Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Српскиот голман Вања Милинковиќ-Савиќ би можел да стане светски рекордер по јачината на шут на пенал, против Каљари според некои проценки, наводно топката достигнала брзина од повеќе од 130 километри на час! Ако се потврди дека е 130 км/ч, Вања ќе стане рекордер. Видеото од пеналот веќе привлече огромно внимание поради бруталната сила со која беше изведен. Buongiorno col terra-aria di zio Vanja Milinkovic-Savic#NapoliCagliari ...
Денвер нагетс победи на гостувањето од НБА лигата кај Индијана пејсерс со 135-120, а јунак на средбата беше Џамал Мареј кој постигна дури 52 поени, три помалку од неговиот личен рекорд. Мареј погоди дури 10 тројки од 11 обиди, иако пред мечот беше неизвесно дали ќе игра поради мала повреда. Со 24 поени, 13 асистенции и осум скока, и Никола Јокиќ даде голем придонес, а и тој има мала повреда. Мареј стана третиот играч на Денвер кој сезонава ...
Нејмар не е за во пензија, напротив, последните два меча на кои даде вкупно пет голови, покажува дека треба да има место во бразилската репрезентација на СП следната година. Ѕвездата му помогна на својот Сантос да голем клучен чекор кон опстанок во елитната бразилска лига, постигнувајќи ги трите гола во победата од 3-0 над Жувентуде. Да биде успехот поголем, Нејмар игра повреден, ќе треба да се подложи на артроскопска операција на крајот од ...
Македонскиот голман Столе Димитриевски ќе биде стартер на утрешниот натпревар од Купот на Шпанија против Картагена, соопшти тренерот на Валенсија, Карлос Корберан. Димитриевски пред неколку дена предизвика бурни реакции со изјавата дадена во Македонија, па не беше сигурно дали ќе ја добие довербата да брани повторно. Сепак, недоразбирањата се надминати и нашиот репрезентативец повторно ќе биде на голот во куп-натпреварувањето. „Столе ќе ...
Лидс јунајтед приреди изненадување на „Еланд Роуд“ и со 3-1 го совлада фаворитот Челзи во 14-тото коло на Премиер лигата. Ова беше четврта победа за Лидс сезонава, а тимот покажа голема борбеност од првата минута. Само шест минути беа потребни за домашните да поведат, откако Јака Бијол постигна гол по асистенција од Стах. Челзи се обиде да возврати, но пред полувремето Танака зголеми на 2-0 и ги стави гостите во тешка ситуација. Во второто ...
Интер без проблеми си ја заврши работата и со вистинска голеада ја елиминираше Венеција, славејќи со убедливи 5-1 на „Џузепе Меаца“ и резервирајќи место во четвртфиналето на Копа Италија. Иако Кристијан Киву настапи со комбиниран тим и им даде шанса на играчи како Аугусто, Бисек, Енрике, Фратези, Диуф и Пио Еспозито, разликата во квалитет беше повеќе од очигледна. Падот на Венеција започна во 18-та минута, кога Енди Диуф ја отвори серијата ...
Фудбалерите на Баерн Минхен изборија пласман во четвртфиналето од Купот на Германија, откако во драматичен дуел го совладаа Унион Берлин со 2-3. Иако домаќинот пружи жесток отпор и постојано беше во игра, Баварците успеаја да го потврдат квалитетот и да се вратат дома со победа. Баерн веднаш го наметна темпото и поведе уште во 12-тата минута, кога Анса по корнер си постигна автогол. Само четири минути подоцна, Хари Кејн ја зголеми предноста ...
Арсенал се врати на победничкиот колосек и ја запиша својата десетта сезонска победа, совладувајќи го Брентфорд со 2-0 на „Емирати“. Иако Микел Артета се соочи со проблеми во составот и мораше да ротира поради повреди, лидерот на Премиер лигата рутински ја доби лондонската пресметка. Шпанецот Микел Мерино повторно беше поставен во нападот и уште еднаш ја оправда одлуката. Во 11-тата минута, по прецизна асистенција на Бен Вајт, Мерино ја ...
Македонската фудбалска репрезентација до 20 години, предводена од Александар Таневски, забележа убедлива победа од 0-3 на пријателскиот натпревар против Лихтенштајн. Ова беше прв меч за оваа новоформирана селекција, а сите голови беа постигнати во вториот дел. Резултатот го отвори Величковски во 52-та минута, а само пет минути подоцна Данев го зголеми водството. Конечниот резултат од 0-3 го постави Данев со својот втор во 78-та минута, кога ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер доживеаја нов пораз во Лигата на шампионите, загубувајќи на гостувањето кај Загреб со 27-23 во последниот овогодишен натпревар во елитата. По овој неуспех, шансите за пласман во осминафиналето се сведоа на минимум. Тренерот Рубен Гарабаја можеше да смета на речиси сите играчи, освен повреденото крило Цветан Кузманоски. Во составот се врати Самоил Ристевски, а на голот предност доби летното засилување Саид ...
