Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Македонската фудбалска експедиција се очекува вечерва да се врати од гостувањето во Истанбул. Нашата репрезентација синоќа загуби со 4:0 во контролен меч од Турција, а денеска попладнево требаше да се врати во Скопје. Сепак, поради технички проблеми со авионот со кој требаше да патуваат, непосредно по полетувањето од аеродромот во Истанбул, авионот бил принуден да се врати и повторно да следа од местото од каде што тргна 20-тина минути ...
Масимилијано Алегри, кој е главен фаворит за преземање на тренерското место во Наполи, како и сите модерни тренери, е луд по разновидни играчи кои се жртвуваат за тимот без никогаш да отворат уста или да предизвикаат контроверзии, по играчи кои знаат како да се прилагодат на сите ситуации во играта, ставил до знаење дека е луд по Елиф Елмас. Неодамна се шпекулираше дека ако Алегри дојде во Наполи, ќе го донесе и Адриен Рабио од Милан, а тоа ...
И покрај катастрофалната серија од два месеца без победа, Гент успеа да обезбеди место во квалификациите за Конференциската лига. Во одлучувачкиот натпревар за пласман во Европа, Гент по изведување пенали го совлада Генк со 5:4, откако по 120 минути игра резултатот беше 1:1. Бидејќи во регуларниот дел немаше голови, победникот се бараше во продолженијата. Генк поведе во 95-тата минута преку Мирисола, но во самиот финиш Влигер реализира пенал ...
Родри изјави дека во моментов е целосно фокусиран на настапот со Шпанија на претстојното Светско првенство и дека прашањето за неговата иднина во Манчестер сити ќе го разгледува дури по завршувањето на турнирот. Освојувачот на Златната топка за 2024 година влегува во последната година од договорот со поранешниот англиски шампион, а во последниот период сè почесто се поврзува со можен трансфер во Реал Мадрид. „Се обидувам да не обрнувам ...
Хулијан Алварес е сè поблиску до заминување од Атлетико Мадрид, а според шпанските медиуми, неговата голема желба е кариерата да ја продолжи во Барселона. Раководството на Атлетико се обидува да го задржи аргентинскиот напаѓач, но наводно самиот фудбалер веќе донел одлука и сака трансферот да биде реализиран уште ова лето. Според информациите на дел од шпанските медиуми, Алварес и Барселона веќе постигнале договор за петгодишна соработка. ...
Андони Ираола ќе биде новиот тренер на Ливерпул откако двете страни постигнале договор по интензивните преговори во изминатите денови. Според информациите на Фабрицио Романо, официјалното потпишување на договорот се очекува во следните неколку дена. Токму Романо прв ја објави веста за отказот на Арне Слот, по што од Ливерпул и официјално ја потврдија разделбата со холандскиот стратег. Ираола доаѓа по успешниот период на клупата на Борнмут, ...
Екипата на Вест хем испадна од Премиер лигата, но лондонскиот тим има план летово да заработи многу пари. Главен адут на Чеканите е Матеус Фернандес, играчот за кого се интересираат повеќе европски гиганти. Многу веројатно е дека Матеус ќе си замине од Вест хем, но и тоа дека ќе остане во Премиер лигата затоа што екипите на Арсенал и Манчестер јунајтед се најзаинтересирани за него. Според најавите, Вест хем не планира да го продаде Матеус ...
Неочекуван проблем за фудбалската репрезентација на Македонија при заминувањето од Истанбул. Авионот со македонската делегација полета според планираното, но веднаш се врати на аеродромот во Истанбул. Според светските сајтови кои ги следат летовите, авионот полетал во 13:17 часот по турско време, но само 23 минути подоцна слетал на истиот аеродром. Според рутата кој може да се види на „Флајтрадар“, летот FH1949 на компанијата „Фрибрд ...
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Жозеп Мариа Берокал, го објави поширокиот список на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари од третиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година. За дуелите од „А“ групата од претквалификациите, оние со селекциите на Ирска (во Скопје) и Луксембург (на гостински терен), машката сениорска репрезентацијата на Македонија ќе тренира во Скопје. Првиот официјален ...
Ибрахима Конате е многу блиску до трансфер во Реал Мадрид, но според шпанските медиуми, реализацијата на договорот зависи од тоа дали Флорентино Перес ќе остане претседател на клубот и по претстојните избори. Според информациите, Перес веќе постигнал договор со францускиот дефанзивец и практично ги договорил сите детали околу неговото доаѓање на „Сантијаго Бернабеу“. Сепак, конечната потврда на трансферот ќе зависи од исходот на ...
