Играчот од средниот ред на Баерн Минхен и германски репрезентативец, Џошуа Кимих, откри дека ќе навива за лондонскиот клуб во финалето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Арсенал. Причината е блискоста со неговиот соиграч од репрезентацијата, Каи Хаверц, кој игра за Топчиите. Кимих се надева дека победата на Арсенал во Лигата на шампионите ќе им даде на Хаверц и на германската репрезентација дополнителна енергија пред претстојните натпревари ...

Мохамед Салах објави дека летово ќе го напушти Ливерпул, имаше и емотивна разделба со публиката на „Енфилд“ на последниот меч на Црвените дома сезонава, но сега се појави информација која ја распали имагинацијата на фановите дека Мо можеби и ќе се премисли и ќе остане во Ливерпул. Само што Ливерпул објави дека тренерот Арне Слот си оди, наводно Салах веднаш побарал средба со неговиот агент. Се шпекулира дека е можно сега Салах да се ...

Арсенал вечерва има прилика на англиската Премиер лига да ѝ донесе успех каков што никогаш порано немала, а тоа е англиски екипи во иста сезона да ги освојат трите најквалитетни европски клупски натпреварувања. Кристал Палас ја освои Конференциската лига, Астон Вила го крена победничкиот пехар во Лига Европа, па ако и Арсенал првпат во својата историја триумфира во Лигата на шампионите, Англија ќе направи хет-трик и ќе ја потврди доминацијата ...

Македонската фудбалска експедиција утрово го напушти Сараево каде синоќа одигра 0-0 со БиХ, и веќе слета на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул. В понеделник за екипата на селекторот Гоце Седлоски претстои нова пријателска средба со силен противник кој е учесник на Светското првенство. Натпреварот ќе се игра на стадионот „Шукру Сарачоглу“, в понеделник од 18.30 часот по македонско време. Македонската фудбалска експедиција утрово го напушти ...

Ливерпул официјално ја објави разделбата со 47-годишниот менаџер Арне Слот кој две сезони беше на клупата на Црвените, а во првата ја освои Премиер лигата, додека во втората беше само петти на табелата. „ФК Ливерпул може да потврди дека Арне Слот веднаш заминува од улогата на главен тренер, и дека процесот на именувње на негов наследник е во тек. Тој со оди со освоена титула во Премиер лига и би сакале да му искажеме најдлабока благодарност и ...

УЕФА потврди дека Комо нема да ги игра своите домашни натпревари од Лигата на шампионите во сезоната 2026/27 на својот стадион „Џузепе Синигаљи“. Причината за оваа одлука беше неподготвеноста на арената да биде домаќин на натпревари од елитното натпреварување. Наместо тоа, тимот на Сеск Фабрегас ќе биде домаќин во „Чита дел Триколори“ во Сасуоло. Комо ја заврши сезоната во италијанското првенство на четвртото место на табелата со 71 бод, што ...

Финалето на Лигата на шампионите е најважниот натпревар во клупскиот фудбал, па затоа денешниот дуел на ПСЖ и Арсенал заслужува и огромен број на игри и нестандардни опции за обложување. Sport Life има специјални игри како што се да погодите кој тим ќе го освои ушлестиот пехар, фаворит е францускиот првак кој може да му се придружи на Реал Мадрид како единствени кои ја одбраниле титулата во ЛШ откако ова натпреварување се игра под тоа име. ...

Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Масар Омерагиќ преку социјалните мрежи упатија благодарност до Босанците за топлиот прием во Сараево, за чувството како да се дома, и им порачаа дека ќе навиваат за БиХ на претстојното Светско првенство. „Сараево, ви благодариме! Не беше само гостопримство, беше чувство како да сме дома. Голема благодарност до претседателот Вицо Зељковиќ, спортскиот директор Емир Спахиќ и целата Фудбалска ...

Во последните години често губи битки со Барселона на теренот, но Реал Мадрид и натаму останува неприкосновен надвор од него – барем кога станува збор за социјалните мрежи. Најновото истражување на „ЦИЕС Фудбалската опсерваторија“ покажа дека Кралскиот клуб е најследениот фудбалски бренд во светот. Анализата ги опфаќа официјалните профили на клубовите Фејсбук, Инстаграм, ТикТок, Јутјуб и Икс, а Реал Мадрид убедливо се наоѓа на врвот со дури ...

Специјалниот сингл на Sport Life за финалето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Арсенал кое се игра од 18 часот во Будимпешта, нуди огрмен број на опции за обложување и тоа нестандардни игри кои може да ви донесат добивка. Оние што редовно ги играат Специјалите, знаат дека тука се игри на стрелец, може да погодувате прв стрелец, стрелец во тек, хет-трик, комбинација победа и стрелец, опцијата да има автогол. Кај стрелците, фаворити за прв ...