Рома покажува сериозен интерес за Федерико Киеза од Ливерпул. Италијанскиот репрезентативец нема доволно шанси за настап кај Црвените“, а Киеза е решен да игра на Светското првенство доколку Италија успее да обезбеди пласман. Сѐ повеќе информации укажуваат дека Киеза размислува за трансфер веќе во јануари за да ја врати формата и да има редовна минутажа, но моментно ситуацијата останува неизвесна. Поранешниот играч на Јувентус е цел на ...
Реал Мадрид се врати на победите во Ла Лига откако славеше убедливо со 0-3 на гостувањето кај Атлетик Билбао, Кралскиот клуб немаше триумф на последните три натпревари во првенството, но вечерва беше на ниво на тешкото гостување. Килијан Мбапе беше херој на мечот, со два гола и асистенција за Едуардо Камавинга. Мбапе го отвори резултатот во седмата минута со одличен удар, а во 42-та минута со глава одигра повратна топка на центарштутот на ...
Италијанскиот шампион Наполи мораше да се мачи на пенали во осминафиналната битка од Купот на Италија против Каљари. Мечот во регуларниот тек заврши 1-1, а по изведувањето на удари од белата точка, Наполитанците славеа со 8-9 и се пласираа понатаму. Елиф Елмас беше стартер и го одигра целиот натпревар за Наполи. Лоренцо Лука донесе предност за Наполи во 28-та минута, а израмни Себастијано Еспозито во 67-та минута. Со оглед дека немаше ...
Јувентус доби нов удар со повредите. На долгата листа отсутни фудбалери денес се приклучи и Федерико Гати. Искусниот стопер се повреди на куп-натпреварот со Удинезе и мораше предвреме да го напушти теренот. Утринските прегледи потврдија лошо сценарио, проблем со менискусот, што ќе го оддалечи од терените најмалку еден месец. Спалети така останува без уште еден клучен играч во најнезгоден можен момент. Ситуацијата е уште потешка ако се знае ...
Давид Бабунски е едно од најголемите засилувања за Вардар оваа сезона. Тој одлучи да се прикучи на најтрофејниот клуб и ја продолжи семејната традиција, бидејќи и неговиот татко, Бобан Бабунски, во минатото беше значајна фигура во клубот. „Навистина ми е драго што сум дел од Вардар, клуб кој има посебно значење за моето семејство и дрес што мојот татко го носеше. Вардар е најголемиот клуб во земјава и ме радува што повторно чекори кон местото ...
Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, вели дека се заштитува себеси и своето семејство од злоупотреба на социјалните мрежи со тоа што не ги чита содржините. Истрага на Би-би-си откри дека повеќе од 2.000 екстремно навредливи објави или пораки на социјалните мрежи, вклучувајќи закани со смрт и силување, биле упатени кон менаџери и играчи во Премиер лигата и Женската Супер лига во текот на минатиот месец. Аморим заедно со Арне Слот и ...
Бундеслигашот Мајнц објави дека го отпуштил тренерот Бо Хенриксен. Овој 50-годишен дански стручњак беше прогласен за тренер на сезоната во Бундеслигата во 2024/2025, носејќи го Мајнц до шестото место и пласман во Конференциската лига. Но, сезонава не одат работите како што треба, Мајнц оствари само 1 победа во првите 12 кола и е на последното место на табелата во германското првенство. Убедливиот пораз од 0-4 од Фрајбург беше капак и клубот ...
Францускиот фудбалер Антоан Гризман (34) во својата кариера играјќи за Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид има неверојатно лош биланс во дуелите со Барселона. Синоќа популарниот Гризи го претрпе дури 23-тиот пораз од Барса. Билансот веројатно ќе му беше уште полош, но тој две сезони го носеше дресот на Каталонците, па не губеше од нив. Има и шест победи против Барселона, а на Каталонците им дал 7 гола на 36 меча, што е премалку и скор кој не би ...
Доколку си поднесам оставка, репрезентацијата на Италија ќе стане светски шампион? Ова беше одговорот на Габриеле Гравина на прашањето дали ќе го напушти кормилото на Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ) доколку Аѕурите го пропуштат и Мундијалот во 2026 година откако не играа ниту во 2018 ниту во 2022. Италија во март треба да победи во баражите со Северна Ирска дома и потоа на гости со Велс или Босна и Херцеговина ако сака да игра на СП. ...
Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, скопски Вардар, со билансот од 12 победи и три ремија во 15 кола е еден само од десетте тима во Европа кои сезонава немаат пораз во домашните првенства. А, подолга серија во цела Европа има само Славија Прага од Чешка, која одигра 17 меча и уште нема пораз. Вардарци задутре гостуваат кај Македонија Ѓорче Петров во последното есенско коло и крај на настапите во оваа календарска 2025 година и може да ...
