Според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, официјално стана дел од клубот на милијардери и така е само вториот фудбалер во историјата што го достигнал овој статус, по Кристијано Роналдо. Според индексот на милијардери на „Блумберг“, Меси од 2007 година досега заработил повеќе од 700 милиони долари само од плати и бонуси. Откако биле пресметани даноците, пазарните промени, како и приходите од инвестиции и спонзорски ...

Македонската фудбалска репрезентација денеска во Скопје се собра по повод претстојните пријателски средби против Босна и Хергецовина и Турција, двете на гостински терен. Селекторот Гоце Седлоски за мечевите кои што се играат на 29-ти мај во Сараево, и на 1-ви јуни во Истанбул, повика и петмина дебитанти: Аломеровиќ, Омерагиќ, Јанкулов, Анѓелески и Додев. Нашиот состав денеска в четврток лета за Сараево. По тој меч кој се игра в петок ...

Отсуството на фудбалери на Реал Мадрид од конечната листа од 26 фудбалери кои ќе ја претставуваат Шпанија на Светското првенство, предизвика лавина од реакции на Пиринејскиот полуостров. Фановите на Реал се разочарани и бесни што првпат во историјата во шпанскиот тим ќе нема играчи од Кралскиот клуб на СП, и коментираат дека не се поистоветуваат со овој состав, половина Шпанија нема да навива за овој тим и дека селекторот направил поделба во ...

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Де ла Фуенте, го објави списокот од 26 играчи кои ќе играат на Светското првенство и се потврдија најавите дека за првпат во историјата, на СП во шпанскиот тим ќе нема ниту еден играч на најтрофејниот шпански клуб Реал Мадрид. На широкиот список од 55 играчи беа ставени Даниел Карвахал и Дин Хаусен, но селекторот процени дека тие не се во доволно добра форма за да одат на Мундијалот и да ...

Италијанскиот фудбалски прволигаш Наполи ја потврди оставката на Антонио Конте од функцијата главен тренер. Кратко, сувопарно, без „љубовно писмо“, без носталгија и без желба за успех во иднина. Така наполитанците се простија од Конте кој лани им донесе титула во Серијаа А. Наполи со три збора се прости од Конте преку социјалните мрежи, но тие сумираат јасна порака: „Ви благодарам, господине Конте“. Нема благодарност до персоналот, нема ...

Иако со Арсенал ја допре фудбалската височина и ја прослави титулата шампион на Англија, Деклан Рајс минуваше низ вистински емотивен ролеркостер поради судбината на неговиот поранешен клуб. Камерите го снимија моментот во кој англискиот играч за врска, целосно игнорирајќи што се случува околу него, нервозно чека вести од натпреварите на Вест хем и Тотенхем. На неговото лице јасно се гледаа стравот и тагата, што покажа дека срцето не ги ...

До оваа сезона играа во втора лига, а сега првпат ќе настапат во Лигата на шампионите. Фудбалската сезона 2025/2026 продолжува да пишува интересни приказни. Голем број клубови по долгогодишно чекање ги освоија титулите во своите првенства, додека некои за првпат во историјата стигнаа до шампионскиот трофеј. Една таква приказна, од оваа втора категорија, доаѓа од Луксембург. Таму во последното коло се водеше битка меѓу два клуба за титулата. ...

Враќањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид е тема што со недели доминира во шпанските медиуми, а сега за првпат се огласи и тренерот на Барселона, Ханси Флик. Според бројни најави, Мурињо е многу блиску до враќање на „Сантијаго Бернабеу“, каде треба да го наследи Алваро Арбелоа. Со тоа Реал повторно би добил тренер познат по големите дуели против Барселона и жестоките Ел Класика од минатото. Флик по последниот натпревар сезонава зборуваше за ...

Пари Сен Жермен се подготвува за најважниот меч во сезоната, а воедно и последен, финалето од Лига на шампиони. Францускиот првак е актуелен европски владетел, а сега ќе се обиде да го одбрани тронот. Во саботното финале на 30 мај, ПСЖ за противник ќе го има англискиот шампион Арсенал. Во пресрет на финалето од ЛШ, ПСЖ се подготвува играјќи и контролни дуели меѓу себе. На еден од последните тренинг-дуели, кога играчите беа поделени во две ...

1037 Нотс каунти – Салфорд сити (16:00) Нотс каунти и Салфорд сити играат меч на „Вембли“ во Лондон за пласман во повисок ранг, односно во третата англиска лига. На вакви натпревари тешко е да се каже кој е фаворит, па токму затоа предлогот е да се одигра на голови. Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.13) 1801 Падерборн – Волфсбург (20:30) Падерборн и Волфсбург ќе решаваат за место во германската Бундеслига, откако првиот меч заврши без голови, ...

