Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Собранието попладнево на 102. седница усвои повеќе предлог-закони по скратена постапка, меѓу кои измените на законите за основање на ЈП Македонска радиодифузија, за внатрешни работи, за полиција, како и измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски од собраниската говорница изјави дека како претходно кога се вршела брутална партизација на Министерството за ...
Вечерва рускиот претседател, Владимир Путин, ќе допатува во Пекинг на средба со неговиот кинескиот колега Си Џинпинг. Во фокусот на разговорите Билатералните врски, трговијата, енергетската соработка и актуелните меѓународни прашања. Од инвазијата на Украина во 2022 година, Русија се соочи со голем број санкции, кои во голема мера ја изолираа земјата од западниот свет. Како резулатат на тоа, дипломатските и економските врски помегу Пекинг и ...
Вооружените сили на Белорусија и Русија почнаа вежба во Белорусија која симулира можна употреба на нуклеарно оружје, соопшти денеска Министерството за одбрана во Минск. Маневрите се одржуваат за да се практикува транспорт на нуклеарно оружје и да се подготви негово распоредување, соопшти министерството, нагласувајќи дека станува збор за рутински вежби на ракетните сили и воздухопловството, кои не се насочени против никого. Украинскиот ...
Општина Радовиш излезе со итни препораки до граѓаните, откако и по пет дена од избувнувањето на пожарот, градската депонија се уште гори. Локалните власти апелираат на внимателност и почитување на мерките за заштита поради загадениот воздух и густиот чад кој се шири низ градот. Да се избегнува непотребен престој на отворено, прозорците и вратите да се држат затворени, да не се користат клима уреди кои внесуваат надворешен воздух, а граѓаните ...
Петмина адвокати, нотар и судска советничка се во трка за член на Судскиот совет за местото резервирано за немнозинските заедници во државата. Кандидатите денеска на собраниска комисија за избори и именувања ги презентираа своите визии за унапредување на судскиот систем. Кај сите, во фокусот е зголемување на довербата. Меѓу кандидатите за член е и владиниот повереник кој по неуспешните локални избори ја извршуваше функцијата градоначалник на ...
Министерот за правда го осуди обидот правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Филков вели, правосудниот не е прашање на политика туку на стручност и почитување на правниот поредок на државата. Организаторите на протестот се должни да одговорат дали инцидентите што се случија на вчерашниот протест се во насока на политичка манипулација и се прикриваат други политички агенди. Од ДУИ пак кои беа ...
Во делчевското село Разловци, одбележана 150 годишнината од Разловечкото востание, еден од најзначајните настани во македонската револуционерна историја и прв организиран обид за вооружено ослободување на македонскиот народ од османлиската власт. Денес, востанието останува траен потсетник за стремежот кон слобода, правда и национално достоинство, а одбележувањето претставува можност да им се оддаде почит на сите учесници и борци кои со ...
Лицемерие во власта видел опозицискиот лидер по одлуката на мнозинството во Собранието да не го поддржи предлог законот на СДСМ со кој министрите ќе можеа да имаат само македонски пасош. Во владејачката партија и денеска ја обвинуваат опозицијата за како што велат, мекотелна политика. Министерот Муцунски вчера во Собранието уште еднаш повтори дека во моментов нема услови за уставни измени информирајќи дека и официјално побарал средба со ...
Новиот заем од 260 милиони евра, со кој треба да се сервисираат обврските од буџетот, заглави во собраниските процедури. Опозициската СДСМ, преку Комисијата за финансирање и буџет со која раководи нејзината пратеничка Лукаревска, ја блокираше дебатата за задолжувањето. Пратениците на опозицијата се жалеа дека собраниската сала во која се одржуваше комисијата била претесна за сите заинтересирани говорници, па бараа седницата да се одложи. Но, ...
