Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Карло Анчелоти ја остави отворена вратата за можен камбек на Нејмар во составот на Бразил за претстојното Светско првенство, иако напаѓачот засега не доби повик за последните пријателски натпревари. И покрај тоа што Анчелоти претходно нагласуваше дека Нејмар ќе биде во конкуренција само ако биде целосно фит, ѕвездата на Сантос не се најде на списокот за дуелите со Франција и Хрватска. Нејмар, најдобар стрелец во историјата на Бразил со 79 ...
Севиља оствари огромна победа во борбата за опстанок, совладувајќи го силниот Атлетико Мадрид со 2-1 во натпревар каде домашните покажаа карактер и решителност. Натпреварот почна со брзо темпо и без долго чекање на првата вистинска драма. По аут од левата страна, се создаде мешаница во шеснаесетникот, а по интервенција на ВАР беше досуден пенал за Севиља по прекршок над Ромеро. Адамс беше сигурен од белата точка и донесе водство од 1-0. ...
Капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини, се здоби со повреда на бутниот мускул во победата од 3-0 над Пиза, пренесува „Скај Спорт“. Пелегрини беше принудно заменет на полувремето од натпреварот, а првичните информации укажуваат дека ќе паузира околу еден месец. Тоа значи дека ќе пропушти најмалку три до четири натпревари, меѓу кои дуелите со Аталанта, Болоња, Фиорентина, а најверојатно и со Парма. Целта на стручниот штаб е негово враќање за ...
Јувентус забележa голема победа на гостувањето кај Аталанта во Бергамо, совладувајќи ја со минимални 0-1 во 32-то коло од Серија А. Тимот на Лучијано Спалети продолжи со позитивната серија резултати и со овој триумф барем привремено се искачи во зоната која води во Лигата на шампионите, прескокнувајќи го Комо. Аталанта подобро го отвори натпреварот и се закани преку Хуан Квадрадо, а потоа и Залевски. Џорџо Скaлвини ја погоди и стативата, ...
Бенфика се претвора во клуб кој по навика „ги голта“ тренерите, ветувајќи им големи проекти, но во реалноста им дава нецелосна и недовршена конструкција. Поради ова на удар е и Жозе Мурињо, кој би можел да добие отказ по завршувањето на сезоната. Португалскиот медиум „А Бола“ го опишува маѓепсаниот круг во кој се наоѓа лисабонскиот гигант во последните години – „еден вид чистилиште, каде надежта се обновува секое лето, за потоа полека да биде ...
Викинг приреди вистински шок во норвешкиот дерби-дуел, откако на домашен терен го декласираше Бодо/Глимт со убедливи 5-0. Иако гостите важеа за едно од најпријатните изненадувања во Европа оваа сезона и тим кој стигна до осминафинале во Лигата на шампионите, денеска беа далеку од тоа ниво и претрпеа еден од најтешките порази во последните седум години. Натпреварот практично беше решен уште во првите 20 минути. Кристијансен погоди во петтата ...
Барселона уште еднаш ја потврди доминацијата во Ла Лига, откако на домашен терен убедливо ја совлада Еспањол со 4-1 во градското дерби од 32-то коло. Каталонскиот тим ја оправда улогата на фаворит и уште од почетокот ја наметна својата игра, предводена од инспирираниот Ламин Јамал и ефикасниот Феран Торес. Резултатот беше отворен во деветтата минута, кога по корнер на Јамал, Торес со глава го совлада Марко Дмитровиќ. Барселона продолжи со ...
Ливерпул сигурно ги освои трите бода во 32-то коло од Премиер лигата, совладувајќи го Фулам со 2-0 на „Енфилд“. Домашните уште од самиот старт наметнаа ритам, а првата закана пристигна преку Мохамед Салах, чиј удар го одбрани голманот Бернд Лено. Отпорот на Фулам беше скршен во 36-тата минута, кога младиот Рио Нгумоа одлично се снајде во шеснаесетникот и со прецизен удар донесе водство од 1-0. Само четири минути подоцна, истиот играч повторно ...
Баерн Минхен сигурно чекори кон нова, јубилејна 35-та титула во Бундеслигата, а гостувањето кај Сент Паули донесе не само убедлива победа од 0-5, туку и историски рекорд по бројот на постигнати голови во една сезона. Баварците ја оправдаа фаворитската улога и со рутинска игра стигнаа до три бода, со што повторно избегаа на +12 во однос на Борусија Дортмунд на пет кола до крајот. Титулата практично е веќе во нивни раце, а математичката потврда ...
Удинезе приреди големо изненадување на „Сан Сиро“, откако го декласираше Милан со 0-3 во 32-то коло од Серија А. Иако Милан очекувано ја контролираше играта преку поседот на топката, тоа не се претвори во конкретна опасност. Напротив, гостите беа далеку поопасни и поефикасни, а во центарот на вниманието беше Николо Заниоло. Токму тој во 27-та минута изведе фантастична соло-акција, минувајќи половина терен пред да асистира за Артур Ата, кој со ...
