Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Сопствениците на Ливерпул се согласија да продадат околу една третина од клубот на конзорциум, вклучувајќи го и милијардерот и основачот на Амазон, Џеф Безос. Во соопштението, „Фенвеј Спортс Груп“ (ФСГ) потврди дека е постигнат „дефинитивен договор“ за продажба на „стратешка малцинска инвестиција“ на „1892 Холдингс“. Групата ја предводи британско-индискиот милионер бизнисмен Амит Батија, а го вклучува и милијардерот и коосновач на Фејсбук, ...
Новиот тренер на Милан, Рубен Аморим веќе започна да прави големи промени во составот на Росонерите. На подготовките во пресрет на новата сезона, Аморим констатирал дека во составот нема да му бидат потребни дури седум фудбалери и дал „зелено светло“ тие да си заминат од „Сан Сиро“. Според информациите што ги објави „MailSport“, на списокот се наоѓаат неколку добро познати имиња кои претходно играле разни улоги во тимот. Прв меѓу нив е Фикајо ...
Екипата на Арсими стигна до првата победа и првите бодови воопшто во новата сезона од македонската фудбалска лига. Во третото коло, Арсими пред своите навивачи минимално со 1:0 славеа против Башкими во дуел на единствените две екипи кои немаа освоено ниту еден бод во првите две кола. Во првото полувреме немаше погодоци, иако двата тима имаа свои шанси за погодок. Најдобрата можност Арсими ја пропушти во 38 минута кога Велија ја погоди ...
Интер и Лацио мораа итно да го променат договорот меѓу нив во врска со трансферот на играчот од средниот ред Давиде Фратеси во „орлите“, објавија италијанските медиуми. Како што е познато, двата клуба се договориле да го изнајмат италијанскиот репрезентативец за еден милион евра и условна задолжителна опција за откуп за 14 милиони евра, како и 50% од парите во случај на негова следна продажба. Сепак, поради лошата финансиска состојба на ...
Шпанскиот стратег Алберт Риера потпиша двегодишен договор со Црвена ѕвезда. Договорот беше потпишан на Мајорка, каде што Риера се наоѓа и се очекува најдоцна до недела да се пресели во Белград. Според медиумите во Србија, Риера ќе има одличен договор од финансиски аспект. Пишувањата се дека Шпанецот во првата сезона ќе заработи 960.000 евра, а во втората сезона како предводник на Црвена ѕвезда би заработил 980.000 евра. Риера нема да има ...
Само неколку дена по венчавката на Кристијано Роналдо и Георгина Родригес откриени се деталите од церомонијата. Двајцата склучиле граѓански брак во својот нов дом во близина на Лисабон, а на церемонијата присуствувале само нивните најблиски и децата. Венчавката се одржала на 11 август во 13:30 часот, во луксузниот дом на Роналдо во престижниот кварт Квинта да Марина, во близина на Кашкаиш. На церемонијата присуствувале четворица сведоци, ...
Трансферот на Родри во Барселона е една од најактуелните приказни во преодниот рок, а сега се откриени и вистинските причини поради кои сè уште не е реализиран. На најдобриот играч на Светското првенство, Родри, му останува уште една година од договорот со Манчестер сити. Токму поради тоа се очекуваше неговиот трансфер во Барселона да биде релативно едноставен, но ситуацијата е далеку од таква. Во последно време големите европски клубови не ...
Барселона сака да ангажира нов централен напаѓач до крајот на преодниот рок. Главна желба на Каталонците е Хулијан Алварес од Атлетико Мадрид, но трансферот на аргентинскиот репрезентативец во овој момент изгледа многу тешко остварлив. Поради тоа, на „Камп ноу“ веќе се разгледуваат и алтернативни решенија. Една од опциите е голгетерот на Спортинг Лисабон, Луис Суарес. Тој се најде на листата на потенцијални засилувања откако станува јасно ...
Кристијано Роналдо повторно е во активен погон за тренинг во тимот на Ал-Наср. Португалскиот ветеран се врати на тренинг по неколкуте слободни денови што ги имаше за неговата венчавка. Роналдо направи свадба со неговата долгогодишна партнерка Георгина Родригес. Само два дена по свадбата, Роналдо се врати во тимот на Ал-Наср и се приклучи на подготовките на тимот. Кога се појави на првиот тренинг, Роналдо изненади со нов имиџ. Како ретко кога, ...
Работнички за првпат во својата историја ќе се натпреварува во Втората лига, а ова лето клубот претрпе целосна трансформација на играчкиот кадар. По испаѓањето од елитата, Романтичарите влегуваат во новата сезона со амбиција експресно да се вратат меѓу најдобрите. Нов тренер на тимот е Баже Јанакиевски, кој доби задача да создаде конкурентна екипа и да го врати Работнички во Првата лига. Во сезоната 2026/27, дресот на Романтичарите ќе го ...
