Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Фудбалската федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу Силекс и Шкендија. Натпреварот ќе се одигра на 20. мај (среда) со почеток во 20:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“. Влезниците се веќе достапни преку официјалната електронска платформа на ФФМ, eticket.ffm.mk За навивачите на ФК Шкендија се наменети билетите од блок 13 и блок 24. За навивачите на ФК Силекс се ...
Пари Сен Жермен се соочува со големи проблеми само 13 дена пред финалето на Лигата на шампионите против Арсенал. Имено, Осман Дембеле беше принуден да ја напушти играта по само 27 минути на натпреварот против ФК Париз. Сето ова, секако, предизвика голем шок во редовите на актуелниот европски првак и никој не може да замисли финале на ЛШ без овој фудбалер. Шампионот на Франција се обидуваше да го задржи ритамот пред финалниот натпревар од ...
Македонската ракометна репрезентација е дел од елитното друштво на само шест селекции кои од 2012 година настапиле на сите европски и светски првенства. Во ова одбрано друштво покрај Македонија се уште: Франција, Данска, Шпанија, Хрватска, Исланд. Ова само потврдува за големиот успех на селекцијата на Кирил Лазаров која синоќа ја прегази Словачка со 38-23 во СЦ „Борис Трајковски“ и со две победи во баражот обезбеди пласман на ново големо ...
Кливленд Кавалирс го совладаа Детроит пистонс на гости со 94-125 во седмиот натпревар од серијата и се пласираа во финалето на Источната конференција во НБА-лигата. Донован Мичел го предводеше Кливленд со 26 поени, додека Џерет Ален и Сем Мерил додадоа по 23. Еван Мобли натпреварот го заврши со 21 поен и 12 скока, а Кавалирс така првпат по 2018 година стигнаа до финалето на конференцијата, вкупно деветти пат во историјата на франшизата. ...
Македонија ќе биде дел од ракометниот Мундијал во Германија, од 13-ти до 31-ви јануари, а веќе се знае дека ждрепката ќе се одржи на десетти јуни во Минхен. Познати се вкупно 30 од 32-те репрезентации кои ќе се учествуваат, а последните две ќе ги дознаеме откако ИХФ ќе ги додели вајлд-картите. Нашите ракометари се дел од вториот шешир заедно со селекциите на Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија и Фарските Острови, а тоа ...
Малиот германски клуб Елверсберг испиша историја и за првпат во својата историја ќе игра во Бундеслигата. Екипата која доаѓа од градче со само 13.000 жители успеа да ја заврши сезоната од соништата на второто место со 62 бода и да обезбеди пласман во најквалитетната германска лига. Елверсберг го започна својот пат во ниските германски лиги, а пласманот во втората Бундеслигата беше оценет како историски успех. Сепак, тоа не беше лимитот на ...
Фудбалерите на Барселона испишаа историја откако успеаја да победат и на 19-тиот меч оваа сезона во Ла лига, нешто кои до сега не ѝ успеало на ниту една друга екипа. „Каталонците“ славеа со 3-1 против Бетис. Два гола беа дело на Рафиња, во 28-мата минута од слободен удар и нво 62-рата минута. Бетис намали на 2-1 во 69-тата минута со голот на Иско од пенал, а Кансело во 74-тата минута ги постави конечните 3-1. Мечот против Бетис беше последен ...
Најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија, воедно и бранител на титулата, МЗТ Скопје, со победа над дебитантот Маџари ја отвори финалната серија од разигрувањето за шампион на Македонија. „Штрковите“ од Аеродром победија со 84-77 и поведоа со 1-0 во серијата „подобар од пет“. Дебитантот имаше сили само за една четвртина, онаа првата, која ја добија со убедливи 18-26, но во продолжение од мечот на теренот постоеше само една екипа – МЗТ ...
Македонија со две убедливи победи над Словачка и вкупни 69-47 успеа да дојде до пласман на ракометното Светско првенство во Германија, во јануари следната година. Салата „Борис Трајковски“ беше распродадена за мечот против Словаците, а фантастичната игра на македонските ракометари беше поздравена од речиси 7.000 гледачи. Нема сомнеж дека македонското сонце силно ќе грее и сред зима во Германија за нашите ракометари. Македонија со ...
Кирил Лазаров и на шестто првенство по ред ќе ја предводи Македонија од селекторската позиција на големо натпреварување. Нашите ракометари со две убедливи победи ја елиминираа Словачка, па во јануари ќе ги гледаме на Светското првенство во Германија. „Треба да бидеме задоволни без разлика кое ниво го има Словачка, затоа што покажаа против Украина дека имаат квалитет. Не е лесно да се победи Украина. Сакам да им честитам на момците, со 15 ...
