Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Продолжува вербалната војна меѓу поранешниот и сегашниот капитен на Манчестер јунајтед. Откако Бруно Фернандеш го обвини Рој Кин дека лаже, легендарниот Ирец, изгледа, му одговорил со навредлива објава на социјалните мрежи. Судирот започна откако Фернандеш постави нов рекорд во Премиер лигата со 21 асистенција во една сезона, што го оствари во победата против Брајтон од 0-3 во последното коло. Во пресрет на тој натпревар, Кин го критикуваше ...
Натпреварувачката 2025/2026 е завршена во сите фудбалски лиги во Европа, а Шкупи е единствениот прволигашки тим на цел континент кој немаше ниту една победа. Чаирчани глава не можеа да кренат од проблемите кои почнаа пред стартот на сезнава, па исходот е очекуван, играа со младинци и неискусни фудбалери кои освен борба, не може да понудат ништо друго. Во 33 меча, Шкупи имаше 32 пораза и едно реми, а гол-разликата им е 15-130, убедливо ...
Сезоната во домашното фудбалско првенство ќе се затвори в недела со одигрувањето на бараж натпреварите за пополнување на Првата македонска лига по што ќе бидат познати сите учесници во новата сезона. Бараж мечевите за пополнување на ПМФЛ ќе се одиграат на 31-ви мај, а домаќини ќе бидат стадионите во Битола и Кавадарци. На „Петар Милошевски“ во Битола ќе се соочат АП Брера и Скопје, додека на Градскиот стадион во Кавадарци ќе се сретнат ...
Жозе Мурињо ги истакна имињата на Марко Матераци и Џон Тери како двајца најдобри дефанзивци со кои некогаш соработувал во својата кариера. Поранешниот тренер на Порто, Интер, Челзи, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Фенербахче, а сега на Бенфика упати огромни пофалби за централните дефанзивци од Италија и Англија. „Во целата моја кариера ги тренирав најдобрите играчи од таа генерација, а двајцата најдобри централни дефанзивци што некогаш сум ...
Најтрофејниот европски тренер, Жељко Обрадовиќ, по неславната разделба со Партизан, можно е кариерата да ја продолжи во Барселона. Според каталонски новинари, популарниот Жоц е блиску до потпишување за Барса и пак да биде дел од шпанската кошарка, каде што остави неизбришлив белег. Обрадовиќ веќе го забрзал процесот на одлучување кого ќе предводи во следната сезона, а Барселона има понуда до него. Иако се чинеше дека може да се врати во ...
Поранешниот менаџер на Челзи, Енцо Мареска, веќе потпишал тригодишен договор со Манчестер сити, обелодени познатиот инсајдер Фабрицио Романо. Италијанскиот тренер ќе биде вклучен во трансфер-стратегијата на клубот. Мареска го тренираше Челзи од 2024 до 2026 година. Под негово водство, Сините ја освоија Конференциската лига во 2024/25 и Светското клупско првенство на ФИФА во 2025 година. Мареска од 2022 до 2023 година му беше помошник на ...
ФИФА потврди дека иранската репрезентација го преместила планираниот камп за Светското првенство од Тусон, Аризона, во Тихуана, Мексико, поради безбедносни проблеми. Иран првично го избра спортскиот комплекс во Тусон како своја база за време на Мундијалот, а побараа промена откако САД и Израел започнаа заеднички напади врз Иран кон крајот на февруари. Мексиканците немаа проблем тимот на Иран да биде сместен кај нив. Нема план за промена на ...
3401 Бањик Острава – Таборско (18.00 часот) Ова е прв меч од полуфиналето во разигрувањето за место во чешката елитна лига, ќе има и реванш. Во лигашкиот дел од сезоната, Бањик беше на последното 16-то место на табелата во првата лига, додека Таборско го освои второто место во втората лига. Овие два клуба десетина години не играле меѓу себе, а квотите велат дека голем фаворит за победа е домашниот тим кој посакува опстанок во првата лига. ...
Квотите на денот во Sport Life прават вкупен коефициент од 34.44, а три од петте предлози се со квота од 2.00. Двата тима да постигнат гол на Еребро – Хелсингборг и да има гол во прво полувреме, е комбинацијата за која квотата е 2.00. Квота од 2.10 се нуди за на Хапоел Бер Шева – Макаби Тел Авив домашните да не загубат и притоа во двете полувремиња да падне барем по еден гол. На Гројтер фирт – Есен да има најмногу еден гол во прво и 1-3 гола ...
Фудбалскиот клуб Вардар ја продолжи соработката со искусните репрезентативци Дарко Велковски и Бобан Николов. Со Велковски е постигнат договор за продолжување на соработката до 30 јуни 2027 година. Николов го продолжи договорот уште за три години и важноста ќе биде до јуни 2029. Клубот им посакува и многу успех, здравје и заеднички победи во црвено-црниот дрес! Фудбалскиот клуб Вардар ја продолжи соработката со искусните репрезентативци ...
