Од тркачката патека до училишните дворови: Трчај бе трета година донира спортска опрема за децата Не се сите медали на целта. Некои остануваат во училишните дворови. Некои во спортските сали. Некои во рацете на децата кои утре ќе играат фудбал, ракомет или одбојка. Во ООУ „Св. Климент Охридски“ во Битола вчера беше реализирана донација на спортска опрема за сите основни училишта во градот, во присуство на наставниците по физичко и здравствено ...

Подготовките за четвртото издание на детската трка Мини Трчај бе 2026, влегуваат во својата завршна фаза, а организаторите потсетуваат дека пријавувањето официјално завршува утре, точно напладне. На 13 јуни, битолското Шеталиште и Градскиот парк повторно ќе бидат во знакот на детската насмевка, спортот и забавата, кога стотици деца ќе го преземат градот и ќе станат главни јунаци на еден од најубавите семејни настани во регионот. Секое ...

НУ Народен Театар Битола еден од основачите на Балканската асоцијација на театри и фестивали НУ Народен Театар Битола учествуваше на официјалната прес-конференција во рамките на Меѓународниот фестивал Бабел Фаст во Трговиште, Романија. На прес-конференцијата, покрај директорот на НУ Народен Театар Битола, Васко Мавровски, присуствуваа и директорот на Театарот „Тони Буландра“ од Трговиште и директор на Бабел Фаст фестивалот Мек Ранин, како и ...

Уште еден викенд исполнет со медали, титули и победи за атлетичарите на АК Олимп кој продолжува со успеси. Клубот продолжува со серијата одлични резултати, овојпат на Националното првенство за младинци и на една од најмасовните атлетски манифестации во државата, трката „Охрид Трчат“. На Националното првенство за младинци, Дарија Крстевска уште еднаш ја потврди својата доминација во средните патеки, освојувајќи две златни медали во ...

На 5 јуни 2026 година, на големата сцена на HNK (Hrvatsko narodno kazalište) во Загреб ќе се одржи премиерата на „Идеален маж” според познатата драма на Оскар Вајлд, во режија на еден од најреномираните македонски и европски театарски режисери, Александар Поповски, со музика на истакнатиот македонски композитор и музички автор Кирил Џајковски. Оваа премиера е и ново поглавје во една од најплодните и најуспешни уметнички соработки на Балканот. ...

Книжевниот клуб Утопија организира вечер посветена на нобеловката Ани Ерно Француската литература отсекогаш знаела како од интимното да создаде универзална вистина. Токму затоа Книжевниот клуб Утопија на 4 јуни ќе организира специјална книжевна вечер посветена на француската нобеловка Ани Ерно, една од најзначајните и највлијателни авторки на современата европска книжевност. Во фокусот на разговорот ќе бидат нејзините капитални дела ...

НОВ ПОП-АП НАСТАН ВО БИТОЛА: Фузија на одржлива мода, рачни изработки и урбана култура На 21 јуни, Kaffe Tigre во Битола ќе биде домаќин на уникатен настан кој ја промовира одржливата мода и локалната креативност. Организиран во соработка меѓу Kaffe Tigre и JJ Events Macedonia, овој поп-ап маркет има за цел да ги претстави новите трендови во трифт културата и да им даде простор на локалните ракотворци. Настанот, кој ветува целодневна забава, ...

„НЕВИДЛИВИОТ МОТОР НА УСПЕХОТ“ ЈА НАПОЛНИ УЧИЛНИЦА: LIVE SESSION #7 НА „СВЕСНОСТ“ ОТВОРИ РАЗГОВОР ЗА ПРИТИСОКОТ, АМБИЦИЈАТА И ЛИЧНИТЕ БОРБИ ЗАД УСПЕХОТ Некои настани завршуваат кога ќе се изгасне микрофонот. Live Session #7 на „Свесност“ во Училница, всушност, почна токму тогаш. Просторот беше исполнет до последно место со публика што не дојде по мотивациски фрази и „брзи рецепти“ за успех. Туку по нешто многу поретко, а тоа е искрен разговор ...

Град што отсекогаш пеел Горан Петков, BitVox и вечерта што потсети зошто хорското пеење има посебно место во Битола Постојат градови што имаат музичка сцена. А постојат и градови што имаат традиција на пеење. Битола отсекогаш припаѓала на втората категорија. Од староградските песни што се слушале низ Широк Сокак, преку вокални состави, хоровите на КУД Стив Наумов, па сè до современите вокални формации на Коруновска мјузик, хорското пеење во ...

