Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Неверојатно е ова што се случува во Хрватска вчера и денеска по повод прославата на третото место на Европското првенство во ракомет. Политиката длабоко се вмеша и придонесе за хаосот кој се случува. Градот Загреб кој дава дозволи за собири на јавно место во хрватската престолнина, најави дека ќе им приреди пречек на плоштадот „Бан Јелачиќ“, но да не пее контроверзниот профашистички настроен музичар Марко Перковиќ-Томпсон. Ракометарите го ...
Капитенот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, не е во составот (ни меѓу резервите) на натпреварот од 20-тото коло од првенството на Саудиска Арабија против Ал-Ријад, а не е ни повреден, ни болен, ни суспендиран. Португалскиот 40-годишен фудбалер ја оствари заканата дека ќе одбие да игра како знак на протест поради незадоволство од начинот на кој јавниот инвестициски Фонд за суверено богатство на Саудиска Арабија управува со Ал-Наср во споредба ...
Манчестер јунајтед има серија од три победи по ред, кои го искачија на четвртата позиција на табелата во Премиер лигата, но привремениот тренер на Црвените ѓаволи, Мајкл Карик, вели дека не се задоволуваат со толку и сакаат повеќе. „Кога победите доаѓаат на ваков начин, чувството е повеќе од три бода. Тоа чувство се пренесува на сите. Заслугата е на момците. Знаевме дека против Фулам ќе биде тешко, тие се многу добар тим и требаше да ...
Арсенал одигра перфектен лигашки дел на Лигата на шампионите и победи на сите осум натпревари со гол-разлика од 23 дадени и само четири примени гола, но и тоа не беше доволноза Топчиите да заработат најмногу пари од УЕФА. Ливерпул, кој заврши на третото место, како и Манчестер сити од осмата позиција, заработија повеќе од УЕФА. Топчиите од лигашкиот дел ќе добијат 83,1 милиони фунти, додека Ливерпул и Манчестер сити по 84 милиони фунти. Ова ...
Карим Бензема и дефинитивно нема да остане во Ал-Итихад откако влезе во конфликт со раководството на клубот. Се шпекулираше дека тој ќе се врати во Европа и ќе го засили Јувентус, но до такво нешто нема да дојде. Французинот ќе остане во Саудиска Арабија, но ќе игра за Ал-Хилал, откако двата клуба се договорија за неговиот трансфер. Ал-Итихад не сака да го задржи ако играчот не е задоволен и само да му исплаќа платата до крајот на оваа ...
Ракометната репрезентација на Хрватска со победата над Исланд дојде до бронзата на Европското првенство, а сега е јасно и каква премија ќе добијат за успехот. ЕХФ не ги наградува репрезентациите кои учествуваат на континенталните собири и кои ќе направат успех, па Хрватите ќе ја добијат само државната награда. На сите ракометари и членовите на стручниот штаб ќе им бидат исплатени по 5.250 евра, според рангирањето за олимписките спортови во ...
Македонската олимпијка Милијана Рељиќ освои бронзен медал на Фуџарија Г2 опен во Обединетите Арапски Емирати, а само повредата ја спречи да се бори и за највисокото место на пиедесталот. Нашата теквондистка победуваше противнички од Хонг Конг и Мароко, но во полуфиналето ја предаде борбата против Иранката Косар Асасех, па на крајот се закити со бронзен медал. Рељиќ во полуфиналето се повлече само по десет секунди борба поради повреда. ...
И официјално е познато кога ќе продолжи Првата македонска фудбалска лига, откако ФФМ ги закажа натпреварите од 17-тото коло. Првата лига продолжува идниот вторник, на 10-ти февруари со два натпревари, од кои едниот е јасно дека ќе се игра во Тетово. Шкендија на Градскиот стадион под Шара ќе го пречека составот на Струга, додека на вториот меч на 10-ти ќе играат и Шкупи против Тиквеш, но за овој натпревар не е познато каде ќе се одигра. ...
Иако понеделничката понуда со врвен европски фудбал е скромна, сепак Sport Life се погрижи за ново врвно фудбалско уживање во фантастичните квоти во Бет билдерот. Три меча со по две опции, односно вкупно шест опции со квоти кои достигнуваат и до неверојатни 20.00 се дел од Бет билдерот. Удинезе и Рома имаат квоти од 14.00 и 15.00, додека најголемата квота е за Сандерленд и Барнли – 20.00. Втората опција за премиерлигашкиот меч има квота од ...
Реал Мадрид многу потешко од очекуваното дојде до победата над Рајо Ваљекано, со пенал во 100-тата минута од мечот. По натпреварот, Арбелоа рече дека ова било победа со срце и душа, но воопшто не го спомена пеналот за победа. „Ова беше победа родена од срце и душа. Бевме инспирирани од публиката на ‘Бернабеу’, која ни помогна да ја оствариме. Сега треба да ја надградиме самодовербата од овие победи. Откако сум тренер, имавме повеќе ...
