Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе ...
Без вода денеска ќе бидат дел од жителите на Општина Центар. -На ден 21.05.2026 дека поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.Дане Крапчев 26, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица .Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности (Општина Центар), соопшти РЦУК, по добиено известување од ЈП „Водовод и канализација“. МИА Без вода денеска ќе бидат дел од ...
Празникот на Христовото вознесение – Спасовден спаѓа во големите христијански празници, се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток. Четириесет дена по воскреснувањето Исус им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност. Во овој период луѓето сè уште се поздравуваат со христијанскиот поздрав „Христос воскресе“ (Христос воскресна) и си отпоздравуваат со „Воистину воскресе“ (Навистина воскресна). ...
Регионална конференција „Граѓанска енергија: политики, практики и регионална размена“, ќе се одржи денеска во Скопје во организација Еко-свест во соработка со партнери од Србија. Според организаторите, настанот доаѓа во клучен момент, кога двете земји се соочуваат со предизвици поврзани со пристапот до субвенции, административните процедури за приклучување на мрежа, правната сигурност и потребата од поголема инклузивност, особено за ...
Најниска температура изутринава е измерена во Маврови Анови и Лазарополе, четири степени, а највисока во Гевгелија, 17 степени. Како што информира УХМР изутринава во Mаврови Анови и Лазарополе се измерени четири степени, на Попова Шапка пет, во Берово шест, во Охрид и Крива Паланка седум, во Битола, Kрушево и Претор осум, во Тетово девет, во Прилеп, Демир Капија и Виница десет, во Скопје-Петровец и Штип 11, во Струмица 12, во Велес, Куманово ...
Белгиското обвинителство потврди дека започнало истрага за наводно учество на белгиски државјани во т.н. „човечки сафари“ за време на војната во Босна во 90-тите години од минатиот век. Според италијанско новинарско истражување, во текот на опсадата на Сараево таканаречени „воени туристи“ од повеќе земји им плаќале на босанските Срби за да пукаат врз цивили. Поранешниот италијански магистрат, Гуидо Салвини, кој учествувал во истражувањето, ...
Фудбалерите на Силекс синоќа во финалето од Купот на Македонија ја совладаа Шкендија со 1:0. „Според очекувањата, вечерашниот натпревар беше тежок. Шкендија можеби беше подобар противник во поле, но тоа беше дел од тактиката. Не може секој натпревар особено на ваков важен меч да се игра атрактивно. Одигравме како што се договоривме. Свесно го префрливме Додев на левата страна, да направи вишок и успеавме во тоа, дадовме гол на време и сметам ...
Силекс го освои Купот на Македонија откако во финалето на Арената „Тодор Проески“ во Скопје ја совлада Шкендија со 1:0. Победничкиот гол го постигна Ади Алиќ во 71. минута по брза контра и асистенција од Дарко Додев. За кратовци ова е четврти трофеј во Купот, со што се израмнија со Работнички на третото место по број на освоени титули, а воедно обезбедија и пласман во квалификациите за Конференциската лига ова лето. Силекс го освои Купот ...
Владимир Путин и Си Џинпинг на средбата во Пекинг ги потенцираа добрите односи на Русија и Кина и потпишаа повеке од 20 договори за трговија и технолигија.Разговарале и за проектото за изгрдба на нов гасовод Мокта на Сибир 2 , кој се планира да испорачува природен гас од полињата во Сибир до Кина, помивувајки низ Монголија но детали не открија. Кина е водечки трговски партнер на Русија, а воедно и нејзин најголем клиент за нафта и гас . ...
Затворањето на Ормуската Теснина би можело да предизвика сериозна светска криза со цените на храната во наредните шест до 12 месеци доколку владите итно не преземат мерки, предупреди денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). ФАО наведе дека одлуките што сега ги носат земјоделците и владите за употребата на ѓубрива, увозот, финансирањето и изборот на култури ќе одредат дали цените на храната нагло ќе пораснат ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не брза со постигнување договор со Иран и порача дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „ќе направи сè што ќе се побара од него“ кога станува збор за евентуални воени потези кон Иран. Одговарајќи на прашања на новинарите, Трамп рече дека има добар однос со Нетанјаху и дека очекува целосна усогласеност на ставовите. – Тој ќе направи сè што сакам. Тој е многу добар човек, и не ...
