Во скопската населба Шуто Оризари има вистински доктор за шпанска лига. Играчот на Sport Life успеа да погоди пет меча на „полувреме-крај“ и со влог од само 200 денари успеа да дојде до добивка од 66.718 денари нето. На тикетот беа одиграни пет неделни меча кои започнуваа од 19 часот, а се чини дека добивката дојде многу лесно. Од Леванте, Атлетико Мадрид и Елче се очекуваше да имаат водство на полувремето и на крајот да победат, а истото ...

Првиот меч од полуфиналната серија на Јадранската АБА лига помеѓу вечните српски ривали, Партизан и Црвена ѕвезда, комплетно ги оправда очекувањата. „Црно-белите“ дојдоа до водство од 1-0, откако пред својата публика славеа со 100-94, иако на крајот дојде до неочекувана драма. Партизан имаше водство во текот на целиот меч, а на стартот од последната четвртина таа беше изразена со дури 20 поени разлика. Сепак, кошаркарите на Црвена ѕвезда ...

Фудбалерите на Арсенал забележаа минимална, но многу значајна победа над Барнли од 1-0, па сега се на само еден чекор до трофејот од Премиер лигата. Голот за победа беше дело на Каи Хаверц во 37-мата минута, откако највисоко скокна по корнерот на Сака. Ова беше 24-ти гол оваа сезона во Премиер лигата кој „топчиите“ го постигнаа по корнер. Арсенал сега има 82 бода, пет повеќе од Манчестер сити, кој утре гостува кај Борнмут во меч од ...

Долго се зборуваше за трансферот на дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони, во Барселона, но се чини дека од овој трансфер нема да има ништо. „Каталонците“ се откажуваат и тоа само поради барањето на Ханси Флик, кој го известил спортскиот директор Деко дека Италијанецот не се вклопува во неговата филозофија. Германецот ќе инсистира на доведување на дефанзивец кој ќе знае да одигра агресивен пресинг и да учествува и во нападите на Барселона, ...

Италијанскиот фудбалски стручњак, 55-годишниот Андреа Малдера, е именуван за нов селектор на Украина, соопшти претседателот на Украинската фудбалска федерација Андриј Шевченко. Малдера стана првиот странски селектор во историјата на украинската репрезентација, а на клупата го наследи Серхиј Ребров, кој ја напушти функцијата по неуспехот во дополнителните квалификации за пласман на Светското првенство пред месец и пол. „Андреа Малдера е ...

Најстабилниот дефанзивец на Реал Мадрид, Антонио Ридигер, ја прифати понудата за продолжување на договорот и со тоа ќе остане играч на „кралевите“ уште една сезона. Германецот сакаше да потпише на две години, но на „Бернабе“ постои правило според кое играч што ќе наполни 33 години не може да добие договор подолг од една сезона. Ридигер имаше тежок период поради долготрајни физички проблеми, кои на крајот наложија и операција. Сепак, во ...

Славниот француски фудбалер, Оливие Жиру, во септември ќе полни 40 години, но тоа не значи дека размислува за пензија. По една сезона мината во екипата на Лил, тој на први јули ќе биде слободен фудбалер, а според шпекулации, следната ќе игра во Турција. Интерес за него има од Бурсаспор, екипа која беше шампион на Турција во 2010 година, но потоа банкротира и тргна од четвртата лига. Следната сезона ќе играат во второлигашката конкуренција, а ...

Роберт Левандовски по четири години си заминува од Барселона, а раководството на Каталонците активно е во потрага по соодветна замена. Шпанските медиуми откриваат дека високо на листата со желби е иконата на Интер, Лаутаро Мартинес, кој може по осум години да го напушти „Џузепе Меаца“. Аргентинецот има договор до 2029 година, а се проценува дека вреди 85 милиони евра, но сепак, Барселона ќе се обиде да дојде до неговиот потпис. Како што велат ...

Младата ѕвезда на Барселона и на шпанската репрезентација, Ламин Јамал, ќе го пропушти почетокот на Светското првенство, што претставува сериозен удар за амбициите на тимот. Осуманаесетгодишното крило сè уште закрепнува од повредата на тетивата на левиот бут, која ја заработи минатиот месец за време на победата на Барселона против Селта Виго во Ла Лига. Сегашните прогнози покажуваат дека тинејџерот нема да успее да се рехабилитира навреме за ...

Оклахома го освои првото место во регуларниот дел од Западната конференција, а до конференциското финале стигна со максимален број победи, но сепак, на последните три домашни меча против Сан Антонио има два пораза. И покрај тоа, Громовите ја имаат фаворитската улога според квотите во Sport Life и се очекува да поведат во конференциското финале. Квотата за победа на Оклахома е 1.46, додека изненадување на Сан Антонио има квота од 3.00. ...

