Тренерот на Астон вила, Унаи Емери, се надева дека утрешното финале во Лигата на Европа против Фрајбург ќе означи почеток на една нова и успешна ера за клубот од Бирмингам. Астон вила ќе се бори за својот прв трофеј по пауза од три децении, а воедно ова ќе биде и нивно прво европско финале уште од 1982 година, кога го совладаа Баерн Минхен и ја освоија титулата во тогашниот Куп на европските шампиони. Иако за Емери ова ќе биде шесто финале ...

Рубен Аморим е главен фаворит за нов тренер на Бенфика, пренесуваат португалските медиуми. Младиот стратег е без ангажман од почетокот на годината, кога доби отказ од Манчестер jунајтед. Се очекува Аморим да се врати во татковината по успешниот период во Спортинг Лисабон, каде што остави силен впечаток со резултатите и стилот на игра, што му донесе и трансфер на клупата на Манчестер јунајтед. Дополнителен мотив за можниот ангажман е фактот ...

Вистински хаос се случи во Чемпионшип непосредно пред финалниот плејоф за пласман во Премиер лигаta, откако Саутемптон беше исфрлен од натпреварувањето пред решавачкиот меч на „Вембли“ против Хал сити. Причината за драстичната казна е обвинението дека Светците шпионирале тренинзи на други екипи, нешто што според надлежните органи влијаело врз нивните резултати во плејофот. Саутемптон претходно успеа да го елиминира Мидлзборо во полуфиналето ...

Плејофот во НБА 2026 година продолжува со дуелот меѓу Њујорк никс и Кливленд кавалирс во финалето на Источната конференција. Овие две екипи повторно се среќаваат во плејоф-серија по 2022 година, кога Никс беа поуспешни и ја забележаа својата прва победа во серија во ерата на Џејлен Брансон. Тогаш тимот од Њујорк го елиминира Кливленд во пет натпревари во првото коло, завршувајќи ја серијата на гостински терен. Сега, неколку години подоцна, ...

Селекторот на Португалија, Роберто Мартинес, одржа исклучително емотивно обраќање при објавувањето на составот за Светското првенство 2026, потсетувајќи на трагично загинатиот Диого Жота. Поранешниот напаѓач на Ливерпул минатата година го загуби животот во сообраќајна несреќа во Шпанија, заедно со својот брат Андре Силва. Неговата смрт остави огромна празнина во португалскиот национален тим, каде што Жота беше еден од најважните играчи и ...

Манчестер сити сака да го ангажира Енцо Мареска како наследник на Пеп Гвардиола, но тој потег би можел да предизвика сериозен конфликт со Челзи. Според англиските медиуми, клубот од „Стемфорд бриџ“ се подготвува за можна правна битка поради околностите под кои Мареска на почетокот од годината го напуштил клубот. Како што пишува „Телеграф“, во Челзи сметаат дека заминувањето на Мареска било спорно. Иако деталите никогаш јавно не беа објавени, ...

Карло Анчелоти мораше да објасни зошто му упати повик на фудбалерот на Сантос и поранешен капитен на Бразил, Нејмар. Италијанецот официјално го објави конечниот список на репрезентацијата на Бразил за претстојното Светско првенство, а најголемо внимание очекувано предизвика името на Нејмар. Искусниот офанзивец на Сантос се најде меѓу 26-те избрани фудбалери кои ќе го претставуваат Бразил на Мундијалот, и покрај бројните проблеми со повреди и ...

Големо изненадување во шведската јавност предизвика одлуката Руни Барџи да не се најде на списокот на патници за Светско првенство, а шведските медиуми тврдат дека причините не се од фудбалска природа. Според нивните наводи, селекторот Греам Потер го прецртал 20-годишниот фудбалер на Барселона поради неговото однесување. Барџи беше дел од репрезентацијата уште во март, но тогаш не одигра ниту една минута, па побарал објаснување од стручниот ...

Авантурата на Антонио Конте и Наполи ќе заврши на крајот од оваа сезона, откако тренерот одлучи дека ќе го напушти клубот по последниот првенствен меч. Италијанецот имаше договор за уште една сезона, но тој се откажува и од платата, но и од обесштетувањето, а тоа се околу 18 милиони евра бруто. Наполи со Конте минатата сезона успеа да дојде до Скудетото, но оваа сезона не можеа да му конкурираат на Интер во битката за титулата. Аурелио де ...

Селекторот на Португалија, Роберто Мартинес, го објави конечниот список на фудбалери за настап на Светското првенство. Os + que levam o para as “Américas” #VaiDarPortugal | @FIFAWorldCup pic.twitter.com/NXZY6EiuOY — Portugal (@selecaoportugal) May 19, 2026 Кристијано Роналдо повторно е дел од тимот на Португалија, ова за него ќе биде шесто Светско првенство во кариерата, со што ќе стане рекордер заедно со Лионел Меси и Лука Модриќ. ...

