Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Манчестер сити оваа сезона воопшто не личи на тимот кој сме навикнати да го гледаме во последните неколку години. Она што најмногу ги загрижува навивачите, но и клупското раководство, покрај заостанувањето зад Арсенал, тука се и променливте игри на Граѓаните. Пеп Гвардиола никако не успева да воспостави рамнотежа и тимот да фати континуитет, да престанат киксовите кои се случуваат сè почесто. Манчестер сити во неделата повторно киксна, ...
Францускиот играч од средниот ред, Н’голо Канте, нема да стане ново засилување на Фенербахче. Иако сè беше на чекор до реализација, откако клубовите постигнаа договор, а фудбалерот беше подготвен да се пресели во Истанбул, па дури и ги помина лекарските прегледи, од враќањето на Канте во Европа нема да има ништо. Требаше да се случи размена на играчи меѓу Фенербахче и Ал-Итихад, при што во насока на Саудиска Арабија наместо Канте ќе замине ...
Лионел Меси наводно дал зелено светло за сензационален трансфер во Галатасарај, што би вклучувало бизарна клаузула според која Аргентинецот нема да игра на гостински терен, туку за Галата би настапил на 12 меча, и тоа само на домашен терен во Истанбул. Иако Аргентинецот го продолжи договорот со Интер Мајами до 2028 година, тој сака да биде сигурен дека е целосно подготвен за Светското првенство во 2026 година, што би можело да значи ...
Дури девет натпревари се играат вечерва во кошаркарската Евролига, па и понудата за обложување во Sport Life е побогата од вообичаеното. Имате огромен број игри поврзани со мечевите, плус тука се опциите да одиграте на број на поени на повеќе од 100-тина кошаркари и на број на тројки, фаули, скокови и асистенции на секоја од екипите. Ненад Димитријевиќ со Баерн Минхен го пречекува Париз, тим кој е познат по својата ефикасност, па таму треба ...
Македонската фудбалска репрезентација на 26-ти март на стадионот „Паркен“ во Копенхаген против Данска ќе го одигра полуфиналето од плеј-офот за пласман на Светското првенство 2026, а Фудбалската федерација на Данска за нашите навивачи ги обезбеди следните места и ги одреди цените на влезниците: Гостински навивачи: Блок D1 – до 1.750 седишта Цена: 3.650 денари Гостински навивачи со попреченост: Блок D1 – 6 позиции за корисници на инвалидски ...
Фудбалскиот клуб Барселона формално ја изрази својата подготвеност да учествува, заедно со Градскиот совет на Барселона и Владата на Каталонија, во почетниот процес на кандидатурата за организација на финалето на Лигата на шампионите во 2029 година, предлагајќи го градот Барселона како можно место за одржување на настанот и „Камп ноу“ како предложен стадион. Секако, сето ова под услов стадионот да добие соодветна хомологација и одобрување од ...
Вечерашниот реванш дуел на Арсенал и Челзи на „Емирејтс“ ќе го одреди првиот финалист во Лига купот на Англија. Првиот меч заврши со победа на Арсенал од 3-2, па Топчиите се поблиску до финалето на „Вембли“. Во Специјалот на Sport Life, Челзи е фаворит, но за да биде тимот кој ќе има почетен удар, да има повеќе картони. Квотата Алехандро Гарначо да даде гол за Сините е 5.00, а Аргентинецот ги даде двата гола за својот тим на првиот дуел игран ...
Ерменскиот кошаркар Даниел Киракосјан на натпреввар од А лигата во својата земја имаше партија за која слушна цел свет и овој 20-годишник сега ќе биде посакувано засилување за многу екипи, ќе пристигнат многу понуди за преселба во поголем клуб. Киракосјан, кој игра за клубот БКМА, постигна дури 84 поени, но не само тоа, туку оствари и трипл-дабл. Освен што имаше 84 поени, тој имаше и 14 скока и 10 асистенции, што му донесе неверојатен индекс ...
Два натпревари го привлекуваат вниманието на фудбалската јавност од вечерната понуда. Арсенал и Челзи го играат реваншот од полуфиналето на англискиот Лига куп, а во Серија А, Милан ѝ гостува на Болоња. Токму овие два меча се дел и од Бет билдерот со вкупно шест опции и квоти кои достигнуваат и до 25.00. Болоња и Милан имаат две опции со исти квоти од по 15.00, додека Арсенал и Челзи имаат квоти од 20.00 и 22.00. Најголемите квоти се за ...
Кристијано Роналдо не беше дел од составот на Ал-Наср на гостувањето кај Ал-Ријад во знак на протест против политиката на Инвестицискиот фонд, кој е сопственик на најголемите клубови во Саудиска Арабија. Португалецот е лут на трансферот на Карим Бензема од Ал-Итихад во Ал-Хилал и смета дека на тој начин се фаворизираат останатите екипи и затоа Ал-Наср не може да освои трофеј. Во моментов токму Ал-Хилал е лидер во Саудиска Арабија со бод ...