Нов Зеланд се приклучи кон земјите кои ја повлекоа поддршката за актуелниот претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино. Одлуката доаѓа како реакција на плановите на швајцарскиот функционер за продажба на дел од комерцијалните права за турнирите под покровителство на ФИФА, вклучително и Светското првенство, на приватни инвеститори. Планот во меѓувреме беше повлечен, но предизвика сериозна загриженост околу ...
Аргентинскиот интернационалец Хулијан Алварес ја прифатил одлуката на Атлетико Мадрид да не му дозволи трансфер во Барселона и, според информациите од извори блиски до клубот, ќе продолжи да го носи дресот на Јорганџиите. Аргентинскиот напаѓач им се извинил на соиграчите поради јавното изразување на желбата да го напушти клубот. Тој им порачал дека повторно ќе биде целосно посветен на тимот, како што беше во претходните две сезони. Алварес ...
Најдобриот играч на Светското првенство, Родри, конечно ја коментираше својата иднина во Манчестер сити и призна дека е подготвен да го напушти клубот. По завршувањето на Мундијалот започнаа шпекулациите за иднината на шпанскиот играч за врска. Прво се споменуваше Реал Мадрид, а потоа во трката се вклучи и Барселона. Дури се појавија информации дека Родри и каталонскиот клуб ги договориле личните услови, но дека останало клубовите да се ...
Енцо Фернандес кажал „да“ за Манчестер сити и сега чека Челзи да попушти и да му дозволи да се пресели на „Етихад“. Челзи во текот на оваа недела постави рок до петок во 18 часот за потенцијална понуда, која мора да изнесува 120 милиони евра. Во спротивно, преговори нема да има. Доверливата аргентинска новинарка Вероника Брунати, која е позната по блиските контакти со аргентинските репрезентативци, потврди дека Енцо ги договорил личните ...
Реваншот од третото квалификациско коло во Лигата на Европа меѓу полскиот Лех од Познањ и КИ Клаксвик од Фарските Острови е одложен за еден ден поради проблеми со патувањето на гостинскиот тим. Густата магла над аеродромот Вагар во средата го оневозможила планираното слетување на Лех. Бидејќи станува збор за единствениот комерцијален аеродром на Фарските Острови, полскиот тим немал можност да го пренасочи летот. Нов обид за патување имало во ...
Европската „екскурзија“ за македонските клубови заврши синоќа, откако и последниот преставник Шкендија доживеа елиминација. Шкендија одигра без голови против Хибернијан во реваншот од третото квалификациско коло во Конференциската лига, па со вкупни 1:2 е елиминирана. Претходно елиминации доживеаа и Вардар и Силекс. Вардар прво беше елиминиран од КуПС во квалификациите од Лига на шампиони, а потоа кога продолжи во Конференциската лига веднаш ...
1011 Вулверхемптон – Блекбурн (21:00) Вулвехмптон и Блекбурн ќе означат старт на новата сезона во англиската Чемпионшип дивизија, а очекувањата се дека тоа ќе биде во ефикасен меч и со победа на домашната екипа. Волците немаат пораз од денешниот противник уште од 2012 година, а оттогаш победија петпати и четирипати играа нерешено. Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.24) 3032 Каљари – Арецо (18:30) Каљари е апсолутен фаворит на дуелот од ...
Третото прволигашко коло започнува со дуел во Гостивар на двете екипи кои имаа најслаб старт на првенството. И Арсими и Башкими имаат по нула бодови, но и катастрофална гол-разлика од 1:20. Екипата од Чегране загуби со 5:1 од Тиквеш и со 4:0 од Брегалница, додека кумановци беа поразени со 6:0 од Силекс и со 5:0 од Тиквеш. Токму затоа овој меч е можност за една од екипите да излезе од кризата, а според составот, поблиску до такво нешто е ...
Понудата со зголемени квоти на Sport Life за петок во Супер типот е комплетно фудбалска. Сите 16 натпревари се од фудбалот, а она што е интересно, дури на 14 меча фаворитската улога ја имаат домашните екипи. Само на два меча се очекуваат победи на гостите. Првиот натпревар од Супер типот започнува во 12 часот, а освен зголемени квоти за конечен тип, може да се најдат и за игрите на голови, тимови, но и комбинација од конечен тип и голови. Во ...
Ракометните федерации на Србија, Македонија и Словенија официјално поднесоа заедничка кандидатура за организација на машкото Европско првенство во 2034 година. Трите земји со богата ракометна традиција ги здружија силите со јасна амбиција – заеднички да бидат домаќини на еден од најголемите настани во европскиот ракомет. Сите три федерации ја истакнуваат својата целосна подготвеност во процесот на кандидатурата и евентуалната организација на ...