Пеп Гвардиола наводно има желба во иднина да седне на селекторската клупа на Англија, откриваат медиумите на Островот. Шпанскиот стратег неодамна го водеше последниот натпревар како менаџер на Манчестер сити, ставајќи крај на десетгодишната ера на „Етихад“. Во периодот минат во Манчестер, Гвардиола освои дури 20 трофеи, меѓу кои шест титули во Премиер лигата, трофејот во Лигата на шампионите, три ФА Купа, пет Лига купа, три „Комјунити шилд“ ...

Ентони Гордон официјално беше претставен како ново засилување на Барселона, а англискиот репрезентативец ги изненади присутните со тоа што течно зборуваше шпански јазик. Брзоногиот крилен напаѓач стана првото засилување на шпанскиот шампион за новата сезона, а каталонскиот гигант за неговиот трансфер издвои дури 80 милиони евра. На промоцијата Гордон одговараше на прашањата на новинарите на шпански јазик и објасни како дошло до тоа да го ...

6001 ПСЖ – Арсенал (21 часот) Европскиот првак Пари Сен Жермен нема да дозволи да го загуби финалето, барем не во регуларниот тек од натпреварот, а очекувањата се дека ќе има од два до пет гола. Предлог тип: 1X & 2-5 (1.95) 4979 Фламенго – Коритиба (21 часот) Домаќинот е сериозен фаворит, а типуваме дека на овој дуел ќе има најмалку три гола. Предлог тип: 1 & 3+ (2.11) 3565 Ауда – Огре (16 часот) Ауда можеби не е најдобриот тим во ...

Арсенал веќе си обезбеди огромна заработка од настапот во Лигата на шампионите оваа сезона, откако со пласманот во финалето инкасира најмалку 105,6 милиони евра, пренесува „Би-Би-Си“. Според информациите, конечната сума може да достигне и до 150 милиони евра, во зависност од приходите од ТВ-правата што клубот ќе ги добие од УЕФА. Доколку лондонскиот тим го совлада ПСЖ во финалето, вкупната заработка дополнително ќе се зголеми. Арсенал доби ...

Од петте квоти на денот во Sport Life за кои вкупниот коефициент е 46.95, поединечно најголемата е за најважниот натпревар, финалето во Лигата на шампионите. Предлогот за ПСЖ – Арсенал е да одиграте дека нема да биде нерешено после 90 минути игра и притоа дека во двете полувремиња ќе има барем по еден гол. Оваа комбинација ви носи супер квота од 2.80. Квота од 2.05 се нуди за победа на Малме над Халмстад и притоа треба да има 2-5 гола за оваа ...

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Осман Дембеле, порача дека неговиот тим со максимален респект го очекува финалето од Лигата на шампионите против Арсенал, истакнувајќи дека лондонскиот состав е меѓу најдобрите екипи во Европа. Францускиот репрезентативец зборуваше за претстојниот спектакл, за амбициите на ПСЖ и за влијанието што тренерот Луис Енрике го има врз неговата игра. „Арсенал е извонреден тим. Покажаа дека играат одличен фудбал, силни се ...

Денешниот Супер тип содржи два спорта, фудбал и тенис. Фудбалот доминира, но и тениски мечеви има во завиден број. Секако, сето тоа со максимално зголемени коефициенти. Понудата стартува од 11 чассот со тенискиот дуел меѓу Сакари и Чвалинска. Зголемени се максимално коефициентите на Гимпо, Коболи, Беретини, Черундоло, Малме, Остерс, ПСЖ, Оже-Алијасим, Фламенго, Атлетико ПР… Денешниот Супер тип содржи два спорта, фудбал и тенис. Фудбалот ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на БиХ, Сергеј Барбарез, по пријателскиот натпревар против Македонија упати пофалби за нашиот национален тим, нагласувајќи дека станува збор за квалитетна селекција против која не е лесно да се игра. Барбарез истакна дека Македонија располага со јасна идеја во играта, како и со искусни и квалитетни фудбалери, поради што неговата репрезентација немала лесна задача на теренот. „Нема дилеми дека ...

По освојувањето на шампионската титула, во таборот на Вардар интензивно се работи на креирање на играчкиот кадар за претстојната сезона, а клубот денеска потврди и две разделби. Црвено-црните нема да сметаат на услугите на голманот Ведран Ќосевски и напаѓачот Михаил Талевски, откако со двајцата фудбалери беше постигнат взаемен договор за прекин на соработката. Ќосевски во редовите на Вардар пристигна од Струга, а во својата кариера ...

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека неговиот тим е подготвен за најголемиот предизвик во клупскиот фудбал и дека вечерва ќе се обиде да го симне од тронот Пари Сен Жермен и за првпат во својата историја да ја освои титулата во Лигата на шампионите. Финалето ќе се игра во Будимпешта со почеток од 18 часот, а лондончани имаат можност на титулата во Премиер лигата, освоена пред неколку дена, да придодадат уште еден голем трофеј. ...

