Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
6002 Арсенал – Каират (21:00) Арсенал има максимални седум победи на седум меча во Лигата на шампионите и само чудо може да ги спречи да завршат на првата позиција по лигашкиот дел. Сепак, избраниците на Микел Артета нема да имаат милост ниту за Каират, „фенерџијата“ во ова друштво, и до врв ќе ја наполнат и нивната мрежа. Предлог тип: 5+ (2.04) 6011 Ливерпул – Карабаг (21:00) На Ливерпул му е потребна победа за да го потврди местото во ...
Новак Ѓоковиќ со многу среќа успеа да дојде до полуфинале на Отвореното првенство на Австралија откако имаше негатива од 2-0 во сетови, но Лоренцо Мусети го предаде мечот поради повреда на бутниот мускул. За Србинот ова беше 103-та победа во Мелбурн, со што сега е осамен на врвот по бројот на победи на Отвореното првенство на Австралија, оставајќи го зад себе Роџер Федерер со 102. Ѓоковиќ сега ја брка 25-тата гранслем-титула, а за такво ...
Натпревари од четири различни спорта се дел од понудата со зголемени квоти во Sport Life, Супер типот. Доминира фудбалот со 11 натпревари, ракометот и кошарката се застапени со по два меча, додека еден дуел е од хокејот. Најинтересни секако дека се натпреварите од Лигата на шампионите, за кои има зголемени квоти за победите на ПСЖ, Баер Леверкузен, Реал Мадрид, Јувентус, Челзи, Баерн Минхен и Тотенхем, па на вас останува за кој меч ќе се ...
Хрватската ракометна репрезентација спои три победи по ред во главната групна фаза и сега е на чело на табелата и тоа во пресрет на последното коло, кое треба да ги даде полуфиналистите на Европското првенство. Коцкестите вчера ги победија Словенците со 29:25, а веќе денеска играат против Унгарија, која нема шанси да се бори за медал. Ова жестоко темпо, да се одиграат два клучни меча во само два дена е нешто што еден од најискусните во ...
Пет меча од последното коло од лигашкиот дел на Лигата на шампионите се дел од Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози е 44.6, додека поединечно квотите се движат помеѓу 1.95 и 2.20. Понудената квота од 2.15 за дуелот на Бенфика и Реал Мадрид ќе биде добитна само ако мечот не заврши нерешено, но и ако има помеѓу два и четири гола. Во Дортмунд не се очекуваат премногу голови, па за да биде добитна квотата од 1.95, ...
Лоренцо Мусети го предаде мечот против Новак Ѓоковиќ при водство од 2-0 поради повреда на бутниот мускул, па Србинот е во полуфиналето на Австралија опен. Ѓоковиќ изрази жалење за ваквиот епилог, призна дека противникот бил многу подобар и му посака брзо закрепнување. „Не знам што да кажам, многу ми е жал. Беше многу подобар, јас веќе бев на пат кон дома. Ми се случило тоа неколку пати во кариерата, но да имаш таква контрола, два сета водство ...
Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето на Австралија опен, но не затоа што беше подобар од Лоренцо Музети, туку само затоа што Италијанецот се повреди и мечот мораше да се прекине. Музети беше далеку подобар на теренот во првите два сета, кои ги доби со 6-4 и 6-3. Ѓоковиќ беше пред елиминација, но Италијанецот на почетокот од третиот се пожали на повреда на бутниот мускул и побара медицински тајм-аут. Иако Музети се врати на теренот и ...
Кошаркарите на Денвер загубија во драматичен меч од Детроит пред својата публика со 107-109. Трагичар за домашните е Џамал Мареј, кој го имаше мечот во своите раце, но не успеа да реализира слободни фрлања. Мареј доби три „пенали“ на резултат 103-106 и можност за израмнување, но погоди само еднаш, а на половина секунда пред крајот на мечот повторно имаше три слободни фралања, погоди едно за 107-109, а останатите две ги промаши. На загревањето ...
Натпревари од четири различни спорта се дел од понудата со зголемени квоти во Sport Life, Супер типот. Половина од 16-те натпревари се од фудбалот, пет од кошарката, два од тенисот и еден меч е од ракометот. Првиот меч од понудата започнува во 15 часот и е од тенисот, а по него следуваат и кошаркарски и ракометни натпревари. Првиот фудбалски натпревар започнува во 20:30 часот. Во Супер типот за вторник може да најдете зголемени квоти на ...
Најдобрата светска тенисерка, Арина Сабаленка, лесно и убедливо славеше над американската тенисерка со српско потекло, Ива Јовиќ, и обезбеди пласман во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија. Белоруската тенисерка само за 90 минути го доби мечот со максимални 2-0, а на противничката ѝ препушти само три гејма, и тоа во првиот сет, додека во вториот славеше со максимални 6-0. На машкиот дел од турнирот, првиот полуфиналист е ...
