Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Во најсилната кошаркарска лига во светот, НБА, ноќеска ќе се играат седум натпревари. Тоа што е посебно впечатливо е дека според квотите кои се понудени, на сите седум дуели има изразити фаворити. За победи на фаворитите квотите се движат меѓу 1.12 и 1.46. Најголеми „сигурици“ треба да бидат победите на Оклахома и Њујорк на домашен терен во дуелите против Њу Орлеанс и Сакраменто. „Кецови“, односно со победа на домашните екипи треба да завршат ...
По назначувањето на Мајкл Карик за привремен тренер на Манчестер јунајтед, расположението во англискиот гигант е многу подобрено. Со Карик на клупата, Манчестер успеа да ги победи големите ривали Манчестер сити (2:0) и Арсенал (3:2), па тимот полека се враќа во трка за горниот дел од табелата. Манчестер јунајтед моментно е на четвртото место, што значи дека тимот може да се бори и за позиција која води во Лигата на шампионите. Челниците на ...
Арсенал повеќе од две децении чека да се израдува на титулата во Премиер лигата, а сеознава е на добар пат да стави крај на тој пост. Топчиите се лидери во англиското првенство, но тренерот Микел Артета знае дека му се потребни уште неколку засилувања за да може тимот да го задржи овој пеколен ритам и да одолее на нападите на ривалите во Премиер лигата. Според англиските медиуми, Арсенал е подготвен во овој преоден рок да пазари кај Реал ...
Четири фудбалски и еден кошаркарски натпревар се дел од понудата во Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози изнесува 35.1, додека поединечно квотите се движат помеѓу 1.80 и 2.45. Понудената квота од 2.05 за мечот на Сент Паули и Лајпциг ќе биде добитна само ако гостите постигнат еден или два гола во првото полувреме. Од фудбалерите на Хофенхајм се очекува да не загубат на гостувањето кај Вердер Бремен, а доколку ...
Договорот на Барселона и Роберт Левандовски истекува на крајот од оваа сезона, а на „Камп Ноу“ веќе се подготвуваат за ерата по полскиот напаѓач. Две имиња се споменуваат како можни наследници на Левандовски, а според шпанските медиуми, Жоан Лапорта, се уште сонува за Хулијан Алварес, иако тоа ќе биде (не)возможна мисија. Атлетико Мадрид ако се одлучи да го продаде Аргентинецот, тоа нема да биде за сума помала од 100 милиони евра, сума која ...
Лука Дончиќ одигра феноменален натпревар и со 46 поени, 12 асистенции и седум скока ја донесе победата за ЛА Лејкерс од 129-118 на гостувањето кај Чикаго. Лејкерс со овој триумф ја прекинаа победничката серија на домашниот состав од четири наторевари. Поддршка за Дончиќ беше Леброн Џејмс со 24 поени, од кои дури 20 ги постигна во првтото полувреме, додека Руи Хачимура додаде 23 поени со одличен шут од игра 9/11. За „езерџиите“ ова е треба ...
Педро Фернандес Сармиенто или нагалено Дро, 18-годишниот фудбалер за врска, ја напушти Барселона и се пресели во редовите на европскиот првак Пари Сен Жермен, потпиша договор до 2030 година. Се шпекулира дека Светците платиле отштета од околу 8 милиони евра. Дро во ПСЖ ќе носи дрес со бројот 27. Дро три и пол години беше во Барселона, летоска беше префрлен во првиот тим за кој одигра и пет меча, но сега се сели во Париз. Тој преку Инстаграм ...
Поранешниот дефанзивец на Јувентус, Арсенал, Лацио и репреззентативец на Швајцарија, Стефан Лихтштајнер, е назначен за тренер на ФК Базел. Потпишаа договор со важност до летото 2029 година. Овој 42-годишен екс фудбалер ги тренираше младинските тимови на Базел од 2022 до 2024 година, по што работеше како главен тренер во Ветсвил-Бонштетен. Како играч, Лихштајнер седум титули во италијанското првенство со Јувентус и играше во две финалиња на ...
Со победата од 31-26 против Германија, селекцијата на Данска си ја отвори вратата од полуфиналето на Европското првенство во ракомет. Гидсел и Питлик со по 8 голови, и голманот Нилсен кој имаше 14 интервенции, беа најзаслужни за победата на домаќинот. Данците е сигурен учесник во разигрувањето за титулата. Другиот патник во полуфиналето од оваа група ќе се знае по одигрувањето на дуелот на Германија и Франција, селекции кои губеа од Данска ...
Кошаркарите на Чаир 2030 славеа на гостувањето во Куманово со 76-71, а иако конечниот исход е изненадувачки, победата е заслужена бидејќи чаирчани водеа во поголем дел од средбата. Во последната минита при 70-70, Мухамед Тачи погоди тројка која се покажа како клучна. Имаа кумановци уште 44 секунди за да го вратат резултатскиот егал, но Стевановиќ не успеа, а Николиќ направи лична грешка по која Реџа од слободно фрлање покачи на плус 4 со што ...