1323 Албасете – Барселона (21:00) Албасете по сензационалната победа над Реал Мадрид во Купот на Шпанија вечерва ја пречекува и Барселона во обид за ново изненадување. Сепак, се чини дека Каталонците нема да дозволат такво нешто. Ова ќе биде прв меѓусебен дуел на овие две екипи по пауза од над 20 години, а Барселона ги доби последните шест, но тоа беше во периодот од 1995 до 2005 година. Предлог тип: 2 & 30+min (3.00) 1092 Арсенал – ...
Ливерпул и официјално се пофали со потписот на францускиот дефанзивец Жереми Жаке од Рен, за кого ќе плати 60 милиони евра, но и дополнителни 12 милиони евра во бонуси. Сепак, 20-годишниот Французин на „Енфилд роуд“ ќе пристигне дури налето, а договорот му е со важност до 2031 година. Црвените во битката за младиот Жаке го победија ривалот од Премиер лигата, Челзи. We have reached an agreement for the transfer of Jeremy Jacquet from Stade ...
Еден кошаркарски натпревар и 15 фудбалски меча се дел од понудата со зголемени квоти на Sport Life, Супер типот. Единствениот кошаркарски меч е оној помеѓу Црвена ѕвезда и Хапоел од Евролигата, додека вистинските возбудувања се фудбалски. Во Супер типот за вторник може да се најдат зголемени квоти за победи на Милан, Леверкузен, Арсенал, Марсеј и уште 11 други натпревари, или вкупно зголемени квоти за 76 игри во Sport Life. Еден ...
Договорот помеѓу Роберт Левандовски и Барселона завршува на крајот од оваа сезона, но иако се поизвесно е дека тој нема да биде продолжен, сепак полскиот репрезентативец се надева дека некои работи може да се променат по клупското собрание во април. Левандовски не сака да ја напушти Каталонија, но не планира да биде ниту резерва, а јасно е дека има неколку понуди на неговата маса, но според најавите се ќе биде јасно во април, кога треба да ...
Нови пет натпревари се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте меча е 40.7, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.00 и 2.20. Понудената квота од 2.00 за натпреварот на Болоња и Милан ќе биде добитна само ако гостите постигнат еден или два гола во второто полувреме. Блекбурн и Шефилд имаат квота од 2.20, а таа ќе биде добитна ако домашните постигнат најмалку еден гол на целиот натпревар, но и ако има ...
Претседателот ФИФА, Џани Инфантино, во интервју за „Скај спортс“ најави дека наскоро ќе биде укината суспензијата за Русија и тие ќе може да се вратат во светскиот фудбал. „Мора да го разгледаме враќањето на Русија, дефинитивно, бидејќи оваа забрана не постигна ништо. Само создаде поголема фрустрација. Многу би помогнало која девојчињата и момчињата од Русија би можеле да играат натпревари во другите делови на Европа.“ – рече Инфантино. ...
Серијата од шест порази по ред за кошаркарите на Мемфис конечно заврши, откако пред својата публика славеа со 137-128 над Минесота. Триумфот на Минесота значеше и крај за низата од четири победи на гостите, но и реванш за поразот од пред два дена. Гостински победи забележаа екипите на Хјустон и Филаделфија, кои славеа кај Индијана, односно ЛА Клиперс, додека Шарлот забележа домашен тримф над Њу Орлеанс. Резултати: Шарлот – Њу Орлеанс 102-95 ...
Легендарниот француски напаѓач Карим Бензема е нов играч на Ал-Хилал. Тој пристигнува од ривалскиот Ал-Итихад, најтрофејниот тим во Саудиска Арабија. Бензема направи огромно предавство, го одби Ал-Итихад, навреден од скромната понуда за продолжување на соработката, а потоа вечерва потпиша со најголемиот ривал, Ал-Хилал. Бензема се приклучи на неколку други големи ѕвезди кои играат за Ал-Хилал. Меѓу нив се Дарвин Нуњес, Рубен Невеш, Тео ...
Минатата сезона водеа биткa во Чемпионшип. Сандерленд сега е хит во Премиер лигата, додека Барнли најверојатно ќе се врати таму од каде дојде. Црните мачки славеа на домашен терен со 3-0 во 24-тото коло на Премиер лигата, додека нивниот ривал е „закован“ за претпоследното 19-то место со 15 бода. Домаќинот вечерва доминираше на теренот, а одлуката ја донесе сенегалскиот играч за врска Хабиб Дијара, кој очигледно беше мотивиран по освојувањето ...
Фудбалерите на Мајорка ја победија Севиља со 4-1 во натпреварот од 22-то коло на Ла Лига. Мајорка сега има ист број бодови како нејзиниот вечерашен ривал (24) и се наоѓа на 15-тото место. Муричи го постигна првиот гол на натпреварот, од пенал во 26-тата минута, за 1-0. Пред крајот на првото полувреме Севиља изедначи преку Мопеј, на асистенција од Фернандез. По враќањето на теренот, Мајорка повторно поведе со гол на Коста во 53-тата минута, а ...