Капитенот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, можно е да го пропушти финалето на Купот на Германија против Штутгарт во Берлин откако се пожали на болка во мускулот по убедливата победа над Келн. Иако Баерн го затвори шампионатот на импресивен начин со триумф, повредата на искусниот голман внесе загриженост во таборот пред мечот за „двојната круна“. Според информациите од клубот, станува збор за непријатност во пределот на листот, поради што ...

Напаѓачот на Интер, Маркус Тирам, се соочува со санкција поради неговото несоодветно однесување за време на прославата на шампионската титула на Интер. Францускиот репрезентативец се истакна со своите провокации за време на шампионското возење со отворен автобус низ Милано, па сега се соочува со казна. Тирам најпрво подигна еден транспарент на којшто имаше стаорец во црвено-црна комбинација, односно боите кои го симболизираат Милан. Потоа ...

Во фудбалот биле постигнати неброени неверојатни погодоци и автоголови, а тоа што се случи на еден меч од втората лига во Молдавија е нешто невидено. На мечот меѓу Реал Сирети и Огузспор, кој заврши со победа на домашниот тим од 5:2, виден е можеби најневеројатниот автогол во историјата на оваа игра. Гостите беа во напад, делуваше дека тоа е безопасна ситуација. Гостинскиот фудбалер реши да бие од голема далечина и тоа го направи многу ...

Легендарниот ракометен тренер, Лино Червар, го издвои својот поранешен играч Кирил Лазаров како најдобар ракометар што некогаш го тренирал, но и како еден од најголемите во историјата на ракометот. Червар, човекот кој со Хрватска ги освојуваше најголемите трофеи и со години беше симбол на врвниот ракомет, немаше дилема кога зборуваше за македонската ракометна легенда. „Кирил Лазаров за мене е најголемиот играч на сите времиња“, порача ...

Ливерпул се соочува со сè поголема тензија, а атмосферата во соблекувалната е сериозно нарушена, јавуваат англиските медиуми. Според информациите од Англија, незадоволството од работата на тренерот Арне Слот расте откако сезоната се претвори во една од најразочарувачките за клубот во последните години. Црвените веќе го надминаа негативниот рекорд од ерата на Рафаел Бенитес по бројот на порази во една сезона (20), што предизвикало сериозно ...

Роберт Левандовски се прости од „Камп ноу“ по синоќешната победа на Барселона од 3-1 против Бетис во натпревар од 37-мото коло во Ла Лига. Ова беше последниот меч на Полјакот во дресот на каталонскиот гигант, а тренерот Ханси Флик изјави дека Левандовски бил најдобриот напаѓач во светот во последните 20 години. „Ова е многу емотивен и многу тежок ден за мене. Кога пристигнав во Барселона, знаев дека овој клуб е голем, но вашата љубов го ...

Партизан е домаќин на Црвена ѕвезда во првиот меч од полуфиналната серија во плејофот на АБА-лигата. Црно-белите ја имаат предноста на домашниот терен затоа што во регуларниот дел завршија како втори само со три порази, додека нивниот вечен ривал имаше вкупно шест порази. Фактот дека ќе има многу поголема поддршка од трибините, но и тоа дека победи на четири од последните пет меѓусебни пресметки, Партизан е во улога на фаворит, иако кога се ...

Се е подготвено Жозе Мурињо по повеќе од една деценија да се врати на „Сантијаго Бернабеу“ и повторно да биде тренер на Реал Мадрид. Португалскиот стратег усно ги договорил сите услови со челниците на Кралскиот клуб, а се чека само официјална писмена потврда. Мурињо засега уште е тренер на Бенфика и има договор и за следната сезона. Сепак, многу јасно е дека Реал без проблем ќе ја уплати потребната сума за да се раскине договорот и да може да ...

Изминатиов викенд беше бериќетен за многу обложувачи во Sport Life, а од многуте добитни тикети, посебно интересни се два, и тоа двата уплатени во места кои се покрај Охридското Езеро. Во Струга беше уплатен тикет на којшто беа погодени дури девет натпревари со најразлични комбинации, но најмногу се игри на голови. Тактиката е да се одигра на квоти кои се реални и се движеа од 1.67 до 2.80, па на крајот е направен вкупен добитен коефициент од ...

Ајнтрахт Франкфурт му врачи отказ на тренерот Алберт Риера само три и пол месеци по неговото назначување, соопшти германскиот бундеслигаш. Одлуката дојде само еден ден по ремито 2-2 против Штутгарт во последното коло од сезоната, резултат кој значеше дека тимот остана без пласман во европските натпреварувања за следната сезона. Последен пат клубот од Франкфурт не обезбеди европско учество во сезоната 2020/21. Риера го презеде тимот во ...