Еден англиски навивач неодамна неовластено влезе на стадионот на еден италијански прволигаш на необичен начин и сето тоа го сними и објави на „Тик-Ток“. На „Њу Баланс Арена“ во Бергамо влезе многу лесно и ќе ги принуди луѓето од клубот да ги преиспитаат своите „тенки“ безбедносни протоколи. Навивачот дојде до влезот наменет за клупскиот автобус и ја внесе годината на основање на клубот на тастатурата – 1907. На негово изненадување, портата ...
Поразот на Баерн Минхен против Аугсбург викендов, остави само уште осум клуба на листата на непоразени во Европа оваа сезона во домашните лиги. Еден од тие осум тима е и скопски Вардар. Освен Вардар, лигашки пораз во сезоната 2025/2026 немаат ни Порто, Бенфика, Славија Прага, Тре Фиори, Фенербахче, Ла Фјорита и КИ Клаксвик на кого одамна му заврши сезоната на Фарски острови, во која до титулата дојде без пораз во 27 меча. Од друга страна, ...
Ливерпул изминатото лето беше екипата која потроши многу пари за нови фудбалери, но уште од сега е јасно дека Црвените нема да ја одбранат титулата во Премиер лигата. Лошите резултати сериозно го разнишаа столчето на Арне Слот, па сè погласни се шпекулациите дека нов тренер на Ливерпул ќе биде Чаби Алонсо. Шпанецот неодамна доби отказ во Реал Мадрид, а според медиумите на Островот, раководството на Црвените веќе остварило контакт со Чаби ...
Португалскиот ас Кристијано Роналдо многу лесно би можело да ја заврши играчката кариера кога во летото 2027 година ќе му истече договорот со Ал-Наср. Првиот негов чекор по ова би можел и понатаму да биде поврзан со саудиската лига, но во сопственичка улога. Се споменува дека би можел да го зголеми уделот што веќе го има, а кој се наведува дека изнесува 15 проценти. Роналдо сигурно ќе ја предводи репрезентацијата на Португалија на Светското ...
Откако Манчестер јунајтед од водство на Мајкл Карик еден по друг успеа да ги совлада Манчестер сити и Арсенал, нешто што беше незамисливо додека ги тренираше Рубен Аморим, фановите на Јунајтед почнаа да бараат Карик да остане менаџер и по завршувањето на сезонава. Тој добро ја врши работата како привремен тренер, а на социјалните мрежи денеска масовно се споделува една објава на Кристијано Роналдо од декември 2021 година (и тогаш Карик ...
Победата на Шпанија над Франција од 36-32 нема да им помогне многу на Шпанците во трката за место во полуфиналето, но значително им ги расипува пресметките на актуелните европски прваци, Французите, кои лесно може да останат без место во полуфиналето и вече не зависат само од себе. После вечерашниот меч Германија – Данска, некои работи ќе бидат појасни во оваа група. Германците ако победат, сигурно одат во полуфиналето. Баруфет со 10 голови ...
Миле Свилар во моментов, без никаква дилема, е еден од најдобрите голмани во Европа. Дваесет и шестгодишниот чувар на мрежата брани навистина фантастично во редовите на Рома и привлече огромно внимание кон себе. Неколку англиски клубови сериозно размислуваат за ангажман на српскиот голман. Меѓу нив се Тотенхем, Челзи и Борнмут, а се подготвува неверојатна понуда. Англичаните се познати по плаќање прилично нереални суми за трансфери, па за ...
Кошаркарската федерација на Република Македонија ја информира јавноста дека Управниот одбор на Федерацијата донесе одлука за именување на г. Хозе Мариа Берокал за селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија. Г. Берокал е искусен шпански тренер со импозантно портфолио зад себе, со повеќе од 35 години тренерско искуство, од кои 21 година во професионална кошарка, како и 14 години искуство во Евролигата, најелитното европско ...
Манчестер сити внимателно ја следи ситуацијата околу Трент Александер-Арнолд, чија иднина во Реал Мадрид станува сè понеизвесна откако англискиот репрезентативец не успеа да се наметне по големиот трансфер од Ливерпул минатото лето. Иако изворите наведуваат дека Александер-Арнолд е решен да се бори за своето место, зад сцената наводно расте фрустрацијата поради начинот на кој се одвива неговата прва сезона во Шпанија. Откако пристигна, ...
Марк-Андре тер Штеген пристигна на позајмица во Жирона за да биде прв голман и своето деби ќе го има вечерва, на мечот против Хетафе, но лесно можеше да се случи Германецот да остане надвор од составот. Ла Лига им дозволува на екипите да ги користат само броевите од 1 до 25, а голманите задолжително ги носат бројките 1, 13 и 25. Сепак, сите три бројки во Жирона се зафатени, па помалиот клуб од Каталонија тргна експресно да ја раскинува ...