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, за време на прославата по повод освојувањето на титулата во Премиер лигата, изјави дека Топчиите ќе ја освојат и Лигата на шампионите. „В сабота ќе станеме европски шампиони!“, рече Артета, предизвикувајќи воодушевување кај присутните. Арсенал в сабота од 18 часот во Будимпешта ќе се соочи со актуелниот првак ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите. Според квотите во Sport Life, фаворит е францускиот тим, ...
Супер тип понудата на Sport Life за денеска е разновиден, има микс од големи и помали квоти, а и супер квоти за три различни спортови, па и тука имате избор што да искористите како џокер за подобрување на потенцијалната добивка на тикетите. На секој од шесте тениски мечеви има супер квоти за победа на големите фаворити, исто е и со кошарката Венеција – Орси Тортона. Што се однесува до фудбалите кои ги има девет на број во Супер типот, може ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас направи подвиг во оваа катастрофална сезона за Наполи полна со повреди, тој беше единствениот играч во тимот кој не се повреди. Неверојатен подвиг со оглед на сè што се случуваше во тимот и колку работа имаа клупските лекари. Елмас играше во Наполи на позајмица од Лајпциг, со опција за откуп поставена на 17 милиони евра, која Наполи речиси сигурно нема да ја искористи. Можеби двете страни ...
Њујорк никс после 27 години, повторно ќе игра во големото финале на НБА лигата, откако со чисти 4-0 го елиминираше Кливленд кавалирс во источното финале. Тимот од Големото јаболко беше предоминантен во четвртиот меч одигран рано утрово, и го доби со 130-93. Никси станаа прв тим во историјата на НБА плејофот кој во три серии по ред ги затвора со победи од над 30 поени разлика. Њујорк има серија од 11 победи по ред, повеќе од еден месец нема ...
Хулијан Алварес не сака да остане во Атлетико Мадрид, и покрај тоа што клубот му понудил нов, значително подобрен договор. Аргентинскиот напаѓач, кој важи за еден од најдобрите во својата генерација и светски шампион со Аргентина, наводно ја одбил понудата за продолжување на соработката, иако има важечки договор до 2030 година. Според информациите, понудата што ја добил би го направила најплатен фудбалер во тимот, со плата од околу 10 милиони ...
Македонската фудбалска репрезентација стартуваше со подготовки за претстојните контролни натпревари против БиХ во Сараево и Турција во Истанбул, дуели кои ќе послужат како важен тест пред стартот на Лигата на нации. Селекторот Гоце Седлоски на овој собир повика и неколку нови имиња, а меѓу нив е и Сефер Емини. Емини истакна дека овие натпревари ќе бидат од големо значење за воигрување на селекцијата, особено поради промените и новите ...
Падерборн успеа да се пласира во Бундеслигата за следната сезона откако во плејофот го елиминира досегашниот бундеслигаш Волфсбург. Фудбалерите на Падерборн во реваншот на домашен терен победија со 2-1, откако првиот меч заврши без голови. За да се добие победник мораа да се играат и продолженија. Волфсбург дојде во водство во третата минута со голот на Пејчиновиќ, но потоа следеше голем хендикеп за гостите откако Маеле доби црвен картон во ...
По разделбата со Шкендија, досегашниот шеф на стручниот штаб Јетон Беќири испрати емотивна порака до јавноста, во која се осврна на периодот минат во тетовскиот клуб и им се заблагодари на сите што биле дел од неговото патување. Беќири истакна дека за него било огромна чест да ја предводи Шкендија во еден важен период, притоа изразувајќи благодарност до раководството, сопственикот Лазим Дестани, неговото семејство и компанијата Еколог за ...
Џенаро Гатузо е на чекор до преземање на клупата на Лацио, откако италијанските медиуми објавија дека поранешниот селектор на Италија постигнал договор со римскиот клуб за двегодишна соработка. Според информациите на Фабрицио Романо, преговорите меѓу двете страни веќе се успешно завршени, а официјализацијата на соработката се очекува во наредниот период. Иако Маурицио Сари сè уште формално не е разрешен, неговото заминување изгледа неизбежно. ...
Само два дена откако Вардар го подигна шампионскиот трофеј за најдобриот тим во Прва лига, вечерва го промовираше новиот тренер, Кристијан Фабијани. Аргентинскиот стратег доаѓа на местото на Гоце Седлоски, кој ја исполни мисијата, а тоа е да Вардар да биде првак на Македонија. Преку социјалните мрежи од Вардар откриваат дека Фабијани е „болен по тактика“ и дека ветува многу напаѓачка игра. За тоа дека Фабијани ќе биде нов тренер на Вардар ...