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар со сите сили се бори да обезбеди место во националниот состав за настап на Светското првенство кое започнува за помалку од еден месец. Нејмар е предводник на тимот на Сантос, кој се бори да не испадне од бразилската Серија А. На последниот одигран меч против Коритиба, токму Нејмар беше во центарот на еден бизрен скандал. Сантос губеше со 3:0 на свој терен, а во 65 минута на Нејмар му се укажуваше лекарска ...

Фудбалскиот клуб на Вардар в сабота, по дербито против Шкендија ќе го добие заслужениот трофеј наменет за шампионот на Македонија. Недостижни шест бода повеќе има Вардар пред Шкендија, па дуелот кој од 18 часот ќе се игра на 23 мај на арената „Тодор Проески“ ќе биде со шампионски сјај за најтрофејниот клуб. По завршување на мечот, Вардар ќе го добие трофејот, а потоа од 20 часот ќе биде прославата на „Школка“ во Градски парк. На таа прослава ...

Машката ракометна репрезентација на Македонија уште еднаш ја потврди својата припадност меѓу светската елита, обезбедувајќи пласман на Светското првенство по осми пат во низа, односно вкупно десетти во историјата. По победата на гости кај Словачка, македонските ракометари повторно доминираа и на реваншот, славејќи убедливо со 38-23 пред својата публика. Во атмосфера исполнета со енергија и поддршка од над 6.000 гледачи, избраниците на ...

Легендата на Нант, 74-годишниот Вахид Халилхоџиќ се врати од пензија за да му помогне на својот сакан клуб да избегне испаѓање во втората лига. За негова жал, Нант не успеа да се спаси и уште пред одигрување на последното коло беше јасно дека екипата ќе се пресели во понизок ранг. На последниот меч на свој терен, Нант го дочека Тулуз а дуелот немаше резултатско значење. Навивачите на Нант, односно навивачката група „Бригада Лоара“, влезе на ...

Враќањето на Жозе Мурињо на клупата на Реал Мадрид е договорено, тврди најпознатиот фудбалски светски инсајдер Фабрицио Романо. „Сите услови усмено се договорени меѓу Реал Мадрид и Жозе Мурињо. Останува само да се потпишат документите. Планирано е почетен двогодишен договор, а Мурињо треба да отпатува во Мадрид по завршување на мечот од последното коло во шпанското првенство меѓу Реал и Атлетик Билбао“, открива Романо. Изборот на Мурињо за ...

1008 Арсенал – Барнли (21 часот) Јасно е тука кој е фаворит. Арсенал игра за шампионски трофеј, има два чекора до целта и само прашање е со колку гола разлика ќе слави. Типуваме триумф на домаќинот и три до пет гола на овој меч. Предлог тип: 1 & 3-5 (1.74) 1322 Леганес – Хуеска (20.30 часот) Ова е дуел за опстанок, Леганес игра дома и му одговара да не загуби. Се очекуваат мал број голови. Предлог тип: 1X & 0-3 (1.70) 8007 Партизан ...

Интер Мајами славеше со 2-0 против Портланд тимберс во натпревар од регуларниот дел на МЛС-лигата, а повторно во центарот на вниманието беше магичниот Лионел Меси. Со новите три бода, Интер Мајами му се доближи на лидерот Нешвил само на два бода разлика во Источната конференција, иако има одиграно натпревар повеќе. Од друга страна, Портланд остана далеку од местата кои водат во плејин-фазата на Западот. Тренерот на Интер Мајами од првата ...

Изминатиов викенд Вардар и официјално го обезбеди шампионскиот трофеј во првенството на Македонија, а сега остакува енигма кој ќе биде победник на Купот. Одговор на тоа прашање ќе се добие в среда кога на арената „Тодор Проески“, во финалето ќе играат Силекс и Шкендија. Од Фудбалската федерација на Македонија денеска објавија дека во продажба се пуштени билетите за ова финале. За навивачите на двата финалисти се обезбедени по два блока на ...

Фудбалот ја нема доминацијата овој понеделник во Супер типот. Тенисот ја презема иницијативата, но има доволно понуда и од фудбалот и од кошарката. Се разбира, сето тоа со максимално зголемени квоти. Понудата стартува напладне со дури осум тениски мечеви, а потоа се приклучуваат фудбалот и кошарката. Ваше е да го изберете добитниот предлог и да го вклучите на тикет. Фудбалот ја нема доминацијата овој понеделник во Супер типот. Тенисот ја ...

Не се сите Квоти на денот фудбалски, и токму во тоа е привлечноста на денешната понуда. Стартува полуфиналната серија од АБА лигата која носи пресметка меѓу Партизан и Црвена ѕвезда. Петте предлози заедно носат коефициент 39,77. Лахти го пречекува ВПС, а квотата на денот е 2.00, ако во првото полувреме има од еден до три гола, а во второто најмалку еден погодок. Ѓургарден се среќава со Сириус и ако не загуби, а на мечот има од два до четири ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59