Трансформација на Скопје што ќе остави траен белег и ќе го трасира патот за натамошен развој на градот, на неговите културни споменици и обележја, како Калето, Аквадуктот, зградата на Поштата и парковите, најавува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во пресрет на 2028 година, кога Скопје ќе биде Европска престолнина на културата. Експертите, пак, порачуваат да се создаде нова динамика во Скопје со културното наследство што го имаме и културата ...

Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи, информира Министерството за транспорт. - Министерството за транспорт согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објави согласно законските прописи во најбрз можен рок, посочуваат од Министерството за транспорт. МИА Државната комисија по жалби за јавни ...

Релациите помеѓу нашите две држави се беспрекорни, на највисоко можно ниво, и гледаме можност како во иднина да ги подобриме и зацврстиме овие односи - изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши, попладнево во Ватикан по аудиенцијата кај папата Лав XIV и средбата со Пјетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол. Како што рече, во најдобар можен ред поминале аудиенцијата кај папата Лав XIV и средбата со Пјетро Паролин, државен ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, идната недела ќе има завршен состанок со министерот за здравство Азир Алиу, на кој, како што информира денеска, заеднички ќе објават кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. По завршувањето на тендерската постапка, нагласи Ѓорѓиевски, веднаш ќе почнеме изградбата на гаражите. - Динамиката ја одредуваме според можностите и капацитетите. ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Фондацијата „Фросина Кулакова“, формирана во чест на Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, поминувајќи на зелено светло. Со меморандумот се утврдува рамка за заедничка соработка во насока на унапредување на безбедноста во сообраќајот, подигнување на ...

„Држава со 21.000 жители распоредени на 500 острови ја забрани кремата за сончање и на секој турист му наплаќа 100 американски долари. Архипелагот со нешто повеќе од 500 острови во западниот дел на Тихи Океан, во регионот Микронезија, има усвоено низа политики за заштита на морската средина какви што ретко која држава во светот ги спроведува во толкава мера. Државата во 2009 година стана првата земја во светот која воспостави национално ...

Европската комисија го поздрави усвојувањето на измените на четири закони во српскиот Парламент што се однесуваат на изборниот процес и побара да се продолжи со препораките на ОДИХР и законите да почнат да се спроведуваат. „Четирите закони усвоени од Народното собрание претставуваат добредојден чекор напред кон спроведувањето на препораките на ОБСЕ/ОДИХР за подобрување на изборната рамка на Србија, со цел да се поддржи одржувањето на ...

Премиерот во заминување на Словенија, Роберт Голоб, изјави дека парламентарните избори одржани на крајот на март се нелегитимни поради директно мешање на израелските разузнавачки служби – пренесува словенечката национална телевизија РТВ Сло. Ваквото обвинување на Голоб доаѓа во моментите кога официјално е формирана владината коалиција со Словенечката демократска партија (СДП) предводена од Јанез Јанша, чиј владин кабинет денеска треба да ...

Новиот ракометен првак Вардар попладнево го игра претпоследниот дуел од шампионатот, а во Скопје гостува екипата на Тиквеш. Ова е втор дуел од 9.коло од плеј офот од Супер лигата, откако во првиот дуел во средата Еурофарм Пелистер го совлада Охрид на негов терен со 25:22. Тренерот на „црвено-црните“ Иван Чупиќ по обезбедената титула ова ќе биде можност да има даде и поголема минутажа на играчите кои беа во состав или пак на трибините на дел ...

Четири цивилни лица загинаа, а уште петмина се ранети во Доњецката област во Источна Украина, како резултат на руски напади со касетни бомби и дронови, јави агенцијата ДПА, повикувајќи се на соопштение на обласното обвинителство објавено на Телеграм. Три лица загинале при пад на касетни бомби во градот Друшкивка, кој се наоѓа во близина на линијата на фронтот. Само еден час подоцна, дрон погодил патнички автомобил, при што животот го загубил ...

Соединетите Американски Држави ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп. Оваа најава на Трамп доаѓа само два дена откако потпретседателот Џеј Ди Венс пред новинарите изјави дека распоредувањето на американските сили во Полска се одложува. САД во моментов го преиспитуваат своето воено присуство во Европа, при што се очекуваше намалување на трупите по инсистирањето на Трамп дека НАТО мора ...

Американските конгресмени повторно го актуелизираа предлогот за трајно воведување на летното сметање на времето преку двопартискиот предлог-закон познат како Sunshine Protection Act (Закон за заштита на сончевата светлина). Иницијативата беше усвоена од Комисијата за енергетика и трговија на Претставничкиот дом, но за да стапи на сила, мерката допрва треба да помине низ целосниот состав на Претставничкиот дом и Сенатот. Предлагач на ...

Времето денеска на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 29 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, променливо ...

По повод Меѓународниот ден на биодиверзитетот, денеска, во Зоолошката градина Скопје, ќе биде потпишан меморандум помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и зоолошките градини во Скопје и Битола, со цел овие установи да се модернизираат и усогласат со европските стандарди. На настанот ќе се обратат министерот за животна средина Муамет Хоџа, градоначалникот на Град Скопје Орце Георгиевски и в.д. директорката на ...

На платото на кампусот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе се одржи свеченост по повод одбележувањето на 77-годишнината од основањето на Универзитетот и патрониот празник - 24 Мај. Активностите ќе почнат со положување цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј, по што во свечената аула на ректоратот ќе се обрати ректорката на Универзитетот, проф. д-р Биљана Ангелова. Ќе бидат доделени награди на најдобро ...

На 21.05.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило - влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од ...