Најдобриот светски тенисер, Карлос Алкарас, првпат во кариерата ќе игра во полуфинале на Отвореното првенство на Австралија. Светскиот рекет број 1, во денешното четвртфинале го победи Австралиецот Алекс де Минор со 7-5, 6-2, 6-1 и си закажа полуфинале против Александер Зверев, кој е трети носител. Алкарас е осми Шпанец кој стигнал до полуфинале на ОП на Австралија, а ќе има добра прилика да игра и финале, со оглед на тоа дека ќе биде фаворит ...
Португалија и Норвешка одиграа реми, 35-35, на Европското ракометно првенство, но она што се случуваше во финишот од мечот крена прашина во ракометните кругови. Норвежаните имаа тајмаут на 37 секунди пред крајот на мечот, а ракометарот на Португалија, Мигел Невеш, одлучи на телефон да го слуша тајмаутот на противникот од директниот пренос. „Играв три години во Норвешка и девојката ми е Норвежанка, па го зборувам и го разбирам нивниот јазик. ...
Втората група од главната рунда на Европското ракометно првенство влегува во самиот финиш, па на две кола пред крајот, дури четири екипи имаат еднаков број бодови, по четири, и рамноправно влегуваат во битката за пласман во полуфиналето. Денес на програмата се трите меча од четвртото коло, а во Sport Life може да најдете специјална понуда со стотици игри и комбинации. Фаворитската улога на денешните натпревари ја имаат Исланд, Хрватска и ...
Дуелот на Словенија и Хрватска може да отпише една од овие две селекции од трката за место во полуфиналето на Европското првенство во ракомет, значењето е големо и во двата тима се внимава на сите можни детали. Тој што ќе биде подобар во „Малме арената“, ќе има добри шанси да стигне до полуфиналето и да се бори за медали. А, дури и тој што ќе победи, нема да биде сигурен полуфиналист. Словенија сè уште ја држи судбината во свои раце, но за да ...
Едуардо Камавинга ќе продолжи да го носи дресот на Реал Мадрид и покрај шпекулациите што го поврзуваа со трансфер во Ливерпул. Како што пренесува „Дефенса сентрал“, францускиот фудбалер веќе ја донел конечната одлука да остане на „Сантијаго Бернабеу“. Во тековната сезона, 23-годишниот играч има 23 настапи за Kралскиот клуб, а договорот со Реал го врзува до 2029 година. Раководството на мадридскиот гигант не е под притисок да продава играчи, ...
Лацио ја засили својата офанзива со ангажманот на Даниел Малдини од Аталанта. Трансферот е во форма на шестмесечна позајмица со опција за откуп, која може да стане задолжителна доколку се исполнат определени клаузули, а вкупната сума може да достигне околу 15,5 милиони евра. Римскиот клуб го потврди договорот по успешните медицински прегледи на играчот, а за позајмицата Лацио ќе плати околу еден милион евра, со дополнителни 500.000 евра како ...
Фудбалерите на Комо обезбедија место во четвртфиналето на Купот на Италија, откако вечерва со пресврт ја совладаа Фиорентина на гости со 1-3. Домаќините поведоа рано, веќе во седмата минута, кога Пиколи искористи асистенција од Фабијан за 1-0. Меѓутоа, Комо брзо се врати во игра. Во 20-тата минута, по хаотична ситуација пред голот по корнер, Диего Карлос шутираше, а Серхи Роберто ја смести топката во мрежата за 1-1. Во 28-та минута, тренерот ...
Хофенхајм си замина со три бода од „Везерштадион“, совладувајќи го Вердер со 0-2, додека пак Лајпциг испушти победа во самиот финиш на гостувањето кај Сент Паули играјќи 1-1. Домашниот тим од Бремен изгледаше немоќно во поголемиот дел од средбата, иако повеќе од едно полувреме имаше бројна предност на теренот. Гостите беа поорганизирани уште од стартот, а својата подобра игра ја крунисаа пред паузата кога Прас со вистинска бомба од далечина ...
Шведска пропушти златна шанса да ја обезбеди својата позиција на Европското првенство и одигра возбудливо реми со Унгарија (32-32), во последниот натпревар од денешната програма на шампионатот што се одржува во Скандинавија. Дуелот донесе вистинска драма до самиот финиш. Иако Швеѓаните имаа водство во клучните моменти, Унгарците не се предадоа и останаа во игра. На самиот крај имаше контроверзна ситуација – Шита тргна во пробив кој можеше да ...
Астон вила официјално го потврди ангажманот на напаѓачот на Бешикташ, Тами Ејбрахам. Дваесет и осумгодишниот фудбалер вторпат во кариерата ќе игра за клубот од Бирнингам, кој ќе му плати околу 21 милион евра на турскиот тим, плус можни бонуси. За трансферот да стане официјален, прво Бешикташ мораше да ја активира обврзувачката опција од 13 милиони евра за купување на Ејбрахам од Рома, од каде што тој летово пристигна на позајмица. Веднаш ...