Пет меча со квоти помеѓу 1.90 и 2.50 се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Искомбинирани на еден тикет, петте предлози прават одлична квота од 40.9. Најголемата квота од 2.50 ќе биде добитна ако во првото полувреме на мечот помеѓу Виборг и Архус има еден или два гола, но и најмалку три на целиот натпревар. Квотата од 2.05 за дуелот на Розенборг и Викинг ќе биде добитна само ако гостите постигнат еден или два гола во првото ...
Иднината на Родри и понатаму е неизвесна, иако пред само една недела изгледаше дека трансферот во Барселона е речиси договорен. Преговорите меѓу каталонскиот клуб и Манчестер сити во последните денови заглавија, откако „граѓаните“ одбија понуда од 51,3 милиони евра. Според последните информации, англискиот клуб бара околу 20 милиони евра повеќе за својот играч. Во меѓувреме, познатиот новинар Фабрицио Романо објави фотографија од Родри на ...
Виктор Осимен би можел да го напушти Галатасарај по само две години и да направи голем трансфер во Арсенал. Првите разговори меѓу клубовите веќе се одржани, а „топчиите“ веруваат дека трансферот може да биде реализиран до крајот на преодниот рок. Интересно, преговорите првично започнале поради Габриел Мартинели. Галатасарај понудил 45 милиони евра за Бразилецот, но челниците на Арсенал ја искористиле средбата за да разговараат и за Осимен. ...
Критиките за настапот на Мундијалот не го спречија Нејмар да одговори со одлична игра на теренот. Бразилската ѕвезда одигра одличен натпревар за Сантос во Копа Судамерикана и со две асистенции му помогна на тимот да слави со 2:1 против еквадорска Макара во првиот осминафинален натпревар. Сантос рано се најде во негатива, откако Франко Посе погоди уште во четвртата минута. Нејмар потоа презеде одговорност и пред паузата му асистираше на ...
Саудискиот гигант Ал-Хилал стапил во контакт со Галатасарај за да ги дознае условите под кои би можел да го ангажира Виктор Осимен. Турскиот шампион е подготвен да разгледа продажба на нигерискиот напаѓач за 65 милиони евра, но клучен ќе биде ставот на самиот фудбалер. Осимен мора да се согласи на преселба во Саудиска Арабија за трансферот да може да биде реализиран. Осимен е еден од најпознатите напаѓачи од својата генерација, а најголем ...
Феран Торес ќе ја напушти Барселона и кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ. Двата клуба постигнаа договор за трансфер на шпанскиот напаѓач, а каталонскиот гигант ќе инкасира 50 милиони евра. Торес се очекува уште утре да отпатува во Париз, каде што треба да ги помине медицинските прегледи, по што ќе стави потпис на договорот со актуелниот европски шампион. Шпанецот уште од самиот почеток на преговорите јасно ставил до знаење дека неговата желба е ...
Шпанскиот стратег Алберт Риера е нов тренер на Црвена ѕвезда, откако клубот остана без Дејан Станковиќ, кој поднесе оставка по елиминацијата од Лигата на шампионите и поразот од Хапоел Бер Шева. Раководството на белградскиот клуб експресно реагираше и изборот падна на Риера, кој во следните денови треба да пристигне во Белград за да го финализира договорот и официјално да го преземе тимот. За Црвена ѕвезда ситуацијата е итна, бидејќи клубот ...
Шкендија не успеа да направи пресврт против Хибернијан и го заврши настапот во третото квалификациско коло од Конференциската лига. Тетовскиот тим одигра 0:0 на домашен терен, што по поразот од 2-1 во првиот натпревар значеше елиминација. По натпреварот, тренерот Артим Положани истакна дека е задоволен од пристапот на своите фудбалери, но жали што Шкендија не успеала да го круниса притисокот со гол. „Oдигравме подобро во вториот дел со ...
Шкендија го заврши настапот во европските натпреварувања откако одигра 0-0 против Хибернијан во реваншот од третото квалификациско коло во Конференциската лига. Тетовскиот тим не успеа да ја надополни негативата од првиот натпревар во Единбург и со вкупни 1-2 му го препушти пласманот во плеј-офот на шкотскиот состав. Хибернијан во следната рунда ќе игра против белгиски Гент. Шкендија подобро го започна натпреварот и прва создаде опасност. По ...
Македонската кадетска кошаркарска репрезентација претрпе пораз од Ирска со 58-83 во првиот натпревар од разигрувањето за пласман од деветтото до 16-тото место на Европското првенство, кое се одржува во Македонија. Избраниците на македонската селекција одиграа солидно прво полувреме и на паузата заминаа со само два поени негатива. Сепак, целосно потфрлија во продолжението, особено во третата четвртина. Ирците го добија третиот период со ...