По завршувањето на лигашкиот дел од Лигта на шампионите јасно е дека англиските екипи се тие кои доминираа. Тоа е единствената земја која има шест преставника во елитното натпреварување, а според резулатите кои ги остварија екипите, се покажува дека сосема заслужено се најбројни. По одигрувањето на осумте кола и финализирањето на табелата, неверојатно, но вистинито е дека дури пет екипи од Премиер лигата се најдоа меѓу најдобрите осум и ...
1010 Сандерленд – Барнли (21 ч.) Сандерленд е единствениот тим без пораз на домашен терен сезонава во Премиер лигата. Во 11 меча има шест победи и пет нерешени, па јасно е дека пред своите фанови сега, кога им гостува тим од зоната за испаѓање, очекувањата се освојување три бода. Барнли на 11 гостувања сезонава освои само пет бода и е вториот најслаб гостин, што значи дека речиси нема шанси да изненади вечерва. Предлог тип: 1&2-4 (2.75) ...
Болницата во Фиренца му исплати еден милион евра на семејството на поранешниот фудбалер на Фиорентина, Давиде Астори. Точно 1.090.000 евра е износот кој семејството на Давиде ќе го добие за неговата прерана смрт, одлучи Граѓанскиот суд во постапката. Професорот Џорџо Галанти е осуден на една година затвор условно поради убиство од негрижа. Галанти е лекарот кој беше задолжен за Астори, фудбалерот кој на 4 март 2018 година ненадејно почина во ...
Хокеј, тенис и фудбал има во денешната понуеда на Супер тип во Sport Life. Интересно е дека понудата започнува и завршува со хокеј. АК Барс Казан да победи на Сибир против Новосибиркс е со зголемена квота од 1.95. На свој терен Череповец да победи против Спартак Москва е со квота од 2.18. Во НХЛ шампионатот има три меча кои се во полноќната понуда, а фаворити се домаќините а тоа се: Минесота, Далас и Колорадо. Од фудбалот, Фенербахче да ...
Реал Мадрид со судни маки го победи градскиот ривал Рајо Валјекано со 2:1, откако фаворитот даде гол од пенал за победа во 90+10 минута. Кралскиот клуб ги освои трите бода, но го загуби Џуд Белингам. Англискиот репрезентативец мораше предвреме, по само 10 минути игра да го напушти теренот и тоа поради повреда. Еден од предводниците во играта на Реал се пожали на повреда на бутниот мускул на левата нога. По направените лекарски прегледи, ...
Пет интересни дуели од најсилните европски лиги кои имаат натпревари денеска, се дел од понудата во Квоти на ден. Доколку сите пет понудени комбинации ги одграте заедно на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 56.65, што значи дека со само 100 вложени денари, можната добивка би била 5.665 денари. Фенербахче да не загуби на гостувањето кај Кочаелиспор во меч на кој гигантот од Истанбул ќе постигне минимум два гола е со квота од ...
Во саудискиот фудбал има драма. Кристијано Роналдо, најголемата ѕвезда во лигата, одбива да игра за својот Ал Наср на натпреварот против Ал Ријад. Оваа одлука не е резултат на повреда, туку отворен бунт против Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија (PIF), кој управува со клубот, пишува ESPN. Португалецот, кој неодамна го постигна својот 961-ви гол во кариерата и го брка својот 1.000-ти, е исклучително незадоволен од најновите потези ...
Новак Ѓоковиќ не успеа да стигне до 25 гренд-слем трофеј откако вчера загуби во финалето во Мелбурн, но самиот пласман кој му донесе борба за трофејот, значеше и напредок за Србинот на АТП ранг листа. Иако има 38 години, Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека може да се носи и со најдобрите, па го победи Јаник Синер во полуфиналето, додека против Карлос Алкарас водеше со 1:0 во сетови, но го загуби финалето со 3:1. На денешната најнова АТП ранг ...
Оклахома сити покажа шампиоонска моќ и победи во дерби мечот против Денвер со 111-121 во најинтересниот натпревар од мечевите кои синоќа се одиграа во НБА лигата. Ова беше 17-ти пораз за Денвер оваа сезона. Пејтон Вотсон со 29 поени беше предводник на домашните, додека српскиот центар Никола Јокиќ имаше 16 поени (6/9 од поле), осум асистенции, седум скока и една украдена топка за 29 минути игра. Кај Оклахома предводник беше Шеј ...
Рајо Ваљекано беше на прагот да остане непоразен на „Бернабеу“, но потклекна во финишот. Поточно, со гол од пенал во стотата минута. Тимот од мадридското предградие го заврши мечот против Реал Мадрид со само девет играчи поради исклучувањето на Пеп Чаварија во 103-тата минута. Тие веќе беа со десет играчи, откако Пате Цис доби црвен картон во 80-тата минута поради груб старт над Дани Себаљос. Чаварија го турна Родриго кон билбордот, иако ...
