Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полициска станица на 7 мај - потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи. - Лицето за кое прашувате, на 7.5.2026, по наредба на Основното јавно обвинителство, е повикано на информативен разговор во СВР Скопје - Единица за економски криминал и корупција. Во тек се активности по што соодветно ќе ја информираме јавноста - ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави на својата социјална мрежа Truth Social визуелна содржина во форма на мапа на која Венецуела е прикажана како дел од САД, со натпис „51-ва држава“. Објавената слика ја прикажува територијата на Венецуела исполнета со боите на американското знаме. Вршителката на должноста претседателка на Венецуела, Делси Родригез, пред два дена изјави дека нејзината земја не планира да стане 51-ва земја на САД, ...

Французинка, заразена за време на епидемијата на смртоносниот хантавирус на крузер, е во критична состојба и се лекува со апарати за вештачки бели дробови, соопшти синоќа лекар од париската болница во која се лекува заразената патничка. Бројот на регистрирани случаи веќе достигна 11, од кои 9 се потврдени, пренесе БТА. Тројца патници на крузерот „Хондиус“ починаа, вклучувајќи ја и холандската двојка за која здравствените власти веруваат дека ...

САД под претседателот Доналд Трамп даваат многу изјави за перспективите за меѓусебно корисна соработка со Русија, но во пракса тие ја продолжуваат политиката на Џо Бајден, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за телевизијата РТ Индија. - Се даваат многу точни изјави дека Русија и САД имаат огромни перспективи за меѓусебно корисни, модерни, технолошки, енергетски и други проекти. Сепак, во пракса ништо реално ...

Американскиот претседател Доналд Трамп замина за Кина во услови на нерешена војна со Иран, со дипломатски преговори кои се во ќорсокак. Трамп се потпира на Кина да го искористи своето влијание за да го натера Техеран да склучи договор со Вашингтон и да го прекине конфликтот што започна кон крајот на февруари. Кина одржува добри врски со Иран и останува главен потрошувач на неговиот извоз на нафта. Републиканскиот претседател треба да ...

На музичкиот натпревар за песна на Евровизија, додека во напнатите полуфиналиња, повеќето земји мора да се борат за своето место во финалето, на пет земји им е загарантиран директен влез. Тоа е таканаречената „Голема петорка“ држави коишто не се натпреваруваат во полуфиналињата и секогаш одат во финалето поради нивниот поголем финансиски придонес кон организаторите на натпреварувањето. „Голема петорка“ ја сочинуваат Франција, Германија, ...

Србија не треба да се откажува од преговорите за членство во Европската Унија без оглед на специфичноста на прашањата околу Косово и воведувањето санкции против Русија, и целата ситуација околу проширувањето треба да и даде на Србија поттик да ги спроведе потребните реформи. Тоа денеска за РТС го изјави потпретседателката на српското собрание и претседателка на Парламентарниот комитет за европски интеграции, Елвира Ковач. Таа истакна дека во ...

Патувањето со домашно милениче е сè почесто, без разлика дали станува збор за одмор, преселба или кратко патување. Но, од неодамна тоа бара и дополнителна подготовка. Имено, од 22 април 2026 година Европската Унија воведе нови, подобри правила за патување со вашиот миленик. Овие промени се спроведени со цел да се зголемат здравствените контроли, со што ќе се спречи ширењето болести, пренесе „Дона модерна“ („Donna Moderna“). Новите одредби се ...

Се појавија нови детали во врска со повредата на плејмејкерот на Лејкерси, Лука Дончиќ. Според „Атлетик“, преглед спроведен во Шпанија откри дека повредата на словенечкиот кошаркар е посериозна отколку што првично се очекуваше по неговата првична магнетна резонанца. Првично беше објавено дека на Дончиќ му е дијагностициран истегнување на тетивата од втор степен. Сепак, подоцнежниот, пообемен медицински преглед откри пообемна и потешка ...