Веќе е се јасно во прволигашката конкуренција. Вардар го доби трофејот за шампионската титула, Шкендија и Силекс ќе играат во фудбалска Европа, а три скопски екипи од идната сезона ќе играат во Втората лига. Работнички и Македонија ЃП пред својата публика попладнево ќе се збогуваат од прволигашката конкуренција со натпревари кои немаат никакво резултатско значење. На Националната арена гостува Тиквеш, а во Ѓорче Петров ќе гостува ...

Фудбалски и тениски натпревари се дел од понудата со зголемени квоти во Sport Life, Супер типот. Фудбалот доминира со 12 натпревари, додека останатите четири се од тенисот. Ако сакате да ја зголемите добивката на вашите тикети, тогаш ќе мора да побрзате, бидејќи првиот меч од Супер типот започнува веќе во 11 часот и тоа со два тениски меча, а првиот фудбалски натпревар на програмата е од 14:30 часот. Во понеделничкиот Супер тип на Sport Life ...

Нови пет меча се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози е 37.3, додека поединечно квотите се движат помеѓу 1.80 и 2.42. На мечот помеѓу Старт и Валеренга се очекуваат голови, а за да биде добитна квотата од 1.90 потребно е нив да ги има во двете мрежи и во двете полувремиња. Тромсо е фаворит против Алесунд, па квотата од 2.42 ќе биде добитна само ако победат во меч на кој ќе има помеѓу два и четири ...

Екипата на Белграно е сензационален шампион на Аргентина, откако мечот за титулата славеше над Ривер Плата со 3-2. Славниот аргентински клуб имаше водство од 2-1 се до 85-тата минута, но тогаш на сцена стапи Николас Фернандес, кој во игра беше уфрлен само девет минути претходно, па со два гола за три минути направи комплетен пресврт и го најави лудото славје низ улиците на Кордоба. Клубот кој е формиран во далечната 1905 година синоќа го ...

Интер Мајами и Филаделфија одиграа спектакуларен меч на кој беа постигнати 10 гола, а Меси и другарите се радуваа на победата со 6-4. Сепак, фудбалер кој го обележа мечот е Македонецот Милан Илоски, кој со два гола во четвртата и во 10-тата минута донесе водство од 0-2 за Филаделфија, а хет-трикот го комплетираше во продолжението од првиот дел кога израмни на 4-4. Интер Мајами иако уште во почетната фаза имаше негатива, успеа да направи ...

Сан Антонио убедливо славеше над Оклахома со 103:82 во четвртиот натпревар од финалето на Западната конференција и така ја израмни серијата на 2-2. Блескава вечер имаше Виктор Вембањама, кој со 33 поени го предводеше својот тим, а натпреварот го одбележа и фантастичната одбрана на Спарс, која го сведе нападот на Тандер на најмал број поени сезонава. Откако лесно ги помина првите две рунди од плејофот, Оклахома во финалето на Западот се соочи ...

Фудбалот повторно покажа дека пишува неверојатни приказни, а една од најголемите сензации сезонава ја приреди Торенсе. Второлигашот од малиот португалски град Тореш Ведраш го освои Куп на Португалија по драматична победа над Спортинг со 2:1 по продолженија. Спортинг во финалето влезе како огромен фаворит и клуб што го бркаше 19-тиот трофеј во ова натпреварување, но Торенсе приреди шок каков што Португалија одамна не памети. Кевин Зохи уште ...

Јувентус остана без Лига на шампиони и следната сезона ќе игра во Лигата на Европа. Ова беше познато и без да се чека резултатот од градското дерби против Торино, бидејќи Рома и Комо ја завршија „домашната“ работа, а Милан доживеа катастрофа против Каљари. „Старата дама“ има предност од два гола против Торино со двата гола на Душан Влаховиќ, но на крајот остана без победа. Касадеи и Адамс погодија за Торино и ја спасија својата екипа од ...

Кими Антонели ја забележа и четвртата победа по ред, откако триумфираше на трката за ГН на Канада. Мерцедес доминираше и на оваа трка, но Расел мораше да се откаже поради проблеми со болидот, иако до тој момент и двајцата водеа голема битка за врвот. Променливото време во Канада донесе и различна тактика на екипата, некои ја погодија, но некои комплетно потфрлија, а тоа донесе изненадувачки подиум на второто и третото место. Хамилтон од ...

Виљареал и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, а тоа го потврди со убедлива победа од 5-1 над Атлетико Мадрид. „Жолтата подморница“ финишираше како третопласирана во Ла Лига, веднаш позади гигантите Барселона и Реал Мадрид, а тоа за нив е најдобар пласман по историската 2008 година кога беа вицешампиони. Домашните на „ла Керамика“ одиграа фантастично прво полувреме, после кое имаа убедливо водство од 4-1. Виљареал постигна три ...

