Барселона продолжува со успешните гостувања во Белград против Црвена ѕвезда и славеше со 89:79 во меч од 14. коло на кошаркарската Евролига. Црвена ѕвезда имаше шанса да се искачи и на првото место на табелата, но едноставно кога им гостува каталонскиот гигант, тоа како да значи сигурен пораз. Последен пат Црвено-белите славеле над Барселона во Белград во октомври 2017 година, што значи дека осум години каталонците доминираат на ова ...

Перо Антиќ заедно со Жељко Обрадовиќ како тренер се радуваа на европската титула во Евролигата во дресот на Фенербахче во 2017 година. Познато е дека Антиќ многу го почитува Обрадовиќ, па едноставно не можеше да не ја искоментира целата актуелна ситуација поврзана со прославениот тренер и неговата оставка од Партизан. „Жељко е човек што го запознав во 2001 година додека играв за АЕК и секогаш сакав да дојдам во „негови раце“, да научам нешто ...

За прв пат во историјата едно Светско првенство ќе се игра во три земји. САД, Мексико и Канада ја имаат честа да бидат домаќини на Мундијалот кој ќе се игра следната година и ќе биде прв со дури 48 репрезентации. На ждрепката беше јасно дека секој од домаќините ќе биде во група која ќе значи дека ќе играат на домашен терен. Освен предноста на домашен терен, домаќините имаа и среќа во ждрепката, па добија прилично добри групи во кои може да се ...

Во церемонија која траеше два часа, беа извлечени групите за Светското првенство кое следната година ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Многу интересни групи има што е најава за возбудливи дуели. Интересно е дека и Македонија уште има теоретски шанси да се пласира на Мундијалот 2026 година, доколку ја победи Данска во гости во мартовскиот плејоф, а потоа слави и уште еден меч на гости и тоа меѓу подобриот од пресметката меѓу Чешка и ...

Најдобар пример за тоа како еволуира фудбалот, а потезите на фудбалските стратези можат да се покажат како генијални, иако првично се сметале за луди потези, е Микел Мерино. Шпанскиот репрезентативец и ѕвезда на Арсенал, Микел Мерино сезонава игра како класичен напаѓач, позиција на која го намести тренерот на Топчиите, Микел Артета. Овој потег на шпанскиот стратег предизвика многу дилеми, дали Мерино е играч за да биде во најофанзивниот дел, ...

Серхеј Бојцов е познат како екстремен спортист од Русија кој прави неверојатни работи. Последниот негов предизвик кој го исполни, беше да заигра фудбал на 1.800 метри над земјиното тло, што преставува апсолутен светски рекорд. На платформа закачена под балонот кој беше во воздух, Бојцов заедно си уште двајца спортисти, решија да играат фудбал на 1.800 метри над земјата. Снимката е направена во округот Јасногорск во регионот Тула, кој се ...

Дури 12 натпревари ќе се играат вечерва во НБА лигата, а интересно е дека квотите велат дека само на една средба, гостите се во улога на фаворити. Денвер нагетс гостуваат кај Атланта хоукс, а за победа на тимот предводен од Никола Јокиќ квотата е 1.48. Големи фаворити на свој терен се Оклахома која е машинерија за победи и игра против Далас, потоа Хјустон во пресметката со Феникс, како и Њујорк против Јута. Без многу проблеми, пред своите ...

Мексико како еден од трите домаќини на фудбалскиот Мундијал следната година, ја доби честа да игра на отворањето на СП, и тоа ќе биде прв од вкупно 104 натпревари кои ќе се играат на шампионатот, дури 40 повеќе од претходното СП во Катар. Она што е сигурно, е дека Мексико на 11-ти јуни ќе игра против тим од третиот шешир, што значи дека ќе има 11 можни ривали (не може да се паднат во група со Панама). Тоа се прилично неатрактивни противници: ...

