Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Екипата на Хал сити следната сезона ќе игра во Премиер лигата, откако „тигрите“ го добија решавачкиот плејоф-меч за пласман во англиската елита против Мидлсбро. Хал славеше во најскапиот натпревар во фудбалот со 1:0, а драмата беше комплетна бидејќи победничкиот гол на „Вембли“ падна во 95. минута. Стрелец беше Оли Мекбарни по грешка на голманот на Мидлсбро, Сол Брун. Хал Сити се враќа во Премиер лигата по девет години. Тимот на тренерот ...
Бобан Бабунски беше дел од генерацијата која ја освои шампионската титула во првата сезона во независна Македонија, а сега по неговите стапки тргна и неговиот син, Давид, кој се закити со трофејот. Давид Бабунски пристигна во Вардар како засилување во борбата за шампионската титула, а на крајот успеа и да се радува на трофејот. „Сите во семејството сме вардарци. Среќни сме многу. И мојот татко беше дел од успесите на Вардар, и мојот дедо беше ...
Кога пред една ипол година го презеде Вардар, Гоце Седлоски, беше цел на критики и напади, често дури и навредуван, но вечерва си заминува со крената глава и како вистински шампион. Новиот селектор на Македонија го одведе Вардар до трофејот од Купот на Македонија минатата сезона, а круна на неговата работа во најтрофејниот македонски фудбалски клуб беше и шампионската титула оваа сезона. Ретко кој веруваше во него, но вечерва со солзи во ...
Вардар и официјално дојде до 12-тата титула – шампион на Македонија, односно 13-та ако се брои и онаа од поранешна Југославија. Скопските „црвено-црни“ дојдоа до првата титула по пауза од шест години и тоа на убедлив начин, откако ја финишираа сезоната со девет бода предност во однос на Шкендија. Трофејот на капитенот на Вардар му го врачи претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Вардар и официјално дојде до 12-тата титула – шампион на ...
Вардар има водство од 2-0 против Шкендија, а тетовци во 70-тата минута добија пенал по прегледување на ВАР. Одговорноста да го изведе пеналот ја презеде Лиридон Љатифи, но Давор Талески успеа да одбрани. Сепак, судиите покажаа дека пеналот треба повторно да биде изведен, а Талески и вторпат беше поуспешен од фудбалерот на Шкендија. Вардар има водство од 2-0 против Шкендија, а тетовци во 70-тата минута добија пенал по прегледување на ВАР. ...
Фудбалерите на Вардар во шампионски стил ја завршија сезоната во Првата лига и со убедлив триумф над Шкендија со 3-0 покажа дека заслужено дојде до титулата. Двете екипи одиграа квалитетен меч со шанси и на двете страни, но скопските „црвено-црни“ беа оние кои успеаја да постигнат голови. Ајетовиќ во 20-тата минута си постигна автогол, а победата на Вардар се наѕираше по голот на Закариќ во 36-тата минута. Во второто полувреме Шкендија имаше ...
Вардар има водство од 2-0 по првиот дел против Шкендија, во меч од последното коло на Првата македонска фудбалска лига. Првите 45 минути на Националната арена може да добијат преодна оценка и за двете екипи, а поуспешни се домашните фудбалери. Нуман Ајетовиќ во 20-тата минута си постигна автогол по нафрлањето на Георгије Јанкулов, а Горан Закариќ во 36-тата минута зголеми на 2-0. Вардар има водство од 2-0 по првиот дел против Шкендија, во ...
Штипска Брегалница и официјално по пауза од две години се враќа во Првата лига, откако попладнево со убедливи 7-0 славеше над прилепска Победа и го потврди првото место во Втората лига. Со ист број на бодови заврши и Скопје, но штипјани имаат подобар меѓусебен дуел, па екипата од Автокоманда ќе игра во баражот за пополнување на прволигашката конкуренција. Таму ќе биде и Шкендија од Арачиново, која со пресврт славеше на гостувањето кај ...
Најтрофејниот кошаркарски клуб во Европа, Реал Мадрид ќе игра уште едно финале во Евролигата, откако синоќа без многу проблеми со 105:90 ја победи Валенсија во полуфиналната пресметка од фајнл-форот. Голем предизвик ќе имаат Кралевите за да се најдат на тронот на Европа, затоа што во утрешното финале ќе мора да го победат Олимпијакос и тоа сред Атина, што значи дека грчката екипа практично ќе игра пред своите навивачи. По завршување на мечот, ...
Њујорк има водство од 2-0 во финалната серија на Источната конференција, откако двапати на домашен терен славеше над Кливленд, а вечерва има одлична квота за триумф и на гостински терен. Квотите во Sport Life му даваат мала предност на составот на Кливленд, па квотата за нивна победа е 1.73, но триумф на гостите има квота од 2.30. Дел од богатата понуда на Sport Life се и кошаркарите со најпопуларната игра меѓу типувачите – „плус-минус“ на ...
