Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Министерството за европски прашања и Институтот за европска политика денеска го организираат Третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда. На јавната панел-дискусија се обратија министерот за европски прашања и национален координатор за спроведување на Реформската агенда, Беким Сали и претставникот на Делегацијата на ЕУ, Штефен Худолин. Министерството за европски прашања и Институтот за европска политика ...
Преспанскиот договор јасно го регулира користењето на термините за државните институции, но употребата на придавката македонски во однос на идентитетот и народот не може да се забрани - истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарски прашања во однос на вербалната нота врачена до амбасадорот на Бугарија во земјата поради изјавата на новата шефица на бугарската дипломатија Весислава Петрова-Чамова, која го ...
Петгодишно дете е повредено откако вчера паднало од балкон во семејна куќа во Гостивар. Случајот бил пријавен во ОВР Гостивар од Ургентниот центар во 19:00 часот. - Детето по укажаната прва помош е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување, информираа од МВР. Увид на местото извршила полициска екипа од Гостивар. Петгодишно дете е повредено откако вчера паднало од балкон во семејна куќа во Гостивар. ...
СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривични пријави против Т.Б. (26) од село Драгоманце, Општина Старо Нагоричане, за сторено кривично дело „убиство" поради основи на сомневање дека ги убил Ј.А. од село Драгоманце и С.К. од село Клечовце, како и поради сомневање за сторено кривично дело „обид за убиство“ врз С.А. и Р.Т.. По извршени проверки и ексхумација на телата на Ј.А. и С.К., утврдено е дека лицата починале од насилна смрт. Врз основа ...
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Во сабота ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во Скопје, и во следните денови ...
На 13.05.2026 во 16:35 часот на улица „Илинденска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.П.(39) од Охрид. Тој се сомничи дека во периодот од 12:30 до 13:30 часот во Охрид со употреба на сила од Ј.Б.(28) од Германија одзел мобилен телефон. Откако бил спроведен во Полициската станциа Охрид физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија и се обидел да побегне, но бил совладан и задржан. Подоцна, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп е во државна посета на Кина од 13 до 15 мај, а негов домаќин е кинескиот претседател Си Џинпинг. Церемонија на добредојде се одржа во центарот на Пекинг. Ова е прва претседателска посета на САД на Кина во последните девет години и втора посета на Трамп од ноември 2017 година. „Вие и јас се познаваме веќе долго време. Всушност, најдолгата врска на нашите две земји што ја имал кој било претседател, и ...
Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху изјави пред Окружниот суд во Тел Авив дека неговото здравје е „добро, некои би рекле одлично“, за време на сослушувањето во постапка за клевета против новинар и политички активист. Тужбата се однесува на тврдења дека имал неколку сериозни здравствени проблеми во 2024 година, што Нетанјаху жестоко ги негира, објави „Тајмс оф Израел“. „Мојата здравствена состојба е добра, некои би рекле одлична“, рече ...
Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска изјави дека Иран не создал никакви пречки за пловидба низ Ормуската Теснина и ги обвини САД за предизвикување блокада во регионот. „Ормуската Теснина е отворена за сите комерцијални бродови, но тие мора да соработуваат со нашите поморски сили“, рече Арагчи во интервју за иранската државна телевизија „Прес ТВ“, објави агенцијата Тасним. Тој оцени дека морезуот во моментов „најмногу пати ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, се обрати на јавноста по средбата со кинескиот претседател Шји Џинпинг, велејќи дека му е приредено добредојде како ниедно друго. Трамп рече дека имал продуктивни разговори со Шји порано денес и дека тоа било драгоцена можност да разговараат за многу работи. „Беше голема чест да бидам со вас“, рече тој. Кинескиот претседател, пак, рече дека Соединетите Американски Држави и Кина треба да бидат ...
За сите кои сакаат високи плати и релативно ниски трошоци за живот во споредба со приходите, Лихтенштајн е одлично место за преселба во Европа. Или барем така е според Индексот за преселба без данок е рангирање (Tax-Free Relocation Index) од компанијата „Вилијам Расел“. Жителите на оваа европска држава, сместена меѓу Австрија и Швајцарија, имаат просечна месечна плата од 8.249 евра. Индексот ги идентификува најдобрите дестинации за преселба, ...