Арсенал пропушти голема шанса дополнително да се доближи до титулата во Премиер лигата, откако на домашен терен од Борнмут со 1-2. По натпреварот, менаџерот Микел Артета беше видно незадоволен од изданието на својот тим, но искрено му честиташе на противникот за борбеноста и резултатот. „Ова е голем удар во лице. Сега е важно како ќе реагираме. Целиот кредит оди кај Борнмут, не се без причина 11 натпревари без пораз. Ние правевме чудни ...
Ковентри сити конечно стави крај на долгото чекање и по цели 25 години се врати во Премиер лигата, заверувајќи го својот пласман четири кола пред крајот на сезоната. Тимот предводен од Френк Лампард денеска одигра без голови (0-0) против Шефилд венсдеј, но и покрај ремито, резултатите на конкурентите му донесоа сигурна промоција. Клучен беше поразот на Мидлзборо од Портсмут, по што стана јасно дека Ковентри е недостижен. Со тоа, останува ...
Елче забележи минимална, но исклучително важна победа од 1-0 на домашен терен против Валенсија во 31-то коло од Ла Лига, во директна битка за опстанок. Тимот предводен од Едер Сарабија стигна до три бода кои можат да бидат клучни во борбата за останување во елитата, иако гостите имаат за што да жалат според развојот на настаните. Првата посериозна закана ја имаше Валенсија преку Брајан Хил Бертран, но неговиот удар заврши над голот. До ...
Поразот на Борусија Дортмунд на домашен терен од Баер Леверкузен (0-1) сериозно ја замаглува трката за титулата во Бундеслигата, која сега изгледа речиси решена. Милионерите влегоа агресивно во натпреварот и од самиот старт создаваа притисок. Рами Бенсебаини се закани прв, потоа и Даниел Свенсон, но гостите преживеаја благодарение на интервенцијата на Лоик Баде од самата гол-линија. Шанси имаше и Серу Гираси, но без ефект. Баер Леверкузен ...
Брегалница Штип се истакна како најголем добитник на ова коло во Втората македонска фудбалска лига, откако рутински ја заврши својата задача и максимално профитираше од киксовите на директните конкуренти во борбата за врвот. На Градскиот стадион во Штип, Сините одиграа доминантен натпревар против Големо Коњари и стигнаа до убедлива победа од 6-1. Со овој триумф, тимот предводен од Влатко Костов не само што освои нови три бода, туку и сам се ...
Вардар го победи Работнички со 1-0 во натпреварот од 27.коло во Првата фудбалска лига. Стрелец на победничкиот гол беше Стефан Цветковиќ од слободен удар во 23.минута од мечот. Силекс исто така славеше против Башкими со 1-0. Градското дерби не донесе пеколно темпо, но, сепак, двете екипи создадоа доволно шанси за да има и повеќе голови. Во 12.минута, Азер Омерагиќ имаше одлична шанса, но со удар со глава шутираше директно во Ондоа. ...
Италија поминува низ еден од најтешките периоди во својата историја. Четирикратниот светски шампион нема да настапи ниту на трето последовно Светско првенство, што претставува нов тежок удар за нацијата која со децении беше симбол за врвен фудбал. Во финалето од плејофот за Светското првенство 2026, Италија во Зеница беше елиминирана од Босна и Херцеговина по изведување пенали, а овој пораз дополнително ги откри длабоките проблеми во ...
Астон Вила ќе биде во центарот на голема трансферна битка ова лето доколку се реши да го стави на продажба Морган Роџерс. Според пишувањата на британските медиуми, за 23-годишниот англиски репрезентативец интерес покажуваат Арсенал, Манчестер јунајтед и Челзи, а до неодамна како кандидат се споменуваше и Ливерпул. Роџерс, кој од почетокот на минатата сезона има 24 голови и 23 асистенции, минатото лето потпиша нов договор со кој е врзан за ...
Првакот МЗТ Скопје Аеродром дури во последните две минути го скрши отпорот на Кожув, а на слични маки беше ставен и ТФТ против Тиквеш, но водечките две екипи во кошаркарската Суперлига сепак го најдоа патот до победата. Во следното коло ТФТ е домаќин на Металците и тој меч може да биде пресуден околу првата позиција на крајот и предноста на домашниот терен во плејофот. Попладнево Црно-белите од Тафталиџе беа подобри од Тиквеш со 80-74, но на ...
Арсенал е поразен дома од Борнмурт со 1-2, ова е само втор домашен пораз сезонава на Топчиите и сега се разгорува битката за титулата во Премиер лигата. Манчестер сити има девет бода помалку, но утре гостува кај Челзи што им е една од двете заостанати средби. Следниот викенд Граѓаните играат дома со Арсенал во мега дерби, па големата предност на Топчиите која ја имаат во моментов може да биде и стопена. Борнмут пред овој меч имаше серија од ...