Францускиот гигант Олимпик Марсеј би можело да биде исфрлен од европските натпреварувања во сезоната 2026/27 поради можно прекршување на правилата за финансиски ферплеј. Според информациите, УЕФА ќе го разгледува случајот оваа недела, откако финансиските извештаи покажале значителни загуби на францускиот клуб. Во последните три сезони Марсеј пријавил вкупни загуби од 157 милиони евра. Тоа е далеку над лимитот што клубот го прифатил во 2022 ...
Хрватската фудбалска репрезентација освои медали на последните две светски првенства, што е доказ дека и сега треба да се смета како еден од фаворитите на Мундијалот 2026. Селекторот Златко Далиќ беше клучот за успехот и освоениот сребрен медал од СП 2018 и бронзата од турнирот кој се одигра четири години подоцна. Сега, повторно со Далиќ на чело, Коцкестите имаат нов голем предизвик. Еден од последните тестови за Хрватска пред почетокот на ...
Македонската фудбалска репрезентација синоќа ја продолжи лошата серија без победа. Поразот од 4:0 во Истанбул од Турција е само знак дека „црвениот аларм“ мора да се вклучи и дека треба нешто драстично да се преземе. Да не се „преспие“ летото, затоа што брзо ќе дојде септември, кога започнуваат предизвиците во новата сезона од Лигата на нациите. А во Лигата на нациите ќе го имаме најголемиот предизвик. За првпат Македонија ќе игра во Б ...
Ракометарите на Охрид го освоија трофејот од Европскиот куп на ЕХФ, откако со две победи беа подобри од унгарска Татабања. По тој повод крај езерото беше организирана голема прослава, а охриѓани им се поклонија на своите ракометни херои, кои не само што го освоија првиот европски трофеј, туку ова беше и прва титула воопшто во историјата на клубот. Ракометарите на Охрид го освоија трофејот од Европскиот куп на ЕХФ, откако со две победи беа ...
3055 Бреша – Асколи (20:30 ч.) Ова е дуел на два клуба кои не толку оддамна беа и во Серија А, а сега играат прв меч од плејоф-финалето за влез во Серија Б. Бреша важи за тим кој игра многу дефанзивно и главна цел му е да не прими гол. Токму затоа не е чудно што на 11 од последните 13 средби што ги одигра имаше максимум два погодока. Ако се знае дека и сега влогот е многу голем, односно влез во еден ранг погоре, а и фактот дека има и реванш, ...
Столе Димитриевски останува во Валенсија до 2028 година, откако „лилјаците“ го известиле дека ја активираат клаузулата од неговиот договор. Според таа клаузула, Валенсија може еднострано да му го продолжи договорот на уште две години, а македонскиот голман ќе добие бонус од 500.000 евра, како и поголема плата за новиот договор. Оваа информација ја пренесоа локалните медиуми во Валенсија, а тоа е само знак дека на „Местаља“ и тоа како се ...
Четири репрезентативни пресметки и еден меч од колумбиското првенство се дел од денешната понуда за Квоти на ден. Доколку сите пет понудени комбинации ги одиграте на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 48.96. Хрватска е домаќин на Белгија и тука треба двата тима да дадат гол и да има барем по еден погодок во двете полувремиња за да биде добитна квотата од 2.15. Грузија да не загуби на свој терен од Романија во натпревар на кој ...
Македонската фудбалска репрезентација одигра два контролни меча во последните неколку дена и тоа против две селекции кои ќе играат на Светското првенство. Најпрво гостувавме кај Босна и Херцеговина во Сараево, а мечот кој беше без многу возбудувања, заврши и без голови. Потоа, македонската експедиција продолжи кон Истанбул, каде синоќа играше против домаќинот Турција. За жал, Македонија на овој контролен меч одигра разочарувачки и загуби ...
Денешната понуда во Супер типот на Sport Life е посебна, затоа што како ретко кога фудбалот е во втор план. Од 16 мечеви на кои може да најдете интересни зголемени коефициенти, само три се фудбалски. Од контролните репрезентативни пресметки, зголемени се квотите за победи на Грузија и на Велс пред своите навивачи против Романија, односно Гана. Во денешната понуда доминира тенисот, што е и нормално ако се знае дека во ек се настапите на Ролан ...
Македонската ѕвезда Елиф Елмас изјави дека очекува Турција да стигне барем до четвртфиналето на Светското првенство кое се играа летово. Поранешниот играч на Фенербахче, ги пофали Турците. „Поминаа 7 години откако играв тука. Имаше одлична атмосфера. Беше добар натпревар. Сите играчи на Турција играат на високо ниво. Тие се еден степен над нас. Мислам дека Турција ќе стигне барем до четвртфиналето на Светското првенство“, рече Елмас во изјава ...
