Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Петте квоти на денот во Sport Life кои се нудат за денеска, прават вкупен коефициент од 41.46, а првиот меч од кој има игри во понудата, Реал Мадрид – Рајо Ваљекано, почнува во 14 часот. Квотата од 2.30 е мошне привлечна за сите кои мислат дека Реал ќе постигне два или повеќе голови во второто полувреме против малиот мадридски ривал против кој Кралевите имаат проблеми во последните сезони. Да биде нерешено на полувреме или на крај на Лион – ...
Во првиот настап по смртта на татко му, Ибрахима Конате постигна гол, и не можеше да ги сопре емоциите, се расплака на терен. Таткото на Конате беше погребан на 23-ти јануари и Конате пропушти три меча. Откако го даде голот во финишот на средбата со Њукасл, сите соиграчи притрчаа кон него за да го прегрнат и утешат, а меѓу нив и голманот Алисон Бекер (неговиот татко почина во 2021 година) кој истрча на другата страна на теренот за да им се ...
Филаделфија без суспендираниот Пол Џорџ долго се мачеше против Њу Орлеанс, но најде начин како да победи со 124-114, благодарение на Џоел Ембид кој даде 40 поени, а собра и 11 скока. Шарлот има убава серија од шест победи по ред, нивна најдолга во последните десет сезони, го совладаа и Сан Антонио со 111-106. Хорнетс го запрес Виктор Вембањама на само 16 поени и осум скока. Четврта победа во низа извојува Минесота, беа прилично убедливи на ...
Трансферот на напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман, во турскиот Фенербахче официјално пропадна, објавија италијанските медиуми. Нигерискиот интернационалец веќе се договори со турскиот клуб до летото 2029 година со годишна плата од 10 милиони евра, додека Аталанта бараше 40 милиони евра. Сепак, клубовите не успеаја да се усогласат ниту за начинот на исплата, ниту за потребните банкарски гаранции, па трансферот не се реализираше. Сепак, ...
Ливерпул се врати на победнички пат во Премиер лигата по пауза од пет кола, откако пред својата публика убедливо го совлада Њукасл со 4-1. Црвените влегоа во сериозна резултатска криза, а позицијата на менаџерот Арне Слот се доведуваше во прашање, но вечерашниот натпревар покажа дека Ливерпул сè уште има шанса да ја спаси сезоната. Првиот гол на мечот го постигна Ентони Гордон во 36-тата минута. Крилниот фудбалер прими топка на работ од ...
По поразот кај Реал Сосиедад, Барселона се врати на победнички пат на гостински терен во Ла Лига, откако го совлада Елче со 1-3. Барселона уште од почетокот го диктираше темпото, а водството дојде со првиот напад. По прецизна топка на Олмо, Јамал се најде сам пред голманот на Елче и со прецизен удар ја затресе мрежата за 0-1. И покрај водството, Каталонците не го намалија темпото и продолжија со силен притисок. Сепак, од првата сериозна шанса ...
Ракометарите на Вардар доживеаја пораз во финалето на „Лабин Купот“ во Хрватска, откако Загреб славеше со 34-27. Во првото полувреме се играше израмнето, со менување на водството гол за гол, но Загреб успеа да зголеми темпото пред паузата и да замине со предност од 17-15. Вардар се држеше до резултатот 18-20, но потоа влезе во сериозна криза, што Загреб го искористи за да ја зголеми предноста и на крајот да обезбеди убедлива победа од 34-27. ...
Голманот на Милан, Мајк Мењан, потпиша нов договор со Росонерите, пренесуваат италијанските медиуми. Се очекува официјалната потврда да биде објавена до крајот на викендот. Договорот го врзува францускиот голман со клубот до јуни 2030 година, со опција за продолжување до 2031 година, која клубот може да ја активира по своја желба. Само пред неколку месеци иднината на Мењан беше неизвесна. Летото тој беше поврзуван со трансфер, бидејќи ...
Кошаркарот на Филаделфија сиксерс, Пол Џорџ, е суспендиран на 25 натпревари поради прекршување на антидопинг правилата на НБА лигата. НБА не објави детали за прекршокот ниту за супстанцата која била во прашање. Според договорот помеѓу НБА и Националната асоцијација на кошаркари, суспензијата од 25 натпревари укажува дека се работи за прв прекршок на Џорџ. Поради суспензијата, деветкратниот олстар-играч ќе изгуби околу 11,7 милиони долари од ...
Хамбургер и Баерн Минхен приредија одлична фудбалска претстава во 20-тото коло од Бундеслигата, играјќи 2-2 на преполниот „Фолкспаркштадион“. Некогашното големо германско дерби повторно доби сјај, со многу шанси, брзо темпо и неизвесност до последниот судиски свиреж. Домаќините тргнаа храбро и први се заканија, а во фокусот повторно беше младиот Лука Вушковиќ, кој со зрелост и самодоверба им создаваше проблеми на гостите. По неколку ...
