Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Мечеви од најсилните лиги во Европа се дел од најновото коло на Спортската прогноза, а посебно внимание привлекуваат три дерби-пресметки. Манчестер јунајтед нареди три победи и сега има предизвик на „Олд Трафорд“ да ја продолжи серијата во дуелот против Тотенхем. Интересно е тоа дека во претходните неколку кола, мал беше бројот на прогнозери кои веруваа дека Црвените ѓаволи ќе победуваат против Манчестер сити, Арсенал и Фулам, но сега ...
Милан без многу мака победи со 3:0 на гости кај Болоња и се зацврсти на второто место на табелата. Росонерите имаат 50 бода од 23 кола и само Интер е пред нив со пет бода повеќе. Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, е задоволен од тоа како игра неговиот тим во досегашниот дел од сезоната. Стратегот уште еднаш потенцираше дека главниот фокус на Милан нема да биде да го бркаат првото место на табелата, туку да бидат меѓу најдобрите четири, ...
Еден од најголемите македонски фудбалски таленти и репрезентативец до 19 години, Александар Грашески и официјално го потпиша својот прв стипендиски договор со Динамо Загреб. Грашески кој има само 17 години, веќе една година е дел од најтрофејниот хрватски клуб, сега го потпишува и својот прв официјален договор со екипата од „Максимир“. Офанзивнот играч од средниот ред одреден период беше надвор од теренот поради повреда, но сега е подготвен ...
Меч кој треба да го даде финалистот во Лига купот на Англија. Манчестер сити го има адутот затоа што победи на првиот меч на гости со 2:0, а сега игра пред своите навивачи. Њукасл е во лош ритам и во последните шест меча има биланс од три порази, две ремија и само една победа, но тоа не значи дека гостите предвреме ќе се предадат. Традицијата вели дека на последните шест меча меѓу овие ривали секогаш имало минимум по два гола, што е најава ...
Со триумфот на Отвореното првенство на Австралија, Карлос Алкарас стана најмладиот тенисер кој ги комплетирал трофеите од четирите гранслем-турнири. Шпанецот тоа го направи на 22 години и 272 дена. Покрај тоа, Алкарас стана и најмладиот тенисер во историјата кој освоил седум гранслем-пехари, рушејќи го рекордот на легендарниот Бјорн Борг. Борг до седум титули на гранслем-турнирите стигна со 23 години и четири дена. Рафаел Надал имаше 24 ...
Наполи викендов минимално ја победи Фиорентина со 2-1, а во финишот имаше ситуација која го излуде тренерот Антонио Конте, по што тој во момент на лутина и бес им се заканувал на нашиот Елиф Елмас и на Шпанецот Мигел Гутиерес дека ќе ги убие. Пред да шутне шише, Конте им вика – повеќе или помалку добронамерно – на своите играчи: „Ќе ве убијам, ќе ве убијам!“. Ова е честа фраза која ја користат тренерите од сите нивоа, од аматери до ...
Доскорешниот играч на Вардар Касим Роџерс Мато, во претходните неколку недели беше во фокусот на вниманието и тоа поради неговиот трансфер во шкотски Хартс. Минатата недела Хартс и официјално го престави Мато, a репрезентативецот на Уганда веќе го имаше и дебито во новиот клуб. Мато ќе биде во Хартс како позајмен играч од Вардар до крајот на сезоната, а потоа ќе зпаочне неговиот тригодишен договор кој беше неодамна потпишан. За тамошните ...
2843 Ница – Монпелје (20.30 часот) Ова е дуел од осминафиналето на францускиот куп, а Ница имаше потежок пат дотука. Ница, како домаќин и прволигаш, важи за фаворит за победа против Монпелје, кој во моментов е деветти во втората лига. Ница во моментов е далеку од местата кои водат во Европа, а и безбедна е од испаѓање, па Купот им е шанса да пробаат да ги израдуваат фановите. Во минатата сезона, кога испадна од елитното друштво, Монпелје ...
Sport Life за денеска нуди пет Квоти на денот кај кои вкупниот коефициент изнесува 43.62, што е привлечно за играње бидејќи не е малку, а реално може да бидат добитни. За мечот на Шарлроа и Унион Сен Жилоа, квотата на денот е 2.15 и тоа за комбинацијата дека двата тима ќе постигнат гол и притоа ќе има гол во второто полувреме. Да има победник на Холштајн Кил – Штутгарт и како додаток да има барем по еден гол во двете полувремиња, носи квота ...
Четиринаесет фудбалски и два кошаркарски натпревари се најдоа во Супер тип 16-ката на Sport Life, каде што има многу зголемени квоти со кои може да си ја подобрите потенцијалната добивка. Во понудата се многу големи фаворити од типот на Манчестер сити, Интер, Селтик, ПСВ, Фламенго, Олимпијакос и други. Имате избор од пет различни игри кај фудбалите. Освен на конечен тип, тука се супер квотите и за игри во кои се вклучени голови. Од кошарката ...