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, раскажа една интересна анегдота. Тој пред 13 години, кога бил 49-годишен, доживеал сериозна повреда на коленото играјќи фудбал, но одлучил да не се оперира од чудна причина. „Го повредив коленото кога имав 49 години, ги скинав предните вкрстени лигаменти. Вообичаената процедура за таков вид повреда, особено со кинење од таков обем, е операција. Два дена пред операцијата, го прашав хирургот што ќе ме ...

Штипјанецот Петар Мијалков неодамна стана шампион на источно-европскиот БМУ шампионат во мотоциклизам, успех каков што ретко се среќава кај нас и со кој треба да се гордее цела Македонија. Со моќни настапи, стабилни резултати и карактер што не отстапува пред предизвиците, Петар ја испиша една од најубавите страници во историјата на нашиот мотоспорт. Мијалков беше најдобар во класата Ф 1000 во конкуренција на вкупно 58 натпреварувачи од ...

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, пред претстојната трка за Големата награда на Абу Даби, која ќе го одреди првакот за сезоната 2025, рече дека нема премногу да тагува ако не го одбрани тронот. На Макс в недела победата може да не му биде доволна за титула, најмногу зависи што ќе направи актуелниот лидер во генералниот пласман Ландо Норис. „Ако не ја освојам титулата, нема да плачам во аголот. Не е важно дали ќе завршиме први, втори или ...

Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа од 29-26 против домаќинот Турција стартуваше на меѓународниот турнир во Анкара. Избраничките на Кристијан Грчевски кои досега не добиваа преголема шанса на натпреварите на сениорската селекција, беа одлични и извојуваа значајна победа за зголемување на самодовербата. Емилијана Ризоска со 10 гола беше најефикасна во македонскиот тим. Седлоска даде 5, а Беровиќ 4 погодоци. Утре следува ...

Екипата на Вардар е есенски првак во Првата македонска фудбалска лига и тоа беше доволна причина за фудбалерите и фановите на Црвено-црните да прослават што по 16 кола се први и таму остануваат најмалку до продолжувањето на сезоната во февруари. Најверните Комити кои дојдоа да го бодрат тимот на стадионот во Ѓорче Петров ги поздравија своите миленици со скандирања „Шампиони, шампиони“. Сезоната е долга, има уште многу да се игра, а Вардар ...

Вардар е есенски првак во Првата македонска фудбалска лига, откако попладнево победи со 2-1 на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров. Јунак на Црвено-црните денеска беше Азер Омерагиќ кој ги даде двата гола за пресврт во 62-ра и 66-та минута, откако Еступињан им донесе предност на Лавовите. Омерагиќ со 10 голови е најефикасниот македонски фудбалер во Првата лига. Струга славеше со 1-0 во Кавадарци против Тиквеш и се зацврсти на втората ...

Капитенот на националниот тим на Аргентина, Лионел Меси, изјави дека се надева дека ќе може да игра на Светското првенство во фудбал следната година. Напаѓачот на Интер Мајами, кој е единствениот осумкратен носител на „Златната топка“, рече за „ЕСПН“ дека се надева дека ќе може да ѝ помогне на Аргентина да ја одбрани светската титула што ја освои во Катар пред три години. Гаучосите вечерва ќе ги дознаат противниците во групната фаза на ...

Раководството на Реал Мадрид ја доби новата понуда на Винисиус jуниор за продолжување на договорот со клубот. Преговорите за нов договор се во полн ек бидејќи тековниот договор на бразилскиот напаѓач влегува во последните 18 месеци. Според информациите на „Атлетик“, Вини очекува вкупен финансиски пакет од околу 26 милиони евра нето, што вклучува основна плата, бонуси и премија за лојалност. Во моментов Винисиус заработува приближно 15,4 ...

Мејсон Гринвуд (прв стрелец во француската лига), легендите Оливие Жиру и Пјер-Емерик Обамејанг и Хамза Игамане (најефикасен поединец на Лил сезонава) се само дел од имињата кои вечерва ќе истрчаат на стадионот во Лил на средбата помеѓу Лил и Марсеј од француската лига, а на сите овие играчи може и да се обложите во Sport Life дека ќе постигнат гол. Ако сте храбри, може да уплатите и кој ќе постигне три гола, а освен на гол во текот на мечот ...