На нешто повеќе од една недела до почетокот на Светското првенство, полицијата во Торонто соопшти дека ја имала најголемата акција во историјата на Канада, за заплена на фалсификувата спортска опрема. Во текот на акцијата, во склад во Мисисауги е запленета роба која се проценува во вредност од 3,5 милиони канадски долари, односно околу 2,5 милиони американски долари. Меѓу одземените предмети има и повеќе од 16.000 лажни дресови и знамиња со ...
Македонската репрезентација убедливо со 4:0 загуби во Истанбул од Турција во контролен меч. Турците се подготвуваат за настап на Светското првенство, а како што најавија ние требаше да ја „глумиме“ Австралија. Тестот за Турција беше повеќе од успешен, а Македонија само на продлабочи кризата во играта и резултатите. Четврти меч по ред Македонија не постигнува гол, што е доволно да се запали „црвениот аларм“. Едноставно нема кој да постигне ...
Нов меч на македонската фудбалска репрезентација и ново разочарување. Четири натпревари во низа на кои Македонија не може да постигне ниту еден гол беше сигнал да се „запалат“ навивачите и симпатизерите на социјалните мрежи. Многу револт, разочарување, негодување, по некоја навреда и ниту една пофалба немаше на коментарите на официјалната фејсбук страница на Фудбалската репрезентација на Македонија, која можеби и прв пат ги забрани ...
Познатиот сараевски спортски портал „SportSport.ba“ вечерва објави провокативен текст и наслов по повод убедливиот пораз на Македонија од Турција со 0-4. „Нека не ги залажува нерешеното на Кошево. Турците им покажаа на Македонците каде им е местото“, стои во насловот. Во текстот се коментира: „Што се однесува до Македонците, тие неодамна одиграа 0:0 против резервниот тим на Босна и Херцеговина на Кошево, но вечерва беа целосно немоќни“. ...
Турскиот селектор Винченцо Монтела, беше задоволен од триумфот и од покажаниот карактер на неговите фудбалери по победата од 4-0 над Македонија во контролен меч во Истанбул. „Многу сум задоволен дека моите играчи го сфатија мечот сериозно и прикажаа одлична игра. Ја гледавме Македонија претходно, тоа е организиран тим, кој умее да одигра навистина добро. Ние вечерва имавме среќа што го отворивме натпреварот со два брзи гола, и тоа подоцна ...
По поразот од Турција од 0-4 во вечерашниот пријателски меч, селекторот Гоце Седлоски на прес-конференцијата истакна дека има појасна слика за можностите на тимот и откри дел од слабостите. „Турција е квалитетна репрезентација, а јас ја преземам одговорноста за поразот од 0-4. Ова е добра лекција за нас, дресот на Македонија мора да се оправда и кој тоа нема да го прави, нема да добива повик. Се чини дека се распаѓаме по примен гол, а тоа не ...
Фудбалската репрезентација на Македонија повеќе од шест месеци нема постигнато гол и тоа е проблем на кој ќе мора да паработи стручниот штаб на чело со селекторот Гоце Седлоски. Поминаа 195 дена откако последен пат Македонија даде гол, тоа беше во ноември кога претрпевме понижувачки пораз од Велс од 1-7. Тогаш погоди Бојан Миовски. После тој гол, 427 минути не сме ги совладале противничките голмани, а Македонија играше уште со Републкика ...
Фудбалската репрезентација на Македонија загуби убедливо од Турција со 4-0 на пријателскиот натпревар што се игра на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул. За домаќинот ова беше рутински триумф на кој комплетно доминираа, а за Македонија сигурно е убава лекција дека во иднина ќе треба многу подобро. Турците стартуваа фуриозно, веќе во десеттата секунда Џан Узун ја погоди гредата, а во продолжение од истата акција, по уфрлување од десната ...
Шпанската репрезентација ги објави броевите на дресовите што ќе ги носат нејзините 26 играчи на Светското првенство. Една од дилемите беше кој ќе го носи бројот 10, кој што на претходното СП во Катар го носеше Марко Асенсио. Десетката на СП 2026 ќе ја носи Дани Олмо. Првата ѕвезда Ламин Јамал, ќе игра со бројот 19. Во клубот Барселона, Јамал го носи бројот 10 на грбот, но 19-ката му е посебна, со тој број дебитираше за селекцијата на Шпанија ...
Еквадорецот Вилијан Пачо е јунакот од сенка на европскиот првак ПСЖ. Централниот дефанзивец на парижаните, одигра сите 17 натпревари и за разлика од сите други, ниеднаш не беше заменет и испратен на клупа. Благодарение на ова, Пачо помина дури 1.650 минути на теренот. Еквадорскиот репрезентативец постигна два гола и направи една асистенција на 17-те натпревари во ЛШ. Воинот на Луис Енрике во минатата сезона кога ПСЖ првпат ја освои ЛШ, имаше ...