Иако Манчестер сити во последните неколку години помина низ смена на генерации, заминувањето на Пеп Гвардиола од менаџерската функција ќе предизвика дополнителни големи промени. Гвардиола најави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Граѓаните, а заедно со него клубот ќе го напуштат и петмина фудбалери. Гвардиола веќе се поврзува со Реал Мадрид и сè поизвесно е дека таму ќе ја продолжи кариерата, а пред заминување од „Етихад“ се ...

Одбојкарките на Работнички го добија петтиот решавачки меч од финалната серија, го победија домаќинот Наковски Волеј со 1-3 во сетови и се закитија со шампионската титула. Тоа е 18-та шампионска круна за тимот од Скопје. Возбудливата серија заврши со конечна победа на гостинките од главниот град. Секој сет беше драматичен, а на крајот одбојкарките на Работнички имаа поголема концентрација и успеаја да го комплетираат мечот во четири сета, ...

Дуелот помеѓу Челзи и Тотенхен привлекува големо внимание во Англија бидејќи и двете екипи имаат императив пред себе, но не онаков како што сме навикнати. „Сините“ по поразот од Манчестер сити во финалето од ФА купот сега ќе мора да бркаат пласман во Европа преку првенството, а за тоа ќе им биде потребна победа. Од друга страна, Тотенхем води битка за опстанок, а за да биде сигурен, потребен им е барем бод. Квотите во Sport Life го ...

Ракометниот клуб Вардар преку соопштение ги информира навивачите дека клубот ќе организира прослава на титулата во сабота, со почеток во 20:30 часот, на локација која дополнително ќе биде објавена, а тоа значи дека нема да има заедничко славење со фудбалерите на Вардар. Извршниот директор на ФК Вардар, Миленко Неделковски, неодамна најави дека титулите на двата клуба ќе се слават во сабота, со почеток во 20 часот, на „Школка“ во Градскиот ...

Екипите на Силекс и на Шкендија со иста цел ќе играат утре на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, а тоа е да го освојат трофејот во Купот на Македонија. Влогот за двете екипи е огромен. Силекс мора да победи ако сака да избори место во европските купови, во спротивно Струга ТЛ ќе има европско лето. Шкендија сигурно ќе игра во квалификациите од Конференциската лига, но оваа сезона за нив би била неуспех ако не го подигнат пехарот во Купот затоа ...

Екипата на Ханза Росток ќе има сериозен проблем во новата сезона во третата германска лига. Ханза е град кој се наоѓа на североистокот на Германија и речиси секој натпревар на гости ќе биде вистинско патешествие. Според екипите кои ќе бидат дел од лигашкиот дел во следната сезона најкраткиот пат на гостински терен за Ханза ќе биде дуелот на гости во Мепен, кој е оддалечен повеќе од 400 километри. Делува неверојатно, но тоа би било најкраткото ...

Некогашниот голем австриски талент Зијад Ел Шеиви ја завршува кариерата само на 22 години. Левиот бек на Австрија Виена донесе тешка одлука откако ги скина вкрстените лигаменти петпати! Оваа тешка повреда Ел Шеиви ја имаше четирипати на левото колено и еднаш на десното. Поради сите тие повреди, Ел Шеиви мораше да оди вкупно на осум операции на колената. „Понекогаш не одлучува волјата, туку телото“, рече младиот 22-годишен голем талент кој ...

Веќе е извесно дека Пеп Гвардиола на крајот од оваа сезона ќе го напушти кормилото на Манчестер сити, а раководството на Граѓаните веќе ја знае неговата замена. Медиумите на Островот пренесуваат дека италијанскиот тренер Енцо Мареска ќе биде наследникот на Каталонецот, а раководството на Манчестер сити веќе ги има договорено сите детали од договорот со него. Работата во таборот на Граѓаните не е непозната за Мареска бидејќи тој беше дел од ...

Шкендија дури осум години чекаше да се пласира во финале на Купот на Македонија, а сега желба на тетовци е да стигнат до трофејот кој би бил трети во нивната клупска историја. Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, вели дека финалето може да биде решено од еден момент и дека на вакви пресметки нема фаворити, ниту аутсајдери. „Мислам дека Шкендија по осум години е во куп-финале и нормално дека ние максимално ќе бидеме подготвени. Сакаме да се ...

Два меча од Премиер лигата се играат вечерва, а во Бет Билдер понудата на Sport Life има одлични комбинации. Во мечот кој може уште вечерва да ги реши дилемите околку шампионот ќе играат Борнмут и Манчестер сити, а коефициент 18 ќе биде добитен ако: има повеќе од 3,5 голови на мечот, има повеќе од 3,5 корнери во секое полувреме, Ентони Семењо упати над 1,5 шутеви во рамките на голот и Рајан Черки упати барем еден шут во рамките на голот. За ...

