Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, е подготвен да поднесе оставка доколку клубот не успее да избори пласман во Лигата на шампиони, иако само пред неколку недели потпиша нов договор до летото 2028 година. Според пишувањето на „Ла Стампа“, односите во клубот не се идеални, а постојат тензии помеѓу Спалети и спортскиот директор Дамиен Комоли. Ситуацијата наводно е толку сериозна што иднината на тренерот може да зависи од одлуката на ...
Тренерот на Ал-Наср, Жорге Жезус, потврди дека ќе го напушти клубот, откако го предводеше до шампионската титула во првенството на Саудиска Арабија. „Го прифатив предизвикот да го водам Ал-Наср само затоа што му кажав на Кристијано Роналдо: ‘Ќе ти помогнам да станеш шампион, ќе ја освоиме титулата и потоа ќе си заминам’. Тоа е сѐ. За мене мисијата е исполнета. Ова беше мојот последен натпревар како тренер на Ал-Наср“, изјави Жезус. ...
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, ги коментираше вестите за најавеното заминување на Пеп Гвардиола од Манчестер сити. „Не верувам дека Пеп си заминува. Не верувам и не сакам да верувам, бидејќи би сакал да остане уште многу години“, изјави Луис Енрике. „Кога бев селектор на репрезентацијата, тој ме испрашуваше за таа работа. Отсекогаш имал желба да стане селектор на национален тим. Не мислам дека ќе ја преземе Италија, но не можеме ...
Денешните Квоти на денот можат да состават одличен тикет, а вкупниот коефициент на петте предлози изнесува 42,80. Првиот предлог доаѓа од Ф4 на Евролигата. Олимпијакос се среќава со Фенербахче и кецот во првата четвртина носи квота на денот од 1.85. Ѓургарден е домаќин на Бромапојкарна и ако победи и на мечот бидат постигнати од три до пет гола, квотата на денот е 2.50. Трабзонспор и Коњаспор играат финале на турскиот Куп, а квотата на денот ...
Кошаркарите на Њујорк никс го победија Кливленд кавалирс во својот „Медисон Сквер Гарден“ со 109-93 и така стигнаа на половина пат до големото НБА финале. Екипите во првото полувреме беа резултатски многу израмнети и ниту еден тим не успеа да создаде предност поголема од шест поени. Домашниот тим ја направи решавачката серија на почетокот од третата четвртина, кога при резултат 53-53, за пет минути направи серија од 18-0, па во последната ...
Репрезентацијата на ДР Конго по 52 години се враќа на Светските првенство, откако единственото учество до сега го имаа во далечната 1974 година под името Заир. Сепак, плановите за подготовките за Мундијалот сега се нарушени од епидемијата на Ебола, која коси низ земјата. Фудбалската федерација планираше да се тренира во главниот град на земјата, Киншаса, да има и отворен тренинг, па навивачите да имаат можност да ги испратат своите миленици ...
Макс Дауман со 16 години стана шампион во Премиер лигата и го сруши рекордот, но фудбалската јавност во Велика Британија е воодушевена од неговата скромност. Младиот фудбалер на Арсенал денес се појави на училиште, а доби и величествен пречек од учениците и наставниците. 16-годишниот фудбалер пристигна пред училиштето со школскиот ранец и мирно се упати кон училницата. Дауман е најмладиот фудбалер кој дебитирал во Премиер лигата, но и ...
Реал Мадрид ќе биде без двајца од своите клучни фудбалери на последниот првенствен натпревар сезонава против Атлетик Билбао – Винисиус и Орелијан Чуамени, пишува весникот „Марка“. Бразилскиот напаѓач добил неколку дена одмор, откако беше објавен составот на „кариоките“ за Светското првенство, па нема да настапи на овој натпревар. Чуамени има мускулни проблеми, но ќе биде надвор од составот и поради враќањето на Федерико Валверде. Тренерот ...
Партизан е првиот финалист во Јадранската АБА лига, откако со „метла“ и максимални 2-0 ја елиминираше Црвена ѕвезда во полуфиналето. „Црно-белите“ беа подобри и на вториот меч, овој пат на гостински терен со 78-89, поубедливо отколку оние 100-94 од првиот меч. Дека немаат намера да играат мајсторка најавија уште во првата четвртина, која ја добија со 16-28, а на полувремето заминаа со водство од 33-49. Во третата четвртина, Партизан дојде и ...
Загрижените навивачи на Арсенал ширум светот беа приковани за екраните кога Манчестер сити со ремито на гостувањето кај Борнмут му ја донесе шампионската титула на клубот од Северен Лондон. Но, Микел Артета, кој го предводеше Арсенал до првата титула во Премиер лигата по 22 години, не можел тоа да го гледа. Менаџерот планирал да биде во тренинг-центарот на Арсенал во Лондон и таму да го следи натпреварот со своите играчи, но немал енергија за ...