Македонија со две победи над Словачка и вкупни 22 гола разлика обезбеди пласман на Светското првенство во Германија, а еден од најискусните во нашите редови, голманот Никола Митревски, не го криеше задоволството од двојната победа. „Заслужена двојна победа. На првиот меч Словачка ни беше непознаница, не знаевме колку се квалитетни. Одигравме добро во Прешов, видовме дека имаат квалитетни играчи, но нашиот квалитет беше поголем. И покрај тие ...
Реал Мадрид со минимални 1-0 славеше на гостувањето кај Севиља, во меч кој немаше никакво резултатско значење за „кралевите“, но за екипата од Андалузија беше значаен бидејќи се уште го немаат обезбедено опстанокот. Единствениот гол на дуелот во Севиља беше дело на Винисиус во 15-тата минута и тоа беше единствениот удар кој одеше во рамки на противничкиот гол, за разлика од петте шута на Севиља. Луд меч одиграа Реал Сосиедад и Валенсија, кој ...
Ракометната репрезентација на Македонија во јануари следната година ќе учествува на своето десетто Светско првенство. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров забележаа и втора убедлива победа над Словачка, овој пат со 38-23 во Скопје и со вкупни 69-47 обезбеди пласман на ракометниот Мундијал. Нашите ракометари од самиот старт, па се до крајот на мечот во „Борис Трајковски“ диктираа темпо и имаа водство, а ако некој се сомневаше дека по оние ...
Ракометната репрезентација на Србија успеа да го „преживее“ Веспрем и со минимален пораз да се пласира на Светското првенство во Германија. Унгарија славеше со 31-30, но тоа не беше доволно да се надополнат двата гола негатива од првиот меч во Ниш. Големо изненадување приреди и селекцијата на Грција, која успеа да ја елиминира Холандија, а Италија надополни негатива од три гола и преку Швајцарија дојде до билет за ракометниот Мундијал. На ...
Ракометната репрезентација на Македонија е на само 30 минути до пласман на Светското првенство, кое во јануари следната година ќе се одржи во Германија, со оглед дека на полувремето во „Борис Трајковски“ имаме убедливо водство од 18-11 против Словачка. Ако на ова се додадат и седумте гола предност од првиот меч во Словачка, тогаш јасно е дека второто полувреме ќе биде само формалност. Македонија одлично го отвори првото полувреме. Уште на ...
Екипата на ЛАСК Линц е сензационален шампион на Австрија, откако успеа да ја прекине доминацијата на Салцбург и Штурм, кои ги освојуваа титулите во претходните 12 сезони. ЛАСК го обезбеди трофејот со триумф од 0-3 на гостувањето кај Австрија Виена, со што ја зачува предноста од два бода во однос на Штурм, кој славеше со 2-0 над Рапид. За екипата од Линц ова е само втора титула во историјата на клубот, а првата ја освоија во далечната 1965 ...
Најдобрата екипа од регуларниот дел во Источната конференција, Детроит, беше пред елиминација, но со гостинска победа над Кливленд се избори за мајсторка пред својата публика. Квотите во Sport Life ги фаворизираат Пистонси со квота за победа од 1.56, додека изненадување на гостите има квота од 2.70. Очекувањата се дека Детроит нема да ја испушти шансата и ќе му се придружи на Њујорк во конференциското финале. Дел од богатата понуда на Sport ...
Веќе е јасно дека Роберт Левандовски на крајот од оваа сезона ќе си замине од Барселона како слободен фудбалер, а „каталонциве“ летово ќе останат без уште еден офанзивец. Дани Олмо по две години престој на „Камп Ноу“ е на излезна врата, а интерес за него има од Манчестер сити. Раководството на Барселона сериозно размислува да ја прифати понудата, според која би заработиле 60 милиони евра. Олмо пред две години пристигна во Барселона од ...
Германците објавија убава новина дека Мануел Нојер по две години ќе се врати во репрезентацијата и повторно ќе биде прв голман на Светското првенство. Но, само еден ден подоцна пристигнаа лоши вести за селекторот Јулијан Нагелсман. Нојер се повлече од националниот тим по Европското првенство пред две години, оставајќи му го местото на Марк-Андре тер Штеген. Сепак, голманот на Барселона веќе подолго време е надвор од терените поради повреда, а ...
По шест години поминати во дресот на Бенфика, Николас Отаменди е подготвен за ново поглавје во кариерата. Искусниот аргентински дефанзивец, кој со својата репрезентација ја освои светската титула, и оваа сезона беше еден од клучните фудбалери на португалскиот гигант, иако веќе има 38 години. Отаменди сезонава настапи на дури 49 натпревари, покажувајќи дека и натаму може да игра на високо ниво. Сепак, по истекот на договорот решил да стави ...