Најмалку две лица се убиени во руските напади врз украинскиот град Кривиј Рог, соопштија властите доцна синоча, пренесе ДПА. Четири други лица се повредени во синоќешниот напад, вклучувајќи и деветмесечно девојче кое е пренесено во болница во критична состојба, напиша гувернерот на Дњепропетровск, Олександр Ханжа, на Телеграм. Убиени се 65-годишна жена и 43-годишен маж, додаде тој. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс напиша ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека сите политички затвореници во Венецуела на крајот ќе бидат ослободени, бидејќи неговата администрација ги продлабочува врските со вршителот на должноста претседател на земјата, Делси Родригез, јави ДПА. „Ќе ги извадиме сите“, им рече Трамп на новинарите во Вашингтон пред да замине за Кина. И покрај американската воена операција во јануари што резултираше со апсење на авторитарниот ...

Иран се уште располага со поголемиот дел од своите мобилни ракетни системи и ракетен арсенал, објавија американски медиуми повикувајќи се на доверливи проценки на американските разузнавачки служби. Според „Њујорк тајмс“, проценките покажуваат дека Техеран задржал околу 70 проценти од мобилните лансирни системи и од предвоените резерви на ракети. Исто така, весникот пишува дека Иран повторно има пристап до поголемиот дел од подземните ракетни ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека во Пекинг ќе има долг разговор со кинескиот претседател Шји Џинпинг во врска со војната во Иран, но, исто така, нагласи дека не мисли дека му е потребна помошта од кинескиот претседател. „Не мислам дека ни е потребна никаква помош со Иран. Ќе победиме на еден или друг начин, мирно или на друг начин“, им рече Трамп на новинарите додека ја напушташе Белата куќа за да отпатува за ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Џ.(22) од с.Никуштак, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци”. Во текот на 2025 година, пријавениот неовластено користел податоци на друго лице и при контрола во сообраќајот, за да избегне прекршочна одговорност, на полициските службеници им се претставил како друго лице, соопшти МВР. СВР Куманово поднесе кривична пријава ...

За влакно избегната трагедија во струшкото село Радожда. Голем одрон од карпа падна и го блокира влезот но за среќа нема повредени лица.Мештаните велат дека станува збор за еден од најфреквентните туристички патишта а на само три метра од местото имало жители со мали деца. Жителите стравуваат дека местото не е безбедно бидејќи имало и други карпи кои би можеле во секој момент да паднат а половина од селото е под карпи .Од месната заедница ...

Извештајот за капиталните инвестиции ја вжешти атмосферата во Советот на Град Скопје. Според Ѓорѓиевски, градот го бележи својот најдобар квартал во историјата. Во првите три месеци биле реализирани 335,75 милиони денари, поточно нешто над 18% од вкупно планираните капитални инвестиции. „Трендот продолжува и во вториот квартал. Само во април беа реализирани капитални инвестиции во вредност од 464,45 милиони денари, што е највисока априлска ...

Само три лица издржуваат казна куќен затвор со електронска алка. Ова во пракса покажува дека македонските судии многу ретко изрекуваат условни осуди со заштитен надзор. Министерството за правда подготвува измени на Законот за пробација со кои алките наместо затвор треба да станат правило, а не исклучок. Покрај ова законот треба да воспостави поефикасен систем, посилна ресоцијализација за осудените лица и поголема заштита на жртвите -Со ...

Изборот за претседател на Кривичниот суд дојде до финалната фаза. Досегашната мртва трка помеѓу актуелната в.д претседателка Даниела Димовска и судијата Ивица Стефановски, треба да им даде појасна слика на членовите на Судскиот совет откако денеска ги интервјуираа двајцата кандидати. По приговорите кои ги поднесоа, нивното бодување е речиси идентично, односно Димовска има 200 бода, додека Стефановски 199 позитивни бода за сработеното. Сега, ...

Петмесечно починато бебе од скопско во раните утрински часови било однесено на Клиниката за детски болести. Таткото го пронашол без знаци на живот, и како што пишува во билтенот на МВР веднаш се упатил кон скопските клиники. -На 12.05.2026 во 06:05 часот во СВР Скопје, од Детска клиника при Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје е пријавено дека кај нив било донесено починато петмесечно бебе од скопско. Според пријавеното, таткото на бебето ...

М-тагови отсега ќе можат да се купат и во најголемите телеомуникациски оператори во државата. Телеком и А1 ќе нудат можност М-таговите да се купат и на рати, а потоа корисниците ќе добијат можност да одверат повеќе начини на наплата на патарините. -Ќе има три различни начини на плаќање. Првиот во суштина е со регистрација на А1 или на Телеком, сигурно. Ќе може корисникот да одбере дали да биде врзан тагот со неговата кредитна или дебитна ...