Во Галеријата ,,Ранко Струмениковски ” во Битола НАЈНОВОТО ТВОРЕШТВО НА СЛИКАРОТ ВАСКО ТАШКОВСКИ ПРЕД БИТОЛЧАНИ Исклучителен уметнички настан се случи во Битола со отворањето на ликовната изложба на Академик Васко Ташковски кој премиерно се претставува со 30 слики создадени во последниве неколку години. Галеријата ,,Ранко Струмениковски” беше претесна за сите заинтересирани љубители на уметноста на свеченото отворање на кое присуствуваше ...

АК Олимп од Битола, викендов испиша една од најголемите страници во својата понова историја. Некогаш најтрофеен битолски атлетски клуб. Потоа речиси заборавен. Денес повторно сила што ја менува македонската атлетика. На Купот на Македонија за сениори и сениорки 2026, Ак Олимп викендов, во женска конкуренција беше апсолутен шампион на Македонија со 367 бодови и најуспешен женски клуб на натпреварувањето и второ место во севкупниот пласман со ...

Постојат вечери кога музиката не останува само на сцената. Се префрла на масите, во разговорите, во луѓето што потпевнуваат рефрени и во она чувство кога цел простор дише во ист ритам. Токму таква вечер подготвува UTOPIA на 21 мај, кога за првпат просторот ќе стане урбана хорска сцена за концертот на Горан Петков и BitBox хорот, под диригентската палка на Марина Коруновска. BitBox не функционира како класичен хор. Нивниот звук повеќе ...

На 6 мај 2026 г. со почеток во 17 часот, во салата за промоции на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, се одржа промоција на двете најнови изданија на стручниот билтен на наставниците „Разгледи“, како дел од програмата за одбележување на Патрониот празник на СОУ „Таки Даскало“ – Битола. Стручниот билтен на наставниците „Разгледи“ е формиран во 1999 година заради поголемо информирање и соработка на сите вработени во училиштето во насока на ...

Креативен Ден 2026 успешно ја потврди својата мисија… Да биде мост помеѓу образованието, креативноста и бизнис заедницата, во атмосфера исполнета со енергија, достоинство и искрена поддршка. Со сала исполнета со последно седиште, позитивна атмосфера, разиграната публика, дамите кои со својата енергија ги поддржуваа младите учеснички, создаде амбиент кој зрачеше со самодоверба, мотивација и заедништво. Настанот кој веќе прераснува во бренд на ...

На 11 мај, со почеток во 19:00 часот, во Долното фоаје на Центар за култура Битола ќе биде отворена самостојната изложба „Првиот чекор на промената“. Авторката е Јована Тодороска, млада ликовна уметница родена во 2001 година во Охрид. Своето образование го стекнува на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје, отсек Ликовна педагогија – графика. Таа досега има реализирано повеќе самостојни изложби во Загреб, Битола и Њујорк. Како и ...

Ученик од Битола, преку социјалните мрежи упатувал заканувачки пораки кон свои соученици. Ова предизвика вознемиреност меѓу учениците и родителите во ОУ „Стив Наумов“. Од училиштето објавено е официјално соопштение во кое се наведува дека веднаш се постапило согласно законските надлежности. Известени се сите релевантни институции. Воедно се посочува дека се преземени соодветни мерки за заштита и поддршка на учениците. А безбедноста и ...

Од 5 до 12 јуни 2026 година, во Прилеп ќе се одржи јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Оваа година десет претстави се избрани да бидат дел од официјалната програма и четири во придружната. Фестивалот годинава се одржува под мотото „Храбриот нов театар“, и тематот „Кризата на човекот во општеството и кризата на општеството во човекот“. НТБ Битола е дел од официјалната програма со претставата ...

НОВА МАЈСКА ФЕСТИВАЛСКА ПРИКАЗНА, ВИНСКИ ФЕСТИВАЛ ВО БИТОЛА Битола добива нова мајска фестивалска приказна, во која виното, музиката и градското дружење ќе се спојат на едно од најпрепознатливите места во градот, платото пред Офицерски дом. Од 7 до 9 мај ќе се одржи првото издание на Вински фестивал Битола. Организаторите најавија дека фестивалот е замислен како нов градски настан што треба да ја надополни културно-забавната понуда на Битола ...

На 4.5.2026 година, на Педагошкиот факултет во Битола се одржа промоција на преводот на романот „Три Марии“ од авторката Оливера Ќорвезироска. Настанот започна со обраќање на проф. д-р Силвана Нешковска, која ги водеше студентите-преведувачи во текот на нивната работа. Таа изрази голема благодарност кон авторката за поддршката на студентскиот ентузијазам, како и кон издавачката куќа Ars Lamina, чија соработка беше клучна за објавувањето на ...

На 9 мај, Битола ќе биде домаќин на „Женски Земјотрес Битола“ – фестивал на свежа домашна музика што ја продолжува мисијата на Земјотрес, овојпат со јасен фокус на женските гласови од независната сцена. Со 13 изданија во Скопје и 3 во Битола зад себе, Земјотрес е веќе препознатлива платформа која континуирано ја афирмира новата македонска музика и ја прави видлива пред пошироката публика. Ова издание, сепак, оди чекор понатаму – отворајќи ...