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изјави дека неговиот тим ќе направи сè што е можно за да се пласира меѓу првите осум екипи во Лигата на шампионите и да избегне дополнителен плејоф круг во февруари. Во моментов, каталонскиот тим е на деветтото место, а утре ќе го пречека Копенхаген, но судбината на Барселона зависи не само од нивниот настап, туку и од резултатите на другите тимови. „Го почитуваме Копенхаген, но истовремено сме самоуверени. ...
3031 Фиорентина – Комо (21:00) Фиорентина и Комо ќе го дадат последниот четвртфиналист во Купот на Италија, а таму ги чека Наполи. Домашните имаат катастрофална сезона, па очекувањата се дека ќе испаднат и од Купот. Комо на последните две гостувања во Фиренца победуваше, со 1-2 и 0-2, па слично се очекува да биде и вечерва. Предлог тип: Х2&13I13II (2.60) 1026 Блекпул – Стокпорт (20:45) Блекпул е во втората половина од табелата во ...
Репрезентацијата на Швајцарија одигра нерешено 39:39 во дуелот со фаворизираниот Исланд, во меч од четвртото коло во главната групна фаза на Европското првенство. Исланд беше голем фаворит пред мечот, но Швајцарија е таа која треба да жали што не победи. Во првото полувреме Швајцарија неколкупати водеше со три разлика (13:10, 14:11 и 16:13), но до крајот на првиот дел Исланд израмни на 19:19. И во второто полувреме Швајцарија водеше со три ...
Во исчекување на почетокот на втората фудбалска полусезона во македонското првенство, клубовите кои се во борба за висок пласман не мируваат. Актуелниот шампион Шкендија направи одличен потег откако успеа до крајот на сезоната да го задржи Решат Рамадани. Репрезентативецот официјално е фудбалер на Динамо Киев, но во Шкендија останува како позајмен играч до крајот на сезоната. За Шкендија ова е одлична вест, посебно пред нокаут двомечот против ...
Италијанскиот гигант Јувентус утревечер има многу важно гостување во Франција, на Монако, во рамките од последното осмо коло во лигашкиот дел од Лигата на шампионите. Старата дама со евентуална победа може да си обезбеди место меѓу најдобрите осум, што би значело и директен пласман во осминафиналето на елитното натпреварување. Во Јувентус всушност се надеваат на нешто многу повеќе од играње во осминафиналето. Има една интересна традиција која ...
Кол Палмер е практично недопирлив во Челзи, пишува „Скај спортс“. Заминување во Манчестер јунајтед за него не е опција, ниту за Сините од Лондон. Палмер има договор со клубот до 2033 година. Откако пред две и пол години пристигна од Манчестер сити, Палмер за Челзи постигна 41 гол и забележа 19 асистенции. Поради тоа, англискиот репрезентативец стана речиси „недопирлив“ во лондонскиот тим и клубот би размислил за продажба само доколку добие ...
Тренерот на италијанскиот шампион Наполи, Антонио Конте, верува дека тимот ќе даде сè од себе, и покрај големиот број повредени играчи, на утрешниот дуел против неговиот поранешен клуб Челзи во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Конте нема да може да смета на многу играчи, меѓу кои се: Кевин де Бројне, Давид Нерес, Матео Политано, Вања Милинковиќ-Савиќ, Амир Рахмани и Франк Ангиса. Наполи моментално е на 25-тото место ...
Политиката што во моментов ја спроведува американскиот претседател Доналд Трамп би можела индиректно да ѝ оди во прилог на Македонија во трката за пласман на Светското првенство, кое летово ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Како што пренесува италијанскиот весник „Газета дело спорт“, сè повеќе европски репрезентации размислуваат за можен бојкот на Мундијалот поради затегнатите односи со Соединетите Американски Држави. Она што е особено ...
По неочекуваното реми меѓу Швајцарија и Исланд (38-38), дуелот меѓу Хрватска и Словенија доби уште поголемо значење за двете селекции. На крајот се радуваа Хрватите, кои славеа со 29-25 и направија голем чекор кон пласман во полуфиналето на Европското првенство. Хрватска одлично го отвори натпреварот и доминираше во почетните минути, додека Словенија имаше сериозни проблеми во нападот. Во првите десет минути Словенците постигнаа само еден ...
Барселона веќе подолг период има проблеми со финансискиот ферплеј и поради тоа нема шанси да доведува големи фудбалски имиња во своите редови. Сепак, каталонскиот гигант сака да е активен на пазарот, па успеа да го доведе младиот лев бек Патрисио Пасифико. Се работи за 19-годишен фудбалер кој игра во Дефенсор, кој важи за еден од најдобрите клубови во Уругвај. Поради немањето финансиска моќ, Барселона успеа Пасифико да го доведе како позајмен ...