Пари Сен Жермен се врати на победнички пат во Лига 1, откако како гостин го совлада Стразбур со 1-2 во последниот натпревар од 20-тото коло. Натпреварот понуди вистинска драма, со промашен пенал, црвен картон и неизвесен крај, а ПСЖ заврши со играч помалку по исклучувањето на Ашраф Хакими. Акцијата започна во 20-та минута, кога судијата досуди пенал за Стразбур по играње со рака на Маркињос во шеснаесетникот на ПСЖ. На белата точка се постави ...
Неделната програма од 23-тото коло во италијанската Серија А заврши со натпреварот на „Енио Тардини“, каде Јувентус како гостин ја совлада Парма со убедливи 1-4. Со оваа победа, Јуве сега има 45 бода на четвртото место на табелата, додека Парма остана на шестнаесеттата позиција со 23 бода. Подобрата игра на Јувентус од почетокот на мечот донесе водечки гол веќе во 15-тата минута. Консеисао изведе корнер од левата страна, Бремер високо скокна ...
Фудбалерот за врска на Арсенал, Микел Мерино, претрпе сериозна повреда, при што се претпоставува дека има скршеница на ногата. Се очекува играч на Топчиите да биде надвор од теренот подолг период, но сè уште не е познато точно колку ќе трае неговото закрепнување. Арсенал веќе разгледува краткорочни опции и можност за позајмување играч за таа позиција, но не е сигурно дали ќе успеат да обезбедат засилување навреме за претстојните натпревари. ...
Големиот трансфер во Париз е завршен. Искусниот италијански напаѓач Чиро Имобиле официјално се пресели во ФК Париз, со што стави крај на неговата кратка авантура во Болоња. Имобиле (35) реши да ја смени средината само шест месеци по доаѓањето во Болоња, барајќи нов предизвик и повеќе минути на теренот во продолжението од кариерата. Искусниот голгетер пристигна во Болоња летото како слободен играч по прекинот на договорот со турскиот Бешикташ, ...
Англискиот репрезентативец Џуд Белингам ќе паузира најмалку шест седмици откако доживеа повреда на левиот бутен мускул на денешниот натпревар против Рајо Ваљекано (2-1). Ова се првичните прогнози од лекарскиот тим на Кралскиот клуб, иако многу појасна сликата ќе биде во текот на утрешниот ден кога фудбалерот за врска ќе ги мине деталните лекарски прегледи. Белингам падна на теренот уште во десеттата минута и се фати за задниот дел од ...
Данска ја круниса доминацијата со титулата европски шампион, а турнирот ќе остане запаметен и по историскиот подвиг на Матијас Гидсел, кој постави нов рекорд по бројот на постигнати голови на едно Европско првенство. Данскиот репрезентативец заврши со импресивни 68 погодоци, со што го симна од врвот Сандер Сагосен, кој досега го држеше рекордот со 65. Веднаш зад нив се најде уште еден Данец, Симон Питлик со 64 реализации. Македонската ...
Панатинаикос тоне во длабока криза. Некогашниот европски шампион веќе запиша неколку неочекувани порази во Евролигата, но вистинскиот удар дојде денес во грчкото првенство со болен и сензационален пораз на гостувањето кај Арис во Солун. Реакцијата на сопственикот Димитрис Јанакопулос беше жестока. Преку видео објава на Инстаграм тој јавно го искажа револтот и најави радикални промени во клубот. „Тренери, стручен штаб, сите вие… воопшто ...
Фудбалерите на Интер продолжуваат сигурно да чекорат кон титулата во Серија А. Во 23-тото коло, Нераѕурите славеа на гостувањето кај Кремонезе со 0-2 и дополнително се зацврстија на лидерската позиција на табелата со 55 бодови, осум повеќе од Милан, кој има и натпревар помалку. Прашањето околу победникот беше решено уште во првото полувреме. Во 16-тата минута Федерико Димарко одлично нафрли од корнер, а Лаутаро Мартинез со прецизен удар со ...
Борусија Дортмунд славеше против Хајденхајм на домашен терен со 3-2 во 20-тото коло од германската Бундеслига. По овој драматичен натпревар, одеднаш се разгоре шампионската трка во Германија. Баерн во ова и во претходното коло испушти вкупно пет бода, додека Борусија го искористи тоа и сега се доближи на само шест бода зад бранителот на титулата. Хајденхајм вечерва одигра одличен натпревар, но и понатаму останува закован на дното на табелата ...
Ракометната репрезентација на Данска ја исполни целта и го освои европското злато. Скандинавската селекција во моќно и спектакуларно финале ја совлада Германија со 34-27, со што ги собра сите најзначајни титули во светскиот ракомет. По Олимписките игри и Светското првенство, трофејот од Европското првенство заврши во витрините на Данска. Тимот, предводен од спектакуларниот Гидсел, кој заврши како најдобар стрелец на ЕП 2026, и од ...