Јувентус одигра еден од најдобрите мечеви сезонава и со убедливи 3:0 го победи Наполи во дербито на италијанското првенство. Со оваа победа Јувентус стигна до 42 бода, а Наполи остана на 43 бода, па тимот од Неапол речиси сигурно го загуби чекорот во трката за титулата бидејќи Интер е лидер со 52 бода. Тренерот на Старата дама, Лучано Спалети, беше презадоволен од победата и посебно беше задоволен од играта и убедливиот триумф. „Сите мечеви ...

Специјално од Сиде, Турција Трајан Маневски Тренерот на Вардар Гоце Седлоски ги искажа своите импресии од досегашниот тек на подготовките на Вардар во Анталија. Стратегот е задоволен од тоа како течат тренинзите на “црвено-црните”. “Напорни се подготовките, едноставно тешки се играчите. На секој сакам да му дадам шанса, сега до нив е како ќе се покажат. На првите два меча им дадов шанса на сите. Денеска исто така ќе им дадам шанса на ...

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, е задоволен од настапот на тимот по победата од 2-3 над Арсенал. По натпреварот тој го истакна карактерот на своите фудбалери и призна дека екипата сè уште е во почетна фаза од својата работа. „Знаевме дека почетокот на мечот ќе биде таков и се обидовме да го свртиме текот во наша корист. Бевме свесни како ќе се развива натпреварот. Постепено почнавме подобро да ја контролираме топката, да играме ...

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, објасни што тргнало наопаку за неговиот тим во дербито против Манчестер јунајтед, кое Топчиите го загубија дома со 2-3. Шпанецот призна дека неговата екипа силно го започнала натпреварот, но грешките и падот во контролата на играта се покажале како клучни за конечниот исход. „Во првите 30 минути доминиравме и играта се одвиваше во зоните во кои сакавме. Создадовме добри ситуации, постигнавме гол и ...

1140 Евертон – Лидс (21 ч.) Евертон влезе во добар ритам и има само еден пораз во последните пет кола. Карамелите, кои се тим со третата најдобра одбрана, успеаја да го победат и Астон вила на гости, што доволно зборува за формата во која се наоѓаат. Лидс на гости има освоено само шест бода во 11 меча и ќе биде голем успех за него ако остане непоразен. Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.16) 3634 Верона – Удинезе (20:45 ч.) Голем е ...

Екипата на Илинден ги започна подготовките пред стартот на пролетниот дел од сезоната. Илинден имаше одлична полусезона и во 10 меча имаше осум победи и две нерешени, па заслужено е на првото место на табелата во општинската лига Гази Баба. Во зимската пауза, челниците на Илинден не мируваа, па доведоа засилувања како меѓу играчите така и во стручниот штаб. Баже Лазаревски и Стево Митровски-Цеко ќе бидат предводници од клупата и нивна цел е ...

По еден меч од Турција, Италија, Англија, Шпанија и Португалија се дел од Квотите на денот, а ако сите пет меча ги одиграте заедно на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 41.74. Бешикташ гостува кај Ејупспор, а гостите да дадат гол и да има повеќе погодоци во второто полувреме е со квота од 2.15. Верона и Удинезе треба да одиграат дуел на кој во првиот дел нема да има повеќе од еден погодок, а во вториот дел треба да има меѓу ...

Светскиот и европски шампион со репрезентацијата на Шпанија, Серхио Рамос, заедно со инвестицискиот фонд „Five Eleven Capital“, постигнал начелен договор за преземање на шпанскиот фудбалски клуб Севиља, пренесува радиостаницата „Кадена Сер“. Вкупната вредност на зделката, која се очекува да биде финализирана до крајот на месецот, изнесува 450 милиони евра. Рамос и неговите партнери во моментов ги разгледуваат финансиските извештаи на клубот, ...