Екипата на Комо има сезона како од соништата во Серија А. На едно коло до крајот на првенството, Комо е на петтото место само со два бода помалку од четвртата Рома. Тоа значи дека во последното коло Комо ќе има шанси да се бори дури и за пласман во Лига на шампиони. Во последното коло Комо ќе гостува кај Кремонезе кој се бори за опстанок, што само покажува колку овој меч е важен за двата клуба. Во пресрет на гостувањето кај Кремонезе, Комо ...

Дисциплинската комисија при ФФМ имаше многу работа по случувањата во последниот период во македонскиот фудбал. Од ФФМ ги објавика одлуките: Се поведува дисциплинска постапка против ФК Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите на клубот; – ФК Пелистер се казнува со парична казна од 2.500 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 26. коло меѓу ФК Пелистер и ...

1009 Челзи – Тотенхем (21:15 ч.) Двата лондонски тима имаат свои калкулации. Челзи со триумф може да брка и позиција која ќе им даде излез во Европа, додека Тотенхем е во многу полоша ситуација. Гостите уште немаат обезбедено опстанок, но доволно е да освојат еден бод вечерва на „Стемфорд бриџ“ за да бидат сигурни дека нема да испаднат. Челзи повеќе од два месеца нема победа во првенството (шест порази и едно реми), па тоа треба да е шанса ...

Иако до почетокот на Светското првенство во фудбал има уште 20-тина дена, бразилските навивачи веќе се во екстаза. Тоа е така затоа што селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, реши во составот да го повика и најпопуларниот фудбалер во земјата, Нејмар. Сите фудбалски фанатици во живо го следеа читањето на фудбалерите на кои Анчелоти смета за настапот на Мундијалот, а кога го прочита името на Нејмар, настана ошта радост. o ...

Само уште еден ден остана до одигрувањето на финалето во Купот на Македонија меѓу Шкендија и Силекс. Традиционално, Арената „Тодор Проески“ ќе биде домаќин на завршниот меч, кој ќе се игра утревечер, со почеток од 20 часот. Шкендија има обезбедено излез во Европа за следната сезона, додека Силекс мора да победи ако сака да има меѓународен предизвик летово. Сепак, јасно е дека двата тима го посакуваат трофејот во Купот. Двата финалисти се ...

Фудбалот доминира, но има и тениски дуели, како и еден кошаркарски меч во денешната понуда на Супер тип, каде може да се најдат многу зголемени коефициенти. Возбудувањата ќе започнат со тенисот. За победа на Мунар квотата е зголемена на 1.50, додека Дардари да победи е со коефициент од 1.55. И на одтанатите три тениски пресметки, фаворитите за триумф имаат квоти кои се движат меѓу 1.42 и 1.54. Манчестер сити кои уште се бори за титулата во ...

Арсенал повеќе од две децении чека да се искачи на шампионскиот пиедестал во Премиер лигата, а сега е само на еден чекор од тоа. Топчиите синоќа со 1:0 славеа на свој терен против Барнли и ја задржаа челната позиција во пресрет на последното коло, кога ќе гостуваат кај Кристал палас. Тренерот на Арсенал, Микел Артета, знае дека ова е голема шанса за неговиот тим и не смее да се пропушти. „Пресреќен сум за победата. Во првото полувреме ...

Пет возбудливи дуели кои ќе се играат вечерва се дел од понудата во Квоти на ден, а ако сите понудени комбинации ги одиграте на еден тикет, вкупниот коефициент кој се добива е точно 40,40. Хапоел Бер Шева дома игра против Макаби Тел Авив и понудата е Хапиел да постигне најмалку по еден гол во двете полувремиња, комбинација која се вреднува со 2.20 квота. Борнмут и Манчестер сити треба да одиграат меч на кој во првото полувреме ќе има меѓу ...

Најпопуларниот бразилски фудбалер Нејмар е повикан да биде дел од составот на 26 играчи кои ќе бидат дел од Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Нејмар повеќе од една година се бореше да влезе во посакуваната форма и да го увери селекторот Карло Анчелоти дека е доволно подготвен да биде дел од мундијалското шоу. Италијанскиот стратег доцна синоќа го соопшти списокот на играчи кои ќе ги бранат боите на петкратниот светски првак, а на ...

Сан Антонио спарс поведе со 1:0 во триумфи во финалето на плејофот од Западната конференција во НБА лигата, откако со 122:115 ја победија Оклахома na гостински терен и тоа дури по две продолженија. Херој на победничкиот тим беше Французинот Виктор Вамбањама кој беше фантастичен и на крајот заврши со 41 поени и 24 скока. Ваквиот блескав меч на младиот центар на Сан Антонио беше на мечот пред кој Шеј Гилџес-Александер од Оклахома ја доби ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Бакар

13.01