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, денес испиша историја во Премиер лига. Португалскиот играч за врска запиша нова асистенција во натпреварот против Брајтон и така постави нов рекорд по број на асистенции во една сезона во Премиер лигата. За Бруно ова беше 21-ва асистенција сезонава, со што ги надмина легендарните Тјери Анри и Кевин Де Брујне, кои претходно го делеа рекордот со по 20 асистенции. BRUNO FERNANDES. ...

Екипата на Комо успеа да дојде до сензационален пласман во Лигата на шампионите, откако славеше со 1-4 на гостувањето кај Кремонезе, а Милан беше шокиран на домашен терен од Каљари. Комо со победата дојде до 71 бод, колку што може да има и Јувентус доколку слави над Торино, но јасно е дека екипата на Фабрегас без оглед на резултатот во Торино ќе играат во Лигата на шампионите. Во прилог им одеше и резултатот од мечот помеѓу Милан и Каљари, ...

Кошаркарите на Олимпијакос по пауза од 13 години се искачија на европскиот трон, откако во финалето од Евролигата славеа над Реал Мадрид со 92-85. За гигантот од Пиреја ова е четврти трофеј од елитната европска кошарка во десеттото финале, додека „кралевите“ го загубија и 11-тото финале во историјата. Мечот во Атина го одбележаа многуте пресврти, а и двете екипи имаа свои моменти. Дуелот започна со убедлива игра на Реал Мадрид, па „кралевите“ ...

Емотивно беше денес на „Етихад“ во последното 38-мо коло од Премиер лига, каде Манчестер сити загуби од Астон Вила со 2:1. Сепак, резултатот остана во втор план бидејќи ова беше последен натпревар на Пеп Гвардиола на клупата на „граѓаните“. Шпанскиот стратег неодамна потврди дека по крајот на сезоната го напушта клубот, каде помина десет години и освои сè што можеше да се освои. Во еден момент ниту самиот Гвардиола не можеше да ги задржи ...

Гоце Седлоски како шампион си заминува од Вардар. Тренерот кој пред една и пол година пристигна на кормилото на Црвено-црните, за само неколку месеци во првата сезона го освои трофејот во Купот, а во оваа сезона во клупските витрини го доведе и пехарот наменет за шампионот во првенството. Од Вардар преку социјалните мрежи се заблагодарија на се тоа што Седлоски го направи за екипата во изминативе неполни 20 месеци. Седлоски со успех ја заврши ...

Јувентус вечерва треба(ше) да ја води клучната битка за пласман во Лигата на шампионите и тоа против градскиот ривал Торино. Сепак, мечот воопшто не започна во предвидениот термин од 20:45, како и останатите натпревари од последното коло на Серија А. Причина се нередите кои во текот на целиот ден се случуваат низ улиците на Торино, физичките пресмети помеѓу групи навивачи на двете екипи, но и судирите со полицијата. Официјалното објаснување ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје по 13-ти пат се шампиони на Македонија, откако со „метла“ и максимални 3-0 ја добија финалната серија против дебитантот Маџари. Екипата од скопски Аеродром го доби третиот меч со 74-80 на гостински терен и ја продолжи доминацијата во македонската кошарка. МЗТ Скопје ја слави 13-тата титула во историјата, односно седма во серија од 2019 година до денес, со исклучок на пандемиската 2020 година, кога шампион не беше ...

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, зборуваше по последниот натпревар од сезоната – поразот од 1:3 на гостувањето кај Валенсија. Германскиот стратег не беше задоволен од развојот на средбата, откако Каталонците поведоа, но потоа дозволија пресврт. „Направивме неколку детски грешки по водството од 1:0 и тие ги искористија за да ги постигнат головите што им ја донесоа победата. Овој пораз нема никакво влијание врз сезоната што ја имавме и која ...

Сезоната во Серија А и официјално заврши за фудбалерите на Наполи. Вицешампионот на Италија не успеа да ја одбрани титулата од минатата сезона, а на последниот меч славеше со 1-0 над Удинезе на домашен терен. Единствениот гол во Неапол беше дело на Расмус Хојлунд во 24-тата минута, а нашиот Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути, што може само да го радува селекторот Гоце Седлоски во пресрет на пријателските натпревари на Македонија против ...

Ерата на Пеп Гвардиола како тренер на Манчестер сити заврши со пораз на домашен терен од Астон вила со 1-2. Каталонецот се збогуваше со навивачите на „граѓаните“, а Астон вила одигра за себе и не дозволи Премиер лигата да добие и шестти претставник во Лигата на шампионите. Сепак, улога во ваквата разврска имаше и ремито на Ливерпул пред својата публика против Брентфорд. Лошата сезона за Тотенхем заврши со среќен крај, откако Спарси со победа ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.6
74%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 13ᴼ
2.68
70%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.42
78%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.56
80%
1019
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.65
76%
1016
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
1.06
86%
1016
weather icon

Атина

22ᴼ / 18ᴼ
2.24
57%
1016
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.85
67%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.96
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.68
76%
1013
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 13ᴼ
1.81
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Родиум

257205.97