјално започна пријавувањето за учество на еден од најреномираните фестивали на забавна и поп музика кај нас – легендарниот Макфест. Конкурсот за Макфест 2026 е отворен и ќе трае сѐ до 27 април 2026 година, точно до 23:59 часот. Сите заинтересирани автори и изведувачи можат да ја пријават својата нова композиција преку официјалната веб-страница: www.makfestfestival.com. За дополнителни информации или техничка помош, ...
Самоил Стојановски е роден на 3 ноември 1970 година во Скопје. Тој е истакнат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Дипломира во 1997 година на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Вработен е во Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес од 2003 година. Најзначајни улоги и претстави: Огнен Комита „Будење“, Пјер Гренгоар – „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“; Пјетров – „Четвртата сестра“; Пилад – ...
Тетоважата одамна ја надмина стигмата на субкултурна појава – таа е форма на уметничко изразување, дел од современата култура и начин за индивидуално раскажување приказни преку визуелни дела. Како одговор на растечката важност на оваа уметност во регионот, регионалната конвенција Artist Republic 2026, која ќе се одржи на 14 и 15 март во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, има за цел да ја истакне важноста на тетовирањето како уметност и да ...
По сто години е пронајдоа оригиналната завеса од Народен театар Битола, која беше поставена позади актерите за време на прес-конференцијата што се одржа минатата недела, а во чест на соопштувањето на програмата за годинава и најавата на премиерата на претставата „Пинокио“. Директорот Васко Мавровски објасни дека завесата била донирана од српската кралица во 19126 година, во вреем кога театарот се води како Битолски градски театар. – ...
Шпанскиот филм „Јас сум Невенка“ во режија на Исијар Бољаин, победник на фестивалот Сан Себастијан во 2024 година, ќе биде прикажан на 7 март (сабота) во 20 часот во Кинотеката. Настанот е во организација на Амбасада на Кралството Шпанија во земајва и Кинотеката. Филмот е инспириран од вистинска приказна чие дејство се одвива на крајот на минатиот и почетокот на овој век. Дваесет и четиригодишната Невенка Фернандез, советничка во градското ...
Тој важи за најпознатиот мултимедијалец во Македонија. Актер, водител, музичар, пејач, писател, инфлуенсер… Во сите овие професии или хобија подеднакво добар, во повеќето меѓу елитата на самиот врв. Како внук на еден од бардовите на македонското глумиште и син на актерка, природно глумата уште од мали нозе ќе му стане достапна одблизу, за подцна да му прерасне во професија. Професијата на татко му пак, познат македонски композитор, ќе му јуа ...
„Нокаут“ ве води кон големата сцена на јубилејниот 30-ти роденден на групата „Нокаут“, на 9 мај 2026 година, во арената „Јане Сандански“ во Скопје. Сите бендови и изведувачи што сакаат да бидат дел од ова музичко славје, се поканети да учествуваат на НОКАУТ аудицијата, која ќе трае до 31 Март 2026 година. Најдобрата една или повеќе видео-изведби, препеви или преработки (кавер-верзии) на песни од групата „Нокаут“, ќе добијат можност да ...
Доделуваме билети за утрешната проекција на документарниот филм „Легендата за народниот херој Мирче Ацев“, информираат од Центар за култура Битола. Во коментар пишете ваше име и презиме за да ви доделиме билети. Сценарио и режија на Влатко Костовски. Овој документарен филм го зачувува споменот на храброста, идеалите и нескротливиот дух кој го трасираше патот кон слободата. 3 март 2026 19:00 ч. Голема сала, НУ Центар за култура – Битола ...
На 7 март во 11:00 часот, на Малата сцена на Македонската опера и балет, премиерно ќе биде изведена новата интерактивна музичко-сценска претстава „Металковци патуваат“, дел од проектот „Фамилија Металковци“. Истата ден ќе следи реприза во 13:00 часот, а следните изведби се закажани на 14 март во 11:00 и 13:00 часот. Станува збор за нова продукција наменета за деца од 4 до 10 години, во изведба на брас квинтет составен од музичари од ...