Македонската А репрезентација денеска официјално ги започна подготовките за претстојните пријателски натпревари против Босна и Херцеговина во Сараево (29. мај) и Турција во Истанбул (1. јуни). На собирот во хотел „Хилтон“ селекторот и стручниот штаб ги имаа на располагање речиси сите повикани фудбалери. Во репрезентативната база недостасуваа капитенот Енис Барди и Елиф Елмас, кои вечерва ќе му се приклучат на националниот тим, како и Агон ...
Македонската репрезентација ги започна подготовките за претстојниот пријателски натпревар против Босна и Херцеговина. Фудбалерите, предводени од Гоце Седлоски, го одработија првиот тренинг. Нашите репрезентативци потенцираат дека, и покрај тоа што станува збор за пријателски натпревар, пристапот и мотивот остануваат на највисоко ниво кога се носи дресот на Македонија. „Кога доаѓаме во репрезентацијата на Македонија, не постојат пријателски ...
Њујорк никс има убедливи 3-0 во победи против Кливленд во полуфиналната серија на Истокот, а вечерва по полноќ во „Рокет Арена“ се игра четвртата пресметка. Кливленд едноставно мора да зададе удар или во спротивно ќе биде елиминиран, но прашање е дали и поседува моќ за таков настап. Според квотите, Њујорк никс важи за фаворит и на овој дуел, иако е гостин. Покрај стандардните квоти, подготвена е и омилената игра на голем број љубители на ...
Раководството на Милан донесе сериозна кадровска „чистка“, откако преку официјално соопштение потврди дека клубот се разделува со тренерот Масимилијано Алегри, како и со неколку клучни луѓе во спортската структура, меѓу кои извршниот директор Џорџо Фурлани, спортскиот директор Игли Таре и техничкиот директор Џефри Монкада. Во соопштението на клубот се наведува дека по разочарувачката завршница на сезоната, која ја претвори претходно ...
Брера Струмица и Пелистер од Првата лига, заедно со Скопје и Шкендија Арачиново од Втората лига, се наоѓаат пред клучни натпревари кои ќе ја одредат нивната иднина во македонскиот фудбал. Станува збор за бараж-дуели за пласман во елитата, во кои ќе се судрат екипи со различни цели — едни да го сочуваат прволигашкиот статус, други да обезбедат промоција во најсилната конкуренција. Во првиот натпревар, Брера Струмица ќе игра против Скопје на ...
Преселбата на Маурицио Сари од Лацио во Аталанта е речиси завршена работа, исто како и тоа дека нов тренер на лацијалите на местото на Сари ќе биде Џенаро Гатузо, но главната „бомба“ може да биде ако се обвистинат шпекулациите на италијанските медиуми за трампата Алегри-Конте. Наводно Масимилијано Алегри ќе си оди од Милан и преговара со Наполи, а Конте и официјално се раздели со наполитанците и како негова следна дестинација се спомнува ...
Поранешните шампиони, Работнички и Македонија ЃП од следната сезона ќе играат во Втората лига. Романтичарите на домашен терен загубија од Тиквеш со 1-3 и на крајот завршија на претпоследното место , додека Македонија ЃП со победа се прости од Првата лига, откако на домашен терен славеше против Силекс со 4-2. Тиквеш беше подобар ривал на Арената и славеше со головите на Лавал, Стојкоски и на Сила, а единствениот гол за Работнички го постигна ...
Фудбалскиот клуб Шкендија објави дека тренерот Јетон Беќири нема да продолжи да го води тимот во следната сезона, откако му истече договорот со крајот на натпреварувачката сезона 2025/2026. По заедничка евалуација на периодот на соработка, клубот и тренерот одлучија да се разделат во овој момент, затворајќи важно поглавје во поновата историја на Шкендија. Јетон Беќири го презеде тимот во јануари 2024 година и за време на неговиот престој ...
Италијанските Рома и Комо синоќа обезбедија место во лигашката фаза во фудбалската Лига на шампионите, и сега се познати сите 29 тима кои директно влегуваат во елитата од 36 тима, без да играат квалификации. Августовските квалификации ќе ги пополнат седумте слободни места. Место во ЛШ имаат обезбедено: Баерн, Реал Мадрид, ПСЖ, Ливерпул, Интер, Манчестер сити, Арсенал, Барселона, Атлетико, Борусија Дортмунд, Рома, Спортинг Лисабон, Астон вила, ...
Светското првенство во САД, Канада и Мексико ќе има една необична карактеристика: двајца браќа ќе играат за различни национални тимови. Тие се Дезире Дуе, напаѓачот на Пари Сен Жермен кој ќе ја претставува Франција, и Гела Дуе, десен бек на Стразбур кој ќе игра за Брегот на слоновата коска, земјата на нивниот татко. Ситуацијата потсетува на она што се случи на едно друго Светско првенство, каде што Жером Боатенг играше за Германија, а ...