Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Фудбалерите на Интер многу потешко од очекуваното дојдоа до пласман во полуфиналето од Купот на Италија, откако славеа со 2-1 над Торино на домашен терен. Екипата од Милано беше голем фаворит во пресрет на натпреварот и тоа го оправда со гол на Бони во 35-тата минута за водство од 1-0 на полувремето. На стартот од вториот дел, односно во 47-мата минута веќе беше 2-0 за Интер со голот на Диуф. Сепак, кога се мислеше дека „сино-црните“ ...
Валенсија е елиминирана во четвртфиналето од Купот на Шпанија, откако на домашен терен загуби со 1-2. Македонскиот голман, Столе Димитриевски, ги одигра сите 90 минути, а во 75-тата минута успеа да му одбрани пенал на Хаурегираз, во моменти кога на семафорот беше 1-1. Сепак, одбранетиот пенал на Димитриевски беше залуден, бидејќи гостите со голот на Ињаки Вилијамс во 96-тата минута дојдоа до триумф и пласман во полуфиналето од Купот на ...
Манчестер сити конечно ќе има шанса да се бори за трофеј, откако со две победи над Њукасл обезбеди пласман во финалето на англискиот Лига куп. „Граѓаните“ вечерва славеа со 3-1 пред своја публика, а пласманот во финалето воопшто не беше загрозен, бидејќи имаа предност од 0-2 од првиот меч. Омар Мармуш беше стрелец на два гола за Манчестер сити, а еднаш во листата со стрелците се запиша Тијани Реијндерс. „Граѓаните“ минатата сезона не освоија ...
Борбата за титулата во првенството на Шкотска се вжештува, откако Хартс вчера загуби, а Глазгов Ренџерс вечерва славеше со 5-1 над Килмарнок на домашен терен. Стрелец на вториот гол за Ренџерс беше македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, во 58-мата минута и тоа со удар од 20-тина метри. Разликата меѓу Хартс и Глазгов Ренџерс сега е три бода. Мечот против Килмарнок беше 30-ти за Бојан Миовски во дресот на Ренџерс, а го постигна осмиот ...
Фран Гарсија во петокот се поздравил со соиграчите од Реал Мадрид и најавил дека потпишува за премиерлигашот Борнмут, но се случил пресврт. Флорентино Перес се откажал од трансферот, бидејќи раководството на клубот смета дека левиот бек е потребен на екипата, па „кралевите“ неочекувано добија нов проблем. Ваквата одлука не била добро прифатена од самиот фудбалер, кој се налутил и бил разочаран бидејќи во Реал Мадрид не добива минутажа, а во ...
Н’Голо Канте е новата ѕвезда на Фенербахче која треба да помогне во борбата со Галатасарај за титулата во Турција, а Французинот вечерва и официјално слета во Истанбул. Илјадници навивачи на Фенербахче се собраа на аеродромот, но и низ улиците на Истанбул каде треба да мине фудбалерот за да го поздрават. Се чини како да ја слават титулата, а не како да пречекуваат нов фудбалер во својата екипа. Видеата објавени на социјалните мрежи делуваат ...
Раководството на Ал-Итихад е во потрага по нова ѕвезда за екипата, откако Карим Бензема по конфликтот си замина и го засили Ал-Хилал. Првиот пик е Мохамед Салах, а Арапите веќе ја подготвуваат понудата за Ливерпул. Репрезентативецот на Египет налето влегува во последната сезона од договорот со „црвените“, па извесно е дека ќе си замине од „Енфилд роуд“. Ливерпул ќе сака нешто и да заработи, а најавите од Саудиска Арабија се дека тоа ќе биде ...
Барселона успеа да се пласира во полуфиналето од Купот на Шпанија, откако славеше над Албасете со 1-2, но целиот стадион остана во неверување после она што го направи голманот на Барселона во 45-тата минута. Албасете имаше напад, а Араухо одлично загради, па топката заврши во рацете на Жоан Гарсија. Сепак, голманот на „каталонците“ со топката во раце излезе надвор од теренот за да му честита на дефанзивецот за одличната игра, а тоа значеше и ...
Лос Анџелес галакси ја разгледува можноста за ангажман на Каземиро од Манчестер јунајтед како слободен играч. Бразилскиот репрезентативец веќе потврди дека ќе го напушти „Олд Трафорд“ по истекот на договорот во јуни, а неговото име е поврзано и со можен трансфер во клуб од Саудиска Арабија. Каземиро пристигна во Манчестер јунајтед во 2022 година од Реал Мадрид и досега забележа 148 натпревари за Црвените ѓаволи, постигнувајќи 22 гола. ...
Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, МЗТ Скопје, и по 14 првенствени кола останува непоразен, барем што се однесува на терен, иако имаат еден службен пораз од екипата на Ангели. Токму Ангели беше противник на МЗТ Скопје, а „штрковите“ немаа милост и го победија „фенерџијата“ со убедливи 95-74 во СЦ „Јане Сандански“. Екипата од скопски Аеродром доминираше во текот на целиот меч, а избраниците на тренерот Атанасов се опуштија само во ...