Напаѓачот Бојан Миовски кој вечерва во Сараево мина 58 минути на терен на пријателскиот натпревар со Босна и Херцеговина, верува дека вакви контроли со силни противници се добредојдени за Македонија и дека главна цел било воигрување бидејќи во националниот тим има многу нови играчи. „Во првите 45 минути беше доста тврд натпревар. Имаме ние свои шанси, но и тие имаа шанси. Не ги искористивме. Се воигруваме, имаме многу нови играчи, нова ...

Македонскиот селектор Гоце Седлоски, по ремито 0-0 против Босна и Херцеговина, беше задоволен од залагањето на неговите фудбалери, а се надева и дека наскоро ќе ја прекинеме серијата без постигнат гол која е три меча по ред. „Задоволен сум од залагањето, од трката што ја покажаа момците во текот на целиот натпревар кој се играше во една прекрасна атмосфера. Имавме две шанси кои требаше да ги искористиме, но и Босанците имаа шанси и погодија ...

Екипата на Монца се враќа во италијанската Серија А и заедно во Венеција и Фрозиноне ќе биде новото трио прволигаши. Во вечерашниот реванш од финалето во разигрувањето за влез во Серија А, Монца дома загуби од Катанцаро со 0-2, а првиот меч го доби Монца со 2-0. Но, во вакви случаи во Италија нема продолженија и пенали, туку победник е тимот кој бил подобро пласиран во лигашкиот дел. После 38 кола во Серија Б, Монца беше трета, а Катанцаро ...

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови против БиХ на пријателскиот натпревар во Сараево. Бојан Миовски ја имаше најдобрата шанса за нашиот национален тим, а Босанците двапати ја погодија рамката од голот на Македонија. Но, и покрај напорите на двете селекции, мечот заврши без да затресе ниту една од мрежите. За Македонија ова е второ реми во низа, откако претходно одигравме без голови и против Република Ирска во Даблин. Во ...

На прес-конференцијата после поразот од 19-годишниот Жоао Фонсека во третото коло на „Ролан Гарос“, Новак Ѓоковиќ рече дека не играл лошо, но противникот бил подобар и заслужил победа. Српскиот тенисер беше прашан и дали ова беше негов последен меч во Париз и ако се покаже дека е, дали би можел да каже дека е задоволен од постигнатото таму, на двете прашања одговори со: „Не знам“, оставајќи ја отворена можноста догодина да не игра на „Ролан ...

Ентони Гордон потпиша договор со Барселона кој ќе важи во следните пет сезони. Роден на 24 февруари 2001 година, во Киркдејл, една од работничките населби на Ливерпул, тој потекнува од семејство со ирско и шкотско потекло и има длабока страст за фудбалот. Бил навивач на Ливерпул, но Црвените му ја покажаа вратата на 11-годишна возраст, и тој заврши во младинската академија на нивниот градски ривал, Евертон. На 16 години, тој го имаше своето ...

Новак Ѓоковиќ испдна од 20 години помлдиот Жоао Фонсека со 6-4, 6-4, 3-6, 5-7, 5-7 на тенискиот гренслем турнир „Ролан Гарос“ кој се игра на земјена подлога во Париз. Ѓоковиќ играше добро во првите два сета, но потоа почна кризата, го загуби третиот, четвртиот, а во петтиот сет Бразилецот беше посвеж. Српската легенда испушти прекрасна шанса да ја освои 25-тата гренслем титула. Кој и да го освои турнирот, тоа ќе му биде прваа гренлем титула ...

Околи 30-тина илјади навивачи го следат пријателскиот натпревар БиХ – Македонија во Сараево, атмосферата е прекрасна, и фудбалерите на терен ќе уживаат во 90-те минути. Трибините на популарното „Кошево“ (официјалното име на стадионот од пред 22 години е „Асим Ферхатовиќ-Хасе“) се исполнети, за Босанците ова е последен меч пред патувањето во САД каде ќе играат на Светско првенство и голем број фанови сакаат да ги поздрават босанските ...

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, имал средба со челниците на Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина, и притоа им посакал успешен настап на претстојниот Мундијал. „Секогаш е убаво кога фудбалот спојува луѓе со меѓусебна почит и искрено пријателство. Одлична средба со пријателите од Фудбалската федерација на БиХ, предводени од Вицо Зељковиќ. Благодарност за гостопримството во Сараево. На БиХ и ...

Дебитантот Георгије Јанкулов е големото изненадување на селекторот Гоце Седлоски во почетниот состав на македонската фудбалска репрезентација за вечерашното гостување во Сараево на пријателски меч со БиХ. Фудбалерот на Вардар е стартер и ќе добие шанса да заигра уште првата минута. На голот е Димитривски, пред него Зајков, Муслиу и Велковски, потоа Ерера, Јанкулов, Николов, Атанасов, а напред се Елмас, Миовски и Растодер. Дебитантот ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.44
65%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
3.13
68%
1018
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.22
75%
1017
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.05
73%
1019
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.3
70%
1018
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.51
77%
1018
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
4.02
57%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.06
77%
1018
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.04
63%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
68%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
65%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
3.35
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68