Македонија треба да ја промени својата стратегија и да преземе проактивна улога во односите со Софија, наместо да се позиционира како жртва. Ова е клучната оценка на аналитичарот Марко Трошановски по дипломатски инцидент во Брисел каде употребата на несоодветна терминологија од страна на бугарската министерка за надворешни работи повторно ги затегна односите меѓу двете земји. Според Трошановски, иако првичните чекори на новата бугарска ...

На 11.05.2026 во 19:50 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Штип го лишиле од слобода А.Ш.(65) од Штип. Тој се сомничи дека како управител на образовен центар во Штип, за време на одржување на дополнителна настава, подолг период допирал по телото неколку малолетни ученички. Настанот во полициска станица го пријавиле родители во присуство на ученичките и на претставници на Јавната установа – ...

Светската здравствена органзаиција објави дека досега потврдени се девет случаи на ханатавирус поврзани со бродот Хондиус а два се сметаат за веројатни. Сите пациенти се наогаат во карантин и се под мединциснки надазор. Симптомите се треска и болки во мускулите. Со оглед на долгиот периот на инкубација на вирусот, други случаи би можеле да се појават во наредните недели, вели првиот човек на СЗО. Препораката е 42 дена излоација за сите кои ...

На 11.05.2026 во 14:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба, дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик во училиштето. Предметот е одземен и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 11.05.2026 во ...

Утрово е пријавен трагичен случај во кој починало петмесечно бебе од скопско, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, денеска во 06:05 часот во СВР Скопје од Детската клиника „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено починато бебе. Претходно, околу 05:30 часот, таткото го пронашол бебето без знаци на живот во семејниот дом на подрачјето на Чучер-Сандево, по што веднаш го однел на клиниката. Од МВР ...

Како Влада цениме дека покус пат до Европската Унија нема, односно има, но тој е полн со предизвици, кои најчесто се понижувачки и поради тоа го избираме потешкиот пат, со кој местото во Унијата ќе го заслужиме со квалитет и испорака - порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. Тој ...

Над 50 илјади евра се потрошени досега за истражната постапка за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино, информираше денеска обвинителката Катерина Коларевиќ на брифинг со новинари, по одлуката на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) да ја запре истрагата. Од обвинителството образложија дека по спроведена едногодишна истрага не се потврдиле наводите од кривичната пријава, поради што не било утврдено ...

Државниот јавен обвинител Ненад Савевски во коментар за Сител на одлуката за запирање на истрагата за набавката на мазут вели дека за одлуката бил информиран откако била донесена. Предметот не е рефериран пред републичкото обвинителство, вели Савевски без да најави дали ќе побара некаква проверка на постапувањето во случајот. Државниот јавен обвинител Ненад Савевски во коментар за Сител на одлуката за запирање на истрагата за набавката на ...

Француската министерка за здравство Стефани Рист денеска изјави дека сè уште не се познати сите детали за хантавирусот откриен на крузерот „Хондиус“, вклучително и тоа дали тој мутирал, иако официјалните лица во моментот се „релативно спокојни“. -Постојат нешта што не ги знаеме за овој вирус. Сè уште ја немаме целосната секвенца на вирусот што би ни овозможила со сигурност да кажеме дека тој не мутирал – истакна Рист пред Националното ...

Русија ќе ја распореди својата нова стратешка нуклеарна ракета „Сармат“ до крајот на оваа година, изјави претседателот Владимир Путин, опишувајќи ја како „најмоќната во светот“. Планираното распоредување на ракетата – дизајнирана да носи нуклеарни бојни глави за погодување цели на илјадници километри во САД или Европа – се очекува по неколку години неуспеси и одложувања. Путин во телевизиски говор изјави дека моќноста на бојната глава е ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
0.85
43%
1011
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
13.02
95%
1011
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.88
89%
1012
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.22
57%
1012
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.31
53%
1009
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.34
55%
1009
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
2.24
67%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.07
61%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.8
59%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
3.13
46%
1009
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.58
46%
1010
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
1.31
60%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Калај

53.60

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33