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер остана без тренер по поразот од Загреб во Лигата на шампионите. Шпанскиот стратег Рубен Гарабаја поднесе оставка, која раководството веднаш ја прифати. Формата на Пелистер оваа сезона е под очекувањата, а настаните и во домашното првенство и во европските натпреварувања доведоа до разделба меѓу клубот и Гарабаја по взаемен договор. Шпанецот пристигна во Битола годинава и успеа да го предводи тимот до ...

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, по ремито 1-1 против Вест хем не го криеше разочарувањето поради повторно загубени два бода во последните минути, и тоа на домашен терен. Сепак, португалскиот стратег увери дека тимот не прави чекори назад во процесот на развој. „Имавме добри моменти, но ја изгубивме контролата по постигнатиот гол. Требаше да го затвориме натпреварот по 1-0“, изјави Аморим. „Статичните ситуации можат да ...

Подготвена е Бет билдер понудата и за овој петок. Најинтересните натпревари се дополнително покриени и со предлози со големи квоти. Во фокусот е дербито од Португалија меѓу Бенфика и Спортинг Лисабон, а доколку се одлучите за тој предлог, можете да стигнете до квота 14. Потребно е да има победник и двете екипи да постигнат гол, Павлидис да постигне гол и да асистира, а Суарес да упати најмалку три удари во рамките на голот. Последниот услов ...

По завршувањето на драматичните светски квалификации, следува првиот чекор кон толку очекуваното Светско првенство во САД, Канада и Мексико следната година – извлекувањето на ждрепката за турнирот. Церемонијата ќе се одржи во 18 часот по македонско време во Центарот „Кенеди“ во главниот град на САД, Вашингтон. Ова ќе биде прво Светско првенство со вкупно 48 екипи, но сè уште има шест непополнети места, кои ќе бидат распределени во март ...

1536 Бенфика – Спортинг Лисабон (21.15 часот) Големото дерби на Лисабон ќе биде возбудливо, со многу тензија, а ако биде постигнат еден гол на стартот, тогаш се очекуваат и голови. Наш тип е „гол-гол 3+“ Предлог тип: ГГ и 3+ (2.40) 1801 Мајнц – Борусија Менхенгладбах (20.30 часот) Мајнц го промени тренерот, а тоа многу често носи пресврт во соблекувалната и нова енергија. Оттаму очекуваме дека Мајнц нема да загуби, а на мечот да има најмалку ...

Најавата за новиот викенд е максимално возбудлива. Во Португалија се игра големото дерби на Лисабон меѓу Бенфика и Спортинг, кое, се разбира, доби место и меѓу Квотите на денот. Вкупно петте предлози нудат коефициент 34,51. Првиот предлог е мечот Брест – Монако, а квотата на денот е 1.90 ако и во двете полувремиња бидат постигнати од еден до три гола. Мајнц се среќава со Борусија Менхенгладбах и ако двете екипи постигнат гол и има барем еден ...

Голем скандал го тресе турскиот фудбал, а од раните утрински часови започнаа апсења низ целата земја. Фудбалерите на Фенербахче, Мерт Хакан Јандаш и Метехан Балтачи, се приведени во рамки на операција насочена кон истрага за обложување на фудбалски натпревари. Јавниот обвинител исто така објави дека е приведен и фудбалскиот судија Зорбај Кучук. Во рамки на истрагата, голем број професионални фудбалери, менаџери и претседатели на клубови се во ...

Најтрофејниот македонски клуб Вардар има еден бод предност и доколку победи на денешното гостување (13 часот) кај Македонија ЃП во Ѓорче Петров, ќе остане на врвот на табелата во текот на зимската пауза. Вардарци се големи фаворити, што може да се забележи и според квотите. Струга Трим Лум има еден бод негатива во однос на Вардар и исто така гостува, но во Кавадарци. Тиквеш е во позитивна серија, но стружани имаат само победи во последно ...