Македонскиот извоз на фудбалери е меѓу Топ 50 во глобални рамки, покажува најновиот извештај на Фудбалската опсерваторија ЦИЕС. Според податоците на ЦИЕС, бројката на македонски фудбалери кои во моментов настапуваат во странство изнесува 81 и тоа е за седум помалку споредено со 2021 година. Македонските фудбалери настапуваат во 21 лига во странство, а најмногу ги има во Албанија, вкупно десет. Во Турција настапуваат осум македонски ...
Македонската машка ракометна репрезентација тренираше вечерва во „Арената Татран“ во Прешов каде утревечер (19 часот) против домаќинот Словачка ќе го игра првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство во 2027 година. Голманот Никола Митревски очекува тежок натпревар против незгоден противник. „Словачка е голема непознаница за нас. Никогаш не сме играле против нив и овој натпревар секако ќе биде тежок и незгоден затоа што ...
Најмалку 31 лице е повредено во руските напади на Киев во текот на ноќта, вклучувајќи и едно дете, додека едно лице загина, соопштија украинските власти. Шефот на Киевската воена администрација Тимур Ткаченко првично на Телеграм објави дека во нападот се повредени најмалку 16 луѓе и дека е потврден еден смртен случај, пренесе Укринформ. Подоцна Државната служба за вонредни состојби на Украина соопшти дека бројот на повредени пораснал на 31. ...
Поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, кој се наоѓа во затвор во САД, затворската ќелија ја дели со уште 18 затвореници. Николас Мадуро Гера, единствениот син на поранешниот венецуелски лидер, во интервју за германскиот магазин „Шпигел“ изјавил дека во истата заедничка ќелија накратко бил сместен и американскиот рапер Текаши 6ix9ine, приведен поради прекршување на условното помилување. Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, за кинескиот колега Си Џинпинг рече дека е „голем лидер“, и додаде дека му претставува чест што е негов пријател. „Ќе имаме фантастична иднина заедно“, рече Трамп на почетокот на лидерската средба во Пекинг. Тој додаде дека Си е „голем лидер“, истакнувајќи дека „понекогаш луѓето не сакаат кога го велам тоа, но јас сепак го кажувам бидејќи е вистина.“ Кинескиот претседател од своја страна изјави дека е ...
Во 2025 година, од 203,1 милиони домаќинства во ЕУ, само 47,4 милиони, или 23,4%, вклучувале деца. Повеќето од нив биле парови со деца (14,7%), други видови домаќинства со деца (5,6%) и самохрани возрасни лица со деца (3,0%), покажуваат податоците на Евростат. Останатите 76,6% од домаќинствата без деца се состоеле од самохрани возрасни лица (37,5% од сите домаќинства), парови (24,1%) и други домаќинства (15,1%). Помеѓу 2016 и 2025 година, ...
Француските обвинители денеска побараа седумгодишна затворска казна за поранешниот претседател Никола Саркози, кој поднесе жалба на првостепената пресуда за примање нелегални прилози за претседателската кампања од покојниот либиски диктатор Моамер Гадафи. Саркози (71) е обвинет дека склучил таен договор со Гадафи пред претседателските избори во 2007 година за либискиот лидер да му помогне во финансирањето на неговата кампања. За возврат, ...
Во израелските воздушни напади врз повеќе локации во Либан во среда загинаа најмалку 22 лица, меѓу кои и осум деца, соопшти либанското Министерство за здравство. Државната новинска агенција ННА објави дека Израел нападнал околу 40 локации во јужен и источен Либан, вклучувајќи ги и областите јужно од Бејрут. Најсмртоносните напади ги погодија селата на југот од земјата и автомобилите на крајбрежниот пат помеѓу Бејрут и јужен Либан. ...
Во март годинава во земјава се евидентирани 73 921 туристи кои оствариле 134 233 ноќевања, објави Државниот завод за статистика Од вкупниот број туристи, 19.7 % се домашни, а 80.3 % се странски. Кај ноќевањата, пак, 26.5 % се од домашните, а 73.5 % од странските туристи. Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.2 %. Кај домашните туристи има ...