Жените земаат за 13,5% пониски плати од мажите за исто работно место. На менаџерски позиции пак застапени се под 30 отсто. Родовиот јаз помеѓу мажите и жените се уште е висок , сметаат од Алијанска за родова еднаквост и да се стигне европскиот просек ќе ни бидат потребни 123 години. Унијата има усвоено Директива која на големите компании им налага 40% од членовите во Управните одбори да бидат жени, а 33 отсто на менацерски позиции. -Бавно оди ...
Новите законски одредби носат нова поделба на студентските домови и процентот кој ќе го доплаќаат студентите. МОН предлага домовите формално да се делат на два типа, првиот ќе ги опфаќа енергетски ефикасните и реконструирани домови а во вториот постоечките капацитети. Различна партиципација ќе се плаќа за сместување и исхрана во зависност од тоа во кој студентски дом ќе престојуваат студентите. За престој во реновинираните МОН ќе покрива 40 ...
На 18.05.2026 во 04:30 часот во скопско село на подрачјето на општина Чучер-Сандево, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.А.(33) од скопско, по претходна пријава дека околу 03:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга. На 18.05.2026 во 10:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.Т.(42) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 85-годишен дедо, ...
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, порача дека нема да има намалување на бројот на студентски стипендии и ја обвини СДСМ за манипулација со јавноста. Според Јаневска, бројот на стипендии не се утврдува со закон, туку секоја година се определува согласно со буџетот и потребите на државата. Таа информираше дека со предложените измени на Законот за студентски стандард се предвидува подобра распределба на стипендиите, со фокус ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му наложил на Пентагон да не започнува воени напади врз Иран во вторник, бидејќи сојузниците на САД во Заливот работат на постигнување прифатлив мировен договор. „Утре НЕМА да го извршиме закажаниот напад врз Иран“, напиша Трамп на Truth Social. Па, други земји ми рекоа дека се подготвуваме да извршиме многу голем напад утре. Го одложив за кратко време, се надевам можеби засекогаш, но можеби ...
Македонија се наоѓа во групата земји со умерено пренатрупани затвори, каде што се бележат 104 затвореници на 100 расположливи места, а истовремено е меѓу европските држави со најдолг просечен период на издржување затворска казна, кој изнесува 18 месеци. Ова го покажуваат податоците од денеска објавената годишна статистика на Советот на Европа за затворската популација (SPACE I) за 2025 година, која укажува на сериозен глобален тренд на ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил објави дека во Хрватска е усвоен закон со кој професионалните возачи ќе можт да добиваат долгорочни визи. - Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи. Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе помогне на македонските ...
Македонија има претрпено многу промени на својот Устав на патот кон ЕУ, но спорни или личат на уставен инженеринг се оние што се иницирани однадвор, како оние што призлегоа од Рамковниот договор, потоа и од Преспанскиот, за кои нè убедуваа дека се последни. Сега повторно се бара од нас промена на Уставот за вметнување на Бугарите во него за да ги почнеме преговорите. Нашето соломонско решение е доколку ги направиме измените и тие навистина ...
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска учествуваше на редовниот состанок на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови на земјите членки на НАТО и партнерските држави, кој се одржа во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралството Белгија. На состанокот, со кој претседаваше претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, се дискутираше за актуелната ...
Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска, денеска, оствари средба со д-р Аким Али, претставник на СЗО во Република Северна Македонија, на која се разговараше за продолжување на соработката во борбата против насилството врз жените и девојчињата и за јакнење на институционалниот одговор. Во разговорот, информираат од собраниската прес-служба, беше истакната важната улога на Комисијата, која има ...
На 150-годишнината од одбележувањето на Разловечкото востание денеска во Разловци беше пуштен во употреба реконструираниот Спомен-дом на Разловечкото востание за што Владата, Министерството за култура и Конзерваторскиот центар издвоиле дваесет милиони денари. На свеченоста, во својот говор, градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, истакна дека до Управата за заштита на културното наследство и Министерство за култура и туризам ќе биде ...
