Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Баерн Минхен се збогува со играчот од средниот ред Леон Горецка. Овој 31-годишен фудбалер ќе го напушти клубот од Минхен на крајот од сезонава. „Осум години. 16 титули, тоа остаанув засекогаш. Ти благодариме за сè, Леон. За посветенооста, пасијата, незаборавните моменти“, се вели во соопштението на прес-службата на најтрофејниот германски клуб. Горецка се приклучи на Баерн од Шалке во летото 2018 година. Со клубот од Минхен освои седум ...
Атлетико Мадрид на социјалните мрежи објави монтирани фотографии од ѕвездите на Барселона, Педри, Ламин Јамал и Рафиња, во дресот на Атлетико, и во стилот на новинарот Фабрицио Романо порачаа: „Here We Go“. Се разира ова е шега, Атлетико нема намера да испрати понуди за тројцата членови на Каталонците, но испратена е порака дека им е преку глава од шпекулациите поврзани со можен трансфер на Хулијан Алварес од Атлетико во Барса. „Ни требаа ...
Рио Фердинанд изгради вистинска бизнис империја по повлекувањето од фудбалот, спорт во кој беше меѓу најплатените играчи во светот. Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед откри дека денес заработува повеќе отколку во најдобрите денови од кариерата, успешно трансформирајќи се од фудбалска икона во успешен бизнисмен. Фердинанд, кој како еден од најплатените фудбалери заработувал шест до седум милиони евра годишно, потврди дека денес неговите ...
Пеп Гвардиола наводно им се доверил на блиски луѓе дека во иднина би сакал да ја преземе репрезентацијата на Англија. Оваа информација се појави само неколку дена по неговото заминување од Манчестер сити, клуб со кој за десет години освои дури 17 трофеи, пренесуваат англиските медиуми. Новинарот Џек Гоган од „Дејли Мејл“, кој долго време го следи Сити, за „Скај Спортс“ изјави: „Мислам дека повеќе нема да го гледаме во клупскиот фудбал, иако е ...
Шпанска фудбалска федерација би можела да го спречи Лука Модриќ да стане помошник на Жозе Мурињо, кој според најавите е многу блиску до преземање на клупата на Реал Мадрид. Според шпанските медиуми, навивачите нема да можат да го видат Модриќ покрај Мурињо бидејќи хрватскиот ветеран во моментов нема соодветна тренерска лиценца. Договорот на Модриќ со Милан истекува на 30 јуни. Иако постои можност за продолжување на соработката на уште една ...
Манчестер Јунајтед обезбеди значителни средства за летниот преоден рок, откако во последните недели отплати долг од 110 милиони фунти, односно околу 127 милиони евра. Овој потег му дава на тренерот Мајкл Керик многу посилна основа за реконструкција на тимот пред новата сезона. Според британските медиуми, клубот значително ја зголемил својата финансиска моќ пред летниот преоден рок со отплата на кредитите во последните шест недели. По овие ...
Жерсон Родригеш и официјално е првото задилување на Вардар за европскиот настап и за следната сезона во првенството на Македонија. Шампионот на Македонија успеа да постигне договор со најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Луксембург, кој потпиша на една сезона, до можност договорот да биде продолжен. Португалецот со пасош на Луксембург пристигна од првенството на Тајланд, а во својата кариера има шампионски титули во три ...
ПСЖ веќе испратил исклучително богата понуда до Атлетико Мадрид за напаѓачот Хулијан Алварес. Според шпанските медиуми, францускиот шампион понудил 120 милиони евра плус двајца фудбалери за 26-годишниот Аргентинец. Се претпоставува дека станува збор за Ли Канг-ин и Гонсало Рамош. Дополнително, „светците“ се подготвени да му понудат плата еднаква на онаа на освојувачот на Златната топка, Усман Дембеле, која изнесува 22 милиони евра годишно ...
Ал-Наср, шампионот на Саудиска Арабија во чиј состав настапува Кристијано Роналдо, официјално го објави заминувањето на тренерот Жорже Жезус. „Каква авантура. Какво поглавје во историјата. Ви благодариме, господине“, стои во соопштението на клубот. Португалскиот стратег има 71 година и го водеше Ал-Наср од јули 2025 година. Неговиот договор важеше до 30 јуни 2026 година, но двете страни на крајот не успеале да постигнат договор за ...
Барселона покажува интерес за дефанзивецот на Арсенал, Пјеро Инкапије, пренесуваат британските медиуми. Според информациите, „каталонците“ ја разгледуваат можноста за ангажман на репрезентативецот на Еквадор. Инкапије настапува за „топчиите“ како позајмен играч од Баер Леверкузен, но откупот на неговиот договор се смета за обична формалност. Трансферот треба да биде реализиран за 45 милиони фунти, а јужноамериканскиот дефанзивец веќе има ...