На 12.05.2026 во 12:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локален пат на Водно, полицискиот службеник М.Т.(32) од с.Радишани, скопско, управувајќи мотоцикл „хонда“, сопственост на МВР, обидувајќи се да избегне лисица што излегла на патот, изгубил контрола и паднал. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје. ...
На Универзитетската клиника за хематологија, според информации од стручниот колегиум, нема недостиг на лекови и терапија за пациентите ниту, пак, е утврден застој во обезбедувањето на неопходниот медицински третман. Клиниката за хематологија останува целосно посветена на континуирано, стручно и одговорно лекување на пациентите во согласност со медицинските протоколи и стандарди - соопшти Министерството за здравство. Во врска со објавите со ...
Јавниот обвинител не може да спречи некого да му се јави телефонски. Јавното обвинителство во писмена реакција вели дека вчера за првпат воопшто телефонски се слушнле премиерот Христијан Мицкоски и Републичкиот јавен обвинител, Ненад Савески. Но, како што велат оттаму, во разговорот во ниту еден момент не стана збор за детали од конкретен предмет. -На прашање на Претседателот на Владата, во разговорот му беше кажано истото она што вчера беше ...
Американскиот претседател Трамп отпатува во Пекинг на средба со кинескиот претседател Џинпинг.. Разговорите се закажани за утре . На агнедата бројни теми, од актуелни меѓународни прашања како што е Блискиот Исток, до билатерални прашања како што се трговијата, царината и вештачката интелигенција. -Шефовите на државите играат незаменлива водечка улога во односите помеѓу Кина и САД. Кина ја поздравува државната посета на претседателот Трамп на ...
Руските вооружени сили во иднина ќе можат, со одобрение од претседателот Владимир Путин, да ослободуваат руски државјани приведени во странство, согласно законските измени усвоени денеска. -Рускиот парламент ги изгласа соодветните законски измени најавени во март - изјави претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин. -Западната „правда“ се претвори во репресивна машина за пресметка со оние што не се согласуваат со одлуките наметнати од ...
Кремљ ја исклучи можноста за одржување мировни преговори со Киев сè додека украинската армија не се повлече од источниот регион Донбас, што делумно е контролиран од Москва. -За да се воспостави прекин на огнот и да се отворат вистински мировни преговори, украинскиот претседател Володимир Зеленски мора да им нареди на украинските сили да го положат оружјето и да се повлечат од Донбас, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој ...
Во населбата Козле синоќа бил забележан волк со синџир и ремче - чуван како домашен миленик, а по интервенција на надлежните служби е заловен и згрижен во Зоолошката градина Скопје. - По пријава од загрижени граѓани, на местото интервенираше МВР, а веднаш потоа пристигна и стручната служба од ЗОО Скопје и претставници од градот Скопје, а волкот беше успешно и безбедно заловен. Во моментов волкот е безбедно транспортиран до градината, а ЗОО ...
Стабилна е состојбата на ученикот кој беше прободен во училишен тоалет во Ченто. Детето и понатаму е на респиратор, но лекарите за Сител потврдија дека веќе е започнат процесот на негово постепено будење. „Состојбата постоперативно е стабилна. Детето е се уште на респиратор што значи на машина за дишење. Денес е направен конзилијарен преглед од тимовите што ја извршија операцијата и дадена е насока полека да се буди детето, да се намали ...
Јавна тајна во Кочани било дека Дејан Јованов Деко имал заштита од луѓе во полиција и инспектори. Дискотеката и кафулето му работеле со нерегуларности, вработените не ги пријавувал, а кога ќе дознаел дека ќе доаѓа инспекција на непријавените кои работеле им кажувал да седнат на маса и да глумат гости. Ова произлезе од сведоштвото на Ана Томова, која работела и во кафулето и во диското на Јованов, а била редовен гостин во Пулс и кога била ...
Екс министерот за земјоделство од СДСМ Љупчо Николовски бил повикан во полициска станица по наредба на јавен обвинител. „Лицето за кое прашувате на 07.05.2026 по наредба на ОЈО е повикано на информативен разговор во СВР Скопје - Единица за економски криминал и корупција.Во тек се активности по што соодветно ќе ја информираме јавноста. “ Според пријавата Николовски е под сомнение за незаконска распределба на повеќе од 800 000 евра за поддршка ...