Фудбал, кошарка, ракомет и хокеј има вио денешната понуда на Супер типот во Sport Life. Сплит да слави во дуелот со Студентски центар во АБА лигата е со квота од 1.69. Виртус Болоња е фаворит за победа на гости кај Ваноли, додека во НБА лигата, Атланта дома да ја победи Индијана е со квота од 1.66. На ракометното Европско првенство се игра дербито меѓу Германија и Данска, а фаворит за победа е ко-домаќинот Данска и квотата е 1.31. Во НФЛ, ...

Специјално од Сиде, Турција Трајан Маневски Вардар интензивно е во потрага по наследникот на Гоце Седлоски. Тренерот кој успеа да ги врати Црвено-црните на победнички патеки ги одработува последните месеци од клупските обврски, а потоа ќе се посвети само на работата во македонската репрезентација, откако неодамна беше назначен за селектор националниот тим. Странец или домашен трена да биде наследникот на Седлоски? Во кулоарите се споменуваат ...

Пет интересни меча се одиграа ноќеска во НБА лигата, а најголемото изненадување го направи Торонто кој успеа да победи на гостински терен кај шампионот Оклахома, со 103:101. За Оклахома ова е втор пораз по ред на домашен терен, вкупно десети сезонава. Торонто стигна до четврта победа во низа, вкупно 29-та сезонава во 48 меча. Шеј Гилџус Александер беше прв стрелец на мечот со 24 поени, но тоа не беше доволно неговиот тим да победи. Оклахома ...

Барселона дури во второто полувреме го скрши отпорот на Овиедо во меч кој се играше на „Камп Ноу“, а на крајот фаворитот победи со 3:0. Катлонскиот гигант со оваа победа се врати на врвот на табелата во Примера дивисион, со 52 бодови, еден повеќе од најголемиот ривал Реал Мадрид. Со оваа победа над Овиедо, Барселона стигна до 10 победа во 10 меча кои сезонава ги одигра на домашен терен во домашното првенство. Ниту еден друг клуб во шпанското ...

Казахстански Актобе се пофали дека го купил португалскиот ветеран Луис Нани. Некогашната ѕвезда на Манчестер јунајтед потпиша на една сезона, а месечната плата ќе му биде 70.000 долари. Актобе сега би можел да ги потпише и поранешните ѕвезди на Реал Мадрид и Ливерпул, Хамес Родригез односно Џердан Шаќири. Според информациите од Казахстан, двајцата 34-годишни играчи се на списокот на желби на клубот. Клубот сака да потпише и со напаѓачот ...

Конечно Рома одигра нерешено на натпревар од Серија А, првпат сезонава, дури во 22-рото коло и тоа против Милан во дербито. Росонерите поведоа со гол на Де Винтер и асистенција на Модриќ, а Џалоросите израмнија преку пеналот на Пелегрини. Милан остана втор, но сега има пет бода помалку од лидерот Интер, додека Рома е трета со четири бодови помалку од Милан. Конечно Рома одигра нерешено на натпревар од Серија А, првпат сезонава, дури во ...

Хрватска ја победи Швајцарија со 28-24, оправдувајќи ја фаворитската улога на овој меч од Европското првенство во ракомет, дополнително замрсувајќи ја ситуацијата во групата 2 каде сега четири тима имаат по 4 бода и ќе се борат за двете места кои водат во полуфиналето. Хрватите имаат проблем, не зависат само од себе. Дури и да победат во последните две кола, може да испаднат, бидејќи во круг со Шведска и Исланд, би биле најслаби и би завршиле ...

Францускиот голман на Милан, Мајк Мењан, и во следните пет години останува на „Сан Сиро”, откако италијанските медиуми објавија дека двете страни се пред потпис на нов договор. Актуелниот договор на Французинот истекува на крајот на оваа сезона, но тој сега ќе добие нов, далеку побогат договор со Милан. Мењан во Милано пристигна од Лил за сума од 16,4 милиони евра пред пет години, а неговата моментална вредност се проценува на 25 милиони ...

