Тотенхем и Лидс jунајтед одиграа 1-1 во натпревар од 36-тото коло на Премиер лига, во дуел кој донесе многу возбудувања во Лондон. Во центарот на вниманието беше напаѓачот на домаќините Матис Тел, кој најпрво постигна прекрасен гол, но потоа направи клучна грешка и направи пенал, со што практично го поништи сопствениот придонес. Тотенхем поведе во 50-тата минута, кога Тел со прецизен удар од работ на шеснаесетникот погоди во спротивниот агол ...

Холандскиот 78-годишен стратег Дик Адвокат ќе се врати на клупата на Курасао, островска држава од Средна Америка која обезбеди историски пласман на Светско првенство 2026, пренесуваат холандските медиуми. Курасао обезбеди историски настап на Мундијалот како најмала држава на која тоа ѝ успеало, а токму искусниот холандски стратег има огромна заслуга за овој успех. Адвокат претходно оваа година мораше да се повлече од селекторската функција ...

Вистински потрес се подготвува во соблекувалната на Реал Мадрид. Како што пишуваат дел од шпанските извори, дел од највлијателните фудбалери на Кралскиот клуб наводно побарале од раководството уште ова лето да ја разгледа продажбата на Федерико Валверде, еден од најважните играчи во последните сезони. Иако Уругваецот со години важеше за миленик на навивачите поради борбеноста, енергијата и лојалноста кон клубот, се чини дека атмосферата во ...

Португалскиот фудбалски гигант Бенфика ќе се обиде да го доведе менаџерот на Фулам, Марко Силва, доколку актуелниот тренер Жозе Мурињо замине за да го преземе Реал Мадрид, пренесува „Скај Спортс“. Иднината на Силва во лондонскиот клуб е неизвесна, бидејќи неговиот договор истекува на крајот од сезоната. 48-годишниот Португалец е и меѓу целите на Челзи, заедно со Чаби Алонсо и Андони Ираола. Марко Силва досега водел два клуба во португалското ...

Во последниот натпревар од 36-тото коло на Серија А, Наполи ја пречека Болоња во дуел кој беше поважен за домаќинот, кој сакаше да обезбеди пласман во Лига на шампиони, но имаше големи проблеми. На крајот, вистинска голеада во првото полувреме и помирно второ, но Роув со „ножички“ го реши мечот за победа на гостите од 2-3. Македонскиот репрезентативец ги одигра последните дваесетина минути од дуелот. Натпреварот започна со водство на Болоња. ...

Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, избегна сериозна повреда, покажаа медицинските прегледи направени утрово, пишува весникот „Марка“. Така тој ќе мора принудно да одмора три недели и ќе биде подготвен за Шпанија за Светското првенство, кое започнува точно за еден месец – на 11 јуни. Нико Вилијамс ја доби повредата при поразот од Валенсија во Ла Лига во текот на викендот, а првичните прогнози не беа добри и предвидуваа дека ...

Карло Анчелоти објави поширок список од 55 фудбалери кои би можеле да настапат за Бразил на Светското првенство 2026. Меѓу нив се најде и Нејмар, фудбалерот на Сантос, чие присуство на списокот е големо изненадување, бидејќи дел од бразилските медиуми тврдеа дека нема да биде повикан. Сепак, шансите тој да отпадне од конечниот список и понатаму се големи. На списокот на Анчелоти се најдоа следните имиња: голмани: Алисон Бекер (Ливерпул) ...

Фудбалерите на Барселона откако ја одбранија титулата во Шпанија, вечерва го прославуваат триумфот со масовна парада низ улиците на градот. Прославата започна во 18 часот, а шампионите на Ла Лига ја примаат поддршката од навивачите на отворен автобус. Патешествието тргна од стадионот „Спотифај Камп ноу“. Уште низ првите улици беше забележливо дека Роберт Левандовски и Воjќех Шченсни се искачија директно на горниот дел од автобусот. ...

Португалецот Жозе Мурињо е главен кандидат за тренер на Реал Мадрид, пишува „АС“ во текст со наслов „Мурињо има две барања за да стане тренер на Реал“. Во Мадрид расте убедувањето дека португалскиот стратег е идеалната личност за враќање на клубот на посакуваниот пат откако тимот во меѓувреме го водеа Чаби Алонсо и Алваро Арбелоа. Веќе е воспоставен прв контакт меѓу агентот на Мурињо, Жорж Мендеш, и Реал Мадрид. Преговорите нема да продолжат ...

Возбудувањата од плејофот во НБА-лигата продолжуваат и претстојната ноќ. Кошаркарите на ЛА лејкерс се на прагот на елиминација откако Оклахома сити тандер може вечерва да им „удри метла“ ако стигне и до четвртата победа. Многу понеизвесно е на пресметката меѓу Кливленд кавалирс и Детроит пистонс, каде што вечерашните гости имаат водство од 1-2 во победи. Покрај стандардните квоти, можете да се обложите и на поентерскиот ефект на кошаркарите. ...