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека, според анкетите што ги добива, би можел да се кандидира за премиер на Израел врз основа на својата популарност, со порака дека премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, е „добар човек“, а дека кон него не се постапува коректно. – Во моментов сум на 99 отсто во Израел. Би можел да се кандидирам за премиер. Можеби по ова ќе заминам во Израел и ќе се кандидирам. Утрово имав анкета, 99 отсто. ...
На меѓународните берзи денеска барел нафта се тргуваше за помалку од 107 долари. Намалувањето на цената на нафтата се должи на пораките од САД за брзо завршување на војната со Иран и поминувањето на супертанкер низ Ормуска Теснина. На берзата во Лондон попладнево барел нафта се тргуваше за 106,84 долари, што е за 4,44 долари помалку во споредба со вчера. На американската берза нафтата поевтини за 3,70 долари во споредба со вчера и барел ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Б.Ц.(37) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 12.04.2026 во угостителски објект во Крива Паланка, пријавениот попречувал членови на музичката група, која била ангажирана во објектот, физички нападнал еден од членовите и ја оштетил музичката опрема. Надворешната канцеларија за ...
Штипскиот основен суд донесе пресуда протв 38 годишниот охриѓанец, обвинет за измама на 8 повосрасни лица од Штип и Виница. Полицијата на 4-ти февруари го лиши од слобода, по претходна истрага СВР Штип и Одделот за криминалистичка полиција. Лажно се претставувал како лекар, полициски службеник или посредник и им кажувал на жртвите дека нивни блиски предизвикале тешка сообраќајна несреќа или се тешко повредени и итно им се потребни пари за ...
Половина милион евра скриени во специјален бункер во минибус на албанска туристичка агенција фатија цариниците на ГП Табановце. Ова, според директорот Бобан Николовски е историски најголема заплена на кеш пари. Мобилниот тим на Царина забележала исправки на возилото. Повикано биле куче од К9 единицата кое дало знак дека постојат индиции за можно криумчарење, па возилото било испратено на скенер. - По што инспекторите од Мобилниот тим ...
Музички точки со кругови од оган, факели, прскалки и пиротехника-Обвинителството во судница презентираше настапи на изведувачи во Пулс низ годините, кои самата дискотека си ги објавувала на социјалните мрежи. “Дали ја слушнавте приказната на Пулс и огнот?” е напишано во една од објавите каде танчери изведуваат точка со оган. Со ова Обвинителството ќе докажува дека пиротехника се користело често во дискотеката, од сликите кои беа прикажани во ...
Дали некој од кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова издавал државни тајни? Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција води предистражна постапка, а МВР врши анализа на електронски доказен материјал. Од ОЈО ГОКК информираат дека по добиено известување од министерството за внатрешни работи кон крајот на минатата година за преземени недозволени активности од висок државен интерес веднаш отвориле предизтражна постапка ...
Власта и опозицијата ги спротивставија ставовите околу уставните измени и на конференцијата по повод денот на Европа. Според опозицискиот лидер, патот кон ЕУ е јасен, а уставните измени не се никаква закана за идентитетот, додека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека без јасни гаранции дека нема да се наметнуваат нови барања, власта нема да ги внесе Бугарите во Уставот. Времето тече, а младите масовно се иселуваат беше пораката и на спикерот ...
Македонија добива 65,7 милиони евра за реформи и развој. Европската комисија од новиот финансиски пакет, освен за нашата земја која добива најмногу во регионот, 49 милиони евра ќе и припаднат на Албанија и 44,2 милиони евра за Црна Гора во рамки на Планот за раст . Ова следува по третото барање за исплата и позитивната оценка на Комисијата за спроведените реформски чекори во областите на образованието и дигитализацијата во Македонија, како и ...