Од јуни 2023 година трае реновирањето на „Ноу Камп“, сега Барселона игра таму, на недовршен стадион, меѓутоа, се чини дека самата реконструкција не е најдобро направена. Дождот и градот што врнеа за време на натпреварот против Овиедо во неделата е доказ за тоа, бидејќи покривот протекуваше на неколку места. Најмногу настрада новинарската ложа. Estoy gritando con las goteras del Nuevo Camp Nou. Y había risas con el Bernabéu. ...

Давид, Јилдиз и Костиќ му донесоа победа на Јувентус над Наполи од 3-0 во дербито на Серија А, по кое наполитанците се чекор назад кон одбрана на титулата. Елиф Елмас беше стартер кај Наполи и играше до 70-та минута кога на семафорот стоеше резултат 1-0. Јуве од ноември 2013 наваму немаше ваква победа од три гола разлика против Наполи, па затоа радоста на публиката во Торино беше голема. Јувентус е петти на табелата со десет бодови помалку ...

Исланд беше подобар од Шведска со 35-27 и внесе огромна неизвесност во групата 2 на Европското првенство во ракомет. Ако Хрватска вечерва ја победи Швајцарија, тогаш на две кола до крајот, дури четири тима во оваа група (Шведска, Исланд, Словенија и Хрватска) ќе имаат по 4 бодови и борбата за првите две места на табелата кои водат во полуфиналето ќе биде супер интересна, и секој гол може да решава. Виго Кристјансон имаше шоу со 11 голови од ...

Натпреварот од кошаркарската Суперлига помеѓу Куманово и Чаир беше прекинат после само две минути игра и водство на кумановци од 2-0, и тоа поради необична причина. Откако еден од играчите на Чаир се излизга на теренот, гостинската екипа побара прекин. Паркетот во спортската сала во Куманово беше лизгав, па безбедноста на играчите беше загрозена и судиите и делегатот немаа друг избор освен да ја прекинат средбата. Ова е втор пат натпревар на ...

Манчестер јунајтед по победата над Сити во минатото коло, денеска го шокираше и Арсенал и тоа во Лондон со 3-2. Црвените ѓаволи после 21 години успеаја да победат на гости кај Арсенал во меч на кој губеле со 0-1. Топчиите водеа 1-0, па Јунајтед сврте на 2-1, Арсенал изедначи во 84-та минута, а шокот за домашните дојде во 87-ма со спектакуларен шут на Матеус Куња во 87-ма минута. Арсенал трето коло по ред не знае за победа, но остана прв на ...

Победи на домашните тимови на сите осум натпревари во НБА лигата вечерва е реална опција, барем според квотите за конечен тип во Sport Life. Прв меч е оној на Детроит и Сакраменто, на кој најдобриот тим на Истокот е голем фаворит. Ќе има дуели и на Ентони Едвардс против Стеф Кари, јасен фаворит е и најуспешниот тим во лигата, Оклахома сити, кој го пречекува Торонто кој има три победи по ред. Речиси 100 кошаркари има во понудата на Sport Life ...

Бразилскиот напаѓач Ендрик постигна три гола во победата на Лион над Мец од 5-2. Тоа се први голови на Ендрик на неговиот втор настап во француската Лига 1, а вкупно има четири голови на три меча за Лион. Откако Ендрик дојде во Лион како позајмен од Реал Мадрид, тимот реди само победи. Ендрик кој се надева на повик од селекторот Карло Анчелоти за настап на Светско првенство, даде гол и на дебито за Лион, во Купот на Франција. Бразилскиот ...

Голема тепачка се случила доцна синоќа во близина на аеродромот во Тузла, кога околу 100 навивачи на Хајдук од Сплит вооружени со палки ги начекале нешто помалубројните фанови на Црвена ѕвезда кои се враќале од Малме. Има многу повредени, од кои едно 25-годишно момче од Приједор е во критична состојба со повеќе повреди на главата и ‘рбетот. Инаку хрватските хулигани кога стигнале на границата со БиХ, ја измамиле полицијата, рекле дека одат ...