Чешкиот клуб Бохемиjанс 1905 објави дека планира да формира Ц-тим кој ќе се натпреварува во деветтиот ранг на чешкиот фудбал. Она што ја прави оваа приказна особено интересна е фактот што тимот ќе биде составен исклучиво од навивачи на клубот. Идејата на проектот е многу едноставна: навивачите се причината поради која Бохемиjанс може да продолжи да функционира, па клубот сега сака нешто да им возврати. Целта не е тимот да се пробива низ ...
Селекторот на Англија, Томас Тухел го објави списокот на играчи кои треба да бидат дел од Светското првенство. Секогаш има големи реакции околу изборот на играчите кои треба да бидат дел од планетарниот собир, а педантните статистичари забележаа нешто што не се случило цели 40 години. За прв пат од Светското првенство кое се играше во 1986 година, во составот на Англија сега нема да има ниту еден играч на Ливерпул во составот на Англија. 0 – ...
Во саботата наутро се одигра големото финале на австралиската А-лига, во кое учествуваа новозеландскиот Окленд и австралискиот Сиднеј. Тоа беше дуел меѓу третиот и петтиот носител, а до победа од 1:0 стигна Окленд. Првото полувреме помина без голови, а во 60. минута Окленд поведе со голот на Камерон Хауисон. Тоа беше и единствениот погодок на натпреварот, што значеше дека Окленд ја освои австралиската лига. Окленд уште минатата година испиша ...
За време на хуманитарниот голф-турнир организиран од Роналд Куман во корист на фондацијата „Јохан Кројф“, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, одговори на обвинувањата упатени од Флорентино Перес. Првиот човек на Реал Мадрид повторно го коментираше случајот „Негреира“ и дури изјави дека Кралевите биле ограбени за седум титули во последните години, како и за 18 бода во тековната сезона. „Тоа беше гротескна прес-конференција, полна со ...
Повиткот за настап на Светско првенство во репрезентативниот дрес веројатно преставува сон за секој фудбалер. Сепак, има неверојатни исклучици. Познатиот француски напаѓач Одсон Едуар одби повик во репрезентацијата на Хаити за Светското првенство. Играчот на Ленс беше искрен како никој досега и рече дека не сака да заземе ничие место затоа што не бил дел од репрезентацијата за време на квалификациите кога Хаити се бореше да се избори да биде ...
Помалку од 20 дена остануваат до почетокот на Светското фудбалско првенство кое за прв пат ќе се игра во три земји (САД, Канада и Мексико) и ќе биде со рекорден број на учесници, дури 48. Стандардно пред почетокот на секој Мундијал низ целиот свет владее „треска“ за собирање на самолепливи сликички во албумот на „Панини“. Во Аргентина има голем проблем да се собере албумот и тоа се е поради големата инфлација во земјата. Затоа, некои од ...
Во шпанското првенство денеска се игра последното коло, а најголема дилема е кои две екипи ќе испаднат. Овиедо е единствениот кој нема шанси за спас, додека Мајорка која е 19-та со 39 бодови може да опстане како се „наредат коцките“, но прво треба да слави токму над Овиедо. Вториот клучен дуел ќе биде меѓу Жирона која е на 18-тото место со 40 бодови и е во зоната за испаѓање, додека Елче е над нив со 42 бодови. Вечерва ќе играат токму Жирона ...
Поранешниот германски репрезентативец Лукас Подолски најави дека става крај на професионалниот фудбал. Подолски преку социјалните мрежи, во видео објавено на Инстаграм од неговиот тим Горник Забже. „Па, тоа е за денес. Ти благодарам фудбалу“, вели светскиот шампион од 2014 година во видеото додека ги пакува куферите и се осврнува на својата кариера. View this post on Instagram A post shared by Górnik Zabrze (@gornikzabrzesa) Забже има уште ...
Капитенот на Манчестер јунајтед Бруно Фернандеш го доби признанието за најдобар фудбалер во англиската Премиер лига за сезоната која изминува. Утре ќе се одигра последното коло во кое Манчестер ќе ја потврди третата позиција на табелата, зад шампионот Арсенал и второпласираниот Манчестер сити. Португалскиот репрезенативец сезонава одигра 34 натпревари во кои беше главен двигател во екипата на Црвените ѓаволи. Бруно постигна осум погодоци, а ...
Најдобриот стрелец од првенството на Словенија, Малик Татар, следната сезона ќе тресе мрежи за Еурофарм Пелистер. Битолчани сакаат да ја вратат титулата, па веќе се формира ростерот за следната сезона, кој ќе треба да им конкурира на Вардар и Охрид. Татар во Еурофарм Пелистер пристигнува од екипата на Шкофица, каде беше позајмен од Слован Љубљана. Поранешниот шампион на Македонија претходно се засили и со Миха Котар, Мартин Серафимов, Ненад ...