Многу насмевки, детска игра, покажување на талентот на најмладите преку мини ракомет, многу енергија и вистинска спортска атмосфера го одбележува првиот „Национален ден на ракометот“ кој се одржува пред СЦ „Борис Трајковски“! На едно место се собраа најмладите љубители на ракометот, семејствата, клубовите и сите оние кои покажаа дека ракометот е повеќе од спорт – ракометот е заедништво. Ова дружење е како загревање за тоа што треба да ...
Плејмејкерот на Оклахома сити тандер, Шеј Гилџес-Александер, втора сезона по ред ја освои МВП наградата за најкорисен играч во регуларниот дел од НБА-лигата, објави „ЕСПН“. Оклахома ја брани шампионската титула оваа сезона, а по фантастичниот регуларен дел заврши со најдобар ефект во целата лига, поради што повторно важи за еден од главните фаворити за освојување на трофејот. Ова е 14-ти пат во историјата на НБА еден кошаркар да ја освои ...
Фудбалерите на Интер во средата ја заверија „двојната круна“, откако со победата над Лацио во финалето на Купот на Италија ја потврдија шампионската титула во Серија А, освоена уште претходно. Денеска на „Џузепе Меаца“ не успеаја да ja совладаат Верона, натпреварот од претпоследното коло заврши 1-1, па резултатот немаше значење за конечниот расплет. Сепак, Нераѕурите по мечот се префрлаат на улиците на Милано, каде што ги очекува голема ...
Иднината на Јошко Гвардиол во Манчестер сити повторно е актуелна тема, откако шпанскиот „АС“ објави дека хрватскиот репрезентативец бил понуден на Реал Мадрид. Веста предизвикала изненадување во Валдебебас, особено затоа што засега нема официјални преговори или конкретни чекори околу евентуален трансфер. Сепак, според шпанските медиуми, агентите на Гвардиол веќе ја испитуваат ситуацијата на пазарот и бараат можни опции за неговата иднина, а ...
Генералниот секретар на ФИФА, Матијас Графстром, откри дека одржал позитивен и конструктивен состанок со претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ, на кој главна тема било учеството на Иран на Светското првенство што летово ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Иранската репрезентација треба сите три натпревари од групната фаза да ги игра на територија на САД, но во изминатиот период се појавија сериозни дилеми околу настапот ...
Манчестер јунајтед стигна до нов триумф во Премиер лигата, откако на „Олд Трафорд“ го совлада Нотингем Форест со 3-2 во претпоследното коло од сезоната. Пред почетокот на натпреварот во центарот на вниманието беше Каземиро, кој доби емотивно збогување од навивачите, бидејќи ова беше негов последен настап на домашен терен во дресот на Црвените ѓаволи. Домаќините одлично го отворија мечот и поведоа уште во петтата минута. По една одбиена ...
Дин Хаусен повеќе нема загарантирано место во репрезентацијата на Шпанија за претстојното Светско првенство. Иако до неодамна се сметаше за сигурен патник, шпанските медиуми сега пишуваат дека околу дефанзивецот на Реал Мадрид постојат сериозни дилеми пред објавата на конечниот список од 26 фудбалери на 25 мај. Според „АС“, Хаусен и натаму има мала предност во трката за место меѓу стоперите, но довербата во него значително опаднала. Неговите ...
Јувентус доживеа шокантен пораз (0-2) на домашен терен од Фиорентина и многу веројатно дека ќе остане без пласман во Лигата на шампионите. Шер Ндур во 34-тата минута го најави изненадувањето, а Мандрагора го дотолчи Јуве со голот во 83-тата минута. Рома го доби дербито со Лацио со 2-0 и се наоѓа пред влез во елитното европско натпреварување. Џанлука Манчини беше двоен стрелец за Рома на големото градско дерби. Милан со 1-2 славеше на гости ...
По речиси една деценија помината во дресот на Ливерпул, Мохамед Салах си заминува од „Енфилд роуд“. Во последната сезона на Салах, Ливерпул не може да се пофали со голем успех, затоа што моментално е на петото место на табелата, последно кое води во Лига на шампиони. Салах си заминува со одиграни 441 натпревар за Ливерпул во кои постигна 257 голови, а имаше и 122 асистенции, а се радуваше на сите најважни трофеи. Ливерпул во последниот меч ...
Името на Жозе Мурињо сериозно се поврзува со Реал Мадрид, но според последните изјави на славниот Португалец, неговата иднина во моментов многу повеќе води кон останување во Бенфика. Мурињо конечно реши да стави крај на дел од шпекулациите кои со денови ја брануваат европската спортска јавност, нагласувајќи дека засега нема никаков конкретен договор со мадридскиот гигант. „Кога ќе знам нешто конкретно за мојата иднина, тогаш ќе зборувам. Во ...