Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Опозициската СДСМ помогната од политички субјекти и поединци обединети околу вредностите за Европска Македонија го стартуваат Фронтот за вистина и правда. Лидерот на СДСМ, Филипче кој ја промовираше програмата вели дека имаат план како да се спротивстават на корупцијата, но не сакаше да открие кој застанал на негова страна, за да се избегне црна кампања. Замислен како програма која се базира на четири столба, Фронтот ќе работи на нулта ...
Со продолжувањето на владините мерки за цените на горивата, на македонските бензински пумпи и натаму ќе се точи најевтиното гориво во регионот. По вонредната седница на Владата, премиерот Мицкоски оцени дека државата успешно се справува со историски најголемата енергетска кризa. „Како држава не само што успеваме да обезбедиме најниска цена за горивата, туку и практично да им ја понудиме на соседните земји, бидејќи голем дел од нивните граѓани ...
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно четири пријави за семејно насилство, додека две лица се лишени од слобода. На 17.05.2026 во 04:00 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена од Скопје пријави дека на 13.05.2026 околу 12:00 часот во семејниот дом на подрачје на Центар, таа и нивните две деца, биле физички нападнати од нејзиниот вонбрачен партнер Ш.Г.(32) од Скопје. Се преземаат мерки за ...
Крушево наскоро добива две нови полетувалишта за параглајдери кои што ќе бидат лоцирано на локацијата Црн Врв, а изградбата на истите ќе биде финансирана од ЕУ. Овие полетувалишта ќе биде алтернатива на постојното главно полетувалиште лоцирано на Мечкин Камен, кое веќе е влезено во топ 5 дестинации за развој на овој спорт во светот. Годишно тука доаѓаат илјадници параглајдеристи и овој спорт на некој начин стана моторот за развој на ...
Охрид останува атрактивна дестинација за посетителите. Ги има од сите краеви ширум светот но најбројни според последните податоци на статистика се Германците, веднаш зад нив туристите од Турција, Франција и Србија. Групи на туристи се почесто може да се забележат како се шетаат низ чаршијата, стариот дел на градот покрај кејот но и оние кои пловат по Охридското езеро. Иако има покачување на цените на прошетките со бројните пловила сепак ...
Основното јавно обвинителство - Скопје нареди обдукција на телото на починатото 18 годишно момче од Бојане и побара мерка краткотраен притвор за 19-годишникот, осомничен за убиството. Во однос на убиството на 18-годишно момче од скопско Бојане во околината на Сарај, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издал Наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредби за вештачење на траги и за вештачења и споредбени ...
Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи, по информацијата дека била спроведена евакуација во трговскиот центар „Ист Гејт“. -Во СВР Скопје нема дојава за поставени експлозивни направи во било кој трговски центар - се наведува во информацијата на МВР. Претходно денеска трговскиот центар „Ист гејт“ беше за кратко евакуиран. Како што објавија дел од медуумите евакуацијата, се ...
Македонската машка ракометна селекција на доминантен начин обезбеди место на Светското првенство во 2027 година, кое ќе се игра во Германија. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров пред преполната арена „Борис Трајковски“ триумфираа убедливо со 38-23. Со новото учество, Македонија продолжува со континуитетот на настапи на светските шампионати. Ова ќе биде десетти настап на Мундијалите во историјата, а осми по ред. Најефикасен во ...
Британскиот Премиер Кир Стармер на своите блиски пријатели им најавил дека планира да поднесе оставка, објави Дејли Мелј цитирајќи изјава на неименувани владини извори. Иако Даунинг стрит ја демантираше оваа информација во лабуристичката партија се чини дека трката за наследник на Стармер веќе е во полн ек. И покрај тоа што лидерската битка официјално не е отворена, како најсериозни кандидат се спомнуваат Вес Стритинг, поранешен министер за ...