Државно-црковна делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на Собранието Африм Гаши, во Рим ќе му оддаде почит на св. Кирил, во рамки на традиционалната манифестација посветена на сесловенските просветители. За време на престојот во Италија, претседателот на Парламентот Гаши денеска во Ватикан ќе има аудиенција кај папата Лав XIV и средба со Пјетро Паролин, државен секретар на Светата Столица. Поклонението во ...

Најниската температура изутринава е измерена на Попова Шапка и Лазарополе - шест степени, а највисоката од 19 степени во Скопје - Петровец. Како што соопшти УХМР изутринава се измерени шест степени на Попова Шапка и Лазарополе, седум во Mаврови Анови, девет во Охрид и Битола, десет во Крива Паланка, Kрушево и Претор, 11 во Берово, 12 во Виница, 13 во Прилеп и Демир Капија, 14 во Тетово, Струмица и Куманово, 15 во Штип и Кавадарци, 16 во ...

Европското движење во Република Северна Македонија и Градот Скопје денеска организираат кафе-дебатата на тема „Скопје – европски град на културата 2028: Културното наследство и современата културна динамика“. Кафе-дебатата се организира по повод одбележувањето на 9 Мај – Денот на Европа, како и во насока на афирмирање на активностите и подготовките Скопје да се претстави како Европски град на културата во 2028 година. Како што е најавено, ...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемено внимание и одговорност на патиштата по повод 24 мај денот на Сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј и престојниот продолжен викенд, кога се очекува зголемен интензитет на сообраќајот особено на отворените патни правци кон туристичките места. Со пораката „Вози одговорно - Секој живот е важен“, РСБСП потсетува ...

Студентите во блокада во Србија за утре најавија протест во Белград под мотото „Ти и јас, Славија“, на местото каде што пред нешто повеќе од една година се одржа еден од најголемите собири во изминатите неколку децении во Србија. Тие меѓу другото, ќе го повторат своето клучно барање до властите – распишување вонредни парламентарни избори, и ќе најават некои понатамошни чекори. Протестот на плоштадот Славија во Белград на 23 мај ќе трае од 18 ...

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за носењето на уставните измени значи покана за широка влада? Аналитичарите со став дека оваа идеја е тешко остварлива во актуелниот политички амбиент, земајќи го в предвид фактот дека состојбата е длабоко поларизирана и има отсуство на заеднички став кај политичките елити за спорот со Бугарија и евроинтеграциите. Ова е во целосна спротивност со ситуацијата кај нашиот источен сосед, каде што ...

Специјалисти во општи болници во внатрешноста имаат поголеми месечни примања од нивни колеги на клинички, а лекуваат далеку помалку пациенти. Извештајот на Фондот за здравство покажува дека во болниците со проширена дејност и во клиничките болници најмногу се користат додатоците за плата кои вклучуваат работа во смени, празници, дежурства, а од друга страна во тие установи најмала е реализацијата на здравствени услуги. Многу специјалистички ...

Германската компанија Костал е приказна за успех што ја движи македонската економија. И покрај сите глобални предзвици компанијата очекува раст на своите приходи помеѓу 280 и 300 милиони евра и ќе биде во првите 5 извозници од нашата земја, истакна премиерот Христијан Мицкоски на прославата по повод 10-годишнината од работењето на „Костал“ во Македонија. Во рамките на Костал групацијата македонската локација е втора најголема од 7 ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го одржа кварталниот координативен состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP), на кој беше претставен напредокот на платформата. На состанокот беше официјализирано приклучувањето на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) кон платформата преку потпишување на Аранжманот за пристап кон Заедничката декларација, што е сигнал дека и понатаму ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари работна средба со Баграт Тунјан, претставник на СИГМА – заедничката иницијатива на OECD и Европската Унија, посветена на тековните активности и реформски процеси во областа на јавната администрација. - Во фокусот на средбата беа унапредувањето на системот за Проценка на влијанието на регулативата (ПВР), подобрувањето на квалитетот на креирањето политики, јавните консултации и ...

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (Joint Force Command Naples - JFCNP) адмиралот Џорџ М. Викоф, кој е во прва работна посета на Армијата, денеска остварил одвоени средби со министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. На средбата со адмиралот Викоф, министерот Мисајловски се заблагодарил за поддршката од Сојузничката команда на ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Џорџ М. Викоф, кој е во прва посета на државата и на македонската армија по преземањето на функцијата. Сиљановска-Давкова му го честиташе мандатот на адмиралот Викоф, потенцирајќи ја значајната улога што Здружената команда во Неапол ја има за евроатлантската безбедност, регионалната стабилност и меѓународниот ...

Голем број земји-членки на НАТО не издвојуваат доволно финансиски средства за поддршка на Украина, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте пред состанокот на министрите за надворешни работи во Хелсингборг, Шведска. Руте повика на дебата за минимална поддршка за Украина. – Поддршката не е рамномерно распределена во рамките на НАТО. Таа е концентрирана на мал број земји, меѓу кои е Шведска, која навистина е лидер во поддршката на ...

Армијата на Русија и на Белорусија денеска ја одржаа завршната воена вежба на нуклеарните сили, а рускиот претседател Владимир Путин заедно со белорускиот колега Александар Лукашенко ги следеше маневрите од својот кабинет во Москва. Путин истакна дека задачите на заедничките руско-белоруски вежби фокусирани на нуклеарно оружје се „целосно исполнети“. Тој најави дека Русија ќе продолжи да ги модернизира Стратешките ракетни сили (СРФ) со ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Платина

55170.68

Калај

53.60

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33