Во последниот натпревар од 23-тото коло на италијанската Серија А, Удинезе вечерва на свој терен ја победи Рома со 1-0. Ова е вкупно деветта победа за тимот од Удине, кој се искачи на деветтото место со 32 бода, додека Рома остана на петтата позиција со 43 бода, два помалку од Јувентус на четвртото место. Победничкиот гол беше постигнат на почетокот од второто полувреме. Во 49-тата минута, домаќините издејствуваа слободен удар од левата ...
Есенскиот првак Вардар на 7 февруари, в сабота, ќе гостува кај второлигашот Осогово во Кочани и ќе одигра пријателски натпревар. Од клубот од Кочани истакнаа дека натпреварот ќе има хуманитарен карактер. „Натпреварот се организира во чест и сеќавање на трагичниот настан од 16 март. Сите собрани средства ќе бидат наменети за изградба на спомен-обележје, како траен симбол на почит и сеќавање“, нагласуваат од клубот. Вардар денеска го одигра ...
Кристијано Роналдо сè поотворено го покажува своето незадоволство од престојот во Саудиска Арабија, пред сè поради тоа што Ал-Наср не вложува доволно во засилувања, за разлика од ривалите кои редовно носат звучни имиња. Според угледниот португалски медиум „Рекорд“, во договорот на Роналдо постои клаузула што му овозможува да го напушти клубот во јуни 2026 година, а извесно е дека истата ќе биде активирана. Португалската ѕвезда не се појави на ...
Трансферот на напаѓачот Жан-Филип Матета од Кристал Палас во Милан пропадна. Италијанскиот клуб извршил дополнителни проверки и проценки на здравствената состојба на францускиот фудбалер, по што била донесена конечната одлука. Таа се темели на медицинските прегледи на 28-годишниот напаѓач на англискиот тим. Според италијанските медиуми, стара повреда на коленото е причината за пропаѓањето на зделката. Првично се сметаше дека Милан ќе го ...
Македонскиот прволигаш Работнички доведе големо засилување на голманската позиција. Камерунецот Фабрис Ондоа потпиша договор на една и пол година со клубот од Дебар Маало. Камерунскиот голман (30) доаѓа како слободен агент, а во кариерата има настапувано за Барселона (Б), Алавес, Остенде, Гимнастик, Истра, РФС… Тој има 53 настапи за репрезентацијата на Камерун. Дебитираше во 2014 година на возраст од 18 години и го претставуваше Камерун на ...
Црногорскиот репрезентативен лев бек, Вуко Борозан, е нов играч на ГРК Охрид! Борозан (203 см, 31 год.) потпиша договор со важност до крајот на сезоната. Во Охрид доаѓа од Вардар 1961, а во својата богата кариера има настапувано и за екипите на Веспрем, Загреб, Ловќен, Металург, итн. „Многу сум среќен што потпишав за екипа со големи амбиции, екипа која има одлични ракометари. По разговорот со тренерот Ројевиќ и управата на клубот одлучив да ...
Нигериското крило Адемола Лукман потпиша четиригодишен договор со Атлетико Мадрид. Најдобриот африкански фудбалер за 2024 година, во претходните три и пол сезони настапуваше за Аталанта, но недоразбирањата кои ги имаше, приднесоа веднаш да биде продаден. Се шпекулира дека Аталанта ќе добие фиксни 35 милиони евра и можни уште пет милиони ако се исполнат бонусите во договорот на 28-годишниот Лукман. Ова е втор договор на овие два клуба зимава. ...
Нема да погрешите ако во Sport Life уплатите тикет со вечерашните натпревари од НБА-лигата. Квотите за конечен тип се многу примамливи бидејќи има фаворити, но нема ептен мали квоти и ако се врзат сите, може да се дојде до солидна добивка. Секако, тука се и уште еден куп игри, а има и листа од 45-мина кошаркари на кои може да одиграте на „плус-минус“ поени. Мечот во Шарлот е од 21 часот, другите три се по полноќ. Хорнетс има шест победи по ...
Фиорентина го доведе на позајмица искусниот дефанзивец на Јувентус, Даниеле Ругани. Тој ќе го носи виолетовиот дрес до крајот на сезонава, со можност налето да биде откупен за 2 милиони евра, но само ако Фиорентина обезбеди опстанок и не испадне во Серија Б. Ругани има само осум настапи за Јуве оваа сезона во Серија А и во Лигата на шампионите. Има вкупно 157 меча за Старата дама, што го става на четвртото место меѓу актуелните играчи зад ...
Фудбалерите на Вардар загубија од ерменски Алашкерт со 0-3 на последниот подготвителен пријателски меч на Црвено-црните во Анталија. Вардарци во Турција одиграа шест меча, не добија ниту еден, а вкупната гол-разлика им е 3-14. Алашкерт е четвртопласиран во ерменската лига, но има помалку бодови само од лидерот Арарат. Настап за Вардар имаше повратникот Дарко Велковски, а екипата утре се враќа дома, по што ќе продолжи со подготовки за вториот ...