Најпосакуваната светска атракција во моментов, човекот кој не е само супер квалитетен диџеј и продуцент, туку и икона на комплетната современа електронска сцена – BLACK COFFEE доаѓа во Скопје! Black Coffee does not just play music – he makes magic! Македонија и регионот ќе имаат големо задоволство да се дружат со него ова лето, на 19 јуни, на најубавата open air локација во Скопје – Стадион на АРМ! Греми добитник, од глобален хедлајнер на ...

MISSION4WATER: Соработка за одржливо текстилно производство Во организација на Fashion Weekend Skopje, се одржа јавен разговор посветен на еден од најитните, но често занемарени еколошки предизвици – микропластиката. Настанот беше реализиран како дел од иницијативата MISSION4WATER, која има за цел да поттикне иновации и соработка за справување со загадувањето на водите. Разговорот за микропластиката ја отвори темата што индустријата често ја ...

Со свечена и несекојдневна атмосфера, вчера во Битола започна 27. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама. Отворањето беше организирано во два дела , прво на отворено, пред НУ Центар за култура , а потоа и со официјална програма на Големата сцена. Во воведниот дел пред Центарот за култура, за значењето и традицијата на фестивалот се обрати долгогодишната соработничка и поддржувач на фестивалот, Љупка Коларова Пајевиќ, која веќе 26 ...

Неодамна од печат излезе најновата поетска збирка на Даниела Андоновска Трајковска под наслов „Сократовски разговор во еден случаен свет паралелен на себе“ во издание на „Перун Артис“ од Битола. Даниела Андоновска Трајковска е поетеса, прозаистка, книжевна критичарка, уредничка, доктор на науки по педагогија во областа на методиките и редовен професор по методика на Педагошкиот факултет – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола. ...

Неодамна од печат излезе најновата поетска збирка на Даниела Андоновска Трајковска под наслов „Сократовски разговор во еден случаен свет паралелен на себе“ во издание на „Перун Артис“ од Битола. Даниела Андоновска Трајковска е поетеса, прозаистка, книжевна критичарка, уредничка, доктор на науки по педагогија во областа на методиките и редовен професор по методика на Педагошкиот факултет – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола. ...

„Vode nas svjetla“ е најновиот видео запис соработка помеѓу КОД 369 и Паркети. Песната е наменета за целиот регион. Објавена е со пооддршка на Кроација Рекордс и емитувана на нивните медиуми со премиера на ЦМЦ телевизија. Се работи за песна во инди-поп стил и раскажува приказна за претстојниот летен период во кој ќе се случуваат многу авантури, симпатии и случајни средби кои имаат потенцијал да се претворат во долготрајни другарства и љубови. ...

Како човек кој 30 години активно работи во образованието и науката (во државни и приватни научно – образование институции), не зборувам од позиција на моќ, туку од позиција на одговорност. Не сум дел од политичката фела, ниту некогаш сум била. Но, секогаш сум била дел од последиците на секоја нејзина одлука и токму затоа сметам дека имам право да проговорам за суштинските критериуми коишто мора да бидат значајни. Факт е дека не потфрливме ...

На 7 мај, во Центарот за култура, ќе се одржи свечен концерт по повод 30-годишниот јубилеј на СИДО. Овој концерт ќе донесе на едно место музика, спомени и емоции, и ќе ѝ овозможи на публиката повторно да ги доживее песните со кои израснаа многу генерации. Јубилејното издание носи особена вредност, бидејќи на сцената повторно ќе настапат оригиналните изведувачи на најпознатите песни од СИДО, кои по многу години повторно ќе ги изведат хитовите ...

Осма изведба во осум години – прва без авторот, во вечер посветена на неговото дело Битола се сеќава на Тихомир Јанчовски. А UTOPIA – местото каде што минатата година настапи ја продолжува таа меморија преку сцена. На 22 април, со почеток во 20:00 часот, во UTOPIA Private Business Club ќе се одигра монодрамата „Лидија или сè што знам за жените“, експериментална документарна форма базирана на поетскиот роман на Јанчовски. Оваа изведба има ...

По подолга пауза, актерите препознатливи по комедии, видеа, скечеви и филмови, повторно се враќаат таму каде што е најживата енергија. На театарската сцена. Нивниот нов проект, театарската претстава со работен наслов „Европа или смрт“, претставува динамична и актуелна сценска приказна која ја отсликува денешницата низ призма на балканскиот менталитет. Со доза на хумор, иронија и препознатливи ситуации, претставата отвора прашања за тоа кои ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Калај

53.60

Родиум

257205.97