Јаник Синер го победи Саша Зверев со 6-1, 6-4 во првото полуфинале на Мастерсот во Монте Карло кој се игра на земјена подлога. Синер лани не играше во Монте Карло, а сега првпат е финалист. Синер успеа да стане првиот тенисер во последните 11 години кој стигнал до финале на првите три Мастерс 1000 турнири во годината. Ривал на Италијанецот во финалето ќе му биде Карлос Алкарас или Валентен Вашеро. Ако победи Алкарас, тогаш финалето ќе решава ...
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изјави дека приоритет на Каталонците е освојување на Лигата на шампионите. Пред градското дерби против Еспањол попладнево, Барса има 6 бода предност пред Реал Мадрид, и многу е блиску до освојување на втората последователна титула во Примера. „Ла Лига е темелот, но сонот на секого е да ја освои Лигата на шампионите, и на сите натпревари можете да видите дека тимот е мотивиран повеќе од 100 проценти. ...
Дефанзивецот на Ливерпул, шкотскиот лев бек Ендрју Робертсон, би можел да ја продолжи кариерата во Тотенхем. Откако вчера официјално беше објавено дека 32-годишниот шкотски репрезентативец ќе го напушти Ливерпул на крајот од тековната сезона и ќе стане слободен агент, веднаш почнаа шкекулации околу неговата иднина. Според британски медиуми, главен кандидат за ангажирање на Робертсон е Тотенхем кој бара искусни фудбалери со лидерски квалитети. ...
Луис Енрике ќе потпише нов договор со Пари Сен Жермен, неколку извори потврдија дека преговорите се при крај, и дека Шпанецот треба да потпише нов договор пред крајот на тековната сезона. Актуелниот договор на шпанскиот тренер истекува во летото 2027 година, па ПСЖ сакаше навреме да спречи какви било понуди од други клубови и му понуди договор со важност до летото 2030. Со новиот договор, Енрике ќе стане еден од најплатените тренери во ...
Фудбалската репрезентација на Сенегал за играчи до 15 години убедливо го победи Мароко со 4-0 во полуфиналето на Африканското првенство за ученици, но натпреварот беше засенет од сериозни обвинувања од Мароканците дека нивните противници ја лажирале возраста на своите играчи. Сенегалците доминираа, во првите седум минути дадоа три гола, а по натпреварот главна тема стана наводната разлика во годините меѓу играчите, што е долгогодишен проблем ...
Македонскиот фудбалер Елиф Елмас може да биде откупен од Лајпциг за 16 милиони евра, но уште не е сигурно дали Наполи ќе ја плати оваа сума. Трајниот трансфер во Наполи е тесно поврзан со мандатот на тренерот Антонио Конте. Ако Конте си оди и стане селектор на Италија, можно е и Елмас да се пресели од Неапол. Конте постојано ја фали разновидноста и посветеноста на Дијамантот, а и неговото останување на клупата на наполитанците би можело да ...
Специјалот на Sport Life за денеска е посветен на бундеслигашката пресметка на Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен и може да најдете многу интересни игри со големи квоти. Фаворит за победа е Борусија, но на претходните седум меѓусебни дуели на овие екипи, никогаш не победил тој што бил домаќин, уште од 2022 година не се случило да победи домашниот тим. Во декември во куп меч, Леверкузен победи во Дортмунд со 1-0, а стрелец беше Ибрахим Маза. ...
Килијан Мбапе е еден од најдобрите фудбалери на светот, но иако дава многу голови, бројките кажуваат дека неговото присуство е проблем за тимовите во кои игра. Реал Мадрид влезе во лоша серија откако тој се врати на теренот. Додека Мбапе беше повреден, Реал беше во победничка серија, а го елиминираше и Манчестер сити од Лигата на шампионите. Откако Французинот се врати во почетниот состав, случајно или не, тимот на тренерот Алваро Арбелоа не ...
Вардар е огромен фаворит против Работнички, а слично е и на Силекс – Башкими во двата денешни натпревари од Првата македонска фудбалска лига кои се играат од 15.30 часот во Скопје односно Кратово. Лидерот на прволигашката табела, Вардар, ако сака титула, мора да го добие овој меч против соседот кој со сите сили се бори за опстанок. Вардарци на првите два дуели со Романтичарите сезонава победуваа и даваа по три гола. Но, и Работнички ќе има ...
Со дневни миксови за четирите најсилни лиги во Европа и комбинации со двоцифрени квоти за осум натпревари во кои играат најголемите денешни фаворити, е составена Бет билдер понудата на Sport Life. Најмалите квоти се 13.0, а најголема е 100-ката за Бундеслигата. Овој Бет билдер со коефициент 100.0 ќе биде добитен ако на секој од денешните пет меча во германската лига има барем три гола, барем два картони, 8 или повеќе шутеви во рамки на гол и ...