Навивачите на репрезентацијата на Ирска го прекинаа натпреварот против Катар откако на теренот фрлија десетици тениски топчиња во знак на протест против претстојниот дуел на нивната селекција со Израел во рамки на Лига на нации на УЕФА. Инцидентот се случи за време на синоќешниот пријателски натпревар против Катар, а судијата беше принуден накратко да ја прекине играта додека редарите ги отстрануваа топчињата од тревникот. На трибините можеа ...
Барселона е на чекор до договор со искусниот португалски играч за врска Бернардо Силва. Според шпанските медиуми, каталонскиот клуб е многу блиску до комплетирање на трансферот на фудбалерот на Манчестер сити. Ангажманот на 31-годишниот Португалец добил зелено светло и од тренерот Ханси Флик, кој го гледа Силва како важно засилување за средниот ред на тимот. Во текот на следната недела се очекува агентот Жорге Мендеш да има средба со ...
Босна и Херцеговина по вторпат во својата историја ќе учествува на Светско првенство, а тоа им успеа вторпат на последните четири Мундијали. Токму Босна и Херцеговина е противник на Македонија во меч кој ќе биде од контролен карактер, а вака изгледа Сараево во пресрет на нивното учество на Мундијалот. На секој ќош може да се видат навивачки реквизити, магнети и привезоци со фудбалерите, кои по пласманот на Светското првенство се вистински ...
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, потврди дека Лионел Меси и поголемиот дел од актуелните светски шампиони ќе бидат во составот за Светското првенство, и покрај серијата повреди пред почетокот на ФИФА-терминот. Меси, кој наскоро ќе наполни 39 години, го предводи списокот од 26 фудбалери што го објави Фудбалскиот сојуз на Аргентина. Во тимот се наоѓаат и 17 играчи кои пред четири години ја освоија светската титула со победата над ...
Претседателот на Интер, Бепе Марота, порача дека клубот има големи амбиции за следната сезона во Лигата на шампионите, а воедно стави крај и на шпекулациите околу можниот трансфер на Алесандро Бастони во Барселона. Нераѕурите ја освоија двојната круна под водство на новиот тренер Кристијан Киву, а Марота истакна дека клубот сака да продолжи да расте и на европската сцена. „Овој тим има цврсто јадро и победнички менталитет, изграден преку ...
Ибрахима Конате ќе го напушти Ливерпул, откако преговорите меѓу двете страни за нов договор пропаднале. Францускиот дефанзивец ќе си замине од клубот како слободен агент. Ова отвора можност за акција кај Реал Мадрид, кој е заинтересиран да ја засили одбраната ова лето. Според медиумите во Велика Британија, англискиот гигант не успеал да постигне договор со играчот за продолжување на соработката. Актуелниот договор на Французинот со Црвените ...
Чаби Алонсо им наредил на челниците на Челзи да ја доведат големата ѕвезда од лутиот ривал, која вреди 134 милиони евра. Шпанецот подготвува спектакуларен потег бидејќи сака управата на клубот од Ливерпул ова лето да му го доведе Флоријан Вирц. Алонсо одлично го познава Вирц бидејќи му помогна да се развие во еден од најдобрите офанзивни играчи за врска во светот. Сето тоа, секако, се случи за време на нивниот заеднички престој во Баер ...
Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварес, наводно побарал од клубот да му дозволи трансфер, а неговата најпосакувана дестинација е Барселона. Аргентинската новинарка Вероника Брунати открива дека каталонскиот гигант веќе испратил официјална понуда вредна 110 милиони евра, а раководството на Атлетико било подготвено да ја разгледа можноста за продажба доколку бидат исполнети одредени услови. Сепак, шпанските медиуми „АС“ и „Марка“ објавија ...
2501 Розенборг – Бодо/Глимт (19 часот) Ќе има голови на овој дуел. Типуваме дека ќе се тресат двете мрежи и дека ќе има најмалку три погодоци. Предлог тип: ГГ и 3+ (1.76) 2502 Бран – Сарпсборг (19 часот) Домаќинот е фаворит и со помош на гледачите ќе освои три бода. Предлог тип: 1 (1.71) 2601 Ергрите – Елфсборг (19 часот) Елфсборг е поквалитетен тим, нема да загуби, а на мечот ќе бидат постигнати од еден до три гола. Предлог тип: X2 & 1-3 ...
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.30 часот) на преполниот стадион „Асим Ферхатовиќ Хасе“ ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Босна и Херцеговина. Ова ќе биде прв натпревар за нашиот национален тим на оваа мини-турнеја, со селекции кои се подготвуваа за настапот на Светското првенство кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Вториот меч е предвиден против Турција во Истанбул на 1 јуни. Вечерашниот ...