Грција, Италија, Кипар и Малта предупредија на евентуална нова мигрантска криза поради конфликтот на Блиски Исток и побараа координирани мерки на европско ниво. Во заедничката декларација, објавена на „Форумот Европа – Персиски Залив“, што се одржува на Пелопонез од 15 мај до денеска, се потенцира неопходноста од акција за ограничување на зголемениот миграциски притисок врз Европската Унија. Четирите медитерански земји се согласија да ја ...
Кина, по средбата помеѓу кинескиот и американскиот претседател Шји Џинпинг и Доналд Трамп во Пекинг, соопшти дека се постигнати прелиминарни договори за царините, за земјоделските производи и за авионите. Кинеското Министерство за трговија вчера соопшти дека понатамошните преговори за деталите се во тек. Во соопштението на кинеското Министерство за трговија се наведува дека е договорено Кина да купи американски авиони и САД да го снабди ...
Ноќеска во 00:50 часот во с.Бојане, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Б. (19) од с. Бојане поради основано сомнение за сторено кривични дело „убиство“ по член 123 од КЗ, соопшти полицијата. Претходно, на телефонската линија за итни повици 192 се јавил неговиот татко И.Б. и пријавил дека М.Б. му признал дека на 15.05.2026 во шума во околината на с.Сарај со пиштол го усмртил Б.Д. (18) од Бојане. Од страна на ...
Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека вчерашната одлука на Владата за продолжување на мерките за намален ДДВ за бензините и намалени акцизи за дизелот и за бензините до 1 јуни ќе значи дека и понатаму ќе имаме горива со најниски цени во регионот. -Вчера имваме вонредна онлајн седница на Владата на која до 1 јуни ги продолживме мерките што значат намален ДДВ за бензините и намалени акцизи за бензините и за дизелот. Со тоа ние како држава ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која престојува во официјална посета на Република Словенија, денеска во Љубљана ја посети Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ и оствари средба со членовите на Сојузот на Македонските културни друштва и Црковните одбори. Во црквата македонската претседателка присуствуваше на неделна служба. По нејзиното завршување на барање на црковната заедница таа се обрати пред присутните ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека навозможни се условите што ги бара нискобуџетниот авиопревозник „Рајан ер“ да влезе на македонскиот пазар. Според него, компанијата барала 25 евра субвенција по седиште, двојно повеќе од субвенциите што сега ги дава државата. -Не мислам дека е добро решение за македонскиот пазар затоа што условите што ги поставуваат се невозможни. Ние во моментов даваме субвенции ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во официјална посета на Република Словенија. Сиљановска-Давкова утре во Љубљана ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар. Предвидено е претседателките да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словенечката делегација. Сиљановска-Давкова ќе оствари средба и со ...
По половина година интензивна работа граѓаните на Виница конечно добија нов затворен градски пазар лоциран на површина од 1810 квадратни метри со дукаќни за продажба на овошје и зеленчук, млечни и месни производи, административна просторија, санитарни јазли и 87 тезги. За негова изградба беа потрошени 24 милиони денари обезбедени од буџетот на Општина Виница. Покрај тоа извршено е и партерно уредување на просторот околу градскиот пазар за ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во врска со новиот закон за игри на среќа рече дека се става ред и дисциплина во во игрите на среќа и дека не може државата да наликува на Лас Вегас. Смета дека нема да има нелегални приредувања на игри на среќа и дека ќе се изгубат работни места. -Имаме чувство дека државата полека но сигурно наликуваше на Лас Вегас. Буквално на секој чекор гледавме дуќани во кои со силни светлечки реклами се ...
Од денеска до 20 мај во Лондон ќе се одржи Светскиот образовен форум, најголемиот глобален собир на министри за образование и вештини што се организира по 24 пат. Годинава, темата на форумот е „Образование за заедничка иднина: Мир, планета, цел и патеки“. На форумот ќе учествува и министерката за образование и наука Весна Јаневска која ќе биде меѓу говорниците на панел дискусија посветена на креирање образовни политики базирани на факти, ...