Вчера во 11:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.В.(24) од Велес. Во полицискиот билтен се посочува дека тој се сомничи дека од базна станица на телекомуникациски оператор во Велес извршил кривично дело „тешка кражба“. Дел од одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а И.В бил приведен во полициска станица. Известен бил и јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена ...
На 18.05.2026 во 19:15 часот во СВР Скопје, О.С.(45) од Скопје пријави дека околу 14:30 часот во средно училиште на подрачјето на Карпош, неговата 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзин соученик, кој според пријавеното подолг период психички ја малтретирал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 18.05.2026 во 19:15 часот во СВР Скопје, О.С.(45) од Скопје пријави дека околу 14:30 часот во средно училиште на подрачјето ...
Бројот на пациенти со инфламаторните цревни заболувања како во светот, така и во државава се зголемува. Околу 200 заболени на 100.000 жители има во државата. Често пациентите доаѓаат во многу тежок стадиум на болеста, со изгубена телесна тежина, крварат, анемични, омалаксани, постојано земаат боледување, а им е непријатно поради природата на болеста да се јават на лекар. Превентивните прегледи се клучни за раното откривање на овие ...
Градоначалникот на Радовиш и командант на Кризниот штаб, Љупче Почивалец, во консултација со лекарите од Центарот за јавно задравје-Штип, апелира до граѓаните да избегнуваат непотребен престој на отворено и да се ограничат движењата, особено во периодите кога чадот од Депонијата е најинтензивен. Имено, депонијата во Радовиш гори веќе петти ден и покрај огромните напори пожарот да се стави под контрола. На терен е ангажирана механизација која ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без возачка дозвола, еден со брзина поголема од дозволената и еден со активна забрана и под дејство на алкохол. Двајца возачи во Прилеп и по еден во Скопје, Гостивар и Гевгелија управувале возило без возачка дозвола. Еден возач во Гевгелија управувал возило со брзина поголема ...
ФФМ на својата официјална страница ги објави казните за клубовите кои се изречени од Дисциплинската Комсија, а во кои стои дека се покренува Дисциплинска постапка против Вардар поради недолични, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите на тимот. За постетување претседателот на клубот, Миленко Неделковски на социјалните мрежи сподели видео на кое речиси голем од клубот пее недолична песна против нашата музичка ...
Екипите на ФК Силекс и ФК Шкендија утре од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочат во финалето од Купот на Македонија, натпревар кој ќе го даде последниот трофеј сезонава и место на европската сцена. За Силекс ова е можност успешната сезона да ја круниса со трофеј, откако шампионатот го заврши на четвртата позиција. Тренерот Александар Васоски очекува тежок и неизвесен дуел против искусниот состав на Шкендија. „За нас ова ...
Владата на Нов Зеланд до средината на 2029 година ќе отпушти речиси 14 отсто од вработените во државната администрација, како дел од стратегија за значајно намалување на трошоците, изјави денеска министерката за финансии, Никола Вилис. Вилис пред претставници на бизнис-заедницата во Оукленд рече дека Владата исто така ќе го намали буџетот на повеќето државни агенции во следните три години, ќе го намали бројот оддели во јавната администрација ...
Руската армија започна тридневни воени вежби и обука за ракување со нуклеарно оружје, со учество на илјадници војници низ целата земја, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Вежбите се први од таков вид во Русија по истекот на програмата „Нов СТАРТ“ во февруари годинава, што беше последниот договор што ги ограничуваше нуклеарните арсенали на Русија и на САД. „Од 19 до 21 мај вооружените сили на Руската Федерација спроведуваат ...
Два големи шумски пожари синоќа гореа во јужна Калифорнија, предизвикувајќи наредби за евакуација на десетици илјади жители, додека силните ветрови се закануваат дополнително да го распламтат огнот, соопштија локалните власти. Шумски пожар северозападно од Лос Анџелес, во близина на градот Сими Вали, се проширил на површина од околу 5,5 квадратни километри, според информациите од пожарникарите. Друг пожар на островот Санта Роса, во близина ...