Лион повторно се најде во центарот на голем скандал, откако угледниот француски „Л’Екип“ откри дека клубот морал да им исплати огромни суми на фактурни компании поради трансфери кои никогаш не биле реализирани. Станува збор за петмина играчи на Ботафого, за кои Лион наводно платил, но кои никогаш не пристигнале во Франција. Според француските медиуми, корените на целиот случај водат до времето кога Џон Текстор беше на чело на клубот. ...

По повеќе од 18 години и дури 1297 последователни натпревари во регуларната сезона на НБА лигата, прекината е неверојатната серија на Леброн Џејмс, во која на секој меч постигнуваше најмалку 10 поени. Најдобриот стрелец во историјата на НБА (42.268 поени) овојпат заврши со само осум поени во драматичната победа на ЛА лејкерс над Торонто репторс со 123-120. Наместо да се обиде да ја продолжи серијата, во последните секунди тој асистираше за ...

Валенсија избори пласман понатаму со победа од 2-1 над нисколигашот Картагена во Купот на Шпанија, а македонскиот голман Столе Димитриевски беше меѓу клучните фигури на Лилјаците. Тој успеа да одбрани пенал во продолженијата. Ортуно уште во 21-та минута го совлада Димитриевски и донесе водство од 1-0 за Картагена, кое остана активно сè до 80-тата минута, кога Белтран израмни на 1-1 и го одведе мечот во продолженија. Во самиот финиш од ...

Лацио донесе голема радост на своите навивачи на „Олимпико“ откако минимално со 1:0 го победи Милан во меч од осминафиналето на Купот на Италија. Овој триумф на Лацио значеше и елиминација на Росонерите од трката за трофејот во најмасовното натпреварување. Единствениот гол кој значеше победа и пласман на Лацио во четвртфиналето го постигна капитенот Закањи во 80 минута по корнерот што го изведе Таварес. Погодокот на Закањи може да го видите ...

Манчестер јунајтед и Вест хем ремизираа на „Олд Трафорд“ во последниот меч од 14 коло на Премиер лигата. Домашните фудбалери има за што да жалат затоа што со евентуална победа можеа да се израмнат по бројот на бодови со Челзи кој е на четвртото место на табелата. По првиот дел немаше голови, а во второто полувреме први се израдуваа домашните играчи. Дефанзивецот Далот реши да тргне во напад, влезе во петерецот каде доби една топка и успеа да ...

weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
3.09
68%
1025
weather icon

Белград

-7ᴼ / -9ᴼ
4.63
68%
1024
weather icon

Загреб

-6ᴼ / -13ᴼ
1.03
86%
1023
weather icon

Софија

-6ᴼ / -6ᴼ
6.69
73%
1027
weather icon

Сараево

-4ᴼ / -4ᴼ
7.16
77%
1021
weather icon

Љубљана

-8ᴼ / -9ᴼ
0.47
91%
1026
weather icon

Атина

6ᴼ / 4ᴼ
6.69
65%
1013
weather icon

Тирана

-1ᴼ / -1ᴼ
2.06
47%
1021
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
37%
1023
weather icon

Букурешт

-7ᴼ / -8ᴼ
3.09
90%
1017
weather icon

Будимпешта

-6ᴼ / -8ᴼ
4.92
70%
1020
weather icon

Истанбул

1ᴼ / 1ᴼ
7.2
93%
1015
Currency

61.5417

Currency

52.8868

Currency

70.8856

Currency

35.3793

Currency

38.0127

Currency

66.0784

Currency

7.5808

Currency

0.66901

Currency

0.33445

Currency

0.52469

Currency

1.224

Currency

0.5855

Платина

72292.89

Кобалт

59.52

Цинк

3.10

Бакар

11.84

Рутениум

44946.74

Родиум

310254.70

Калај

44.73

Паладиум

57935.65

Сребро

2569.43

Злато

144981.23

Алуминиум

3.14

Иридиум

169549.30