УЕФА објави дека главен арбитер на финалето на фудбалската Лига на шампионите ќе биде Германецот Даниел Зиберт. Овој судија неодамна го судеше реваншот од полуфиналето во кој Арсенал го победи Атлетико Мадрид со 1-0. Тимот од Мадрид изрази незадоволство од одредени одлуки, како на пример онаа кога свирна прекршок врз Габриел, во моментот кога Антоан Гризман постигна гол. Исто така, Џулијано Симеоне беше убеден дека ќе добие пенал поради ...

Египетски новинари објавија ексклузивна информација дека Мохамед Салах се согласил да потпише за Фенербахче, но нема да го направи тоа веднаш, туку уште малку ќе почека и други понуди, па ако не добие некоја подобра од оваа, кариерата ќе ја продолжи во Турција. Фенербахче е очаен во намерата да ја прекине доминацијата на Галатасарај и нема да жали да направи состав кој ќе ја освои титулата во турската Суперлига. Фенер му понудил на Салах ...

Елена Н. е победник во последната петта неделна етапа во акциската игра на Sport Life, „До 50 шанси за 120.000 денари“. Ова е доказ дека и дамите се одлични прогнозери. Елена на тикет со 50 пара има дури 45 погодоци и само пет утки. Иако тикетот е недобитен, влегуваше во конкуренција според правилата и беше победнички, што донесе подарок од 120 илјади денари. Најблиските конкуренти на победничката имаа по 43 погодоци. Сите детали и правила ...

Европската ракометна федерација ги одреди сатниците за финалните натпревари од ЕХФ Европскиот Куп помеѓу македонскиот претставник ГРК Охрид и унгарска Татабања. Првиот меч е на 24-ти мај, во спортската сала во Татабања со почеток од 17 часот, додека реваншот ќе се игра на 31-ви во Охрид, во СРЦ „Билјанини Извори“ од 20 часот. Натпреварите ќе се пренесуваат на Арена Спорт и МРТ3. Тоа значи дека трофејот од ЕХФ Европскиот Куп ќе биде доделен ...

Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) го објави прелиминарниот список од 55-мина играчи повикани од селекторот Лионел Скалони, на еден месец пред почетокот на Светското првенство, на кое Аргентинците ќе ја бранат титулата. Од овие 55-мина кандидати, на Мундијал ќе одат 26-мина. Крајниот рок за поднесување на конечниот список е 30 мај, а во случај на повреда пред првенството, играчот може да биде заменет со еден од играчите наведени на ...

Дербито Рома – Лацио в недела веројатно ќе биде последен пат кога Пауло Дибала ќе настапи на „Олимпико“ во Рим. Самиот го кажа ова, засилувајќи ги шпекулациите дека ќе ја напушти Рома летово и ќе се пресели во Бока јуниорс. Договорот на Аргентинецот истекува ова лето и досега немало разговори за негово продолжување. „Мојата иднина? Вистината е дека ни јас не знам. Но, мојот договор завршува по овие последни два натпревари од сезоната. ...

Клупската сезона во Европа е при крај и веќе се познати 18 од 36-те клубови учесници во фудбалската Лига на шампиони за следната сезона. Првата половина е пополнета, останува до крајот на летото да се знаат сите 36 тима кои ќе играат во лигашката фаза во најсилното клупско натпреварување. Сигурни учесници во ЛШ за следната сезона до овој момент се: Арсенал, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Интер, Барселона, Реал Мадрид, Виљареал, Атлетико ...

Поранешниот помошник судија од Премиер лигата, Дарен Кан, предложи промена на фудбалските правила со кои на напаѓачите ќе им се забрани влегување во голманскиот простор при изведување на корнери. Предлогот доаѓа по контроверзниот инцидент на натпреварот на Арсенал против Вест Хем, каде што клучен гол беше поништен по мешаница во петерецот на Арсенал. Судијата Крис Каванаг првично го призна голот, но откако судијата беше повикан од ВАР собата ...

Возбудувањата во најсилните лиги во Европа продолжуваат и денеска, а тоа е добар мотив за нови Бет билдер опции кои може да донесат одлични добивки. За најатрактивните четири средби кои денеска се на програмата во европските шампионати има билдерски квоти кои се 15 и 16. Тотенхем е домаќин на Лидс, а интересна е комбинацијата која нуди 15 коефициент. Тој ќе биде домаќин ако: Тотенхем победи, Тел постигне гол или асистира, Ришарлисон има над ...

Монако на домашен терен загуби од Лил со 1:0 и по овој неуспех, тимот од Кнежеството ги загуби шансите за пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. По 33 кола, Монако остана на 54 бода и е на седмото место, додека Лил со победата сега стигна до 61 бод и се искачи на третото место на табелата. Навивачите на Монако по мечот го најдоа „виновникот“, а тоа е Пол Погба. Фановите се гневни на Погба поради неговото однесување по поразот. ...