Албанскиот амбасадор во земјава утрово бил повикан на консултации во МНР по коментарите и поддршката на студентите Албанци кои на почетокот на неделава се одржаа во Скопје. Дипломатски извори на Сител велат дека наместо амбасадорот, во МНР утрово дошол неговиот заменик на кого му бил пренесен усен демарш и предочено дека последните јавни настапи на амбасадорот Денјон Мејдани земјава ги доживува како мешање во нејзините внатрешни работи. ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека македонските транспортери ќе можат да извадат визи за движење во земјите од Шенген зоната во амбасадата на Хрватска во Скопје и во нивните дипломатко-конзуларни претставништва, со што се решава проблемот на транспортерите што се појави со воведувањето на ЕЕС системот на ЕУ. - Со таа виза можат да се движат во Шенген зоната, затоа што со таа виза можат да се движат ...
Во 11 часот утре претпладне ќе продолжи собраниската комисија за финасирање и буџет за задолжувањето од 260 милиони евра. Според информации на Сител, седницата ќе ја закаже собранискиот спикер Гаши уште рано наутро, а во материјалите, овластување да ја води ќе има пратеникот Бојан Стојаноски. Ова доаѓа откако ниту вечерва претседателката на комисијата Сања Лукаревска од опозициската СДСМ не закажа продолжение на седницата. Таа во изјава за ...
На граничниот премин Табановце е спречен обид за нелегален пренос на кеш пари во износ од половина милион евра, соопшти денеска директорот на Царинската управа, Бобан Николовски. Како што информира Николовски, парите се пронајдени во специјално конструиран бункер во минибус, спакувани во ќеси. Според директорот, чии се еврата ќе треба да утврдат другите надлежни институции, но извесно е дека ќе се влеат во државниот буџет и ќе се искористат ...
Синдикалната минимална кошница во мај пониска за 54 денари, пресмета Синдикатот. На 4 члено семејство за да го помине месецот потребни му се 68,743 денари. Од нив, третина или над 25 илјади за храна и пијалоци. Во споредба со април, токму овде има намалување на трошоците за 610 денари, поради пониските цени на овошјето и зеленчукот., велат од ССМ. Благ пад има кај цените на облеката и обувкитe, а зголемување кај транспортот, поради повисоките ...
Неофицијално, полицијата на Граничниот премин Дојран спречила обид за шверц на околу 10 килограми марихуана, внимателно сокриена во пластични пакувања со различни прехранбени намази. Според првичните неофицијални информации, државјани на Македонија со рент-а-кар возило се обиделе дрогата да ја пренесат од Македонија кон Грција, распределена во околу 50 пластични кутии. Станува збор за уште една потврда дека контролите на македонските ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за мај годинава изнесува 68.743 денари и споредена со вредноста од април кога изнесуваше 68.797 денари е намалена за 54 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната минимална кошница за мај изнесува 84.117 денари. За храна и пијалаци во мај биле потребни 25.475 денари, за образование 7.192, за облека и обувки 6.334 денари, за ...
Со изведување докази на обвинителите, денеска продолжи судењето за пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На судењето обвинителите приложија докази – видео снимки и фотографии поврзани со објектот – клубот „Пулс“ од критичната вечер, па и низ годините во минатото кога работел. -Ќе може да видите дека постојат околности што се однесуваат на безбедносно ...
Пет години и шест месеци е изречената затворска казна за П.С од Охрид, кој во јануари годинава успеал да измами осум повозрасни граѓани од Штип и Виница, со приказната за лажниот доктор, односно дека се потребни пари за операции на нивните деца или внуци поради скршеници. За само еден месец на граѓаните успеал да им земе 56.000 евра. Портпаролот на Основниот суд-Штип, воедно и претседател на Кривичниот совет, судијата Сашко Георгиев ...
На 19.05.2026 во 18:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишен малолетник од Тетово поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дело по член 236 од Кривичниот законик – „тешка кражба“. Имено, тој се сомничи дека во изминатите две недели извршил кражби во неколку џамии, а последен пат во џамија на улица „176“ во Тетово, каде што со употреба на сила ја разбил металната каса за донации и од ...