Кристијано Роналдо повеќе од три години е член на Ал-Наср од Саудиска Арабија, но дури вечерва се радува на првиот трофеј на Блискиот Исток. Ал-Наср со 4-1 славеше над Дамац и на тој начин дојде до трофејот од Саудиска Про лига со два бода повеќе од најголемиот конкурент, Ал-Хилал. Португалецот во победата на Ал-Наср учествуваше со два гола, што за него се 972-ри и 973-ти во кариерата. Кристијано Роналдо повеќе од три години е член на ...
Луис Енрике со ПСЖ и втора сезона по ред ќе игра во финалето од Лигата на шампионите, а на патот до одбрана на трофејот сега го има Арсенал. Додека екипата се подготвува, Шпанецот дава изјави за својата иднина, па вели дека нема да биде тренер и како дедо. „Не сакам да бидам тренер како дедо. Тоа не го сакам. Мислам дека по 60 години … Го задевам мојот брат Фелипе и му велам дека ќе одам во пензија пред него. Тој е една година помлад од мене, ...
Манчестер сити и Пеп Гвардиола по десет години ќе се разделат летово, барем такви се најавите од британските медиуми. Ниту едната, ниту другата страна сè уште ги немаат потврдено ваквите информации, но јасно е дека за Граѓаните ќе започне нова ера, а Каталонецот ќе може да бира каде ќе ја продолжи кариерата. Поранешниот фудбалер на Арсенал и Ливерпул, Жереми Пенант, има луда идеја, а тоа е Гвардиола да биде наследникот на Арне Слот на „Енфилд ...
Чаби Алонсо по четири месеци пауза му се враќа на фудбалот и од следната сезона ќе биде нов тренер на Челзи. Шпанецот имаше неуспешна авантура во Реал Мадрид, каде дојде пред почетокот на Светското клупско првенство, натпреварување кое го освои токму неговиот нов клуб, Челзи. „Челзи е прекрасен проект. Многу сум возбуден и подготвен да започнам да работам.“ – рече Чаби Алонсо за шпански медиум, но потоа следуваше прашање за Реал Мадрид, а ...
Англискиот селектор Томас Тухел подготви големо изненадување во пресрет на објавувањето на конечниот список на играчи за Светското првенство. Од списокот со 26-мина фудбалери, кој ќе биде објавен во петок, ќе изостане искусниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер. Оваа одлука, како што се дознава, го шокирала 33-годишниот стопер, кој верувал дека ќе биде дел од тимот за турнирот во Северна Америка. Мегваер за Англија има 66 настапи ...
Кошаркарите на Њујорк имаат шанса максимално да го искористат домашниот терен и да поведат со 2-0 во финалната серија од Источната конференција против Кливленд. Домашните во мечот влегуваат со серија од осум победи по ред, па јасно е зошто се фаворити и според квотите во Sport Life. Њујорк има квота за победа од 1.48, додека триумф и брејк на гостите од Кливленд има квота од 3.05. Не е исклучено и ремито, па за такво нешто ќе добиете квота од ...
Помалку од десет дена остануваат до финалето во Лигата на шампионите, каде што Пари Сен Жермен и Арсенал ќе се борат за трофејот. ПСЖ е првак на Франција потврдувајќи ја доминацијата, додека Арсенал за првпат по 22 години е шампион во Англија. Тренерот на францускиот тим, Луис Енрике, упати големи пофалби за Арсенал и потенцираше во што ја гледа силата на Топчиите. „Тие заслужија да ја освојат Премиер лигата. Имаа неверојатна сезона. Без ...
Македонската фудбалска репрезентација на 29 мај во Сараево ќе одигра пријателски натпревар против репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина за македонските навивачи обезбеди влезници по цена од 1.000 денари за секторите ЈУГ Б4, ЈУГ Б3 и ЈУГ – стоење на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ во Сараево. Навивачите на македонската репрезентација билетите можат да ги купат директно преку веб платформата на ...
Англискиот премиерлигаш Манчестер сити би можел да се соочи со серија заминувања ова лето, а сето тоа е поттикнато од силните гласини дека Пеп Гвардиола по десет години ќе го напушти клубот. Веста дека Гвардиола одлучил да си замине, иако има уште една година од договорот, одекна во понеделник навечер, само еден ден пред Сити со реми против Борнмут математички да ја предаде титулата во Премиер лигата на Арсенал. Како можен наследник се ...
Лука Модриќ е на чекор до изненадувачко враќање во стартниот состав на Милан за последниот натпревар од сезоната во Серија А во недела. Ова доаѓа само по неколку недели откако Хрватот заработи незгодна скршеница на јаболчната коска, пренесува „Скај Спорт Италија“. Првичните прогнози беа дека сезоната 2025/26 е завршена за освојувачот на Златната топка откако ја скрши јаболчната коска при судир со Мануел Локатели за време на ремито без голови ...
