Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Мануел Нојер, светскиот шампион од 2014 година, се повлече од германската репрезентација по Европско првенство 2024. Сепак, дебатата за негово можно враќање повторно се отвори откако новиот прв голман Марк-Андре тер Штеген имаше неколку повреди, додека Нојер и понатаму настапува на највисоко ниво. Еден од примерите беше неговата одлична партија во победата на Баерн Минхен од 1-2 против Реал Мадрид во Лигата на шампионите минатата недела. Иако ...
Реал Мадрид сериозно размислува да го врати Тони Крос во својата структура од следната сезона, но овојпат не како играч, туку како дел од спортскиот менаџмент на клубот, пишуваат шпанските медиуми. Иако Германецот сè уште физички изгледа подготвен за фудбал, планот на Кралскиот клуб воопшто не е поврзан со негов камбек на теренот, туку со негово ангажирање во спортскиот сектор, каде би можел да придонесе со своето искуство и фудбалска ...
Бојан Миовски беше херој на Ренџерс во убедливата победа од 3-6 на гостувањето кај Фалкирк во шкотската Премиер лига. Македонскиот напаѓач влезе во игра на полувремето и со два постигнати гола одигра клучна улога во пресвртот на својот тим, кој во првото полувреме имаше негатива од 2-0. По натпреварот, Миовски не го криеше задоволството од својот настап и придонесот за победата. „Како напаѓач секогаш сакаш да му помогнеш на тимот. Секогаш сум ...
Антонио Конте изрази разочарување поради раниот примен гол на Наполи во ремито 1-1 против Парма, како и поради пропуштената можност за победа, но нагласи дека борбата за титулата сè уште не е завршена. Италијанскиот стратег истакна дека тимот добро тренирал такви ситуации, но во натпреварите често одлучуваат моментите и емоциите, што довело до грешка уште по само 33 секунди игра. Според него, токму тој шок на почетокот ја променил динамиката ...
Штутгарт продолжува со силната форма во Бундеслигата, откако забележа убедлива победа од 4-0 против Хамбургер и направи важен чекор во битката за пласман во Лигата на шампионите. И покрај тоа што вториот стрелец во лигата, Дениз Ундав, не беше во својот препознатлив ритам и промаши пенал, тоа не го спречи домаќинот да стигне до убедлив триумф. Резултатот беше отворен со гол на Анџело Штилер, по што следуваа погодоци и на Крис Фирих, ...
Женска ракометна репрезентација на Македонија го заврши квалификацискиот циклус со пораз од Словенија со 18-27, но и покрај поразот обезбеди пласман на Европското првенство. Македонските ракометарки успеаја да се најдат меѓу четирите најдобри третопласирани селекции, што им донесе билет за континенталниот шампионат. Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски не успеаја да ѝ парираат на Словенија, која доминираше и со комбиниран состав. ...
Манчестер сити го победи Челзи со 0-3 на „Стемфорд бриџ“ и комплетно ги врати шансите за шампионската титула. Сега Граѓаните шест бода помалку од лидерот Арсенал, но следниот викенд ќе го пречекаат на „Етихад“ во големо дерби, а имаат и еден одигран натпревар помалку. Првото полувреме мина без голови, а Челзи успеваше да го диктира ритамот на играта. Марк Кукуреља дури и постигна погодок, но истиот беше поништен поради офсајд. Сините први се ...
Футсал репрезентацијата на Македонија обезбеди пласман во главната рунда од квалификациите за Светското првенство, откако со максимален ефект го заврши претквалификацискиот турнир во Литванија. Нашите футсал репрезентативци остварија три победи во три натпревари, потврдувајќи ја фаворитската улога и квалитетот на турнирот. Во последното коло, Македонија ја совлада селекцијата на Литванија со минимални 1-0. Стрелец на победничкиот погодок ...
Претстојната ноќ нуди неверојатно голем избор на натпревари од НБА лигата. Има и многу „зицери“, но исто така може да се „ловат“ и изненадувања. Полноќниот експрес е преполн со натпревари и одлични квоти. Филаделфија, Торонто, ЛА лејкерс, Хјустон, Детроит, делуваат како лесно предвидливи типови, но затоа има и мечеви на кои се можни изненадувања. Ваше е да ја определите стратегијата и да го составите добитниот тикет. Претстојната ноќ нуди ...
Капитенот на Црвените ѓаволи, Бруно Фернандеш, откри што очекува од Манчестер јунајтед за да биде убеден да го продолжи престојот на „Олд Трафорд“. Португалецот се осврна и на работата на привремениот менаџер Мајкл Карик. Фернандеш (31) е вистински талисман на Манчестер јунајтед уште од доаѓањето од Спортинг Лисабон во 2020 година. Тој и сезонава е водечка фигура, со осум голови и 16 асистенции во одлична индивидуална сезона, додека тимот се ...
