Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
На 19.05.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.С.(40) од Куманово. Тој осуден на казна затвор од седум години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на четири години и седум месеци од казната. На 19.05.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.С. и М.С. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“. Пријавените, полициски службеници во Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, на 19.04.2026 околу 03:00 часот при вршење на ...
На 20.05.2026 во 03:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле малолетник од Скопје затоа што во Градскиот парк на подрачјето на Карпош во Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. При извршени проверки над него, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,82 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе ...
Русија и Кина во голема мера постигнаа согласност за основните параметри на проектот за гасоводот „Силата на Сибир 2“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС. -Претседателот денеска за време на преговорите соопшти дека генерално постои согласност за главните параметри на „Силата на Сибир 2“. Ова се однесува како за маршрутата, така и за начинот на кој ќе се гради, изјави Песков пред новинарите. Тој истакна дека останува ...
Владите на Европската унија расправаат дали поранешниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги или поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел би можеле да ја претставуваат Унијата во потенцијални преговори со рускиот претседател Владимир Путин, објави денеска „Фајненшл тајмс“. Лондонскиот весник во денешниот извештај посочува дека министрите за надворешни работи на ЕУ за можните кандидати ќе разговараат на состанокот ...
Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на потресот бил на длабочина од 10 километри, на околу 21 километар од градот Малатија во источниот дел на земјата. Според првичните информации, засега нема извештаи за повредени лица или за поголема материјална штета. Очевидци на страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар навеле ...
Кина и Русија потпишаа пакт за единство. Си предупредува од враќање на „Законот на џунглата“.Русија силно се заложи за уште поцврсти енергетски врски со Кина. На почетокот на средбата, рускиот претседател испрати порака дека ова сојузништво веќе го издржало тестот на времето. Кинескиот претседател Си Џинпинг со високи државни почести во Пекинг го пречека рускиот претседател Владимир Путин. Оваа посета доаѓа само неколку дена по престојот на ...
Министерството за спорт секогаш ќе стои на страната на принципите и на вистинските спортски вредности коишто еден спортист, спортски работник, селектор, спортски директор или секој еден човек кој е директно или индиректно поврзан со спортот, треба да ги промовира. Ако сакаме да имаме поздраво општество треба сите да работиме на тоа, истакна министерот за спорт Борко Ристовски во емисијата „Директно“ во која повод беше непримерната прослава ...
Силекс од Кратово и Шкендија од Тетово ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија. Натпреварот ќе се игра вечер со почеток во 20 часот на Национална арена „Тодор Проески“. Тренерот на кратовци Александар Васоски очекува тежок и неизвесен дуел против искусниот состав на Шкендија. – За нас ова е натпревар на сезоната, бидејќи носи излез во Европа. Шкендија е квалитетен и искусен противник, можеби и во мала предност поради европските ...
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изрази уверување дека може да се постигне дипломатски договор со Куба. На прашање од новинарите во Белата куќа за можноста за договор со Хавана, американскиот претседател одговори потврдно. – Мислам дека да. Куба нè повикува. Ним им е потребна помош. Сепак, Куба е пропадната држава. На Куба ѝ треба помош и ние ќе ѝ помогнеме – истакна Трамп пред медиумите. Трамп претходно ги оцени комунистичките ...
Американскиот Сенат синоќа одобри резолуција за воените овластувања на претседателот на САД, со која практично би бил ставен крај на војната со Иран освен ако претседателот Доналд Трамп не добие одобрение од Конгресот на САД. Резолуцијата беше усвоена со 50 гласа „за“ и 47 „против“, при што четворица републиканци гласаа заедно со демократите во поддршка на мерката. Резултатот претставува победа за законодавците кои сметаат дека Конгресот, а ...
Односите меѓу Кина и Русија се „непоколебливи“, рече кинескиот претседател Сји Џјинпинг за време на средбата сорускиот претседател Владимир Путин во Пекинг. „Кинеско-руските односи достигнаа толку високо ниво затоа што постојано ја продлабочувавме меѓусебната политичка доверба и стратешката координација со непоколеблива истрајност“, изјави Џјинпинг на почетокот на разговорите во Домот на народните собранија. Владимир Путин, пак, оцени дека ...
Претставници на земјите-членки на Европската Унија и на Европскиот Парламент постигнаа договор за спроведување на контроверзниот царински договор со САД. Кипарското претседателство со Советот на ЕУ соопшти дека преговарачите постигнале привремен договор за две регулативи со кои се спроведуваат намалувањата на царините договорени во заедничката изјава меѓу ЕУ и САД. Под притисок од неодамнешните закани на американскиот претседател Доналд ...
Најмалку десет лица, меѓу кои три жени и три деца, загинаа во израелски воздушен напад во јужниот дел на Либан, соопшти либанското Министерство за здравство. „Израелски воздушен напад врз градот Деир Канун ал Нахр во округот Тир, според првичните информации, резултираше со десет загинати, меѓу кои три деца и три жени, како и тројца повредени, вклучително и едно дете“, се наведува во соопштението на Министерството, од каде нападот е опишан ...
Американски државјанин, кој бил изложен на вирусот ебола додека работел со медицинска мисионерска група во Демократска Република Конго (ДРК), е позитивен на тестот за опасната болест. По појавата на првите симптоми во текот на изминатиот викенд, тој е итно евакуиран во Германија за специјализирано лекување, потврдија од американските Центри за контрола и превенција на болести (CDC). Хуманитарната организација „Серж“ потврди дека станува збор ...
Откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната со Иран ќе заврши „многу брзо“, цените на нафтата на меѓународниот пазар паднаа за речиси еден процент. Фјучерсите за сурова нафта од типот брент паднаа за 88 центи, или 0,8 проценти, на 110,4 долари за барел, додека фјучерсите за сурова нафта од типот Западен Тексас интермедијард паднаа за 0,6 проценти, или 67 центи, на 103,48 долари, објави Ал Џезира. „Референтните цени се ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе ...
Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 20.05.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Црвена Вода бр. 7. ( општина Центар ) – во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Саса – крак 24. ( општина Кисела Вода ) – во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. 6 во населба Бардовци. ( општина Карпош ) – во периодот од 09.15 до ...
Панел дискусија на тема „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, Европското движење и Вилфрид Мартенс Центарот за Европски студии. На панел дискусијата, што е дел од одбележување на Денот на Европа – 9 Мај, се предвидува учество на претставници од државава и странство, на дипломатскиот кор, академската заедница, ...
Најниска температира изутринава е измерена во Лазарополе, 2 степени, по што следуваат Mаврови Анови и Попова Шапка, Крива Паланка, 5, Охрид, Претор, Kрушево, 6, Тетово, 7, Битола, Прилеп и Берово 8, Скопје-Петровец, Штип и Виница 9, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Демир Капија и Кавадарци 10, Велес и Струмица 11, Гевгелија 15, информира УХМР. Најмногу дожд во изминатите 24 часа заклучно со 8 часот наврна во Крушево, 25 литри на метар квадратен, ...
Хрватска ги отвора вратите за камионџиите од Македонија и регионот. Парламентот го изгласа новиот Закон за странци со кој се воведуваат долгорочни визи за професионалните возачи. Со новите правила, македонските транспортери ќе можат полесно да работат и да престојуваат во Хрватска. Наместо постојано да стравуваат дали ги „поминале“ дозволените денови, возачите ќе можат да добијат Виза Д со важност до една година. Тоа ќе им овозможи да останат ...
Собранието попладнево на 102. седница усвои повеќе предлог-закони по скратена постапка, меѓу кои измените на законите за основање на ЈП Македонска радиодифузија, за внатрешни работи, за полиција, како и измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски од собраниската говорница изјави дека како претходно кога се вршела брутална партизација на Министерството за ...
Вечерва рускиот претседател, Владимир Путин, ќе допатува во Пекинг на средба со неговиот кинескиот колега Си Џинпинг. Во фокусот на разговорите Билатералните врски, трговијата, енергетската соработка и актуелните меѓународни прашања. Од инвазијата на Украина во 2022 година, Русија се соочи со голем број санкции, кои во голема мера ја изолираа земјата од западниот свет. Како резулатат на тоа, дипломатските и економските врски помегу Пекинг и ...
Вооружените сили на Белорусија и Русија почнаа вежба во Белорусија која симулира можна употреба на нуклеарно оружје, соопшти денеска Министерството за одбрана во Минск. Маневрите се одржуваат за да се практикува транспорт на нуклеарно оружје и да се подготви негово распоредување, соопшти министерството, нагласувајќи дека станува збор за рутински вежби на ракетните сили и воздухопловството, кои не се насочени против никого. Украинскиот ...
Општина Радовиш излезе со итни препораки до граѓаните, откако и по пет дена од избувнувањето на пожарот, градската депонија се уште гори. Локалните власти апелираат на внимателност и почитување на мерките за заштита поради загадениот воздух и густиот чад кој се шири низ градот. Да се избегнува непотребен престој на отворено, прозорците и вратите да се држат затворени, да не се користат клима уреди кои внесуваат надворешен воздух, а граѓаните ...
Петмина адвокати, нотар и судска советничка се во трка за член на Судскиот совет за местото резервирано за немнозинските заедници во државата. Кандидатите денеска на собраниска комисија за избори и именувања ги презентираа своите визии за унапредување на судскиот систем. Кај сите, во фокусот е зголемување на довербата. Меѓу кандидатите за член е и владиниот повереник кој по неуспешните локални избори ја извршуваше функцијата градоначалник на ...
Министерот за правда го осуди обидот правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Филков вели, правосудниот не е прашање на политика туку на стручност и почитување на правниот поредок на државата. Организаторите на протестот се должни да одговорат дали инцидентите што се случија на вчерашниот протест се во насока на политичка манипулација и се прикриваат други политички агенди. Од ДУИ пак кои беа ...
Во делчевското село Разловци, одбележана 150 годишнината од Разловечкото востание, еден од најзначајните настани во македонската револуционерна историја и прв организиран обид за вооружено ослободување на македонскиот народ од османлиската власт. Денес, востанието останува траен потсетник за стремежот кон слобода, правда и национално достоинство, а одбележувањето претставува можност да им се оддаде почит на сите учесници и борци кои со ...
Лицемерие во власта видел опозицискиот лидер по одлуката на мнозинството во Собранието да не го поддржи предлог законот на СДСМ со кој министрите ќе можеа да имаат само македонски пасош. Во владејачката партија и денеска ја обвинуваат опозицијата за како што велат, мекотелна политика. Министерот Муцунски вчера во Собранието уште еднаш повтори дека во моментов нема услови за уставни измени информирајќи дека и официјално побарал средба со ...
Новиот заем од 260 милиони евра, со кој треба да се сервисираат обврските од буџетот, заглави во собраниските процедури. Опозициската СДСМ, преку Комисијата за финансирање и буџет со која раководи нејзината пратеничка Лукаревска, ја блокираше дебатата за задолжувањето. Пратениците на опозицијата се жалеа дека собраниската сала во која се одржуваше комисијата била претесна за сите заинтересирани говорници, па бараа седницата да се одложи. Но, ...