Реал Мадрид вечерва на „Сан Мамес“ во Билбао ја завршува серијата од шест гостувања по ред, четири во шпанската Ла Лига и две во Лигата на шампионите. На досегашните пет, билансот им е многу лош, 1-3-1. Реал последниот меч дома го одигра на 1 ноември, кога ја разби Валенсија со 4-0 и во тој момент отиде на 8 бода предност пред Барселона. Во меѓувреме, повеќе од еден месец на нивниот „Бернабеу“ не се играше фудбал, но се играше американски ...
Локомотива Загреб официјално потврди дека нивен нов член е Македонецот Александар Трајковски. Вториот стрелец во историјата на македонската репрезентација, по две години поминати во сплитски Хајдук (10 гола на 32 меча), се сели во Загреб. Трајковски има искуство од играње во Хрватска, во 2010/2011 беше во Интер Запрешиќ, а во дресот на Хајдук посебно се истакна во дуелот токму против Локомотива во последното коло од сезоната 2023/2024 кога ...
Довчерашнниот селектор на машката фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, напиша писмо до навивачите во кое се осврна на периодот додека ја вршеше функцијата. „Драги поддржувачи на македонската репрезентација, Би сакал да изразам искрена благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и до сите претседатели на нашата федерација, Илчо Ѓорѓиоски, Муамед Сејдини и Масар Омерагиќ, кои од 2014 година, обезбедуваа услови и поддршка што ни ...
Екипата на Еурофарм Пелистер оптимистички му пристапува на гостувањето кај Загреб од ракометната Лига на шампиони во машка конкуренција. Битолчани во септември дома го победија овој ривал со 25-23 и веруваат дека може да го повторат тоа. „Имав минутажа на последните натпревари, сакам да играм подобро и да го докажам мојот квалитет. Се подготвуваме добро за Загреб, гледаме видеoанализа, тренираме напорно и се надеваме на најдоброто. На секој ...
Специјални понуди во Sport Life вечерва има за два меча. Првиот е дербито во Шпанија меѓу Атлетик Билабо и Реал Мадрид. Кралскиот клуб има три нерешени средби по ред и сега ќе атакува на победа. Ако се погледне како биле последните пет дуели на овие ривали, ќе се забележи дека биле досудени три пенали (два за Реал и еден за Билбао), што значи дека постои реална опција за удар од белата точка. Интересно е и тоа дека главен адут на Кралскиот ...
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, вели дека неговиот тим едноставно мора да победи вечерва на свој терен против Брентфорд. Топчиите се лидери на табелата во Премиер лигата, но сега имаат само два повеќе од второпласираниот Манчестер сити. „За нас е од витално значење да го победиме Брентфорд. Нашата мотивација доаѓа од напорот вложен во нашите подготовки и од начинот на кој пристапуваме кон натпреварите. Мора да бидеме подобри од нашите ...
Четири меча каде што на мегдан ќе се појават европски гиганти се дел од Бет билдер понудата и може да се најдат коефициенти од 13 до 25. Атлетик Билбао е домаќин на Реал Мадрид, а квота од 17 ќе биде добитна ако: има повеќе од 3,5 голови, Алекс Беренгуер упати барем еден гол во рамките на голот, Арда Ѓулер упати барем еден удар во рамките на голот и Винисиус јуниор упати над 1,5 удари во рамките на голот. На дуелот меѓу Арсенал и Брентфорд ...
Реал Мадрид нанижа три нерешени дуели во првенството на Шпанија, што значеше и губење на челната позиција на табелата. Тренерот Чаби Алонсо е под притисок, не само поради серијата дуели без победа, туку и поради нарушената атмосфера во соблекувалната, каде што неколкумина фудбалери предводени од Винисиус јуниор покажаа незадоволство од стратегот. Кралскиот клуб вечерва гостува во Билбао кај Атлетик, а Алонсо го опиша натпреварот како судир со ...
1168 Ливерпул – Сандерленд (21:15 ч.) Пред почеток на првенството тешко можеше да се поверува дека кога Ливерпул на „Енфилд роуд“ ќе го пречека Сандерленд, актулениот првак ќе биде во подредена положба во однос на гостинот. Сандерленд има 22 бода, а Ливерпул 21, но секако дека Црвените се големи фаворити на свој терен. Традицијата вели дека во последните 10 средби на овие ривали, Ливерпул има шест победи, а четирипати било нерешено, а ...
Атлетико Мадрид ја прекина серијата од сеудм порази откако синоќа загуби на „Камп ноу“ од Барселона со 3:1. Јорганџиите добро го започнаа мечот и први постигнаа гол, но Барселона до крајот на средбата направи целосен пресврт и каталонскиот гигант се радуваше на победата. Брселона сега има 37 бода и останува цврсто на првото место на табелата, додека Атлетико Мадрид остана на 31 бод и е на четвртото место. По мечот, тренерот на Атлетико, Диего ...