Ламин Јамал не играше на синоќешното Ел Класико против Реал Мадрид, но каталонскиот гигант и без него успеа да победи со 2:0 и на тој начин и официјално да ја одбрани титулата во домашниот шампионат. Веднаш по мечот, Јамал беше подготвен за славење и им се приклучи на соиграчите на теренот. View this post on Instagram A post shared by BlaugranaTimee 🗞 (@blaugranatimee) Со освојување на овој трофеј, тинејџерот само ја продолжува ...

Фудбалот, ракометот и кошарката традиционално се најпопуларните три спортови во Македонија. Ако фудбалот на глобално ниво во Европа го има приматот на најпопуларен и најгледан, Македонија по тоа прашање е исклучок. Во Македонија како најпопуларен спорт веќе подолг период е ракометот. Едноставно, обичниот навивач ја има загубено желбата да гледа фудбал во Македонија. Тоа се потврдува и од последните мечеви кои ги гледаме на домашна сцена во ...

1104 Тотенхем – Лидс (21 ч.) Само со 37 бода од 35 меча, Тотенхем се наоѓа на 17-тото место и е во ситуација кога може да испадне од Премиер лигата. Затоа Тотенхем мора да брка победа против Лидс, кој има со 43 бода и исто така уште не е сигурно спасен. Лидс е во серија од шест меча без пораз, но и Тотенхем влезе во добра низа и освои седум од можните девет бода во последните три меча. Традицијата вели дека Тотенхем победил на последните пет ...

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин, повторно предизвика бура кај англиската јавност по контроверзната одлука за ВАР-системот на натпреварот Вест хем – Арсенал, каде што голот на домашниот тим беше поништен поради наводен фаул врз голманот Дејвид Раја. Арсенал победи со 1:0 против Вест хем и Топчиите се зацврстија на првото место на табелата, додека Чеканите остануваат во зоната за испаѓање. Освен погодокот на гостите, гол даде ...

Фудбалерите на Архус се нови шампиони во првенството на Данска. По долги 40 години чекање, клубот ја обезбеди шампионската титула откако синоќа на гостински терен со 2:0 го победи големиот ривал Брондби и на едно коло до крајот веќе и официјално се најдобри во својата земја. За Архус ова е вкупно шеста шампионска титула, а прва по точно четири децении чекање. По 31-вото коло, Архус има 64 бода, четири повеќе од Митјиланд, кој во ова коло ...

Возбудувањата во Супер типот каде што може да се најдат многу зголемени коефициенти денеска ќе започнат со неколку тениски дуели. Тијафо и Медведев се фаворти и за нивни победи квотите се 1.47 и 1.45. За победа на Меџедовиќ, квотата е зголемена на 1.76, а кај женскиот дел од турнирот фаворитските улоги се за Андреева и Пегула, но има одлични коефициенти за нивни победи. Од фудбалот, Краснодар кој се бори за титулата во руското првенство, мора ...

Во втората сезона како тренер на Барселона, Ханси Флик го донесе и вториот шампионски пехар во клупските витрини. Германскиот стратег едноставно знае како се станува најдобар во домашното првенство и иако против себе има еден ривал каков што е Реал Мадрид, каталонскиот гигант има дури 14 бода предност на три кола до крајот. За Флик ова беше емотивно најтешкиот меч во кариерата затоа што на денот на Ел Класико му соопштија дека починал ...

Пет интересни меча се дел од понеделничката понуда во Квотите на денот, а ако сите пет понудени комбинации ги одиграте заедно на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 41.50. Спартак Москва е домаќин на Рубин Казањ и тука во првото полувреме не треба да има повеќе од еден гол, додека во вториот дел треба да бидат постигнати еден или два погодоци за да биде добитна квотата од 2.20. Наполи е домаќин на Болоња и треба да постигне ...

Барселона уште еднаш потврди дека е најдобар тим во Шпанија, откако со 2:0 го победи Реал Мадрид и во голем стил ја одбрани титулата во Примера дивисион. Со оваа победа Барселона стигна до 106 триумфи во Ел Класико и сега се израмни со вечниот ривал по бројот на триумфи во Ел Класико. Додека се играше дербито на „Камп Ноу“, Пари Сен Жермен играше во домашното првенство, каде успеаа минимално со 1:0 да го победи Брест. Со овој триумф Светците ...

Барселона со 2:0 го победи Реал Мадрид во Ел Класико и на тој начин ја обезбеди 29-тата шампионска титула во шпанското првенство. Каталонскиот гигант има убедливи 14 бодови повеќе од вечниот ривал и тоа на само три кола до крајот. Иако двоцифрена е предноста на Барселона во однос на Реал и каталонскиот гигант доминираше на синоќешниот меч на „Камп Ноу“, од Мадрид стигнуваат реакции со незадоволство посебно на судењето на Ел Класико. На Реал ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
34%
1015
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
3.59
45%
1011
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
47%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
48%
1011
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
2.24
45%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 27ᴼ
3.58
46%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
48%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
1.17
60%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Калај

53.60