Арсенал планира да му го продолжи договорот на својот менаџер Микел Артета, дури и ако сезоната ја заврши без освоен трофеј. Топчиите пред околу 20 дена беа во игра за сите четири трофеи, но работите брзо се променија. Најпрвo загубија од Манчестер sити во финалето на Лига купот на Англија, потоа беа елиминирани од второлигашот Саутемптон во четвртфиналето на ФА купот, а вчерашниот пораз на домашен терен од Борнмут (1-2) ја доведе во прашање ...
Наполи одигра реми 1-1 на гостувањето кај Парма во 32-то коло од Серија А, резултат што сериозно ја искомпликува нивната трка за титулата. Со овој кикс, тимот предводен од Антонио Конте само делумно му се приближи на лидерот Интер, кој сега има предност од шест бода и вечерва го игра својот натпревар против Комо. И покрај тоа што Наполи упати дури 20 удари кон голот, домаќините од само три обиди успеаја да стигнат до погодок и вреден бод. ...
Во терминот од 15 часот беа одиграни три натпревари од 32-то коло на англиската Премиер лига, а беа постигнати следниве резултати: Сандерленд – Тотенхем 1-0, Нотингем Форест – Астон Вила 1-1 и Кристал Палас – Њукасл 2-1. Роберто Де Ѕерби денес дебитираше на „жешката“ клупа на Тотенхем и не успеа да ја прекине катастрофалната серија на клубот, кој веќе 14 натпревари по ред не знае за победа во домашното првенство. Тотенхем е под „линијата“ и ...
Килијан Мбапе доби три конци над десната веѓа. Тоа е последицата од ударот со лакт кој Французинот го претрпе од Витор Реис во петокот против Жирона, рана која предизвика крварење во тој момент и подоцна бараше медицинска интервенција. Тој удар се случи во 16-никот на гостите, но судијата Алберола Рохас го оцени како недоволен за да досуди пенал. Мбапе не можеше да тренира денес поради претпазливост. Неговото присуство на „Алијанц Арена“ в ...
Ренџерс со пресврт победи на гостувањето кај Фалкирк со 6-3 во дуел од шкотската лига, а два од головите за гостинскиот тим беа дело на македонскиот напаѓач Бојан Миовски. Штипјанецот влезе во игра на стартот на второто полувреме при резултат 2-1 за Фалкирк кој имаше водство и од 2-0. Со Миовски на терен, Ренџерс за само 12 минути даде три гола. Миовски погоди во 58-ма минута за 4-2 во тој момент. Бојан стави и точка, кога во 89-та минута ...
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, испрати силна порака до навивачите и членовите на клубот за време на специјалната церемонија на која им беше оддадена почит на навивачите со по 50 и 60 години лојалност кон Кралскиот клуб. „Вие кои ги посветивте вашите животи на Реал Мадрид добро знаете дека никој не се откажува тука. Ќе продолжиме да се бориме, година по година, до последен момент, за да се обидеме да го додадеме на најбогатиот ...
Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, верува дека неговиот тим има шанса да биде првак на Премиер лигата само ако ги добие сите осум натпревари до крајот на сезоната и дека немаат право на никаква грешка. Вечерва Граѓаните имаат тешко гостување кај Челзи, а Гвардиола вели дека ако не победат, тоа ќе биде крај на нивната трка за титулата. „Ако не победиме на Стемфорд бриџ, а тоа не е лесно место за гостување, можеби нема да им потреба ...
Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, зборуваше за важноста на трансферот на напаѓачот Хари Кејн во Баерн Минхен. Кејн 14 години играше за Тотенхем пред да се пресели кај Баварците, даде 280 голови, но освои ништо. Со Баерн има титула во Бундеслигата, а во игра е и за Лигата на шампионите. Португалецот веќе некое време се поврзува со можно заминување од клубот од Манчестер, со кој не освоил титула во лигата. ...
Женската ракометна репрезентација на Македонија има добра прилика повторно да биде учесник на Европско првенство. Македонија би требало да биде една од четирите третопласирани во шесте квалификациски групи, но тоа треба да се потврди и по осми пат во историјата да се најдеме на континенталниот шампионат. Математиките велат дека на гостувањето кај Словенија во Велење од 18 часот (во истиот термин се играат сите мечеви), победа или реми сигурно ...
Премиерлигашкото дерби помеѓу Челзи и Манчестер сити ќе ви биде поинтересно за следење ако се обложите на некоја од многубројните игри во Специјалот на Sport Life. Една од најпривлечните игри е онаа да погодите стрелци, и тоа опциите прв стрелец, било кога во текот на мечот, автогол, дали некој ќе има хет-трик и комбинација победа на тим и стрелец во тек на средбата. Фаворит за прв стрелец е Ерлинг Халанд од Сити, а тој беше стрелец и на ...