Челзи ја продолжи победничката серија под водство на Лиам Розениор и ја забележа третата последовна победа, откако во возбудливо лондонско дерби направи целосен пресврт против Вест хем и славеше со 3-2 на „Стемфорд Бриџ“. Вест хем максимално ги искористи своите шанси, Боувен погоди рано, а Самервил ја удвои предноста за 0-2 до паузата. Дополнителен удар за Челзи беше повредата на младиот Гитенс, кој мораше да го напушти теренот уште во ...
Наполи се врати на победите во Серија А, откако со 2-1 го совлада тимот на Фиорентина во натпреварот од 23-тото коло кој се одигра на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер и одигра цел натпревар. Актуелниот италијански шампион го отвори резултатот со погодок на Антонио Вергара, а Мигел Гутиерез во второто полувреме ја потврди победата. Фиорентина донесе мала неизвесност по погодокот на Манор ...
МЗТ Скопје продолжува со победничкиот ритам во Суперлигата, откако го совлада Феникс 2010 на гостински терен со 73-85 во 13-тото коло. Избраниците на Васко Атанасов на паузата имаа скромна предност од 40-46, но силното второ полувреме ја реши судбината на мечот. Феникс го доби третиот период со минимална разлика, но во завршните десет минути МЗТ ја покажа својата класа и се одлепи на +10, обезбедувајќи убедлив триумф. Најефикасен беше Мек ...
Вардар одигра без голови (0-0) во претпоследниот пријателски натпревар на подготовките во Сиде, Турција, против Сараево. Вардар започна во најсилниот состав, кој ја доби најголемата минутажа на подготовките. Првото полувреме помина без значајни шанси, додека во второто дел новoто засилување Цветковиќ погоди по асистенција на Закариќ, но голот беше поништен поради офсајд. Сараево имаше две добри шанси преку Оливеира, но одбраната на Вардар ...
Англискиот премиерлигаш Манчестер сити понудил неверојатни 200 милиони евра за Педри, што потенцијално би бил и најголемиот трансфер во историјата на англискиот клуб. Планот на Граѓаните е да го комплетираат својот среден ред со Педри, Родри и Нико Гонзалес како идеална замена за Бернардо Силва, кој би го напуштил „Етихад“ ова лето. Сепак, и покрај огромната понуда и финансиските предизвици со кои се соочува Барселона, каталонскиот гигант ...
Ливерпул ќе мора извесен период да настапува без Жереми Фримпонг, откако клубот потврди дека холандскиот фудбалер заработил повреда која ќе го оддалечи од терените неколку недели. Дефанзивецот се повреди за време на убедливата победа од 6-0 против Карабах во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите, но првичните прогнози се покажале пооптимистички од очекуваното. „Ќе отсуствува неколку недели, но повредата не е сериозна колку ...
Арсенал одигра одлично на тешкото гостување кај Лидс jунајтед и забележа убедлива победа од 0-4 во 24-тото коло на Премиер лигата. Топчиите го отворија натпреварот со брз гол на Мартин Зубименди, а предноста ја удвоија со автоголот на Карл Дарлоу. Лидс немаше одговор на доминацијата на гостинскиот тим, а во второто полувреме Арсенал го комплетираше триумфот со головите на Виктор Ѓокереш и на Габриел Жезус. Со оваа победа, Топчиите ја ...
Баер Леверкузен оствари важна победа на гости (1-3) против Ајнтрахт Франкфурт со која се вклучи во трката за пласман во Лигата на шампионите. Артур го постигна првиот гол во Бундеслигата, Малик Тилман во 33-тата минута зголеми на 0-2, а иако Кох намали на стартот на второто полувреме, Алеиш Гарсија го потврди триумфот за гостите од 1-3 со погодокот во 93-тата минута. Лајпциг доживеа непријатен пораз од 1-2 на домашен терен против Мајнц. Амири ...
Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, смета дека треба да бидеме задоволни од ждрепката за баражот за СП 2027, каде потенцијални ривали ни се Украина или Словачка. Со кого и да играме во мај, тоа ќе биде добра шанса да победиме во двомечот и да се пласиираме на Светското првенство во Германија во јануари 2027. Лазаров како и секогаш е оптимист, но и претпазлив, нема да дозволи еуфорија или потценување. ...
Фудбалерите на Овиедо конечно се израдуваа на победа по заминувањето на Вељко Пауновиќ, откако денеска на домашен терен минимално ја совладаа Жирона со 1-0. Херој на тимот од Астурија беше Ќаира, кој го постигна единствениот гол во 74-тата минута, додека голманот Ескандел се истакна со неколку клучни интервенции во самиот финиш и директно придонесе за трите бода. Овиедо немаше почувствувано победа уште од 30-ти септември, кога славеше против ...