По победата на Милан над Болоња од 3-0 во вчерашниот натпревар од 23-тото коло од италијанската Серија А, тренерот Масимилијано Алегри беше задоволен од изданието на неговиот тим, а го пофали и Лука Модриќ, кој беше стартер и играше до 72-рата минута, кога беше заменет од Ардон Јашари. Иако Лука не постигна гол, ниту асистираше, тој одигра добро, ја иницираше акцијата што резултираше со пенал и втор гол на Милан на натпреварот. Алегри ги ...
Н$голо Канте е нов член на турскиот гигант Фенербахче. Францускиот фудбалер за врска кој во 2018 година беше светски првак во наредните две години ќе го носи дресот на Фенер, a договорот му е до јуни 2028. „Низ крв, пот и солзи, но откажување не постои во нашиот речник“, вака ја опиша прес-службата на Фенербахче објавата за трансферот. Овој коментар се однесува на тешкотиите со потпишувањето. Вчера Фенербахче објави соопштение во кое наведе ...
Напаѓачот на Ал-Наср, португалската легенда Кристијано Роналдо, е во преговори со Манчестер јунајтед за можно враќање, пишува британски „Топскилс Спортс УК“. Контактите меѓу Јунајтед и околината на играчот продолжуваат. Извор тврди дека Португалецот, кој утре полни 41 година, е подготвен да прифати значително намалување на платата. Откупната клаузула наводно е 50 милиони евра. Роналдо е незадоволен од ситуацијата во Ал-Наср и би можел да го ...
Брага го победи Авеш со 4-0, а победата беше одбележана од едно чудно достигнување. Напаѓачот Рикардо Хорта го постигна својот 150-ти гол за Брага, а ниту еден од нив не е со удар со глава. Португалскиот интернационалец е составен дел од клубот веќе 10 години, а сега е најдобар стрелец на тимот на сите времиња. Статистиката покажува дека откако е во Брага, секогаш дава барем 10 гола по сезона, а неговиот рекорд е во сезоната 2019/20, кога ...
Џејмс Харден е трампан од Лос Анџелес клиперс во Кливленд кавалирс, а Клиперс го доби Дариус Гарланд, и ова е главната вест од НБА лигата утрово. Харден негираше дека барал да си оди, но среќен е што ќе заигра во ист тим со Донован Мичел, тоа ќе биде супер бековски тандем, еден од најдобрите во лигата, и чувствува дека би можеле да се борат за титулата, нешто што со Клиперс потешко е остварливо. Брадата заедно со Карл Мелоун се единствените ...
Партизан го претрпе еден од најболните порази во кошаркарската Евролига, откако на гостувањето во Тел Авив загуби со 95:93 од Макаби. Гостите од Белград има за што да жалат затоа што во последната четвртина водеа со седум разлика (79:72), а во последната секунда примија кош со кој загубија. Партизан водеше и со 91:88, кога Макаби стигна до преднсот од 93:91, па гостите израмнија на 93:93. Последниот напад беше за Макаби, а Џими Кларк се ...
Францускиот дефанзивец Жереми Жаке е ново име во редовите на Ливерпул, но неговиот трансфер вреден 72 милиони евра предизвика реакции во Франција. Иако договорот беше постигнат на последниот ден од јануарскиот преоден рок, 20-годишниот дефанзивец ќе им се придружи на „Црвените“ дури на почетокот на следната сезона. Во родната земја на младиот дефанзивец, многумина веруваат дека Рен го искористил максимално договорот, а поранешниот француски ...
Екипата на Барселона се пласираше во полуфиналето на Купот на Шпанија, откако со 2:0 славеше на гостувањето кај Албасете. Каталонскиот гигант е првиот полуфиналист во Купот, утре се играат уште два четвртфинални средби, а в четврток треба да се комплетираат полуфиналистите. Второлигашот Албасете беше едно од најпријатните изненадување сезонава во Купот. Тоа е тимот кој во претходното коло на домашен терен успеа да го елиминира Реал Мадрид, ...
Арсенал обезбеди место во финалето на Лига Купот во Англија, откако пред своите навивачи со 1:0 го совлада градскиот ривал Челзи, во реванш средбата од полуфиналето. Единствениот погодок го постигна Каи Хаверц и тоа буквално во последните моменти од мечот. Беше 0:0, реми кое беше сосема доволно за Топчиите да се радуваат на пласман во финалето, затоа што на првиот меч одигран на „Стемфорд Бриџ“ Арсенал победи со 3:2. Затоа Челзи во финишот ...
Без многу проблеми, Милан ги освои трите бода на гостувањето кај Болоња откако победи со убедливи 3:0, во меч од 23. коло на Серија А. За Росонерите ова е 14 победа, имаат и осум нерешени и само еден пораз, па со 50 бодови се на второто место на табелата, пет помалку од лидерот и нивни вечен градски ривал Интер. Болоња по овој пораз останаа на 30 бодови и се на 10 место на табелата. Уште во првото полувреме гостите од Милано покажаа дека се ...