Унион Берлин ја назначи Мари-Луиз Ета за привремен тренер на првиот тим до крајот на сезоната, со што 34-годишната Ета стана првата жена што ќе предводи машки бундеслигашки тим и прва жена тренер на тим во петте најдобри европски лиги. Таа ќе го има своето деби на клупата на Унијата следната недела против Волфсбург. Ета го презеде тимот откако клубот ја прекина соработката со претходниот тренер Штефен Баумгарт и неговите соработници. Според ...
Десет Бет билдери се најдоа во денешната понуда на Sport Life, а квотите се во распон од 13.0 до 100.0 и можете да бирате дали ќе ризикувате повеќе или помалку, но секако сите комбинации се со џиновски коефициенти. За добивка, потребно е да се исполнат четири услови. Тука се и двата дневни микса за шпанската и италијанската лига кои носат квоти од по 120.0. И во Ла Лига и Серија А денеска се играат по четири меча, па потребно е на сите овие ...
1008 Сандерленд – Тотенхем (15.00 часот) Тешко дека пред почетокот на сезоната некој очекуваше дека по 31 кола Сандерленд ќе има 13 бодови повеќе од Тотенхем, но реалноста е таква. Лондонските Петли се борат за опстанок, и само со победа ќе побегнат од 18-тото место на кое се во моментов и кое води во Чемпионшип. Тотенхем е тим кој има поефикасен напад, но и далеку полоша одбрана од Сандерленд. Сандерленд на првите 12 меча дома немаше пораз, ...
Денеска е празник на тенисот во Монте Карло, Карлос Алкарас и Јаник Синер ќе се борат за титулата на Мастерсот, а ова ќе биде многу повеќе од само едно обично финале. Тој што ќе победи, не само што ќе освои важен пехар, туку ќе биде прв на АТП листата која ќе се објави утре и ќе поведе 67-66. Во моментов, Шпанецот и Италијанецот по 66 недели биле на прв место. Двајцата имаат по 26 турнирски титули, па победникот ќе има еден трофеј повеќе од ...
Атрактивна и привлечна е денешната Супер тип понуда на Sport Life, во неа има 13 фудбалски мечеви меѓу кои и Челзи – Манчестер сити, а посебна убавина внесува и тенискиот спектакл Алкарас – Синер, финалето на Мастерсот во Монте Карло кое ќе одлучи кој од нив двајца од утре ќе биде прв на АТП листата. Алкарас кој ја брани титулата од лани, е благ фаворит, зголемените квоти и за него и за Синер се одлични и вреди да се искористат ако верувате ...
Денешните квоти на денот во Sport Life прават вкупен коефициент од 43.5 и примамливи се за играње. Велигденската петорка предлози почнува со Келн – Вердер и тоа со квота од 2.05 дека на овој бундеслигашки меч ќе има 0-1 гол во прво и 1-3 гола во второ полувреме. Квота од точно 2.00 добивате ако уплатите дека Челзи ќе даде еден или два гола во второто полувреме против Манчестер сити. Комбинацијата двата тима да постогнат гол и да има погодок ...
После убедливата победа на Барселона над Еспањол во градското дерби, некои од фудбалерите на Барса неспортски се однесуваа кон своите ривали за што реагираа од поразениот тим. Прв на тапет им беше Гави од кој се пожалија дека не му е првпат и „треба да има повеќе почит кон свои колеги професионални фудбалери“. На крајот од натпреварот, играчите на Барса, претежно Шпанците (Фермин, Касадо, Гави, Јамал…), им се придружија на навивачите ...
Интер Мајами одигра 2-2 против Њујорк Ред Булс во натпревар од регуларната сезона на МЛС лигата. Матео Силвети и Херман Бертераме ги постигнаа головите за Интер, а капитенот Лионел Меси го одигра целиот натпревар и не постигна гол. Интер го играше својот втор натпревар по ред на новиот стадион „Ну“, а и првиот исто така заврши нерешено 2-2. Со овој резултат против Њујорк, Интер Мајами ја продолжи својата серија без пораз на осум натпревари ...
Карло Анчелоти ја остави отворена вратата за можен камбек на Нејмар во составот на Бразил за претстојното Светско првенство, иако напаѓачот засега не доби повик за последните пријателски натпревари. И покрај тоа што Анчелоти претходно нагласуваше дека Нејмар ќе биде во конкуренција само ако биде целосно фит, ѕвездата на Сантос не се најде на списокот за дуелите со Франција и Хрватска. Нејмар, најдобар стрелец во историјата на Бразил со 79 ...
Севиља оствари огромна победа во борбата за опстанок, совладувајќи го силниот Атлетико Мадрид со 2-1 во натпревар каде домашните покажаа карактер и решителност. Натпреварот почна со брзо темпо и без долго чекање на првата вистинска драма. По аут од левата страна, се создаде мешаница во шеснаесетникот, а по интервенција на ВАР беше досуден пенал за Севиља по прекршок над Ромеро. Адамс беше сигурен од белата точка и донесе водство од 1-0. ...