На 16.05.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 16:15 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, во близина на наплатна станица Отовица, се запалил автобус „темса“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.П.(59) од Прилеп. Сите патници навремено го напуштиле автобусот и со друго возило биле пренесени во Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес. Известен е јавен обвинител, а увид ...
Четиринаесет луѓе синоќа беа уапсени во Виена пред финалето на Избор на песна за Евровизија поради учество во пропалестински протест во близина на настанот. Според полицијата, приведените учествувале во непријавен протест поради учеството на Израел на Евровизија и ја прекршиле забраната за носење маски за лице. Демонстрантите се собраа на скалите од главната Градска библиотека, извикувајќи слогани и држејќи транспаренти. Откако полицијата ...
Во синоќешниот масовен напад со беспилотни летала врз Москва и околината загинаа најмалку три лица, а 12 се повредени, соопштија руските власти без да наведат кој ги извршил нападите. Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин соопшти дека руската противвоздушна одбрана соборила најмалку 74 дронови во текот на ноќта, а над 120 во изминатите 24 часа. Во нападите врз други руски области повредени се четири лица и предизвикана е материјална ...
Светска здравствена организација (СЗО) прогласи епидемијата на ебола во Демократска Република Конго и во Уганда за „јавна здравствена криза од меѓународен интерес“. Генералниот секретар на СЗО, Тедрос Аданом Гебреисус, процени дека епидемијата на ебола предизвикана од вирусот бундибугио претставува „вонредна состојба во јавното здравје со меѓународна значење“ (ПХЕИЦ), иако сè уште не ги исполнува критериумите за пандемиска вонредна состојба. ...
Авион на австралиската авиокомпанија Квантас, кој летал за САД, бил пренасочен откако патник каснал член на екипажот. Авионот во петокот полетал од Мелбурн за Далас, но бил принуден да слета во главниот град на Француска Полинезија, Папете, поради патник под дејство на алкохол. Проблематичниот патник откако каснал член на екипажот бил совладан од патниците. По слетувањето во Папете мажот е приведен и му е изречена забрана за летање со сите ...
Бугарската пејачка Дара победи на Евровизија со песната БангарангаОбјавено пред 7 секунди - 17 мај, 2026Од К. Д. / Макфакс Бугарската пејачка Дара е победник на 70. Натпревар за Песна на Евровизија, што се одржа синоќа во Виена. Дара настапи со песната Бангаранга и победи со гласовите од жирито и гласовите од публиката, а второ и трето место освоија претставниците на Израел и на Австрија. На второто место заврши Израел со 343 поени, а трета ...
Машката македонска ракометна репрезентација вечерва во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ го игра реванш бараж дуелот против Словачка. Македонскиот тим е пред пласман на уште едно големо натпреварување особено што на првиот дуел во Прешов пред три дена го совлада ривалот со 31:24. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одиграа одличен натпревар на теренот на противникот и ја потврдија фаворитската улога, но сега имаат обврска добрата игра да ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Претежно во крајните западни и источни региони ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец наместа со брзина од над 60 километри на час. Мининалната темепратурата ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната од 13 до 23 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. ...
Владата денеска на вонредна седница до 1 јуни годинава го продолжи рокот за мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните, објави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на нејзиниот фејсбук профил. - Мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните продолжуваат со примена до 1 јуни 2026 година. Одлуката ја донесе Владата ...
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, при претрес во домот на улица „Илинденска“ во Тетово, во кој осомничениот живеел како потстанар, полицијата пронашла ...
Во врска со видео објава споделена на социјалната мрежа Фејсбук, на која се забележува лице кое управува скутер на едно тркало и со таквото однесување ја загрозува безбедноста во сообраќајот, полициски службеници веднаш презедоа мерки и активности за идентификација на лицето. По преземените активности, од страна на СВР Штип утврдено е дека на 11.05.2026 година околу 21.00 часот, на раскрсницата помеѓу улиците „Сремски Фронт“ и „Борис ...