Радамел Фалкао е фудбласки идол во Колумбија, кој одбележа една ера во оваа земја. Напаѓачот одигра 105 меча за националниот тим и постигна 36 гола, а еден од најпрепознатливите погодоци беше тој против Полска на Светското првенство во 2018 година, кога славеа над Полска. Во знак на благодарност, во родниот град на Фалкао, Санта Марта беше подигната статуа во чест на фудбалерот. Сепак, наместо воодушевување и респект, статуата предизвика ...
Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, предложи да биде укината забраната која во 2022 година ја доби Русија за настап на меѓународни спортски настани. ФИФА и УЕФА тогаш решија репрезентацијата на Русија и екипите од оваа земја да не смее да настапуваат на меѓународни настапи организирани под капата на двете најсилни и највлијателни фудбалски куќи. „Мора да го разгледаме враќањето на Русија, дефинитивно, ...
Доаѓањето на Алваро Арбелоа на клупата на Реал Мадрид донесе една новост во екипата која не беше видена повеќе од три години. Актуелниот тренер смета дека Винисиус јуниор е незаменлив на теренот, а Бразилецот може да биде среќен бидејќи го добива тоа што го бараше, да игра многу повеќе и да не биде заменет на секој натпревар. Арбелоа го предводи Реал на шест натпревари и секојпат од првата до последната минута на теренот е Винисиус јуниор. ...
Португалскиот гигант Порто синоќа неочекувано загуби на гостувањето кај Каса Пија со 2:1 во меч од 20-тото коло во домашното првенство. За Порто ова е прв пораз сезонава во шампионатот, па овој тим го напушти друштвото на непоразени во домашните првенства, на кое се наоѓаат само мал број екипи. Меѓу екипите кои немаат пораз сезонава во домашното првенство е скопски Вардар, кој е есенски првак во македонскиот шампионат. Покрај Вардар, тука се ...
Здравствените проблеми на 80-годишниот селектор на РОманија, Мирчеа Луческу се посериозни отколку што првично се мислеше. Луческу вчера повторно беше хоспитализиран во болница во Букурешт, каде е под 24-часовен надзор. Поради неговата состојба, романската фудбалска федерација е приморана да најде замена за селекторското место и тоа во пресрет на најважниот меч, баражот за пласман на Светско првенство 2026 година. Романија на 26 март во ...
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, зборуваше за тренерот Ханси Флик за време на настан по повод 120-годишнината на весникот „Мундо Депортиво“. „Флик ќе остане на чело на Барселона толку долго колку што сака доколку јас повторно бидам претседател. За нас беше важно да имаме стручњак со такво искуство и знаење. Тој не е само феноменален тренер, туку и феноменален човек. Во денот кога го потпишавме, знаевме дека правиме нешто значајно ...
Шкендија во плејофот на Конференциската лига ќе се соочи со турскиот прволигаш Самсунспор, кој би можело да се засили со вистинска ѕвезда од Премиер лигата. Се работи за Рахим Стерлинг. Англичанецот пред неколку дена го раскина договорот со Челзи и сега е во преговори со неколку клубови, меѓу кои Фулам, Вест хем и Унион Берлин, но турскиот Самсунспор се вклучи во трката во последен момент и сериозно се обидува да го донесе како големо ...
Повеќе од 20 дена фудбалерите на вардар беа на подготовки во Анталија, а според планираното денеска требаше да пристигнат во Скопје. Сепак, тоа не се случи. Вардарци, непланирано уште една вечер ќе останат во Турција и тоа во Истанбул. Причина за ваквата промена на планот е доцнењето на авионот кој требаше од Анталија да пристигне во Истанбул. Авионот доцнел, па поради тоа вардарци потоа го пропуштија летот од Истанбул за Скопје. Иако веќе ...
Маратонско издание на Полноќниот експрес нѐ очекува вечерва, во текот на ноќта. Десет возбудливи дуели од НБА-лигата се на програмата, се разбира, со максимално големи квоти и во понудата на Sport Life. Њујорк никс е огромен фаворит на гости против Вашингтон, а и Бостон селтикс, според квотите, треба да слави на гостувањето кај Далас. Но, сепак во НБА-лигата никогаш ништо не е сигурно. Покрај стандардните квоти, тука е и омилената игра ...
Јанис Адетокумбо стана најголемото име на пазарот на слободни играчи и потенцијалните трејдови во НБА-лигата, кој се затвора на 5 февруари. Само два дена пред рокот за размена на играчи во сезоната 2025/26, преговорите околу иднината на ѕвездата на Милвоки бакс влегуваат во завршна фаза. Според информациите, Бакс веќе испратиле контрапонуди до екипите кои агресивно се обидуваат да ја донесат 31-годишната грчка суперѕвезда, еден од ...