Пет натпревари и уплата од 700 денари донесоа фантастична добивка од 102.426 денари во Велес. Иако на тикетот беше одигран систем „четири од пет“, сепак, сите пет меча беа добитни, па исплатата е максимална. Сите натпревари беа одиграни „полувреме-крај и 3+“, а клучен беше мечот помеѓу Албасете и Барселона, како и голот на Морено за 1-2 во 87-мата минута. Иако „каталонците“ имаа многу шанси и може само да жалат што не победија со поубедлив ...
Капитенот на Наполи, Џовани ди Лоренцо, ќе мора да се подложи на операција на стапалото додека закрепнува од повредата на коленото. Фудбалерот се повреди во неделниот меч против Фиорентина при судир со Џовани Фабијан. Првичните стравувања беа дека станува збор за скинати предни вкрстени лигаменти на левото колено, но лекарските прегледи покажаа дека станува збор за истегнување од втор степен. Времето за закрепнување од ваква повреда обично ...
Полноќниот експрес и оваа вечер ќе понуди многу возбуда. Во фокусот ќе бидат седум натпревари од НБА лигата, а подготвена е понуда и од поентерски квоти за дури 73 кошаркари. Њујорк никс ја има улогата на фаворит на домашен терен против Денвер, а и Хјустон рокетс би требало да стигне до триумф пред своите гледачи против Бостон. Оваа вечер, сепак, ќе владее неизвесност на НБА дуелите, барем ако се гледа според квотите. Покрај стандардната ...
ТФТ Скопје ја оствари третата последовна победа во АБА2 лигата, потврдувајќи ја одличната форма и сигурниот пласман во плеј-офот. На домашен терен, македонскиот тим ја декласира екипата на Студент М-тел со убедливи 107-79 и се искачи на делба на третата позиција на табелата. Со само едно коло до крајот на лигашкиот дел, ТФТ е веќе сигурен учесник во плеј-офот, каде ќе се бори за место во елитата. Натпреварот го отвори тимот на тренерот ...
Баерн Минхен продолжува со подготовките за саботниот натпревар од Бундеслигата против Хофенхајм без својот главен напаѓач Хари Кејн. Капитенот на англиската репрезентација го пропушти и денешниот тренинг поради здравствени проблеми. Медиумите во Германија шпекулираат дека тој би можело да го пропушти следниот меч во шампионатот. За разлика од него, дефанзивецот Конрад Лајмер се врати во тимот и им се приклучи на соиграчите по повредата која ...
Атмосферата во соблекувалната на Реал Мадрид е далеку од идеална, а последните случувања укажуваат на сериозни проблеми во клубот. Според шпанските медиуми, новиот тренер Алваро Арбелоа веќе се наоѓа под голем притисок, и тоа по многу краток период на клупата на Кралскиот клуб. Иако неговото доаѓање беше дочекано со одреден оптимизам, извори блиски до клубот тврдат дека тој брзо исчезнал. Дел од играчите сметаат дека Арбелоа нема долгорочна ...
Jувентус е подготвен сериозно да вложи во својата млада ѕвезда Кенан Јилдиз и ќе му понуди нов долгорочен договор што ќе го задржи во Торино најмалку до 2030 година. Со новата спогодба, турскиот офанзивец ќе добие и значително подобрени финансиски услови, со што клубот јасно ќе покаже колку смета на него во иднина. И покрај тоа што актуелниот договор му истекува во 2029 година, раководството на Бјанконерите сака навреме да го обезбеди ...
Мохамед Салах повторно се најде во центарот на вниманието на саудискиот фудбал, откако Ал-Итихад го означи како приоритетна цел за засилување на нападот по заминувањето на Карим Бензема. Клубот од Џеда забрзано бара нова ѕвезда што ќе ја преземе лидерската улога во тимот. Статусот на египетскиот ас во Ливерпул станува сè понејасен по сезона под очекувањата и зголемените критики кон раководството на Црвените. Неочекуваниот трансфер на Бензема ...
Македонскиот фудбалски стратег Горазд Михајлов има нов предизвик во својата кариера. Тој ќе работи во Литванија откако ја презеде функцијата шеф на стручниот штаб на литванскиот клуб Ритерјај. За Михајлов ова ќе биде ново интернационално искуство и можност за докажување. Горазд Михајлов во Македонија работеше во Вардар, Брера, Пелистер, Силекс, Тетекс, Охрид и неколку други клубови. Македонскиот фудбалски стратег Горазд Михајлов има нов ...
Барселона веќе освои еден трофеј сезонава откако го одбрани тронот во Суперкупот на Шпанија. Каталонскиот гигант се пласира и во полуфиналето на Купот на Шпанија, што значи дека и таму е во игра да го одбрани трофејот, а е прв и во домашното првенство, каде што Реал Мадрид заостанува само еден бод. Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, потврди дека ќе биде дел од следните клупски избори да остане на чело на клубот. Освен тоа, Лапорта ...