Првиот меч од денешната програма на Европското првенство, помеѓу Португалија и Норвешка, започна со спектакуларно реми со 70 гола, 35-35. Ваквиот исход веројатно ги испрати дома и двете селекции, со оглед дека по четири кола имаат по три бода, а Германија, Франција и Данска имаат по четири од три меча. И двете селекции треба да жалат за испуштената победа, бидејќи Норвежаните во текот на целиот меч имаа водство, но Португалија направи пресврт ...
Изминатиот викенд е уште еден доказ дека и со мала уплата во Sport Life може да се добијат екстремно големи добивки. На тикетот уплатен во Струмица, играчот вложи само 50 денари и сосема заслужено си доби 201.088 денари. Струмичанецот одигра храбро, со неколку комбинации, кои беа погодени, па доколку одиграше без запирка, добивката сигурно ќе беше и многу повисока. На тикетот имаше само осум меча, два од нив завршија нерешено на крајот, а ...
Раководството на англискиот шампион Ливерпул ги направило првите чекори кон евентуално ангажирање на Чаби Алонсо како нов менаџер на клубот. Информацијата ја објави угледниот шпански весник „АС“, според кој, претставници на клубот неодамна оствариле контакт со луѓе од кругот на стручњакот, пред сè, со неговиот агент Ињаки Ибанес. Малку подоцна медиумите во Англија излегоа со написи дека Алонсо покажува интерес за работата на „Енфилд“ и дека ...
Специјално од Сиде, Турција Трајан Маневски Лидерот во македонското првенство, Вардар, загуби со 3:0 од Динамо Махачкала во контролен натпревар што се одигра во Турција. Рускиот прволигаш уште во првото полувреме ги реши сите дилеми околу победникот. Во 19-тата минута, по еден изведен корнер, дефанзивецот Андреас Алкарон најдобро се снајде во шеснаесетникот и го совлада Ќосевски. И во продолжение на првиот дел, Динамо имаше иницијатива, а ...
Ноќниот НБА маратон започнува нешто порано од вообичаеното, во 19:30 часот по македонско време и ќе трае до раните утрински часови во вторник. На програмата се вкупно седум меча и сите се дел од богатата понуда на Sport Life. Она што е интересно ако се погледнат квотите е фактот дека се очекуваат домашни победи на шест меча, а најголеми возбудувања треба да има на единствениот натпревар на кој фаворитската улога ја имаат гостите. Дел од ...
Трите меча кои вечерва се играат во Топ 5 лигите се дел од понудата на Бет билдерот во Sport Life, а квотите се квижат од 15 до 18. Верона е домаќин на Удинезе, а коефицинетот 18 ќе биде домаќин ако: има барем еден гол во двете полувремиња, има над 3,5 корнери во двете полувремиња, Џовани Насименто има барем еден шут во рамките на голот и Николо Заниоло има над 1,5 шутеви во рамките на голот. За дуелот меѓу Евертон и Лидс две комбинации со ...
Женскиот кошаркарски клуб Баскет кам од Македонска Каменица ја доби организацијата на финалниот турнир „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција. Раководството на актуелниот шампион, пројави интерес за организација на националниот кошаркарски Куп, ги исполни условите поставени од јавниот повик за организација на финалниот турнир. Согласно со договореното, четирите најдобри екипи во женска конкуренција, Крива Паланка, Бадел 1862, МЗТ ...
Општинскиот фудбалски сојуз Кичево, преку претседателот во оставка Марјан Ристевски, достави покана до Фудбалската федерација на Македонија за одржување на вонредно изборно собрание на ОФС Кичево, закажано за 23. јануари 2026 во 18:00 часот, во “Куќа на уметноста” во кичевско Кнежино. Овластени претставници на Фудбалската федерација на Македонија навремено беа присутни на закажаното собрание. Сепак, истото не се одржа поради немање кворум за ...
Кошаркарскиот клуб МКК Куманово ја доби организацијата на финалниот турнир „Благоја Георгиевски-Буштур“ во машка конкуренција. Раководството на клубот од Куманово, пројави интерес за организација на националниот кошаркарски Куп, ги исполни условите поставени од јавниот повик за организација на финалниот турнир, и ќе биде во улога на домаќин на завршницата од најмасовното клупско натпреварување. Согласно со календарот за натпреварување, осумте ...
Ракометните возбудувања продолжуваат и во текот на денешниот ден. На репертоарот се нови три натпревари, а, секако, огромна е понудата за нив во Sport Life. Има подготвено нови три ракометни „специјали“, за секој од натпреварите поодделно. Можете да ги разгледате сите квоти за „милион игри“, прв дава гол, прво исклучување, прв седмерец, прв промашен седмерец, прв тајмаут, последно исклучување, последен седмерец, последен тајмаут, вкупно ...