Барселона го совлада последнопласираниот Овиедо со 3-0 и се врати на првото место во шпанската Ла Лига со еден бод повеќе од ривалот Реал Мадрид. Каталонците 51 минута не можеа да го скршат отпорот на гостите, а тогаш со петминутен „блицкриг“ од 52-ра до 57-ма минута и голови на Олмо и Рафиња (има 9 голови на последните 10 меча), го решија прашањето на победникот и Овиедо немаше шанса да остане непоразен. Барса првпат после 30 години, успеа ...

Специјално од Сиде, Турција Трајан Маневски Веќе две недели Вардар е на подготовки во Сиде, Турција, каде се темпира формата за почетокот на вториот дел од сезоната во македонското првенство. Црвено-црните во Сиде се без најдобриот играч од есенскиот дел, Роџерс Мато (чека реализација на трансфер во шкотски Хартс), но во вардаровиот табор веруваат дека и без првиот стрелец во тимот, нема да има проблеми во реализацијата. Покрај капитенот Азар ...

Победата на Џенова над Болоња од 3-2 ќе им остане во паметење на многумина кои ги гледаа овој натпревар, поради пресвртот и голчиштата на домашниот тим. Болоњезите водеа со 2-0, а во 57-ма минута голманот Скорупски доби црвен картон и работите тргнаа на лошо. Пет минути подоцна, Малиновски даде супер гол од слободен удар, враќајќи ги домашните во живот. El ESPECTACULAR GOLAZO de Ruslan Malinovskyi de tiro libre para el descuento de ...

Кристал Палас – Челзи 1-3, Њукасл – Астон Вила 0-2 и Брентфорд – Нотингам форест 0-2 се резултатите од трите средби во англиската Премиер лига кои се играа попладнево од 15 часот. Сините ја добија лондонската пресметка благодарение на Естевао кој по подолго време (од крајот на ноември наваму) даде гол, а младиот Бразилец имаше и асистенција при голот за 2-0 кој го даде Жоао Педро. Погоди и Енцо Фернандес од пенал, а во финишот Палас додека ...

Македонскиот напаѓач Елмин Растодер постигна два гола во денешната победа на Тун над Јанг бојс од 4-1 во натпревар од швајцарското фудбалско првенство. Растодер погодуваше за 3-0 и 4-1, и сега има вкупно седум голови сезонава на 20 мечеви во лигата, има и четири асистенции. Инаку екипата на Тун за која настапува Растодер, е лидер на табелата со 46 бодови, а Сент Гален може да им се доближи на три бода негатива ако ги добие двата меча кои ...

Босанскиот голгетер Един Џеко со денешниот погодок на мечот Шалке 04 – Кајзерслаутерн, испиша историја на втората германска лига, популарната Цвајта. Џеко со 39 години и 314 дена стана најстариот стрелец во историјата на оваа лига, а како тргна, рекордот веројатно ќе го подобрува уште повеќе пати. Џеко после 15 години се врати во Германија, а денеска дебитираше во дресот на Шалке и 20 минути откако влезе на терен, даде гол. Погодокот беше во ...

Мвр билтен

28 минути - МИА
weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
3.09
58%
1026
weather icon

Загреб

11ᴼ / 6ᴼ
0.51
59%
1026
weather icon

Софија

8ᴼ / 4ᴼ
4.12
59%
1028
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.8
70%
1028
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 5ᴼ
0.74
66%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.13
69%
1026
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
71%
1027
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
67%
1029
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 2ᴼ
0.51
54%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
5.14
69%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Сребро

2711.59

Бакар

11.73

Алуминиум

3.42

Паладиум

51794.85

Калај

50.64

Цинк

3.24

Злато

166253.76

Кобалт

66.14

Платина

68963.35

Иридиум

231355.22

Рутениум

47358.05

Родиум

372948.66