Само четири месеци откако доби отказ од тимот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо повторно се враќа во тренерската работа, и тоа на клупата на Челзи. Шпанецот е уверен дека тоа е вистинска одлука за него. „Челзи е прекрасен проект. Многу сум возбуден и подготвен сум да започнам со работа“, рече Алонсо во интервју за „Ел Чирингуто“. Алонсо се очекува да го преземе клубот веднаш по завршувањето на сезоната. Првата работа во новиот клуб ќе му биде ...
Шпанскиот тренер Унаи Емери уште еднаш покажа дека е создаден за освојување на трофејот во Лигата на Европа. Емери синоќа беше предводник на Астон вила до убедливата победа од 3:0 во финалето против Фрајбург. За Емери ова е петти трофеј во Лигата на Европа и тој беше доволен за да влезе во едно елитно друштво. Емери е само четвртиот тренер кој успеал да стигне до пет европски трофеи. Претходно, со пет европски трофеи се имаа закитено: Џовани ...
Помалку од 20 дена остануваат до почетокот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, кое ќе биде историско од повеќе аспекти. На овој Мундијал за првпат ќе учествуваат 48 репрезентации, а не како што беше праксата досега, кога на завршницата беа најдобрите 32 селекции од целиот свет. Ова ќе биде и прв планетарен собир кој ќе се игра во три земји. Иако уште не е започнат турнирот со 48 репрезентации, па да се види каков ќе биде ефектот ...
Дисциплинската комисија на Фудбалска федерација на Македонија, по разгледување на службените извештаи и официјалните информации поврзани со финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија, ги донесе следните одлуки: – Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради непочитување на националната химна, исвиркување на истата и нестанување при нејзиното интонирање од страна на навивачите на клубот. – ...
Полуфиналните возбудувања во плејофот на АБА-лигата продолжуваат, а секако во фокусот е големото белградско дерби меѓу Црвена ѕвезда и Партизан. Црно-белите имаат предност од 1:0 во победи откако славеа со 100:94 пред четири дена. На тој меч Партизан водеше со 20 разлика во последната четвртина, но Црвена ѕвезда дојде само на еден поен заостанување. Сепак, на крајот Партизан победи. Тоа беше петти триумф во последните шест меча против Црвена ...
Најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Луксембург, Жерсон Родригеш, се очекува да биде ново засилување за новиот шампион на Македонија, Вардар. Искусниот триесетгодишниот напаѓач во својата кариера освојуваше шампионски титули во Украина (Динамо Киев), Словачка (Слован Братислава) и во Молдавија (Шериф Тираспол), па нема сомнеж дека ќе биде големо засилување за Вардар. Сепак, не е сè толку розево кога се работи за кариерата ...
Жељко Обрадовиќ е без ангажман откако во ноември минатата година го напушти КК Партизан. Легендарниот српски тренер доживеа емотивна разделба со Партизан, но сега би можел да се врати во клубот каде што го остави најголемиот белег. Според грчките медиуми, Обрадовиќ е многу блиску до спектакуларно враќање во Панатинаикос, со кој има освоено 11 титули шампион на Грција и пет европски трофеи. Грчкиот гигант се наоѓа во сериозни проблеми по ...
Напаѓачот на Сантос, Нејмар, заработи повреда на листот на ногата, соопштија бразилските медиуми. „Нејмар има лесна повреда на десниот лист — оток. Сепак, според нашиот план, рехабилитацијата ќе му овозможи да биде подготвен следната недела, кога ќе му се приклучи на националниот тим“, изјави докторот на Сантос, Родриго Зогаиб. Се очекува 34-годишниот фудбалер да биде подготвен за приклучување кон репрезентацијата на Бразил веќе следната ...
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе има петмина дебитанти за пријателските натпревари против БиХ и против Турција, селекторот Гоце Седлоски најави дека сака да провери поголем број фудбалери, но очекува добра игра и верува во квалитетите на тие што се најдоа на неговиот список. “Има нови имиња на овој список, сакам да проверам што е можно повеќе фудбалери, но морам да кажам дека верувам во квалитетот на секој што е повикан. Ќе играме ...
Селекторот на А репрезентацијата, Гоце Седлоски го соопшти списокот на фудбалери кои се во комбинација за претстојните пријателски натпревари на гостински терен против Босна и Херцеговина (29.05) во Сараево и Турција (01.06.) во Истанбул. Предводникот на националниот тим на располагање ќе има 27 играчи, а меѓу нив петмина кои за прв пат ќе го носат дресот на македонската репрезентација, дефанзивецот на романски УТА, Дин Аломеровиќ, десниот ...