Денешниот Супер тип е максимално разновиден, со натпревари од четири спорта: фудбал, кошарка, тенис и хокеј. Се разбира, со максимално зголемени квоти. Понудата стартува од 15.30 часот со тенис, потоа се придодаваат кошарката и фудбалот, а хокејот е во полноќен термин. Зголемени се коефициентите на Ѓоковиќ, Руд, Бенчиќ, Анадолу Ефес, Валеренга, Елфсборг, Монца, Милано, Шелбурн, Каролина хурикејнс… Денешниот Супер тип е максимално ...
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.30 часот) пред преполни трибини на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ ќе одигра пријателски натпревар против БиХ, селекција која избори сензационален пласман на Светското првенство елиминирајќи ја Италија. Имаме и во тој поглед нешто заедничко, со оглед дека и ние ги своевремено ги расплакавме Аѕурите во Палермо. Но, сега Македонија е во нова ера, предводена од селекторот Гоце Седлоски, а тој ...
Денешните Квоти на денот се примамливи и заедно сочинуваат одличен тикет. Петте предлози заедно носат вкупен коефициент 41,5. Розенборг игра против Бого/Глимт и квотата е 2.15 ако гостите во двете полувремиња постигнат од еден до три гола. Ница се среќава со Сент Етјен во дуелот за опстанок во Лига 1. Квотата на денот е 2.25 доколку домаќинот постигне еден или два гола во првото полувреме. Шелбурн игра со Галвеј, а квотата на денот е 2.20 ...
Арсенал е заинтересиран да го доведе Морган Роџерс, пренесуваат британските медиуми. Разговорите за трансферот на 23-годишниот англиски репрезентативец веќе биле одржани. Неодамна Морган Роџерс беше прогласен за „Играч на сезоната“ во Лига Европа. Се очекува евентуалната зделка да изнесува околу 93 милиони евра. Тренерот Микел Артета се надева дека Роџерс ќе биде првото големо засилување на Арсенал откако клубот ја освои титулата во Премиер ...
Актуелниот селектор на САД, Маурисио Покетино, е главен кандидат за нов тренер на Милан, пренесува „Би-Би-Си“. Според информациите, италијанскиот гигант веќе започнал преговори со аргентинскиот стратег по разделбата со Масимилијано Алегри. Раководството на Росонерите во вторникот направи големи промени, откако покрај тренерот беа разрешени и тројца директори, а Покетино се издвоил како прв избор за нов предводник на тимот. Се очекува ...
Сан Антонио спарс во ноќта кон четвртокот убедливо го совладаа Оклахома сити тандер со 118-91 и изборија седми натпревар во финалето на Западната конференција во НБА лигата. Виктор Вембањама го предводеше домашниот тим со 28 поени, десет скокови и три блокади, додека Спарс реагираа по поразот од 127-114 во петтиот натпревар и го одиграа најенергичниот меч во серијата. „Мајсторката“ се игра во сабота навечер во Оклахома сити, а победникот во ...
Кога селекторот Карло Анчелоти објави дека го вклучил Нејмар на списокот на репрезентацијата на Бразил за Светското првенство, во земјата настана вистинска еуфорија меѓу навивачите. Но, сега зад сцената се подготвува голем скандал. Како што пишуваат медиумите во Јужна Америка, сè поизвесно е дека Нејмар бил повреден уште кога го добил повикот од Карло Анчелоти, а тоа наводно било сокриено од лекарите на неговиот клуб Сантос. Денеска беше ...
Тренерот на Рајо Ваљекано, Ињиго Перез, не го криеше разочарувањето по поразот во финалето на Конференциска лига. Шпанскиот тим загуби со 0:1 од Кристал Палас во финалето во Лајпциг и не успеа да го освои првиот голем трофеј во својата историја. „Чувствуваме болка, гнев и тага, секако. Пропуштивме огромна шанса. Во ваков момент на колективна болка не размислувам за лични работи. Не верувам дека некогаш повторно ќе го гледам овој натпревар во ...
Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за контролните натпревари против Босна и Херцеговина во Сараево и Турција во Истанбул. Елиф Елмас вели дека новиот циклус, промените во тимот и новиот селектор бараат целосен фокус на сопствената игра и создавање на препознатлив стил на теренот. „Имаме нов селектор, ова е втор собир и има нови играчи. Најважно е да бидеме фокусирани на нас и на тоа што треба да го изградиме како ...
Само неколку дена откако доби отказ во Милан поради драматичниот губиток на местото во Лига на шампиони, Масимилијано Алегри експресно се враќа на големата сцена. Италијанскиот стратег ќе ја преземе клупата на Наполи, а веста ја потврди познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо со своето препознатливо „Here we go“. Според информациите на Романо, работата е целосно завршена. Масимилијано Алегри постигнал договор со претседателот на клубот ...