Преговорите помеѓу Аталанта и Фенербахче околу еден од најдобрите африкански фудбалери, Адемола Лукман, уште не се прекинати, иако имаше такви информации синоќа. Нигериецот можеби сепак ќе го облече дресот на најпопуларниот турски клуб, објавуваат италијански медиуми. Фенер многу го посакува Лукман во своите редови, се договорија околу платата (9 милиони по сезона), а отштетата треба да биде 40 милиони евра, сега се преговара само начинот на ...
Ајнтрахт Франкфурт официјално влезе во нова ера, откако германскиот бундеслигаш го промовираше Алберт Риера како нов шеф на стручниот штаб. Шпанецот доаѓа на местото на Дино Топмелер, по чија заминување клубот кратко време беше воден од тренерот на У21 тимот, Денис Шмит. Раководството на Ајнтрахт одлучи долгорочно да му ја довери клупата на 43-годишниот стратег, кој пристигнува од словенечкиот шампион Целје. За неговиот трансфер германскиот ...
Ракометарите на Македонија со настапот на Европското првенство и освоеното 14-то место направија значаен исчекор за идните натпреварувања. Победата и ремито против Романија и Португалија донесоа важни поени кои директно влијаеја врз позицијата на нашата селекција во следните квалификациски циклуси. Благодарение на овој пласман, Македонија ќе биде меѓу носителите на ждрепката за претстојното Светско првенство, што значи и полесен пат во ...
Со дуелот на Шарлот хорнетс и Сан Антонио спарс кој почнува во 18 часот, стартува вечерашната програма во НБА лигата, а после полноќ се играат уште пет меча. Хорнетс и Спарс ќе играат во термин погоден за љубителите на кошарката во Европа. Гостите се фаворити, но нивната последна победа во Шарлот на официјален меч беше во февруари 2021 година. Вечерва во Хјустон има тексашко дерби, а квотите најавуваат дека најтесно треба да биде во ...
Германскиот стручњак Ханси Флик пишува историја со Барселона, неговиот пристап отсекогаш е да оди на победа, никогаш не калкулира со нерешен исход. Неговата порака до своите играчи е јасна: одете на победа, дајте сè од себе. И тоа се рефлектира во неговата статистика: 70 победи од 93 натпревари. Оваа сезона има 26 победи и 5 порази, а само две ремија. Барса со Флик на клупата одигра само двапати нерешено во 33-те официјални натпревари ...
Косовскиот интернационалец Емир Сахити кој во минатото три сезони играше и за Работнички, од Хамбургер се пресели на позајмица во Макаби Тел Авив. Германскиот тим се прости од Емир со српскиот збор „брате“. Ова предизвика лавина од реакции меѓу Албанците, а Србите ликуваат и сметаат дека и во ХСВ „знаеле дека Косово е Србија“. Сахити е роден во Земун, а родителите му се Албанци од Медвеѓа. Детството го мина во Приштина, а од 2015 до 2018 ...
Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Австралијан опен, каде што ќе игра против Карлос Алкараз за својата 11-та титула на Австралија Опен в недела од 9.30 часот. Тој добил огромен број пораки со честитки, ова е негово прво гренслем финале по Вимблдон 2024 година. „Ви благодарам за поддршката, неколку пати во текот на натпреварот размислував за луѓето од Србија и регионот, дали гледаат. Ја почувствував таа сила, некако го почувствував ...
Штета што ќе го нема Александер Исак на денешниот меч против неговиот поранешен тим од кој си замина со рекордно скап трансфер, но средбата на Ливерпул и Њукасл ќе биде многу интересна за типување. Во Специјалот на Sport Life има многу нестандардни игри со кои може да си го зголемите уживањето следејќи го мечот. Уго Екитике е фаворит за прв стрелец на мечот. Во август кога Ливерпул победи со драматични 3-2 на „Сент Џејмс парк“, Екитике беше ...
Елена Рибакина од Казахстан е победничка во женска конкуренција на Отвореното првенство на Австралија во тенис. Таа во финалето ја победи првата носителка Арина Сабаленка, со 6-4, 4-6, 6-4. Сабаленка го освои АО во 2023 и 2024, а ги загуби финалињата минатата и оваа година. Белорусинката лани играше три финалиња на гренслемите, но доби само едно и таа црна серија продолжува. Рибакина до денеска имаше една гренслем титула освоена на Вимблдон ...
Дури 18 Бет билдер комбинации нуди Sport Life за денеска, а од нив, во четири кои се дневни миксови за најсилните лиги во Европа, има џиновски квоти над 100 и се бараат одреден број на голови, корнери, картони и шутеви во рамки на гол на сите денешни мечеви од тие лиги. Има по два билдери и на мечевите на кои фаворити се Арсенал, Наполи, Челзи, Баерн, Атлетико, Ливерпул, Барселона, а најмалата квота е 15.0 и овие игри се како порачани за ...