Многу стадиони низ светот имаа посебна симболика по која се разликуваат од сите останати. Некои имаат посебна традиција, други се со уникатен изглед, потоа има стадиони кои се „дом“ на повеќе клубови… Само на едно место во светот постои стадион кој е дом на два клуба кои се натпреваруваат во првенства во две различни земји. Тоа е стадионот „Ryan McBride Brandywell“, кој се наоѓа во Северна Ирска во градчето Дери. Од градот Дери е клубот Дери ...
Интересни мечеви се играат вечерва низ цела Европа, а посебно внимание предизвикува реванш-мечот од полуфиналето на Лига купот на Англија меѓу Манчестер сити и Њукасл. Сити има предност од 2:0 стекната на првиот меч во Њукасл, а сега пред своите навивачи треба да го потврди пласманот во финалето, каде што веќе сигурен е Арсенал. Една од понудените комбинации во Бет билдерот нуди квота од 18, а потребно е: Сити да победи, двата тима да ...
Мечеви од најсилните лиги во Европа се дел од најновото коло на Спортската прогноза, а посебно внимание привлекуваат три дерби-пресметки. Манчестер јунајтед нареди три победи и сега има предизвик на „Олд Трафорд“ да ја продолжи серијата во дуелот против Тотенхем. Интересно е тоа дека во претходните неколку кола, мал беше бројот на прогнозери кои веруваа дека Црвените ѓаволи ќе победуваат против Манчестер сити, Арсенал и Фулам, но сега ...
Милан без многу мака победи со 3:0 на гости кај Болоња и се зацврсти на второто место на табелата. Росонерите имаат 50 бода од 23 кола и само Интер е пред нив со пет бода повеќе. Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, е задоволен од тоа како игра неговиот тим во досегашниот дел од сезоната. Стратегот уште еднаш потенцираше дека главниот фокус на Милан нема да биде да го бркаат првото место на табелата, туку да бидат меѓу најдобрите четири, ...
Еден од најголемите македонски фудбалски таленти и репрезентативец до 19 години, Александар Грашески и официјално го потпиша својот прв стипендиски договор со Динамо Загреб. Грашески кој има само 17 години, веќе една година е дел од најтрофејниот хрватски клуб, сега го потпишува и својот прв официјален договор со екипата од „Максимир“. Офанзивнот играч од средниот ред одреден период беше надвор од теренот поради повреда, но сега е подготвен ...
Меч кој треба да го даде финалистот во Лига купот на Англија. Манчестер сити го има адутот затоа што победи на првиот меч на гости со 2:0, а сега игра пред своите навивачи. Њукасл е во лош ритам и во последните шест меча има биланс од три порази, две ремија и само една победа, но тоа не значи дека гостите предвреме ќе се предадат. Традицијата вели дека на последните шест меча меѓу овие ривали секогаш имало минимум по два гола, што е најава ...
Со триумфот на Отвореното првенство на Австралија, Карлос Алкарас стана најмладиот тенисер кој ги комплетирал трофеите од четирите гранслем-турнири. Шпанецот тоа го направи на 22 години и 272 дена. Покрај тоа, Алкарас стана и најмладиот тенисер во историјата кој освоил седум гранслем-пехари, рушејќи го рекордот на легендарниот Бјорн Борг. Борг до седум титули на гранслем-турнирите стигна со 23 години и четири дена. Рафаел Надал имаше 24 ...
Наполи викендов минимално ја победи Фиорентина со 2-1, а во финишот имаше ситуација која го излуде тренерот Антонио Конте, по што тој во момент на лутина и бес им се заканувал на нашиот Елиф Елмас и на Шпанецот Мигел Гутиерес дека ќе ги убие. Пред да шутне шише, Конте им вика – повеќе или помалку добронамерно – на своите играчи: „Ќе ве убијам, ќе ве убијам!“. Ова е честа фраза која ја користат тренерите од сите нивоа, од аматери до ...
Доскорешниот играч на Вардар Касим Роџерс Мато, во претходните неколку недели беше во фокусот на вниманието и тоа поради неговиот трансфер во шкотски Хартс. Минатата недела Хартс и официјално го престави Мато, a репрезентативецот на Уганда веќе го имаше и дебито во новиот клуб. Мато ќе биде во Хартс како позајмен играч од Вардар до крајот на сезоната, а потоа ќе зпаочне неговиот тригодишен договор кој беше неодамна потпишан. За тамошните ...
2843 Ница – Монпелје (20.30 часот) Ова е дуел од осминафиналето на францускиот куп, а Ница имаше потежок пат дотука. Ница, како домаќин и прволигаш, важи за фаворит за победа против Монпелје, кој во моментов е деветти во втората лига. Ница во моментов е далеку од местата кои водат во Европа, а и безбедна е од испаѓање, па Купот им е шанса да пробаат да ги израдуваат фановите. Во минатата сезона, кога испадна од елитното друштво, Монпелје ...