Германскиот економист Јоаким Клемент во 2014 година создаде формула која предвиде дека неговата земја ќе го освои Светското првенство таа година. Формулата се покажа како точна и оттогаш точно ги предвиде победите на Франција во 2018 година и на Аргентина во 2022 година. Сега, само неколку недели пред турнирот во 2026 година, Клемент објави ново предвидување дека Холандија ќе биде крунисана за светски шампиони. Неговиот комплексен ...
Вардар денеска слави титула, а еден од најзаслужните за овој успех е Стефан Цветковиќ. Српскиот интернационалец пред само четири месеци го облече црвено-црниот дрес и веднаш покажа дека ќе биде еден од клучните играчи на теренот. Во 16 меча кој го одигра во пролетниот дел, Цветковиќ одигра феноменално и постигна девет погодоци. Секогаш кога тој ќе постигнеше гол, Вардар победуваше, а дури пет средби Црвено-црните ги добија со 1:0 ...
Во едно од најдраматичните првенства, Селтик ја освои титулата во првенството на Шкотска, откако со 2:1 го победи директниот ривал Хартс, во последното коло. Со таа победа Селтик се искачи на првото место во последен момент и ја освои титулата. Хартс кој повеќе од 60 години чекаше да се израдува на титулата и точно 40 години за да се прекине доминацијата на Селтик и Ренџерс на крајот не успеа и заврши на второто место. Голема беше тагата и ...
Дојде и тој ден за Вардар. Шампионскиот трофеј од фудбалското првенство на Македонија, повторно ќе ги краси витрините на најтрофејниот колектив кај нас. Вардар во минатото коло и официјално ја освои титулата, а денеска кога се игра последното коло од првенството, шампионскиот пехар ќе заврши во рацете на вардаровите играчи и навивачи. Не можеше да посака Вардар на поубав начин да слави титула. Игра на арената „Тодор Проески“ и тоа против ...
3008 Лацио – Пиза (20:45 ч.) Меч кој нема некоја поголема важност. Лацио со победа само ќе го потврди деветото место на табелата, додека Пиза веќе оддамна е испадната. Пиза има само 18 бодови и е закована на дното на табелата. Пиза има 12 порази и едно реми во последните 13 кола во Серија А, а дополнителен предизвик за Лацио ќе биде фактот дека есеноска кикисраше на гостински терен кај овој ривал и одигра без голови. На последните четири ...
Очекувано е за викенд целосно да доминира фудбалот во Супер тип понудата на Sport Life. Интересно е дека од 16-те натпревари на кои има зголемени коефициенти на повеќе игри, само на три меча, гостинските екипи се во улога на фаворити и има зголемени „двојки“. Интер да слави на теренот во Болоња квотата е 2.42, а со 2.03 коефициент се вреднува Барселона да стигне до триумф кај Валенсија. Во дуелот на „Вембли“ што треба да го даде патникот во ...
Дефанзивецот на Манчестер сити, Јошко Гвардиол, наводно има желба да се врати во Бундеслигата и да потпише за Баерн Минхен, пренесува „Билд“. Според информациите, околината на хрватскиот репрезентативец исто така го охрабрува да направи трансфер назад во Германија, каде што претходно настапуваше во својата кариера за тимот на Лајпциг. Сепак, иако Баерн го има на листата на желби, реализацијата на трансферот во овој момент изгледа сложена, ...
Пет интересни комбинации има во денешната понуда од Квоти на ден, а ако сите пет ги одиграте заедно на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 40.84. Болоња е домаќин на Интер и потребно е во првото полувреме да нема повеќе од еден погодок, додека во вториот дел треба да има меѓу еден и три гола за да биде добитна комбинацијата со квота од 2.10. Баерн Минхен да постигне меѓу два и три гола во финалето на Куп пресметката против ...
Фудбалскиот свет го тресе нов скандал и тоа пред почетокот на Светското фудбалско првенство. Доаѓањето на експедицијата на Демократска република Конго прави сериозен проблем, откако стигнал ултиматум директно од Белата куќа. Американската администрација, предводена од Ендру Џулијани, шеф на работната група за Светското првенство во Белата куќа, постави ригорозни услови за африканскиот тим, повикувајќи се на строги здравствени протоколи. ...
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, одговори на прашање на денешната прес-конференција дали Мохамед Салах, кој го напушта тимот, го критикувал. „Со Салах имаме заедничка цел, а тоа е да го направиме најдоброто за клубот“, изјави Холанѓанецот. Натпреварот против Брентфорд во недела ќе биде последен за Салах во црвениот дрес, кој го носи од 2017 година и со кој ги освои Лигата на шампионите во 2019 година и две титули во Англија, во 2020 и 2025 ...